Соопштенија
Во рударството постои и дозвола што нема печат, туку се темели на доверба од заедницата
Не секоја лиценца ја издава министерство или влада. Во рударството постои и дозвола што нема печат, туку се темели на доверба од заедницата. Таа „општествена лиценца“ се стекнува тешко и бара секојдневно вложување: транспарентност во податоците, технички решенија што го намалуваат влијанието и можната штета, и претворање на ветувањата во мерливи резултати. Истата оваа „лиценца“ се губи лесно. Без неа, дури и најпримерниот проект може да остане блокиран на хартија.
Малиот столб што држи голема тежина во македонската економија
Рударството во Македонија е мал, но стабилен столб на индустријата. Последниот извештај на Државниот завод за статистика покажа дека во јули 2025 индустриското производство пораснало за 4,1% на годишно ниво, додека секцијата „Рударство и вадење камен“ паднала за 10,4%. Овие осцилации упатуваат на циклични промени, како цените на металите и енергијата, но и на структурни предизвици како квалитет на руда, стареење на постројки и повисоки еколошки стандарди. Вредноста за домашната економија е очигледна: рударството носи стабилни приходи за општините и неколку илјади работни места, но довербата останува кревка. „Општествената дозвола“ кај нас сè уште е во развој и се надградува врз постојните законски решенија и обврски за секоја компанија. Најголемите домашни рударски оператори имаат А интегрирана еколошка дозвола, која обврзува на заштита на животната средина и здравјето на луѓето. Компаниите инвестираат во локални проекти, поддржуваат спорт, училишта и стипендираат студенти, но вредноста често не е доволно видлива и мерлива за јавноста. Со други зборови, постојат добри практики, но недостасува систем што ќе ги претвори во правило, а не во исклучок.
Австрија – рударство „рамо до рамо“ со заштитени подрачја
Австрија не е „совршена“, но покажува коегзистенција: рудници што работат крај заштитени подрачја со јасни правила, транспарентност и туристичка валоризација. Волфрам Митерсил е подземен рудник веднаш до националниот парк Хое Тауерн. Клучната иновација е преработката во подземни простории на околу осумстотини метри длабочина, со што се скратуваат транспортните рути, се намалува потрошувачката на енергија и се намалува површинскиот „отпечаток“ поради помалку сообраќај, намалени бучава и прашина. Тоа е инженерски дизајн што ја носи операцијата подлабоко без ширење на траги на површината.
Рудникот за железо Ерцберг е голем терасен коп во Штаерска, сместен внатре во УНЕСКО геопаркот „Штаерска Ајзенвурцен“. Наместо класична дистинкција „индустрија“ против „природа“, таму доминира логиката да се заштити животната средина преку користење на знаењето и индустриското наследство, кои нераскинливо се поврзани со геотуризмот, јавни тури и образовни содржини. Ерцберг е долгорочен сосед на заштитено подрачје и коегзистенцијата опстојува бидејќи правилата се транспарентни, економската корист е валоризирана, а рекултивацијата се планира уште во експлоатациона фаза.
Германија: долги хоризонти, рехабилитација и мерливи обврски
Во Лужица, источна Германија, каде со децении површински се ископуваше лигнит, регионот постепено се претвора во мрежа од езера, шуми и туристичка инфраструктура. Не станува збор за импровизација, туку ова е резултат на долгорочна програма за трансформација на пејсажот и рехабилитација на теренот. „Општествената лиценца“ се потпира и на идејата дека во рударството мора да се има јасна слика што ќе биде тука по завршетокот и плански да се работи.
Во Рур и Северна Рајна–Вестфалија, RWE го гради наративот на рехабилитација со конкретни проекти. На локацијата Хамбах, по завршување на експлоатацијата се планира вештачко езеро од речиси четириесет квадратни километри, со долгорочно полнење од Рајна и подигање на подземните води, а паралелно се спроведуваат шумарски и аграрни рекултивации. Иако во минатото биле критикувани за „отпечатокот“ врз околината, сега поентата е на планот за нов пејзаж, на деталите за полнење на езерото, потребното време и еконмската валоризација преку туризам и услуги.
Дека европските држави лекции ги извлекувале од сопствените лоши искуства, покажува и долгогодишниот спор за засолување на водотеците на реката Вера, доведе до конкретна рамка за намалување на истекувањата и управување со солените води. Компанијата со еколошките организации постигна договор до крајот на 2027 постепено да се намалува испустот.
Во Лужица, операторот LEAG јавно презема обврска по завршувањето на рударските активности да го пошуми теренот, да ги уредат езерата и креираат услови за туризам.
Бугарија – технички решенија како „виза“ за општествена лиценца
Дека ова не се случува само во високоразвиените европски држави, пример е рударството во соседството. Во Бугарија рударството ја отвори новата, современа страница на користење на рудата. На пример, во рудникот за бакар и злато Челопеч, се преземени сериозни чекори за сведување на индустриски испусти на отпадни води на нула и за стопроцентно враќање на откривката под земја. Ова радикално ја намалува веројатноста за негативно влијание врз животната средина преку таканаречени „кисели дождови“. Истовремено рударската компанија ја зголемува стабилноста на масивот и ја сведува на минимум потребата од големи површински јаловишта. Овој пристап е пример за „затворени кругови“, каде што отпадот станува конструктивен материјал, а не ризик.
Во Крумовград, на Ада Тепе, наместо класичен јаловишен базен се користат сушени јаловини со интегрирано управување со води, висок степен на рециклирање на процесната вода и мал траен отпечаток. Проектот е моделиран со ограничувања, бидејќи се наоѓа во заштитената зона Натура 2000, па технологијата е избрана да го следи тој факт.
Формулата за доверба
Воспоставувањето систем на „општествена лиценца“ значи осовременување на рудниците во целина. Германските искуства покажуваат дека рехабилитацијата станува веродостојна ако е врзана за конкретни рокови и нова економска вредност по завршувањето на рударските активности. Австрија и Бугарија покажуваат дека инженерството и транспарентноста не се „меки“ теми, туку со нив се гради и инфраструктура за довербата. Ако ги земеме овие лекции сериозно, македонското рударство може да ја надмине поларизацијата и да има рудници што оставаат трага во буџетот и во локалниот развој, а не во природата.
Фотографијата е од интернет-страницата на RWE и прикажува рекултивација на теренот на локацијата Хамбах
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Соопштенија
Таткото троши – ќерката плаќа: смена на улогите во новата реклама за картичката за деца на Халкбанк
Замислете кога во одреден момент со парите би управувале децата. Тие да можат да одлучат што да се купи, а што не или колку може да се потроши за чоколади и за слатки. Тие да кажат дали овој месец ќе заштедат или ќе го потрошат целиот буџет.

Во ваква улога се најдоа познатиот македонски актер Сашко Коцев и неговата 9-годишна ќерка Јоана, на снимањето на рекламата за првата платежна картичка за деца на Халкбанк. Станува збор за иновативен производ, наменет за деца од 9 до 15 години, кој ним им овозможува да стекнат финансиски навики, додека родителите имаат целосна контрола на тоа каде и колку трошат нивните деца.
Рекламата за картичката Халки се случува во слаткарница. Таткото е возбуден и сака да нарача сè од менито, но за тоа мора да побара дозвола од ќерката. Таа, од друга страна, е смирена и рационална и не дозволува да се претера со нарачките, но и конзумирање на слатко. На крајот, ќерката ја плаќа сметката со својата Халки картичка.
„Целта на кампањата е на забавен начин, со доза хумор, да покажеме дека децата знаат да се однесуваат одговорно кон финансиите доколку им се дозволи и им се покаже како да го прават тоа. Практично, идејата за креирање на првата картичка за деца и тинејџери до 15 години во Македонија е токму тоа – да им помогне да научат како да располагаат со одредена сума пари, да го планираат неделниот или месечниот џепарлак и да стекнат навики за штедење. Секако, со помош и со контрола на родителите“, вели Маја Наумовска Савеска, директор на корпоративни и маркетинг комуникации во Халкбанк.
Mastercard Junior дебитната картичка овозможува низа поволности како повлекување готовина без надоместок од сите банкомати во Македонија и во странство, бесплатен трансфер на средства од сметката на родителот или старателот на сметката на детето. Исто така, родителот има можност за поставување лимити на платежната сметка на детето, блокирање на картичката преку електронско банкарство во случај на губење, СМС инфо без надоместок на мобилниот број на законскиот застапник/старател и можност за дигитализирање на картичката на Google Pay или Apple Pay.
Процедурата за аплицирање за картичката за деца е едноставна и може да се направи во сите филијали на Халкбанк, а сите апликации до крајот на март годинава се ослободени од трошоци за издавање на картичката.
(ПР)
Соопштенија
ЕДС официјален поддржувач на Олимпискиот комитет за спортскиот циклус 2026
Со потпишувањето на спонзорски договор со Олимписки комитет на Северна Македонија, ЕДС официјално станува дел од Олимпиското семејство како Официјален поддржувач за време на клучниот спортски циклус во 2026 година.
ЕДС ќе даде поддршка на Олимпискиот комитет во период што опфаќа неколку од најзначајните меѓународни спортски настани, меѓу кои Зимските олимписки игри Милано–Кортина 2026 и Медитеранските игри во Таранто.
Со оваа соработка, ЕДС ја потврдува својата заложба за поддршка на спортот, младите и вредностите што ги промовира олимпиското движење – фер-плеј, извонредност, посветеност и заедништво.
„Ова партнерство за нас претставува многу повеќе од спонзорство. Тоа е јасна поддршка на вредностите што ги делиме со олимпиското движење – дисциплина, истрајност и стремеж кон извонредност. Горди сме што, преку соработката со Олимпискиот комитет на Северна Македонија, ќе бидеме дел од еден значаен спортски циклус и ќе придонесеме кон промоција на домашниот спорт на меѓународната сцена,“ изјави главниот извршен директор на ЕДС, Александар Сарџовски.
Спонзорството ја зацврстува позицијата на ЕДС како општествено одговорна компанија, која континуирано инвестира во иницијативи со долгорочна вредност за заедницата и придонесува кон позитивен општествен развој.
ПР
Соопштенија
Лото и Џокер на само еден клик од тебе – играј онлајн и пробај ја среќата во зимските денови
Во зимските денови, кога се поминува повеќе време дома, Државна лотарија им овозможува на граѓаните практична можност за забава и добивки. Сите љубители на игрите на среќа може да ја испробаат својата среќа преку едноставната и сигурна платформа за играње лото и џокер онлајн на официјалната веб-страница loto.mk.
Со само еден клик, секој може да го уплати своето лото-ливче брзо и сигурно, без потреба од чекање во редици. Резултатите се проверуваат на едноставен начин, а платформата е достапна секогаш и секаде, овозможувајќи им на корисниците да играат кога сакаат и каде сакаат.
Започнувањето на годината со можност за големи добивки претставува дополнителен поттик граѓаните да си ја испробаат среќата. Играњето лото онлајн не е новитет, туку веќе докажана и практична алатка што им овозможува на играчите лесно и сигурно да бидат дел од возбудата на најпознатата игра на среќа во земјата.
Државна лотарија со оваа дигитална алатка ја потврдува својата посветеност кон создавање едноставни и достапни решенија што ја збогатуваат секојдневната забава на граѓаните. Онлајн уплатата претставува уште еден начин компанијата да биде поблиску до своите играчи, овозможувајќи им удобност, сигурност и можност за големи добивки – токму во моментите кога сакаат да се забавуваат.
Игрите на среќа се наменети само за лица над 18-годишна возраст. Државна лотарија постојано потсетува дека играњето треба да биде одговорно и умерено, со јасна порака дека тие се пред сè форма на забава што може да донесе возбудливи добивки.
Државна лотарија, како општествено одговорна компанија, ја афирмира својата посветеност кон одговорното играње, обезбедувајќи средина што е сигурна и контролирана. Со тоа се гарантира дека игрите на среќа остануваат во рамките на целта за која се создадени – предизвик, забава и возбуда.
ПР

