Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ се одрекува од АСНОМ, а лицемерно се поклонува пред спомениците на борците од НОБ

Херојствата на македонскиот народ и нивните жртви дадени за татковината се должни за почит. На Денот на ослободувањето на Охрид како симбол на непокор и патриотизам СДСМ го покажа своето лицимерство. Чествуваат и положуваат свежо цвеќе на спомен-обележјата од НОБ, со панихида за Јасна Ристеска, а во Собранието се одрекуваат од АСНОМ, столбот на македонската државност, велат од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.
„Бришењето на деветте државно-конститутивни одлуки на АСНОМ, како и Манифестот во преамбулата на Уставот, значи бришење на вековниот стремеж за независна држава Македонија. Никој нема право да се откажува од признатиот државноправен континуитет од Аасномска до независна Македонија. Иронијата на СДСМ народот ја препознава. Претходно се поклонуваа пред илинденците што ги сквернавеа. Лицемерството на СДСМ мора да запре“, се вели во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
Герасимовски: И во следниот мандат граѓанскиот сектор ќе биде активно вклучен во работата

„И во следниот мандат, граѓанскиот сектор ќе биде активно вклучен во работата и креирањето на политиките на Општината. Работиме транспарентно и инклузивно за Центар што го сакаме,“ истакна градоначалникот на Општина Центар и кандидат за нов мандат, Горан Герасимовски.
Тој нагласи дека граѓанскиот сектор е стратешки партнер на Општината , од подготовка на буџетот до реализација на проекти и услуги за граѓаните.
„Буџетот секоја година го носиме заедно со граѓаните и нивните организации, преку јавни форуми на кои тие предлагаат решенија и проекти,“ додаде Герасимовски.
Општина Центар, како што посочува е првата и единствена општина во државата што на своите граѓани им обезбедува социјални услуги преку здруженијата на граѓани, лиценцирани даватели на услуги.
„Токму така се создадоа услугите за стари лица, бесплатниот превоз за лица со попреченост и услугата Итно копче, кои денес функционираат и даваат реални резултати. Дополнително, Општината им обезбедува простор на невладините организации за работа, обуки и а активности за поддршка на ранливите категории граѓани.
Општината во последниот период разви и три нови услуги: психосоцијален третман и поддршка за жртви на родово засновано и семејно насилство во соработка со ХЕРА; превенција и третман на млади во ризик од злоупотреба на дроги и психосоцијална поддршка во соработка со ХОПС и индивидуализирани услуги за деца со попреченост преку примена на асистивна технологија во соработка со здружението „Отворете ги прозорците“.
Во соработка со Националниот совет за родова рамноправност, Општината обезбедува бесплатна психосоцијална и правна поддршка за повозрасни и социјално загрозени лица.
Партнерството со граѓанските организации се протега и во културниот и младинскиот сектор. Со Сојузот на извидници активно функционира Младинскиот центар „Матично“, а во партнерство со Булфрогс балет и Центарот за современи уметности, Општината ја стави во функција бината во Паркот на Франкофонијата, која стана урбано катче за културни и забавни настани.
Во изминатите четири години, Општината поддржа повеќе од педесет граѓански организации кои реализираа проекти во образованието, детската заштита, заштитата на животната средина и младинскиот активизам“.
Соопштенија
(Видео) „Митески нека одговори каде се ветените 100.000 квадратни метри ново зеленило во Аеродром“, прашува Кусакатска

„Пред само четири години ВМРО-ДПМНЕ, со Дејан Митески и Тимчо Муцунски, ветуваа дека Аеродром ќе добие 100.000 квадратни метри ново зеленило и нови паркови. Денес, по четири години, нема ниту еден нов парк“, кажа Марина Кусакатска, кандидатка за советник во Советот на општина Аеродром од СДСМ и коалицијата.
„Наместо зелен Аеродром, гледаме пожолтени тревници, неискосени површини, урната урбана опрема и расфрлано ѓубре.
Паркот „Радост“ во Реонски центар – наместо да го завршат уште во првата година – четири години подоцна сè уште не е готов.
Парк кај касарната „Гоце Делчев“ – ветен, но нема ни проект.
Нов парк во Ново Лисиче со содржини за сите возрасти – само празно ветување.
„Паметен систем за наводнување“ – не можат да ги поправат ни старите прскалки.
Паркот „Авионче“ требаше да стане мал луна парк – останува запуштен простор со паркирани возила на тревниците.
Нови паркови за миленици во секој дел од Аеродром – ниту еден не е изграден.
Митески и Муцунски не само што не подигнаа нови паркови, туку ги оставија да пропаднат и оние што беа подигнати претходно.
Аеродром, некогаш најзелената општина во Скопје, денес е симбол на запуштеност и ѓубре на секој чекор.
Затоа прашуваме: Со кое лице Дејан Митески ќе бара втор мандат од граѓаните? Имаат ли Митески, Муцунски барем трошка срам за она што го направија – или подобро речено, не го направија?
Време е да ја вратиме општината во рацете на луѓе што работат. Аеродром заслужува вистински паркови, чист воздух и уредени јавни простори. Заедно со Вас граѓаните ќе се избориме за Аеродром, ќе се избориме за нашиот дом!“, изјави Марина Кусакатска, кандидатка за советник во Советот на општина Аеродром од СДСМ и коалицијата.
Соопштенија
Оливера Ливриниќ со средби со жителите на населбата Ферид Бајрам: најавени нови инфраструктурни и комунални инвестиции

Кандидатката за градоначалник на Општина Бутел, Оливера Ливриниќ, оствари средба со жителите на населбата Ферид Бајрам, при што најави повеќе инфраструктурни проекти со цел подобрување на условите за живеење и поголема безбедност на граѓаните.
Меѓу најавените активности се уредувањето на просторот кај Тедико, кој ќе добие зеленило и фонтана – ново место за одмор и рекреација за жителите од овој дел на Бутел, се наведува во соопштението.
„Планирана е и изградба на атмосферска канализација на булевар „Христијан Тодоровски Карпош“, зад автобуската Чаирче, како и реконструкција на уличното осветлување во населбата, со што ќе се зголеми безбедноста и ќе се подобри урбаното уредување“, се вели во соопштението.
Според кандидатката, посебен акцент ќе се стави на обновата на трите парка во овој дел од општината:
Паркот на ул. „Мара Междуречка“
Паркот на ул. „Никола Петров“
Паркот спроти ООУ „Петар Здравковски Пенко“
„Секој парк ќе биде безбеден, уреден и пријателски – за децата, за родителите, за сите што живеат тука. Ова не се само ветувања, туку конкретни планови што ќе ги реализираме заедно со граѓаните“, изјави Ливриниќ.