Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Mицкоски предложи план со кој ќе се заштити здравјето на граѓаните и ќе се одржат избори

ВМРО-ДПМНЕ алармира дека со резерва треба да се земат предвид лажните информации од СДСМ и нивните брифери кои сакаат Зоран Заев да го прикажат во лажно светло.
„Факт е дека Зоран Заев борејќи се за потесен пораз лобира на лидерската средба брзи избори на штета на здравјето на граѓаните. Зоран Заев е изолиран во својата намера да организира брзи избори на штета на здравјето на граѓаните. За ВМРО-ДПМНЕ е најважно здравјето на граѓаните, а потоа слободни, фер и кредибилни избори на кои Зоран Заев ќе го доживее најтешкиот дебакл во својата политичка кариера.ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски предложи конкретен план во 4 чекори со кој ќе се заштити здравјето на граѓаните и ќе се одржат избори. Сè друго е манипулација брифирана од СДСМ и Власта“, се вели во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Дел од општините Кисела Вода, Аеродром и Шуто Оризари денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 15.30 часот, корисниците од булевар Борис Трајковски – крак 20 во Усје. (општина Кисела Вода)
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од улицата Божидар Рајковиќ, дел од корисниците од улиците Горноврановска и Горно Лисиче (општина Аеродром ) како и дел од корисниците лоцирани околу улицата Брсјачка Буна бр. 163. (општина Шуто Оризари)
Македонија
Без вода денеска дел од Бутел

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, ги информира граѓаните дека, денеска:
· Поради изведување на водоводен приклучок ф 100 мм на улицата Призренска 22 бр.46Е, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Призренска 22 од 10:00 часот до завршување. (Општина Бутел)
Македонија
Променливо облачно време со сончеви периоди

Времето денес ќе биде променливо облачно, посвежо и ветровито со сончеви периоди. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен северен ветер (над 60 километри на час). Кон крајот на денот облачност ќе се намали.
Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 17, а максималната ќе достигне од 21 до 29 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен северен ветер. Кон крајот на денот облачност ќе се намали. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 26 степени.
Во четврток времето ќе биде посвежо и ветровито. Ќе дува умерен до засилен северен ветер (локално над 60 километри на час). Во деновите потоа ќе преовладува сончево време со посвежи утра, а дневната температура ќе биде во постепен пораст.