Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ: Филипче потфрли – секој трет тестиран во Македонија вчера имал Ковид-19
„Една третина од тестираните во текот на вчерашното деноноќие се позитивни на Ковид-19. Тоа значи дека секој трет тестиран имал Ковид-19. Филипче целосно потфрли“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Според партијата, хаосот што го живееме е резултат на неспособноста и незаинтересираноста на Венко Филипче.
„Го преспа цело лето, а не направи ниту еден нов болнички капацитет, не го зголеми медицинскиот персонал ниту, пак, набави вакцина против сезонскиот грип. Есенскиот бран на Ковид-19 го фати целосно неспремен Филипче и иако и самиот тврдеше дека наесен вирусот ќе биде појак, ништо не презеде. Лошиот менаџмент со системот придонесе Македонија да биде една од земјите на врвот во Европа според заразени на милион жители, но и починати. Ова е жално и трагично. Сè што направи Филипче е вперување на прстот за вина кон граѓаните. Граѓаните сега се виновни за неговата неспособност. Не се, Филипче, виновни граѓаните. Преземи одговорност и дај си оставка веднаш“, се вели во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Соопштенија
(Видео) Илиев: Нови патишта, зелен пазар и бесплатни комунални давачки за граѓаните на Конче
Кандидатот за градоначалник на СДСМ во општина Конче, Благој Илиев, ја побара подршката од граѓаните и порача дека општината има потенцијал да стане пример за развој и домаќинско управување.
„Јас нема да ветувам лажни работи, ветувам акција, работа и резултати. Ќе реконструираме патишта, ќе ги уредиме централните делови на сите населени места, ќе ги реконструираме водоводите и ќе овозможиме бесплатни комунални давачки за вода, одвод и смет. Ќе изградиме зелен пазар, индустриска зона со фабрика за откуп, финансиска поддршка за земјоделците и стимулации за младите“, рече Илиев.
Тој додаде дека се предвидени и реконструкција на стадионот, мултифункционално игралиште, рекреативен простор со базен и фитнес-зона, како и бесплатен превоз и дневен центар за стари и лица на кои им е потребна помош Илиев потсети и на четири годишното владеење на ДПМНЕ, кое го одбележаа лаги, застој и партиски интереси наместо развој.
„За нив, општината е банкомат, а не заедница. ДПМНЕ во Конче не гледа луѓе, гледа бројки и лични интереси.“, потенцираше Илиев.
Тој потсети и на проблем со водата со кој се соочува општината и за кое локалната власт не презема ништо.

„Имаме најбогата општина, а народот нема вода. По цели три месеци селата како Долни Липовиќ е без вода во летниот период, а и таа што ја има е матна и неисправна. Доаѓа овде Мицкоски да води голи политики, и да знае дека ќе му испратиме едно шише вода од Долни Липовиќ, за друг пат која ќе дојде да знае дека имаме проблеми со вода“, рече Илиев.
Тој потенцираше дека под маската на реформи и лажни ветувања, ДПМНЕ вложуваа во сопствени удобства.
„Доста беше со нивните лаги и манипулации. Време е за чесност, за работа и за луѓе кои ја сакаат оваа општина“, порача Илиев.
Соопштенија
На 160 локации во Центар нема место за пешаци оти „луѓето може и по коловоз“ и „инспекција и онака нема“, вели Белчева-Андреевска
Со фотографии од 12 градилишта од актуелните 160 на територијата на општина Центар, досегашната советничка во Советот на оваа Општината, Јана Белчева-Андреевска, покажа дека за пешаците нема место онаму каде што се гради.
Во објава на социјалните мрежи таа праша чии интереси се штитат и дали се жртвува достоинството на центарци.
„Ова се тротоарите на некои од 160-те активни градилишта во Центар по кои се движат луѓето, особено децата. Важат принципите: ‘важно се гради’, ‘луѓето може и по коловоз’, ‘никој ништо не ни може’, ‘инспекција и онака нема’, ‘надзор?!, што е тоа’“…
Кој е одговорот на прашањата: Чии интереси се штитат вака?
Дали достоинството на луѓето и заштитата на децата, наместо приоритет, вака свесно се жртвуваат ?“, стои во објавата на Белчева-Андреевска на социјалните мрежи.
Претходно, Белчева-Андреевска објави мапа од сите локации на кои се гради во Центар во изборниот период.
Соопштенија
„Влен“: Тетово не е пазар за Левицата и ДУИ/НАИ!
„Јавноста е шокирана, но само Бајрам Реџепи не се засрами ниту се покае. Откако беше фатен на дело на состаноци со претставници на Левица, партија позната по своите анти-НАТО, антизападни и антиалбански ставови, кандидатот на ДУИ/НАИ се обиде да го негира скандалот со смешни изговори. Но, фотографиите зборуваат сами за себе, Бајрам Реџепи седеше со оние кои навредуваат сè што е албанско, само за да обезбеди неколку гласови за политички спас“, велат од „Влен“.
„Наместо да се извини за овој јавен срам, Бајрам Реџепи дури и ги навреди жителите на Тетово, обвинувајќи ги дека ги „продале“ своите гласови. Во меѓувреме, портпаролот на ДУИ, Арбер Адеми, се појавува на телевизија и ги нарекува Тетово, Чаир и Дебар “маали“.
Ова е вистинското лице на „патриотот“ на ДУИ, кој посегнува по Левица за парче власт. Ова е највалканата зделка што Тетово ја видело досега. „Патриот“ кој бара помош од Левица за да собори Албанец“, соопштуваат од „Влен“.
„Дали ова е „националната стратегија“ на ДУИ/НАИ да бараат спас од партијата што ги навредува Албанците и Косово?
Со каков морал се појавува Бајрам Реџепи пред тетовчани, откако се ракува со антиалбанците на Апасиев?
Каква зделка направи во замена за гласовите на Левица во Тетово“, прашуваат од „Влен“.

