Контакт

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: 10% од заразените се лекари, тие немаат опрема за справување со пандемијата

Објавено пред

СДСМ ги остави лекарите и целокупниот медицински персонал голораки во ек на пандемија од заразен вирус, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

Според оваа партија, доказ дека заштитна опрема нема е и фактот дека над 10% од заразените или над 80 лица се лекари.

„Доколку имале соодветна заштитна опрема, тие нема да биле заразени. Недостасуваат скафандери, визири, заштитни маски, ракавици, средства за дезинфекција“, се наведува во партиското соопштение.

Во него се потсетува дека ВМРО-ДПМНЕ предложиле да се обезбеди заштитна опрема за болниците ширум државата, преку формирање на фонд од 10 милиони евра за производство во македонските текстилни фабрики.

„Со ваква мерка ќе се обезбеди плата за вработените во текстиланата индустрија, но и ќе се обезбедат висококвалитетни заштитни материјали“, појаснуваат од партијата.

Исто така додаваат дека е очигледно оти СДСМ не може да излезе од матрицата на суетност и надменост и затоа и овој предлог го игнорира на штета на лекарите и стопанството.

 

Соопштенија

„Славиме заедно – 100 години Прилепска пиварница“

Објавено пред

На 13 јули 2024 година, со почеток од 20 часот, во срцето на плоштадот Методија Андонов – Ченто во Прилеп, ќе се одржи спектакуларен настан за одбележувањето еден век од постоењето на Прилепска Пиварница.

dobivaj vesti na viber

Основана во 1924 година, Прилепска Пиварница е камен-темелник на заедницата, произведувајќи најквалитетни пијалаци што го отелотворуваат нашето богато наследство. Овој значаен јубилеј заслужува голема прослава и затоа ве покануваме да ни се придружите заедно да го одбележиме овој наш голем роденден.

Настанот ќе биде исполнет со музика и забава. Реномираните уметници Марија Шерифовиќ, „ДНК“ и „Тропико бенд“ ќе се погрижат да приредат незаборавна вечер што долго ќе се прераскажува.

Не ја пропуштајте можноста да бидете дел од историјата и да прославите 100 години успешност заедно со нас. Придружете ни се на 13 јули на плоштадот Методија Андонов – Ченто во Прилеп, за незаборавна вечер со музика, веселба и убави спомени.

ПР текст

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Фестивал на видео игри во Diamond Mall

Објавено пред

Од 15 до 19 јуни, сите љубители на видео игри ќе бидат во Diamond Mall каде ќе се одржи специјален фестивал посветен на модерните и ретро видео игри. Фестивалот е во организација на Diamond Mall и ќе има натпреварувачки карактер, со атрактивни подароци за натпреварувачите во различните категории. Посетителите што нема да се натпреваруваат ќе имаат можност да бидат дел од гејминг забавата во посебно опремениот простор со симулатори и конзоли за видео-игри.

dobivaj vesti na viber

На фестивалот во Diamond Mall сите учесниците и љубителите на видео-игрите ќе можат да се забавуваат и натпреваруваат, а меѓу игрите што ќе ги понуди фестивалот се оние од „PlayStation“ и „Nintendo“, но и ретро видео-игрите како „Super Mario“, „Pack-Man“, „King Kong“ и сл. Понудата е дополнета и со опции за натпреварување и забава, преку практикување фудбалски вештини.

За најуспешните учесници на фестивалот на видео-игри, Diamond Mall ќе обезбеди подароци ќе ги додели познатиот македонски актер, познат љубител на видео игри и програмер Гораст Цветковски, а доделувањето ќе се одржи на 19 јуни 2024, на последниот ден од фестивалот.

Настанот е дел од низата активности што Diamond Mall ги нуди на своите посетители, овозможувајќи им нови и поинакви искуства, кои се комплементарни со останатите содржини на трговскиот центар. Благодарение на ваквиот уникатен концепт, Diamond Mall прерасна во една од омилените дестинации за сите жители и посетители на главниот град.

 

ПР текст

 

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Компанијата „Зегин“ ги обедини граѓаните во хуманитарна трка

Објавено пред

Во неделата во Општина Аеродром се одржа “Хуманитарната Трка Зегин Спектратон- Трка на херои во сите бои”.

dobivaj vesti na viber

Трката беше во организација на компанијата Зегин и Фондацијата Д-р Верица Механџиска, а средствата собрани од сите котизации на пријавените учесници ќе бидат донирани во Здружението “Во мојот свет”, за реконструкција на првиот регионален социјален клуб за адолесценти со аутистичен спектар.

Повеќе од 1800 граѓани трчаа во име на хуманоста, љубовта и свет еднаков за сите.

Трките беа поделени во неколку категории:

Трка на 10км

Трка на 5км

Штафетна трка 2х5км

И детски трки од 150, 300 и 500м.

За сите пријавени учесници следуваше богат пакет, а за најдобрите имаше и награди во сите категории.

Тркачите имаа задоволство да трчаат по сертифицирана патека, а сите посетители уживаа во забава, музика, игри за најмалите и освежување.

Ваквите настани се показател дека општествената одговорност треба да биде важен сегмент на сите компании и поединци кои можат во голема мера да помогнат за подобрување на квалитетот на животот на оние на кои им е најпотребно.

ПР текст

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Вредноста скокнала за 220 милиони евра, најскапата пруга со Бугарија завршува со тунел без крај, рече новиот министер Николоски

Министерот за транспорт и врски Александар Николоски го повика Јавното обвинителство да го испита работењето на Железница-Инфраструктура и на Јавното...

Македонија3 часа

Eкипа на Брза помош заглавенa во лифт во скопска Кисела Вода

Екипа на скопската Брза помош е заглавена во лифт во подрумски дел од зграда во Кисела Вода, соопшти Центарот за...

Македонија4 часа

Кривична за Самка Ибраимовски поради закани кон уставен судија преку „Фејсбук“

Самка Ибраимовски од партијата ПЦЕР и поранешен пратеник доби кривична пријава поради закани кон уставен судија. Министерството за внатрешни работи...

Свет5 часа

Марк Руте и официјално нов генерален секретар на НАТО, Столтенберг заминува од чело на Алијансата по 10 години

Холандскиот премиер во заминување Марк Руте е избран за нов генерален секретар на НАТО. Северноатлантскиот совет одлучи во средата на...

Македонија5 часа

Радев: Паднаа маските, власта во Скопје се плаши да препознае „Бугарин“ и „бугарскo“

Маските конечно паднаа. Новата власт кај нашиот сосед јасно покажа дека најголемиот страв на политичката класа во оваа држава е...

Македонија6 часа

Надлежните бараат решение, по зголемениот број на пријави за змии во државата

Вчера во Центарот за управување со кризи, директорот Стојанче Ангелов, одржа Координативниот состанок на тема “Загрозување по животот и здравјето...

Македонија6 часа

Хоџа по смената на директорката на Токсикологија: Горд сум што кадар како Бесија Иљази докажа дека може храбро да се соочи со антиалбанскиот менталитет во институциите

Претседателот на Европската демократска партија и член на коалицијата „Европски фронт“, Аријанит Хоџа со реакција по разрешувањето на економската директорка...

Македонија7 часа

ЦУК: Невреме и штети во Светиниколско и Неготинско

Центарот за управување со кризи информира дека имало вкупно 2.281 повици на единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во...

Свет7 часа

(Видео) Џулијан Асанж е на слобода, стави крај на долгогодишната правна битка

Основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, пред американскиот суд во Саипан се изјасни за виновен за прекршување на Законот за шпионажа...

Свет7 часа

(Видео) Торнадо на северот на Италија, делови од земјата под вода

Северните и централните делови на Италија беа зафатени од невреме, а во градот Ровиго во провинцијата Венето се формира торнадо,...

Свет8 часа

За прв пат по повеќе од една година, разговараа шефот на Пентагон и рускиот министер за одбрана

Министрите за одбрана на Соединетите Американски Држави и Русија разговараа телефонски во вторникот за прв пат по повеќе од една...

Македонија20 часа

Собранието го донесе Законот за енергетика со кој ќе се спречи поскапување на струјата

Со 84 гласа ЗА, и ниту еден против и воздржан, Собранието го донесе Законот за дополнување на Законот за енергетика...

Регион21 час

(Видео) Пожар на Халкидики, засега не се загрозени населените места

Пожарите веќе со денови беснеат низ цела Грција, а како што објави порталот „Прототома“, денеска избувнале пожари на Халкидики и...

Топ1 ден

Осуденик во затворот „Идризово“ до смрт претепал друг затвореник: ОЈО нареди истрага за случајот

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело тешка телесна повреда од...

Македонија1 ден

Таравари ја разреши директорката на Токсикологија, Бесија Иљази, разрешени и други директори

Министерот за здравство, Арбен Таравари, ја разреши од должноста в.д. економската директорка на Клиниката за токсикологија, Бесија Иљази, по најавите...

Економија1 ден

Мицкоски за инвестицијата на „Алказар енерџи“: 55 ветерници ќе произведуваат еден терават-час електрична енергија

Ветерен парк со 55 ветерници, кои ќе произведуваат еден терават-час електрична енергија, ќе се гради меѓу Карбинци, Штип и Радовиш....

Македонија1 ден

Нестабилно време до петок и невреме на повеќе места, најавуваат метеоролозите

Под влијание на исклучително нестабилна воздушна маса до петок ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд...

Македонија1 ден

Се санираат штетите од невремето во Скопје и Тетово

Ситуацијата со завчерашното невреме што ги зафати Тетово, Скопје и околните општини полека се нормализира. Од Центарот за управување со...

Македонија1 ден

Бугарски политичар: Опасна е насоката во која политичкото раководство ја турка Северна Македонија

Новоизбраниот премиер на Република Северна Македонија избра конфронтација и газење на европските принципи и упати барање дека има намера да...

Свет1 ден

Објавени први снимки од Асанж на слобода

Џулијан Асанж (52) вчера го напушти затворот со максимална безбедност „Белмарш“ во Велика Британија откако таму помина 1.901 ден. Високиот...