Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ: Тевдовски да одговори каде исчезнаа стотиците милиони евра со кои Владата ја задолжи земјава

Граѓаните од Тевдовски очекуваат да одговори каде завршија стотиците милиони евра со кои ја задолжија Република Македонија во изминатата година, велат од ВМРО-ДПМНЕ како реакција на видео обраќањето на министерот за финансии.
Оттаму додаваат дека Тевдовски и Заев не можат да се кријат зад најава за наводна алатка за транспарентност.
„Јавниот долг за првпат во историјата на државата надмина 5 милијарди, а државниот 4 милијарди евра. Каде и на што се потрошени тие пари, кога знаеме дека реализацијата на капитални инвестиции за половина година изнесуваат едвај 16%“, прашуваат од опозициската партија.
Додаваат дека и граѓаните од оваа влада гледаат како Буџетот се користи за преку крајно сомнителни тендери да се полнат џебовите на функционерите од власта.
„Аздисаноста на владата трајно ги загрозува евроатлантските аспирации на државата. Поради криминогеноста на СДСМ, Република Македонија во светот се спомнува како Мека за криминалот и корупцијата во Европа. Не постои светски медиум на чии страници не се пишуваат разочарувачки стории за неспособноста на власта да се справи со криминалот и корупцијата, кои откако е СДСМ на власт се мултиплицираа“, се наведува во партиското соопштение.
Од ВМРО-ДПМНЕ исто така велат дека не постои друга држава во демократскиот свет, каде човек кој е видео и аудио документиран како бара мито од 200 000 евра се ослободува од обвинение, само затоа што е премиер.
„Никаде на друго место во демократските држави тендерите не се делат на државните функционери. СДСМ ја претвори државата во престолнина на криминалот и корупцијата и тоа нема да го смени ниту една наводна алатка за транспарентност, она што е потребно е владеење на правото, а не партизирани институции и криминогени функционери, кои прва мисла како и на нивниот шеф Зоран Заев им е како да ја злоупотребат функцијата“, стои во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
Бомбастична есен = Бомбастични можности со Минт Кредит

Време е за нови планови и свежи почетоци – затоа што оваа есен носи бомбастични можности! Есенската сезона во Минт Кредит започнува со неверојатна понуда, -30% попуст на трошоци до 300.000 мкд и инстант одобрување за само 10 минути, твоите идеи и желби стануваат реалност веднаш.
· Без чекање.
· Без компликации.
· Само голема насмевка и мали трошоци. Акцијата важи во периодот од 22.09.2025 до 30.09.2025 за Минт Кредит од 300.000 мкд. Секој клиент кој ќе аплицира во наведениот рок ќе има можност да добие значителна заштеда, а истовремено и финансиска поддршка до 300.000 мкд. За повеќе информации контактирајте не на 15 107 или преку веб-страната Mint Credit.
(ПР)
Соопштенија
50 македонски комунални возила на БРАКО на улиците на Ријад

Над 50 возила за чистење Грин Машинс произведени во фабриката БРАКО од Велес се продадени во главниот град на Саудиска Арабија, Ријад. Со тоа, македонскиот инженерски производ се најде во служба на еден од најголемите урбани проекти на Блискиот Исток.
Од производствените хали на БРАКО во Велес, директно на улиците на Ријад – над 50 специјализирани возила GM636 се веќе испорачани и активно се користат за одржување на хигиената во главниот град на Саудиска Арабија.
Се работи за голема и комплексна испорака, во рамки на една од најобемните јавни програми за чистење во тој регион, каде што повеќе изведувачи беа ангажирани за чистење на различни делови од градот. 50 возила од брендот Грин Машинс на БРАКО се вклучени во тој проект. За потребите на проектот во Ријад, тимот на БРАКО дополнително го зајакна моделот, прилагодувајќи го за работа во специфични климатски услови и за ефикасно справување со песочни наноси на улиците и јавните површини.
Испораките за Саудиска Арабија не завршуваат тука – фабриката во Велес очекува нови нарачки за возила за чистење за во други саудиски урбани центри.
БРАКО произведува 8 модели на возила Грин Машинс: на водороден, електричен и класичен погон. Преку свои фирми ќерки во Соединетите американски држави, Обединетото Кралство, Холандија и Германија и преку надворешна продажна мрежа, македонската врвна технологија за урбано чистење ја има на пазарите во над 50 земји.
(ПР)
Соопштенија
БРАКО донира ЕКГ во болницата во Велес

БРАКО донираше апарат за ЕКГ на Интерното одделение во болницата во Велес, на барање на болницата која се обрати до БРАКО за помош за итна неопходна замена на расипано EKГ, како елементарно неопходно за нормално функционирање на болницата и пружање услуги на пациентите.
Велешката фабрика веднаш излезе во пресрет и ја набави потребната апаратура, 12-канално EKГ според спецификацијата доставена од здравствената институција.
При испораката на ЕКГ-то, во име на БРАКО болницата ја посетија Благој Шалев и Ангел Анѓушев, кои заедно со директорот на болницата Александар Бузалков кусо присуствуваа на обуката на персоналот за користење на новата опрема, како и на ставањето во употреба на толку потребниот апарат за пациентите во Велес.
БРАКО редовно го поддржува градот Велес со повеќе донации и спонзорства согласно потребите на граѓаните, како и други институции надвор од Велес. Што се однесува до здравството, БРАКО опреми со медицински мебел од сопствено производство еден кат на Абдоменална хирургија во Клиниката за Хируршки болести Св. Наум Охридски во Скопје, додека на Клиничкиот центар Мајка Тереза во Скопје донираше медицински мебел за Ургентниот центар, а во моментов се изработува медицински мебел за Клиниката за Тораковаскуларна хирургија за донација преку ФЕРОИНВЕСТ.
(ПР)