Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ: Функционерите од власта имаат безрезервна поддршка од Заев за да се однесуваат шерифски
Владата на Заев со секој изминат ден покажа дека прерасна во вистински режим. Аболираниот криминалец Зоран Заев е поттикнувач и заштитник на криминалот и беззаконието во Република Македонија, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Според партијата, Заев, наместо да го осуди и да побара оставка од Курто Дудуш, тој се обиде да го оправда за лишувањето од слобода, тепањето и малтретирање граѓанин. Повеќе од јасно е дека функционерите од власта имаат безрезервна поддршка од Заев за да вршат насилство и да се однесуваат шерифски и робовладетелски спрема граѓаните.
„Како е можно премиер на држава, која претендира да биде дел од ЕУ, да смета дека може да има добра причина за некој човек да биде незаконски затворен, малтретиран и измачуван од страна на функционер? Недозволиво е во 21 век при соодветни институции, при полиција, судство и обвинителство функционер да си зема за слобода да лиши од слобода лица и да ги казнува онака како што нему му одговара со измачување и малтретирање. Таквото однесување ниту е демократско ниту цивилизирано, а уште помалку европско.
Повеќе од јасно е зошто Обвинителството и полицијата се обидоа да го забошотат и прикријат случајот на Дудуш. Јасно е и зошто не е санкциониран и градоначалникот на Демир Хисар, Марјанче Стојановски, кој им се закануваше на граѓани дека ги прислушува и следи, како и заменик-министер кој предизвика сообраќајна незгода и загрози човечки животи.
Правосудството и полицијата се заробени од Заев, токму затоа беше и смешната и минимална казна за Боро (Марлборо) Стојчев, кој беше фатен во сериозен шверц на цигари. Насилниците и криминалците, наместо да се санкционираат, тие добиваат поддршка од премиерот. СДСМ, наместо да ги заштитува граѓаните, оправдува и поттикнува насилство врз нив од страна на нивните пулени и функционери. Криминалот, насилството и корупцијата станаа симбол на оваа разуздана банда на власт. Република Македонија со СДСМ е небезбедна држава и загрозени се животите на граѓаните. Одговорност за ваквото однесување ќе има бидејќи се ближи денот кога оваа криминална власт ќе си замине, а сите нивни функционери што го прекршиле законот ќе одговараат за сите нивни злодела“, се додава во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
ИСОС: Преку притисок врз институциите неформална група сака да продолжи да работи во сива зона наспроти 6.300 сметководители, кои работат според законот

Управниот одбор на Институтот за сметководители и овластени сметководители (ИСОС) денеска оствари средба со пратеници од пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ, кои во Собранието доставија предлог измени и дополнувања на Законот за сметководствени работи по скратена постапка, а по барање на неформална група.
На средбата со пратениците, членовите на управниот одбор на ИСОС, како единствена организација основана согласно Законот која има јавни овластувања и ги претставува интересите на сите сметководители и овластени сметководители во земјава, истакнаа дека ИСОС ќе достави во најкус можен рок забелешки на предложените измени и ги изнесоа фактите за реалните состојби во оваа професија.
Фактите говорат дека 6300 сметководители и овластени сметководители кои активно се занимаваат со оваа законски регулирана професија во нашата земја, доследно ги почитуваат своите законски обврски, односно навремено и точно ги ажурираат своите податоци во регистрите кои ИСОС законски е обврзан да ги води, ги имаат исполнето законски утврдените часови за континуирано професионално усовршување и во целост ја платиле предвидената членарина.
Наспроти ова, поединци од т.н. „неформална група“, кои и покрај сите укажувања и апели не ги исполниле свои законски обврски, продолжуваат да вршат притисок во јавноста и врз институциите, со цел да им се овозможи да се занимаваат со сметководствена дејност надвор од важечкиот Закон. На ваков начин, преку притисок, овие поединци сакаат и понатаму да им се дозволи да работат во т.н. сива зона, што е една од основните негативни појави за чие сузбивање се залагаат сите учесници во дејноста и надлежните институции и која им нанесува огромна штета на мнозинство активни сметководители кои редовно ги исполнуваат сите свои законски обврски и со право очекуваат да им биде овозможено да работат и да напредуваат во професијата.
Претставниците на оваа неформална група, кои вчера протестираа пред Министерството за финансии, јавно признаваат дека не ги почитувале своите законски обврски само затоа што Законот не им се допаѓа, сметаат дека тие нема потреба да се усовршуваат и да го надградуваат своето знаење од областа и не сакаат да ја плаќаат законски утврдената членарина.
Споредбено на тоа, што ќе се случи доколку претставниците на останатите законско регулирани професии, како што се: лекарите, инженерите, проценителите, адвокатите и други, свесно престанат со своето континуирано стручно усовршување.
На денешната средба, членовите на Управниот одбор на ИСОС, им укажаа на пратениците дека предложените измени во Законот по скратена постапка, кои се резултат на јавниот притисок што го прави споменатата неформална група, задираат во некои од клучните аспекти за регулација на професијата и можат да нанесат долгорочни штетни последици врз нејзиниот натамошен опстанок и развој, што секако негативно ќе се одрази и врз државата и економскиот развој на земјата.
Убедени сме дека институциите заедно со ИСОС ќе успеат да пронајдат соодветно решение, особено во овој период кога, по долг период на застој, ажурираните Меѓународни стандарди за финансиско известување (МСФИ) започнаа да се применуваат во земјата.
ПР текст
Соопштенија
Шведска стана првата земја без чад од тутун со помош на алтернативи

Шведска постигна историски успех со тоа што стана официјално првата земја во светот без чад од тутун. Швеѓаните ја постигнаа оваа цел 16 години пред планираниот рок на Европската унија, додека повеќето други земји-членки имаат потешкотии да ја постигнат таа цел, велат експертите.
Според официјалните здравствени податоци од шведската агенција за јавно здравје, само 4,5% од возрасните родени во Шведска пушат, што е значително под глобално прифатениот стандард од 5%. Во Европа, просечната стапка на пушење е пет пати поголема – 24%.
Овој извонреден успех швеѓаните го должат на пионерската политика во промовирањето на побезбедни алтернативи за цигарите. Д-р Делон Хуман, водач на иницијативата Шведска без чад, изјави:
„Ова извонредно достигнување означува значаен момент за глобалното јавно здравје и е доказ за прогресивните политики на шведскиот пристап за контрола на тутунот“. Во 1960-тите, речиси половина од мажите во Шведска беа пушачи. Со прифаќање на алтернативните никотински производи, Шведска отвори јасен пат кон општество без чад, истовремено заштитувајќи го јавното здравје“.
Новата статистика покажува дека 5,3% од сите возрасни луѓе во Шведска, вклучувајќи ги и имигрантите, сè уште пушат. Интересно е тоа што луѓето родени надвор од Шведска имаат три пати поголема веројатност да пушат од оние што се родени во Шведска.
Д-р Андерс Милтон, поранешен претседател и генерален директор на Светската медицинска асоцијација, истакнува:
„Клучот за успехот на Шведска е прагматичниот пристап кон намалување на штетата, а не забраните. Широка палета на побезбедни никотински производи со различни јачини и вкусови легално е достапна и онлајн и во продавниците. Оваа политика, заедно со специфичната фискална политика која овозможува поповолни цени за производите без чад, ги охрабри шведските потрошувачи да донесуваат поздрави одлуки“.
Благодарение на оваа стратегија, Шведска има најниска стапка на болести поврзани со пушењето во ЕУ и дури 41% помала инциденца на рак од другите европски земји.
ФДА поддржува алтернативни производи
Американската агенција за храна и лекови (ФДА) ја одобри комерцијализацијата на 20 никотински производи ZYN, по обемна научна анализа, потврдувајќи дека никотинот не е канцероген.
Успехот на Шведска, како и позитивниот став на американската ФДА, би можеле да бидат клучни за глобалните стратегии против пушењето.
(ПР)
Соопштенија
„Дајмонд мол“ организира саем на виното и чоколадото по повод празникот на љубовта и виното

Дајмонд мол, омилената дестинација за шопинг и забава во срцето на Скопје, оваа година подготвува незаборавно празнично искуство. По повод Денот на виното и љубовта, во периодот од 13 до 16 февруари 2025 година, посетителите ќе имаат можност да уживаат во Саемот на виното и чоколадото, каде што ќе се спојат врвни вкусови и празнична атмосфера.
Во соработка со македонски и меѓународни вински и кондиторски брендови, скопјани и нивните гости ќе можат да дегустираат внимателно селектирани вина и слатки деликатеси, создавајќи совршена комбинација за љубителите на добриот вкус.
Како специјален додаток на празничното искуство, ексклузивен гостин на настанот ќе биде реномираниот слаткар Петко Костадинов. Овој мајстор на слаткарството, кој своето знаење го стекнал во најпрестижните европски училишта и освојувал светски награди, ќе сподели дел од своите слаткарски тајни со присутните. Имено, во сабота (15 февруари) од 12:00 до 14:00 часот ќе се одржи слаткарска работилница со Петко Костадинов, каде што љубителите на слатките ќе можат да научат нови техники и трикови. Во недела (16 февруари) пак, од 12:00 часот, посетителите ќе бидат сведоци на чоколадно шоу со изработка на џиновско чоколадо, долго 2 метри и широко 80 сантиметри – вистинско ремек-дело на слаткарската уметност.
Овој настан е одлична можност за сите љубители на виното и чоколадото да уживаат во врвни дегустации, ексклузивни работилници и квалитетен шопинг во празнична атмосфера. Дајмонд мол ги кани сите граѓани да бидат дел од ова уникатно искуство и да го прослават празникот на љубовта и виното на највкусниот можен начин.
(ПР)