Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ: Филипче, место за здравјето и животите на граѓаните, се грижи за градежниот бизнис
„Неколку дена по ред стапката на заразени во однос на бројот на тестирани е над 10 %. Состојбата станува алармантна, а од министерот Венко Филипче нема ни трага ни глас. Додека министерот Филипче се занимава со градежен бизнис, здравството во Македонија колабира“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Според партијата, бројот на вкупно заболени од коронавирус надмина 17.600 заболени лица и достигна до речиси 730 починати, што е далеку повеќе од прогнозите на министерот. Македонија во пресрет на вториот бран од епидемијата има рекордни бројки на заболени и починати.
„Дополнително, главниот ковид-центар во државата, болницата ‘8 Септември’ е пред финансиски колапс и нема доволно средства за набавка на материјали и нормално работење, а другите болници секој ден се полнат со сè повеќе заболени. Во болницата во Козле бележат зголемен број на заболени деца и мајки од вирусот, а исто така се бележат секој ден нови бројки на заразени деца во градинките во Скопје и Македонија. Епидемијата се шири без контрола. На целата ваква состојба, од Министерството одговараат со мал број тестови, кои и покрај бројот, покажуваат дека огромен број од тестираните се заразени од вирусот.
Тоа значи дека министерот за здравство станува сè повеќе министер за ширење зарази и епидемии, кој без јасен план и мерки нè воведува во нов ризичен период. Мафијата на власт се грижи за своето богатење, а не и за здравјето и животот на граѓаните“, додаваат од партијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Соопштенија
Герасимовски: Даваме субвенции за нови фасади за зградите и ги обновуваме
Кандидатот за градоначалник на Општина Центар, Горан Герасимовски, денеска најави дека во вториот мандат се обновуваат фасадите и се зголемува енергетската ефикасност на зградите.
„Станарите добиваат субвенции за нови енергетски ефикасни фасади, што ги намалува трошоците за греење и ладење, а истовремено добиваат современ и уреден изглед на своите згради. Со обновувањето на фасадите, Центар добива нов, модерен, но и автентичен лик. Ја чуваме старата архитектура и ја уредуваме градската средина“, рече Герасимовски.
Тој потенцираше, дека паралелно се поставуваат и фотоволтаици на училиштата и општинските објекти преку претпријатието „Енергија Центар“.
„На тој начин, штедиме енергија и ги намалуваме трошоците за електрична енергија и до 50%. Работиме одговорно, современо и одржливо. За Центар што го сакаме!“, изјави Герасимовски.
Соопштенија
Манасиевски: Од историска победа нè делат само неколку дена
На 2 ноември сите заедно да го заокружиме бројот 9, за финалната победа на ВМРО-ДПМНЕ во Аеродром, Карпош, Шуто Оризари и Градот Скопје, повика Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Од оваа историска победа не делат само неколку денови. Со 33 освоени општини во првиот круг, водство во 21 од 27 општини во вториот круг и доминација во советничките листи, ВМРО-ДПМНЕ и граѓаните заедно ќе ја потврдат промената што ја започнавме. Имено, во Аеродром победивме со околу 9.500 гласови разлика. Во Карпош водиме со околу 1.500 гласови. Во Скопје убедливо сме пред второпласираниот со над 60.000 гласови. Во Шуто Оризари обединети, одиме кон пресврт и конечно враќање на довербата во локалната самоуправа. Советите се клучни за реализација на нашите проекти и визии. Имаме убедливо мнозинство од 15 советници во Аеродром, 11 во Карпош, 18 во Град Скопје и 4 во Шуто Оризари. За оваа победничка слика да биде целосна, потребна е вашата поддршка. Поддршка за проекти, за визии, за граѓаните“, рече тој.
Соопштенија
Јовановски: Нови садници во Кичево за почист воздух
Кандидатот за градоначалник на општина Кичево од ВМРО-ДПМНЕ, Aлександар Јовановски, во предизборната програма предвидува нови садници во општината за почист воздух.
„Почитувани, нашиот град Кичево беше познат по богата шума, по огромен шумски појас, по боровите, по чистиот воздух, по убавата животна средина. За жал, еден дел од тој шумски појас се уништи со несовесно користење и дел со изградбата на големиот проект за автопатот кој ќе не поврзува со Охрид. Кога ќе дојдам на позиција градоначалник, веднаш ќе преминам кон проект за пошумување и враќање на старата шума со што ќе допринесеме за почист воздух, почиста животна средина и поубав живот за сите нас во Кичево“, вели тој.

