Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Тевдовски ги задолжи граѓаните за огромни 388 милиони евра
СДСМ и Зоран Заев ја уништуваат македонската економија. Инвестициите се на историско најниско ниво, а просечната стапка на раст во период од 2017 – 2018 е 1,4 % што е двојно помалку ако се спореди со растот од 2006 до 2016 кога просечната стапка на раст била 3,2 %, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Според партијата, ништо од ветеното Заев и Анѓушев не остварија. Економијата тоне, граѓаните едвај преживуваат. ,,Нема поголема плата, нема инвестиции, нема вработувања, нема економски просперитет. Инвестициите се катастрофални и нема ништо од ветувањата на Заев дека ќе има инвестицииски бум. Официјалните податоци на НБРМ покажуваат дека во првиот квартал од 2019 година вкупниот износ на СДИ пресметан според стандардната методологија е 29.68 мил. евра, што е најлош резултат остварен во изминатите 10 години.
Над 500.0000 граѓани живеат под прагот на сиромаштијата додека другите едвај врзуваат крај со крај. Дополнителни, дека СДСМ постојано лаже зборува и фактот дека нема капитални инвестиции. Реализацијата на капиталните инвестиции заклучно со Април изнесуваат 9,38 или едвај 10 %. Кочо Анѓушев, Зоран Заев и Сугаревски треба да им се извинат на граѓаните за кажаните лаги, неисполнетите ветувања и мизеријата која ја предизвикуваат со нивното неработење.
Дека состојбата во економијата е алармантна покажуваат и официјалните податоци за раст на јавниот долг од над 50 % што ја надмина психолошката граница. Задолженоста постојано расте со што заклучно со мај Тевдовски ги задолжи граѓаните за огромни 388 милиони евра.
Ова зло мора да си замине и да дојдат подобри денови за македонската економија. Со триото Заев,Анѓушев, Тевдовски црно им се пишува и на граѓаните и на македонската економија”, се вели во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Угинат балкански рис најден на патот Ресен – Охрид, постојат само 50-тина единки од овој вид
Угинат рис денеска е пронајден на патот Ресен – Охрид. Од Македонското еколошко друштво (МЕД) велат дека ваквиот случај не треба да нè остави рамнодушни, особено ако се земе предвид дека постојат уште само 50-ина единки на балканскиот рис.
„По дојава од Здружението на ловци „Преспа-Ресен“, денеска на терен констатиравме дека е угинат рис на патот Ресен-Охрид. Во тек е координирана акција со Министерството за животна средина и просторно планирање, Државниот инспекторат за животна средина, Агенцијата за храна и ветеринарство и Македонското еколошко друштво со цел земање примероци за анализа и транспортирање на угинатото животно на Факултетот за ветеринарна медицина при УКИМ – Скопје заради обдукција“, велат од МЕД.
Од таму велат дека за зачувување на загрозените видови потребно е да се изградат зелени мостови.
„Ваквите случаи не нè оставаат рамнодушни, особено ако се земе предвид дека постојат уште само 50-на единки на балканскиот рис. Истовремено, се јасен показател дека ако сакаме да ги зачуваме загрозените видови, мора да се планираат и градат зелени мостови преку кои животните ќе можат безбедно да се движат и да ги надминуваат пречките создадени од човекот“, велат од МЕД.
фото/Facebook/Македонско еколошко друштво
Македонија
Ѓорѓиевски на ифтарска вечера: Ваквите моменти нè потсетуваат дека различностите се наше богатство
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, на покана на поглаварот на Исламската верска заедница, присуствуваше на ифтарска вечера.

„Таму каде што почитта нè обединува! Вечерва, на покана на поглаварот на Исламската верска заедница, Реис ул-Улема, присуствував на традиционалната ифтарска вечера со нашите браќа и сестри од исламска вероисповед. Во духот на меѓусебната почит, разбирање и искрена човечка блискост, вечерта помина во пријатна и топла атмосфера, испраќајќи силна порака за соживот, толеранција и заедништво. Токму ваквите моменти нè потсетуваат дека различностите се наше богатство, а почитта, наш заеднички темел“, напиша Ѓорѓиевски.

Додаде дека рамазанските денови се денови на духовна сила, добрина, солидарност и обединување, денови кога се отвораат срцата, кога се помага на ближниот и кога уште повеќе се зацврстуваат врските меѓу луѓето.
„Да продолжиме да се почитуваме, да се поддржуваме и да останеме сплотени, за заедно да ја оствариме нашата мисија – силно и модерно Скопје и просперитетна Македонија“, напиша градоначалникот.
Македонија
Предлогот за минимална плата од 600 евра не помина на Комисија во Собрание
Предлогот минималната плата да се зголеми на 36.960 денари (600 евра) од март, денеска не помина на седницата на собраниската Комисија за економски прашања, труд и енергетска политика, откако официјално беше поднесен од пратеничката група на СДСМ.
Од опозицијата обвинија дека власта освен предлогот за јавна расправа го одбила и разговорот меѓу синдикатите, работодавачите и Владата.
„Предлогот за изменување и дополнување на Законот за минималната плата, поднесен од пратениците на СДСМ денеска не беше прифатен на собраниската Комисија за економски прашања. За законот дебатираа само пратениците од опозицијата. Власта го одби и предлогот за јавна расправа, одби разговор меѓу синдикатите, работодавачите и Владата. Одбија решение за работниците. Одбија 600 евра минимална плата“, велат од СДСМ.
Според нив, власта има пари за луксузирање, за мебел, чанти, авион ама нема за поголеми плати за раотниците.
„Парите за авионот не е исфрлени, нема реабаланс на Буџетот, затоа што немаат намера да се откажат. Гледаме координирана кампања на 40% од медиумите кои ги држат во сопственост преку Орбан, со наратив дека „потребен е авион“. Не запираат. Има за авион. Има за мебел. Нема за плати. Дефокус не го полни фрижидерот. Со дефокус не можете да ја оттурнете главната тема и да ги оставите работниците без леб. Мислите дека со дефокус ќе се избрише сеќавањето на авионот, часовниците од 65.000 евра, чантите од 30.000 долари?“, прашуваат од СДСМ.

