Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ: Состојбата со безбедноста во сообраќајот е хаос

Состојбата со безбедноста во сообраќајот е катастрофална. Граѓаните секојдневно гинат додека на Спасовски и Заев прв приоритет им е доделувањето на монополскиот бизнис со испитните центри на фирми без никакво искуство кои го исполниле единствениот критериум, а тоа е блискоста со картелот на власт, обвинува ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.
„Оливер Спасовски ниту врши контрола, ниту го интересира безбедноста на граѓаните. Хаосот на подрачјето на СВР Тетово кулминира. Пред два дена во село Доброште, Тетовско, црниот биланс беше две жртви во сообраќајна незгода. Се возат нерегистрирани автомобили, се врши несоодветен технички преглед, не се почитуваат сообраќајните правила, а Спасовски не реагира. МВР е во хаос, а непостапувањето завива десетици семејства во црно“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Опозицијата додава дека сè уште нема официјални информации за катастрофалната несреќа во која животот го загубија 15 граѓани. Велат, Спасовски мора да одговори пред граѓаните дали и зошто на станицата за технички прегледи „Авто-мото здружение“- Гостивар, чиј сопственик е сопственикот на „ Дурмо турс “, откако ѝ била одземена дозволата за работа од страна на МВР, потоа ѝ била вратена за неполна недела дена, иако според закон тоа не можело да се случи за период пократок од 30 дена.
„Поради кои причини е одземена дозволата за работа на техничкиот преглед каде што регистрација врши ‘Дурмо турс’ и по кои основи истата е вратена? Кој го потпишал решението за враќање на дозволата за работа, иако постоела законска пречка и дали се вршени регистрации во рокот кога техничкиот преглед немал лиценца? Уште колку животи треба да згаснат за Спасовски конечно да преземе одговорност? Граѓаните немаат информации, што е причина за несреќата, ниту, пак, околностите во кои настанала“, прашува опозицијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
Ливриниќ: Вистинска грижа за бутелчани или прекршување на Изборниот законик на последниот ден на кампањата

Во мојата програма јасно најавив мерка за ослободување од надоместок за плаќање на оброк и ужина за сите деца на сите наши сограѓани во Општина Бутел – без исклучок и без поделби. Денеска, Советот на Општина Бутел усвои две мерки со слична содржина. Тоа не го сметам за проблем, напротив – го поздравувам и поддржувам секој чекор кој е во интерес на граѓаните, вели кандидатката за градоначалничка на Општина Бутел од СДСМ, Оливера Ливриниќ.
Но, како што вели, проблемот е начинот и времето на донесување на овие одлуки.
„Претседателот на Советот и градоначалникот Костовски добро знаат дека се наоѓаме во предизборна кампања, и тоа во последниот ден од истата, кога согласно закон е строго забрането донесување одлуки кои имаат финансиски импликации врз општинскиот буџет. Морале и можеле оваа мерка да ја донесат на законски начин на почеток на училишната година и пред изборната кампања“, вели Ливриниќ.
За жал, додава таа, со ваквите потези, мерките што се носат денес нема да имаат реален ефект врз граѓаните, бидејќи постои сериозна можност да бидат оспорени од Државната изборна комисија (ДИК) и Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК).
Соопштенија
Насевска: Ќе ја реконструираме киносалата во Злетово

Од песните и ората преку театарот, ликовниот израз, модерниот балет, уметничкото творештво е пулсот на македонското битие. Свесни сме дека без вложување во културата и негување на традицијата ќе го изгубиме она што не прави препознатливи како народ, вели Марија Насевска, кандидат за советник во Советот на општина Пробиштип од ВМРО-ДПМНЕ.
„Затоа во програмата на идниот градоначалник, Тони Тоневски и советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, планираме инвестиции во нови простори за културни активности.
Реконструкција на кино салата во Злетово, кино на отворено, културни фестивали кои ќе промовираат локални уметнци.
Културата расте таму каде што се сее, а ние ја сееме со љубов и визија“.
Соопштенија
Трајанов: Да ги завршиме изборите во првиот круг

Претседателот на Демократски сојуз, Павле Трајанов, упати повик до членовите и симпатизерите на партијата, како и до сите граѓани, масовно да излезат во недела на 19 октомври и да гласаат за кандидатите за градоначалници и советници предложени од Коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Со тоа, како што вели, изборниот процес би се заокружил уште во првиот изборен круг.
„Ова не се избори само за локалната власт, туку и определба за тоа дали ќе градиме држава со сите елементи, во која ќе продолжиме со коренити и суштински реформи и на брза лента ќе се движиме кон ЕУ, дали ќе воспоставиме систем на владеење на правото, дали ќе ја искорениме корупцијата, дали ќе отвориме перспективи за младите во сите средини, а посебно во руралните и дали Македонија ќе биде информатичка сила.
Имаме идеја и визија за Македонија како модерна држава, но за тоа ни е потребна поддршка од граѓаните в недела на 19 октомври, се вели во повикот на лидерот на Демократскиот сојуз“, Павле Трајанов.