Контакт

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: 500 000 граѓани живеат во сиромаштија

Објавено пред

Петстотини илјади граѓани во Македонија живеат во сиромаштија, вели ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение, обвинувајќи го Социјалдемократскиот сојуз на Македонија дека е директен виновник и не прави ништо во насока на подобрување на животот на граѓаните.

dobivaj vesti na viber

„Потврда за неспособноста на владата стигна и од Светскиот економски форум, кој ја рангираше државата на 84. место на листата на економска конкурентност. Пред само 2 години Република Македонија беше за околу 20-тина места повисоко на листата. Светскиот економски форум Република Македонија во категоријата институции ја рангира на 85. место. Република Македонија, за жал, е еден од лидерите во светот според недоверба во судството, односно од 140 земји се наоѓа на 128. место во категоријата независно судство“, вели ВМРО-ДПМНЕ во соопштението.

Опозицијата додава дека владата е корумпирана, а остатокот од регионот и Европа се далеку пред нас.

„Економијата е на нула, задолжувањето изнесува 5.14 милијарди евра, а трошоците за живот се зголемуваат. Сè што прави Владата е трошење илјадници евра на луксузи, 670 000 евра за набавка на цвеќиња, 40 000 евра за кафе и 1 милион и 600 илјади евра на лубриканти. Со Зоран Заев на власт економијата, граѓаните и државата не се приоритет, приоритет е луксузирањето на власта и криминалните милионски тендери поделени во четири очи“, додава ВМРО-ДПМНЕ.

Соопштенија

Светозаревиќ: Фокусот на идниот состав на советничката група на ВМРО ДПМНЕ, ќе се насочи кон решавање на најгорливите прашања

Објавено пред

Од

Бранислав Светозаревиќ, носител на советничка листа на ВМРО-ДПМНЕ во општина Тетово на денешниот митинг одржан во рамките на изборната кампања, под слоганот „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“ се обрати и на самиот почеток истакна дека општина Тетово на вториот јавен повик за финансирање на општините, аплицирала со 40 проекти во висина од 13 милиони евра и го истакна фокусот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„Општина Тетово во рамките на вториот јавен повик за финансирање на инфраструктурни проекти од Владата на Република Македонија аплицираше со 40 проекти во висина од 13 милиони евра. Фокусот на идниот состав на советничката група на ВМРО ДПМНЕ, ќе се усмери кон решавање на најгорливите прашања на нашиот град и нашата општина. Еден од најголемите приоритети е квалитетот на живеењето на граѓаните, па покрај патната инфраструктура ќе се фокусираме во многу почиста средина од ова што денес го имаме, преку најразлични решенија за решавање на сообраќајниот хаос, поефикасен и бесплатен јавен превоз, поефикасно решавање на проблемот со градскиот смет, претоварна станица и селекција на отпад, обновување на водоводната мрежа, нов градски парк“, рече Светозаревиќ.

Светозаревиќ потенцираше дека за младите ќе се формира и дигитален центар, и дека со трудољубивост и многу работа општина Тетово ќе стане подобро место за живеење за сите граѓани.

„За младите Младински културен центар, потоа Центар за знаење и практични вештини, Бизнис инкубатор, формирање на дигитален центар, во кои ќе се собираат ученици и студенти кои работат на дигитални решенија. Затоа ви ветувам дека заедно со овие прекрасни луѓе од листата на советници на ВМРО ДПМНЕ ќе дадеме сѐ од себе, свесни на предизвиците и реалните проблеми со кои ќе се соочуваме, дека посветено ќе работиме на нашите планови и заедно со нашите коалициони партнери и поддршката на Владата и нејзиниот претседател Христијан Мицкоски, ќе успееме нашето Тетово и нашата општина да бидат подостоинствено место за живеење на сите граѓани во нив“, рече Светозаревиќ.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Филипче: Кога нема резултати власта посегнува по црни кампањи, никако да разберат дека се прочитани

Објавено пред

Од

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, вечерва од Валандово каде продолжува изборниот караван со граѓанската трибина „Се бориме за нашиот дом“, порача дека неспособноста и безидејноста на владата е прочитана и затоа власта посегнува по црни кампањи.

dobivaj vesti na viber

„ВМРО-ДПМНЕ не испорача резултати туку се сликаше со проектите кои останаа недовршени од СДСМ. Без резултати власта прибегнува кон лаги и спинови“, рече Филипче.

„Кога се нема резултати, кога неспособноста се гледа, се прибегнува кон спинови, лаги и црни кампањи. Секој ден ја гледаме црната кампања против опозицијата и измислени афери што им се распаднаа, беа хибридни напади, дронови, сега стикови. Никако да разберат дека се прочитани и граѓаните веќе не им веруваат“, рече Филипче.

„Но, ниту јас, ниту СДСМ нема да влеземе во калта во која тие се чувствуваат комотно“, потенцираше тој.

„Ќе продолжиме да ја разобличуваме лажната и лицемерна власт, но уште повеќе ќе зборуваме за реалните проблеми на луѓето. Тоа е нашата борба, за поголеми плати на работниците, за 500 евра минимална плата, за поголеми пензии, за земјоделците, за докторите, за наставниците младите, за Европа.“, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче, вечерва во Валандово.

Тој кажа дека СДСМ покажала дека со вистински политики платите може да растат и во време на најтешките кризи кои некогаш ги имала државата.

„Минималната плата од 8.000 денари ја зголемивме на 22.500 денари, а просечната плата од 22.000 денари, на над 40.000 денари. Донесовме систем на зголемување на пензиите, ја зголемивме за 300% социјалната помош тројно, се спасија над 80 илјади работни места и фирми со антикризните мерки. Донесовме систем за зголемување на пензиите, ја зголемивме за 300% социјалната помош, дадовме мерки во трите последователни кризи на Ковидот, енергетската и финансиската криза во вредност од 2,6 милијарди евра, се спасија 80.000 работни места, 20.000 компании се спасија од затворање, 660 илјади семејства беа заштитени затоа што се субвенционираше сметката за струја. Тоа беа години кога државата стоеше зад човекот “, рече Филипче пред валандовчани.

„Овие резултати веќе ги нема, имаме неодговорна и неспособна власт која не се грижи за граѓаните“, рече претседателот на СДСМ, Филипче, притоа потсетувајќи дека борбата на СДСМ е за раст пензиите, за 500 евра минимална плата, за раст на платите на докторите, за наставниците, земјоделците, за младите и за Европа.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Атанасов: Гевгелија ќе биде град што дише со своите луѓе и работи за граѓаните

Објавено пред

Од

Кандидатот за градоначалник од СДСМ, Миле Атанасов, од трибината во Гевгелија ја побара довербата од граѓаните ветувајќи подобра иднина на градот, но и борба за достоинствен живот на своите сограѓани и решавање на нивните потреби.

dobivaj vesti na viber

„Гевгелија не е само град, Гевгелија е љубов, семејство, живот. Ќе се борам за секој наш сограѓанин, за пензионерот, за младите кои сонуваат да останат тука, за секое село. Во мојот мандат Гевгелија ќе биде врата од градот што ќе дише со своите луѓе, со својата убавина и со својата енергија,“ порача Атанасов.

Тој ја побара довербата од граѓаните и во својата програма и план за Гевгелија најави изградба на современ и модерен парк, зелена оаза на градот, нова спортска арена, мултимедијален центар за младите, Јужен булевар и катна гаража во центарот на градот.

„Посебно внимание посвети на новата населба за ранливите категории: Сум ги сретнал тие луѓе и сакам да им порачам дека таа нивна надеж ќе ја претвориме во нов почеток. Ќе изградиме нова населба со 36 домови. Секој дом ќе биде доказ дека оваа заедница не заборава, дека достоинството е право на секој човек,“ порача Атанасов.

Кандидатот најави и бесплатен оброк за учениците, бесплатен престој во градинките и ново транспортно претпријатие за поврзување на сите населени места.

„Ќе го решиме и деценискиот проблем со загадувањето, затоа што здравјето нема цена. Но, се обврзавме јавно и со изјави дека во општина Гевгелија во нашиот мандат никогаш нема да бидат доделени концесии за изградба на хидроцентрали, концесии за изградба на рудници, ниту ќе дозволиме мигрантски камп во општината,“ додаде тој.

„Ве повикувам, мои сограѓани, да се обединиме и заедно да го изградиме градот каков што го заслужуваме,“ порача Миле Атанасов.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

Тошковски: Нема да поднесам оставка

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на неговиот „Фејсбук“ профил реагира соопштението на СДСМ во кое се бара негова оставка....

Македонија7 часа

Во вооружениот напад во Куманово е повреден докторот Зекирија Шаини, од Здравство велат дека е во стабилна состојба

Министерството за здравство со вознемиреност ја прими веста за вооружениот напад во Куманово при кој беше повреден нашиот колега, доктор...

Македонија8 часа

Нема индиции на политички мотиви зад оружениот инцидент во Куманово

Првичните индиции не упатуваат на политички мотиви зад оружениот инцидент во Куманово, соопштија од Јавното обвинителсто. „Во однос на настанот...

Македонија8 часа

Поради сериозни пропусти, Владата го раскина договорот за концесија на каменоломот во Страчинци

Првиот заменик на претседателот на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, информира дека Владата еднострано...

Македонија9 часа

Претреси во домови за стари лица во Скопје под сомненија за нехуман третман: две лица уапсени

По добиени сознанија за можен нехуман третман на стари лица – корисници на услуги за вон-семејна заштита, Основното јавно обвинителство...

Топ12 часа

Татко ги допирал по телата неговите 16-годишни ќерки во Кавадарци

ОВР Кавадарци поднесе кривична пријава против Д.Г.(40) од Кавадарци. Тој, како што соопшти полицијата, се сомничи за сторено кривично дело...

Македонија13 часа

Од наредната година, првиот извод на бебето родителите ќе го добиваат во болница

Од наредната година, првиот извод на бебето родителите ќе го добиваат во болница, најавија Владата и Министерството за дигитална трансформација....

Македонија14 часа

Македонија од денес и официјално дел од СЕПА: полесни и побрзи плаќања во евра

Министерството за европски прашања информира дека од денес, 7 октомври 2025 година, Република Северна Македонија официјално започнува со примена на...

Топ14 часа

Две Италијанки уапсени на Табановце, кај нив се пронајдени семки од канабис, ЛСД, кесичка со суви печурки

Вчера во 20:20 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници ги лишија од слобода 33-годишните Џ.П....

Топ14 часа

Уапсен маж од скопско Мирковци, фатен како краде нафта од училиште

Вчера во 21:25 часот полициски службеници од СВР Скопје поради сомнение за сторено кривично дело согласно член 236 од Кривичниот...

Топ15 часа

Полициска потера на патот Скопје – Велес: испукан предупредувачки куршум, криминалците со возило излетале од коловозот

Вчера во близина на населбата Нова Колонија полициски службеници од Одделот за специјални полициски операции, постапувајќи по план од СВР...

Европа17 часа

Орбан: Зеленски ја користи својата вообичаена тактика, но унгарскиот народ одлучи

Унгарскиот премиер Виктор Орбан го обвини украинскиот претседател Володимир Зеленски за „користење на неговата вообичаена тактика на морална уцена“. „Се...

Европа18 часа

(Видео) Украински напад на 2000 километри од фронтот: рафинерија погодена во далечниот Сибир

Украински беспилотни летала наводно го нападнале сибирскиот град Тјумен доцна синоќа, на повеќе од 2.000 километри од линијата на фронтот,...

Свет18 часа

(Видео) Трамп: Грета е луда, треба да оди на лекар

Американскиот претседател Доналд Трамп беше прашан од новинарите во Овалната соба за депортацијата на Грета Тунберг и други пропалестински активисти...

Македонија1 ден

Сиљановска-Давкова: Цинизам и хипокризија е да барате од некого да биде отпорен на трети влијанија, оставајќи го пред портите на Европската Унија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се обрати на годинешната средба на земјите учеснички во „Процесот Брдо-Бриони“, којашто се одржа во Драч,...

Македонија1 ден

За пет дена 2.267 сообраќајни прекршоци, уапсени се 22 лица

Од почетокот на месец октомври полицијата констатирала 2.267 сообраќајни прекршоци, а 22 лица се уапсени за безобзирно управување на возило,...

Македонија1 ден

(Видео) Николоски: Јасно е дека Заев ги влече конците во СДСМ

Јасно е дека Заев ги влече конците и во време на претходниот претседател на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски и...

Топ2 дена

Жител на Кочани пронајден мртов во Љубљана, од МНР велат дека случајот го истражува полицијата

До македонската амбасада во Љубљана е доставено известување дека во текот на ноќта на 2 октомври, животот го загубил македонски...

Македонија2 дена

Помошник на министерот за внатрешни работи незаконски зел надоместоци за прекувремена работа и бонус плата

Полицијата поднесе кривична пријава против помошник на министерот за внатрешни работи, раководител на Одделот за дисциплински и судски постапки, затоа...

Свет2 дена

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата на коронавирус?

Поранешната германска канцеларка, Ангела Меркел, даде интервју за унгарскиот медиум „Партизан“. Меѓу другото, таа зборуваше за конфликтот во Украина. „Во...