Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ: Триесетти септември ќе го означи крајот на кариерата на Заев
Зоран Заев и денес без срам ги повторува истите лаги од изборите во 2016 година, па дури и ги дополнува, овој пат со намера да ги изманипулира граѓаните во пресрет на референдумот, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ како реакција на обраќањето на премиерот во Валандово.
Оттаму истакнуваат дека доколку Заев бил човек од збор ќе реализирал некој од ветените проекти или барем ќе останел доследен на изјавите дека нема да го менува уставното име на државата.
„Граѓаните видоа дека е неспособен и некадарен да води Влада. Единствено успешно што знае да прави е да води криминален картел кој ќе дели тендери на партиски блиски фирми, а патем ќе ја задолжува државата за да ги покрива овие сомнителни бизниси“, се наведува во партиската реакција.
Од овие причини од опозицискаста партија ги повикуваат граѓаните да се приклучат на сенародниот протестен марш кој ќе се одржи утре во Кичево со почеток во 13 часот, на кој, како што велат, јасно и гласно ќе му се покаже на Заев и на криминалниот картел околу него, дека народот не се согласува со погубната политика која ја уништува секоја сфера во државата.
„Граѓаните ќе му го дадат одговорот многу скоро, на овој референдум. Триесетти септември ќе биде крајот на кариерата на Заев, кога и Македонија и граѓаните ќе се ослободат од неговата штетна политика по економијата и по стопанството, но и по националните и државните интереси“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Соопштенија
Герасимовски: Даваме субвенции за нови фасади за зградите и ги обновуваме
Кандидатот за градоначалник на Општина Центар, Горан Герасимовски, денеска најави дека во вториот мандат се обновуваат фасадите и се зголемува енергетската ефикасност на зградите.
„Станарите добиваат субвенции за нови енергетски ефикасни фасади, што ги намалува трошоците за греење и ладење, а истовремено добиваат современ и уреден изглед на своите згради. Со обновувањето на фасадите, Центар добива нов, модерен, но и автентичен лик. Ја чуваме старата архитектура и ја уредуваме градската средина“, рече Герасимовски.
Тој потенцираше, дека паралелно се поставуваат и фотоволтаици на училиштата и општинските објекти преку претпријатието „Енергија Центар“.
„На тој начин, штедиме енергија и ги намалуваме трошоците за електрична енергија и до 50%. Работиме одговорно, современо и одржливо. За Центар што го сакаме!“, изјави Герасимовски.
Соопштенија
Манасиевски: Од историска победа нè делат само неколку дена
На 2 ноември сите заедно да го заокружиме бројот 9, за финалната победа на ВМРО-ДПМНЕ во Аеродром, Карпош, Шуто Оризари и Градот Скопје, повика Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Од оваа историска победа не делат само неколку денови. Со 33 освоени општини во првиот круг, водство во 21 од 27 општини во вториот круг и доминација во советничките листи, ВМРО-ДПМНЕ и граѓаните заедно ќе ја потврдат промената што ја започнавме. Имено, во Аеродром победивме со околу 9.500 гласови разлика. Во Карпош водиме со околу 1.500 гласови. Во Скопје убедливо сме пред второпласираниот со над 60.000 гласови. Во Шуто Оризари обединети, одиме кон пресврт и конечно враќање на довербата во локалната самоуправа. Советите се клучни за реализација на нашите проекти и визии. Имаме убедливо мнозинство од 15 советници во Аеродром, 11 во Карпош, 18 во Град Скопје и 4 во Шуто Оризари. За оваа победничка слика да биде целосна, потребна е вашата поддршка. Поддршка за проекти, за визии, за граѓаните“, рече тој.
Соопштенија
Јовановски: Нови садници во Кичево за почист воздух
Кандидатот за градоначалник на општина Кичево од ВМРО-ДПМНЕ, Aлександар Јовановски, во предизборната програма предвидува нови садници во општината за почист воздух.
„Почитувани, нашиот град Кичево беше познат по богата шума, по огромен шумски појас, по боровите, по чистиот воздух, по убавата животна средина. За жал, еден дел од тој шумски појас се уништи со несовесно користење и дел со изградбата на големиот проект за автопатот кој ќе не поврзува со Охрид. Кога ќе дојдам на позиција градоначалник, веднаш ќе преминам кон проект за пошумување и враќање на старата шума со што ќе допринесеме за почист воздух, почиста животна средина и поубав живот за сите нас во Кичево“, вели тој.

