Контакт

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: 100 дена Влада – 100 дена дебакл во здравството

Објавено пред

„100 дена Влада. 100 дена Филипче министер за здравство. 100 дена 1.400 починати од Ковид-19, голем број од нив можеа да бидат спасени доколку системот што го менаџира Филипче беше функционален.
100 дена не е реализиран ниту еден капитален проект поврзан со здравството. Додека во соседството се градат болници за неколку месеци, ние тапкаме во место. Нема ни трага од ветените нови клинички центри што ги најавија уште пред 4 години“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

Според партијата, нема ниту 100.000 денари плата за докторите, иако ова му е втор мандат, нема ни најава за ова ветување што требаше да биде реализирано пред една година.

„Лекари нема, нема медицински персонал воопшто, невработени седат 3.000 здравствени работници, а на Филипче не му текна ни да направи план за нив да ги внесе во системот. Филипче не помисли ниту на специјализантите, чии дежурства не се платени. 100 дена Влада. 100 дена нема вакцина за сезонски грип, а Филипче најавува ковид-вакцинација. 100 дена кубуриме со инсулин. 100 дена родителите на деца, на кои голем дел од терапијата што им ја препишуваат, се принудени да ја купуваат надвор од државата, во соседството, бидејќи кај нас ја нема. 100 дена ништо не е направено ни за пациентите со ретки болести. Недостигаат лекови за ретки болести. Го поскапеа паркингот на Клинички од 300 на 800 денари. Филипче дојде на протестот и вети дека ќе се врати старата цена и излажа.

Македонија со Филипче како министер за здравство најлошо се справува со Ковид-19 во регионот. Имаме најголем број починати во регионот, а седми сме во светот. Нема тестови, се чека и по 10 дена. Нема терапевтски протоколи, се лекува на разни начини. Ако има, ќе треба да се набави пропишаната терапија, а бидејќи и таа ја нема, нема протоколи. Нема болнички капацитети поделени за ковид-пациенти и чисти болници за другите заболувања. Пациенти чекаат на ред со часови пред болниците, примаат инфузии во дворот на клиниките, а други примаат инфузии до починати лица во иста соба. Системот не функционира и се враќаат болните од други болести, од кои често се и во животозагрозувачка состојба. 100 дена Влада. 100 дена дебакл во здравството“, се додава во соопштението.

Соопштенија

Таткото троши – ќерката плаќа: смена на улогите во новата реклама за картичката за деца на Халкбанк

Објавено пред

Замислете кога во одреден момент со парите би управувале децата. Тие да можат да одлучат што да се купи, а што не или колку може да се потроши за чоколади и за слатки. Тие да кажат дали овој месец ќе заштедат или ќе го потрошат целиот буџет.

dobivaj vesti na viber

Во ваква улога се најдоа познатиот македонски актер Сашко Коцев и неговата 9-годишна ќерка Јоана, на снимањето на рекламата за првата платежна картичка за деца на Халкбанк. Станува збор за иновативен производ, наменет за деца од 9 до 15 години, кој ним им овозможува да стекнат финансиски навики, додека родителите имаат целосна контрола на тоа каде и колку трошат нивните деца.

Рекламата за картичката Халки се случува во слаткарница. Таткото е возбуден и сака да нарача сè од менито, но за тоа мора да побара дозвола од ќерката. Таа, од друга страна, е смирена и рационална и не дозволува да се претера со нарачките, но и конзумирање на слатко. На крајот, ќерката ја плаќа сметката со својата Халки картичка.

„Целта на кампањата е на забавен начин, со доза хумор, да покажеме дека децата знаат да се однесуваат одговорно кон финансиите доколку им се дозволи и им се покаже како да го прават тоа. Практично, идејата за креирање на првата картичка за деца и тинејџери до 15 години во Македонија е токму тоа – да им помогне да научат како да располагаат со одредена сума пари, да го планираат неделниот или месечниот џепарлак и да стекнат навики за штедење. Секако, со помош и со контрола на родителите“, вели Маја Наумовска Савеска, директор на корпоративни и маркетинг комуникации во Халкбанк.

Mastercard Junior дебитната картичка овозможува низа поволности како повлекување готовина без надоместок од сите банкомати во Македонија и во странство, бесплатен трансфер на средства од сметката на родителот или старателот на сметката на детето. Исто така, родителот има можност за поставување лимити на платежната сметка на детето, блокирање на картичката преку електронско банкарство во случај на губење, СМС инфо без надоместок на мобилниот број на законскиот застапник/старател и можност за дигитализирање на картичката на Google Pay или Apple Pay.

Процедурата за аплицирање за картичката за деца е едноставна и може да се направи во сите филијали на Халкбанк, а сите апликации до крајот на март годинава се ослободени од трошоци за издавање на картичката.

 

(ПР)

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ЕДС официјален поддржувач на Олимпискиот комитет за спортскиот циклус 2026

Објавено пред

Со потпишувањето на спонзорски договор со Олимписки комитет на Северна Македонија, ЕДС официјално станува дел од Олимпиското семејство како Официјален поддржувач за време на клучниот спортски циклус во 2026 година.

dobivaj vesti na viber

ЕДС ќе даде поддршка на Олимпискиот комитет во период што опфаќа неколку од најзначајните меѓународни спортски настани, меѓу кои Зимските олимписки игри Милано–Кортина 2026 и Медитеранските игри во Таранто.

Со оваа соработка, ЕДС ја потврдува својата заложба за поддршка на спортот, младите и вредностите што ги промовира олимпиското движење – фер-плеј, извонредност, посветеност и заедништво.

„Ова партнерство за нас претставува многу повеќе од спонзорство. Тоа е јасна поддршка на вредностите што ги делиме со олимпиското движење – дисциплина, истрајност и стремеж кон извонредност. Горди сме што, преку соработката со Олимпискиот комитет на Северна Македонија, ќе бидеме дел од еден значаен спортски циклус и ќе придонесеме кон промоција на домашниот спорт на меѓународната сцена,“ изјави главниот извршен директор на ЕДС, Александар Сарџовски.

Спонзорството ја зацврстува позицијата на ЕДС како општествено одговорна компанија, која континуирано инвестира во иницијативи со долгорочна вредност за заедницата и придонесува кон позитивен општествен развој.

ПР

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Лото и Џокер на само еден клик од тебе – играј онлајн и пробај ја среќата во зимските денови

Објавено пред

Во зимските денови, кога се поминува повеќе време дома, Државна лотарија им овозможува на граѓаните практична можност за забава и добивки. Сите љубители на игрите на среќа може да ја испробаат својата среќа преку едноставната и сигурна платформа за играње лото и џокер онлајн на официјалната веб-страница loto.mk.

dobivaj vesti na viber

Со само еден клик, секој може да го уплати своето лото-ливче брзо и сигурно, без потреба од чекање во редици. Резултатите се проверуваат на едноставен начин, а платформата е достапна секогаш и секаде, овозможувајќи им на корисниците да играат кога сакаат и каде сакаат.

Започнувањето на годината со можност за големи добивки претставува дополнителен поттик граѓаните да си ја испробаат среќата. Играњето лото онлајн не е новитет, туку веќе докажана и практична алатка што им овозможува на играчите лесно и сигурно да бидат дел од возбудата на најпознатата игра на среќа во земјата.

Државна лотарија со оваа дигитална алатка ја потврдува својата посветеност кон создавање едноставни и достапни решенија што ја збогатуваат секојдневната забава на граѓаните. Онлајн уплатата претставува уште еден начин компанијата да биде поблиску до своите играчи, овозможувајќи им удобност, сигурност и можност за големи добивки – токму во моментите кога сакаат да се забавуваат.

Игрите на среќа се наменети само за лица над 18-годишна возраст. Државна лотарија постојано потсетува дека играњето треба да биде одговорно и умерено, со јасна порака дека тие се пред сè форма на забава што може да донесе возбудливи добивки.

Државна лотарија, како општествено одговорна компанија, ја афирмира својата посветеност кон одговорното играње, обезбедувајќи средина што е сигурна и контролирана. Со тоа се гарантира дека игрите на среќа остануваат во рамките на целта за која се создадени – предизвик, забава и возбуда.

ПР

Прикажи повеќе...

Најново

Свет3 минути

Утре прв состанок на Одборот за мир на Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп утре ќе претседава со првиот состанок на Одборот за мир, во сенка на нерешени прашања за...

Свет36 минути

Една третина од американската морнарица е во близина на Иран: објавено кога би можел да започне нападот

Американската војска е подготвена да го нападне Иран уште овој викенд, иако претседателот Доналд Трамп сè уште не донел конечна...

Македонија2 часа

Сообраќајот на патниот правец Скопје – Велес е нормализиран во двете ленти

Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес е нормализиран во две коловозни ленти, извести АМСМ. Интензитетот на сообраќај на...

Свет2 часа

(Видео) Една од најсмртоносните лавини во историјата на САД: oсум скијачи загинаа, еден е исчезнат

Осум скијачи загинаа, а еден е исчезнат во лавина во планините Сиера Невада во Калифорнија, соопштија властите во среда, во...

Македонија15 часа

Законот за високо образование нема да биде повлечен, јавнaта расправа продолжува

Министерката за образование и наука Весна Јаневска на пленарна седница изјави дека нема да го повлече нацрт-законот за високо образование....

Македонија15 часа

Гоце Наумовски стана нов уставен судија

Собранието со 63 гласа „за“, седум „против“ и без воздржани го избра професорот Гоце Наумовски за нов уставен судија, по...

Македонија17 часа

Владата нема да купува нов авион: ќе се повлечеме од набавката и ќе се молиме да останеме живи, вели Мицкоски

Владата се откажа од набавка на нов авион на што се одлучи оти стариот е дотрајан и претставува голем трошок...

Македонија20 часа

(Видео) За Мицкоски контролата на цените не е популизам, туку заштита на граѓаните, најави праведност и кон оние што се обидуваат да профитираат од кризите и кон оние што избегнуваат обврски

Денешната конференција за формализирање на неформалната економија не е само експертска расправа. Таа е разговор за праведност во општеството. За...

Македонија20 часа

(Фото) Изгореа викендица и куќа, се запали оџак: три интервенции на струмичките пожарникари

Струмичките пожарникари денеска уште во раните утрински часови имаа три интервенции. Во 06.55 часот, во излетничката населба Суви Лаки, запалена...

Македонија21 час

„Парите за боледувања доцнат – дали Клековски манипулира дека се редовни или фондот е празен“, прашува Левица

„Изминатиот период сѐ повеќе граѓани нѐ информираат дека одреден период Фондот за здравствено осигурување не врши навремена исплата на средства...

Македонија22 часа

(Фото) На повеќе локации низ Скопје паднаа дрвја, Ѓорѓиевски: Екипите се на терен, реагираме навремено

Поради засилениот ветер и неповолните временски услови, на повеќе локации низ градот беа регистрирани паднати и оштетени дрвја. Градоначалникот Орце...

Македонија22 часа

(Фото) Силниот ветер откорна покрив во училиште во Гевгелија

Преку Единствениот број за итни повици 112 е примена пријава дека поради силен ветер летнала лимената конструкција од покривот на...

Македонија22 часа

Сè помалубројни, постари и понеисправни автобуси во кои се возат сè помалку патници, покажува истражувањето на Центарот за граѓански комуникации

Центарот за граѓански комуникации ги објави истражувањето и базата на податоци за капацитетите на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје. Нивното истражување...

Македонија23 часа

Мицкоски да одговори кој бил со него во владиниот авион, бара СДСМ

Луксузирањето на Мицкоски врз грбот на граѓаните и летањето со владин авион на Јадранско море го покажа вистинското лице на...

Македонија23 часа

Панчевски поднесе кривична пријава против членовите на Советот на јавни обвинители, ги обвинува за злоупотреба

Кандидатот за државен јавен обвинител Владимир Панчевски, кој не доби позитивно мислење од Советот на јавни обвинители, најави дека ќе...

Македонија24 часа

(Фото) По ерата на Југославија, селото Драчево е првото село во Македонија што добива сопствено модерно кино

Општина Кисела Вода вчера вечер официјално го отвори новото кино во Домот на културата во Драчево. Проектот, реализиран во партнерство...

Свет1 ден

Документите за Епстин се толку сериозни што би можеле да бидат злосторства против човештвото, предупредија експерти на ОН

Милиони досиеја поврзани со покојниот сексуален престапник Џефри Епстин укажуваат на глобална криминална мрежа што би можела да претставува злосторства...

Свет1 ден

(Видео) Најмалку десет скијачи исчезнаа во лавина во Калифорнија: започната е спасувачка операција

Најмалку 10 скијачи се водат како исчезнати, а шест други се заробени и чекаат спасување во услови на обилни снежни...

Европа1 ден

Мечка забележана во близина на Будимпешта

Мечка е видена во близина на Будимпешта. Животното веројатно не е од дивината, туку избегало од приватна фарма, објави општината...

Македонија1 ден

Врнежи од слаб снег на неколку патни правци, патот кон село Герман е блокиран од паднато дрво

Од синоќа е воведена забрана за сообраќај на регионалниот пат Р2-233 Гостивар – село Чегране поточно во село Форино, поради...