Соопштенија
ВМРО-Народна партија: Дискусијата на заедничката комисија за историски прашања добива комичен карактер
ВМРО-Народна партија со внимание ја следи работата на заедничката Комисијата за историски прашања и жали што не се изнаоѓа решение кое ќе ги задоволи двете страни и затопли односите помеѓу двете држави, велат од партијата.
„Во таа насока ВМРО-Народна партија смета дека последниот проблем кој изникна од заедничката Комисија за историски прашања, а тоа е употребата на придавката „македонски“ навистина ја прави ситуацијата помалку ирационална па дури и трагикомична. Не можеме да сфатиме зошто на овој состав историчари предводени од почитуваниот професор Ангел Димитров им пречи придавката „македонски“ кога во целата бугарска историографија во последните 150 години придавката „македонски“ е максимално присутна и ја има скоро во секоја бугарска историска книга која се занимава со македонското прашање не навлегувајќи во тоа што тие подразбираат под зборот „македонски““, велат од партијата.
Дека ситуацијата оди во ирационален правец, додаваат од ВМРО-Народна партија, само ќе потсетиме дека има и такви институции кои во бугарската историографија инсистира на зборот „македонски“, а македонската пак историографија воопшто и не сака да слушне на тие места за зборот „македонски“ па еве неколку примери: Македонски врховен комитет, Македонска патриотска организација, Македонски братства, Македонски научен институт, Македонски преглед (весник), Македонско ополчение, Македонска единаесетта дивизија, Македонски културен дом.
„Ова се само неколку од многуте примери кои го потврдуваат моментот дека дискусијата веќе добива и комичен карактер ако ги иземеме секојдневните негативни емоции кои растат од ден на ден помеѓу граѓаните на Македонија и Бугарија. Се надеваме дека историчарите во иднина нема да создаваат нови пробелми таму каде што ги нема, а дека ќе ги решат на прифатлив начин таму кај што реално постојат“, се наведува во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Соопштенија
Герасимовски: Даваме субвенции за нови фасади за зградите и ги обновуваме
Кандидатот за градоначалник на Општина Центар, Горан Герасимовски, денеска најави дека во вториот мандат се обновуваат фасадите и се зголемува енергетската ефикасност на зградите.
„Станарите добиваат субвенции за нови енергетски ефикасни фасади, што ги намалува трошоците за греење и ладење, а истовремено добиваат современ и уреден изглед на своите згради. Со обновувањето на фасадите, Центар добива нов, модерен, но и автентичен лик. Ја чуваме старата архитектура и ја уредуваме градската средина“, рече Герасимовски.
Тој потенцираше, дека паралелно се поставуваат и фотоволтаици на училиштата и општинските објекти преку претпријатието „Енергија Центар“.
„На тој начин, штедиме енергија и ги намалуваме трошоците за електрична енергија и до 50%. Работиме одговорно, современо и одржливо. За Центар што го сакаме!“, изјави Герасимовски.
Соопштенија
Манасиевски: Од историска победа нè делат само неколку дена
На 2 ноември сите заедно да го заокружиме бројот 9, за финалната победа на ВМРО-ДПМНЕ во Аеродром, Карпош, Шуто Оризари и Градот Скопје, повика Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Од оваа историска победа не делат само неколку денови. Со 33 освоени општини во првиот круг, водство во 21 од 27 општини во вториот круг и доминација во советничките листи, ВМРО-ДПМНЕ и граѓаните заедно ќе ја потврдат промената што ја започнавме. Имено, во Аеродром победивме со околу 9.500 гласови разлика. Во Карпош водиме со околу 1.500 гласови. Во Скопје убедливо сме пред второпласираниот со над 60.000 гласови. Во Шуто Оризари обединети, одиме кон пресврт и конечно враќање на довербата во локалната самоуправа. Советите се клучни за реализација на нашите проекти и визии. Имаме убедливо мнозинство од 15 советници во Аеродром, 11 во Карпош, 18 во Град Скопје и 4 во Шуто Оризари. За оваа победничка слика да биде целосна, потребна е вашата поддршка. Поддршка за проекти, за визии, за граѓаните“, рече тој.
Соопштенија
Јовановски: Нови садници во Кичево за почист воздух
Кандидатот за градоначалник на општина Кичево од ВМРО-ДПМНЕ, Aлександар Јовановски, во предизборната програма предвидува нови садници во општината за почист воздух.
„Почитувани, нашиот град Кичево беше познат по богата шума, по огромен шумски појас, по боровите, по чистиот воздух, по убавата животна средина. За жал, еден дел од тој шумски појас се уништи со несовесно користење и дел со изградбата на големиот проект за автопатот кој ќе не поврзува со Охрид. Кога ќе дојдам на позиција градоначалник, веднаш ќе преминам кон проект за пошумување и враќање на старата шума со што ќе допринесеме за почист воздух, почиста животна средина и поубав живот за сите нас во Кичево“, вели тој.

