Контакт

Соопштенија

„Гасификација, контроли, пренасочувања“ – ВМРО-ДПМНЕ предлага мерки против загадувањето

Објавено пред

СДСМ не се грижи што граѓаните со месеци дишат отров, наместо чист воздух што им го ветуваа. Напротив, загадувањето сè повеќе е проблем за сите граѓани, вели опозициската ВМРО-ДПМНЕ, преку соопштение и предлага неколку мерки за решавање на проблемот со загадувањето.

dobivaj vesti na viber

„Итно зголемување на мерните станици ширум Македонија, субвенции за набавка на електрични автомобили и печки на пелети, субвенционирање на сметките за електрична енергија на социјално загрозените семејства, забрана за употреба на петрол и кокс. МВР мора да го пренасочува движењето од централните градски подрачја на товарните возила и градежните машини, во услови на зголемена загаденост. Мора да се забрза процесот на гасификација, што беше едно од клучните предизборни ветувања на СДСМ како редовна контрола од надлежните инспекциски служби на котлите за горење и оџаците“, се дел од мерките што ги предлага ВМРО-ДПМНЕ.

Опозициската партија додава дека граѓаните мора да добијат бесплатен градски превоз додека трае загадувањето, а инспекциските служби, како на државно, така и на локално ниво, да работат на пронаоѓање на загадувачите во зимски услови 24 часа.

„Дивите депонии мора темелно да се чистат, а граѓаните да добијат бесплатна здравствена заштита доколку се утврди дека се директна жртва на аерозагадувањето“, предлага опзоицијата.

ВМРО-ДПМНЕ  додава дека доколку СДСМ, премиерот Зоран Заев и градоначалникот Петре Шилегов се грижат за здравјето на граѓаните, мора веднаш да ги прифатат овие мерки.

 

Соопштенија

Герасимовски: На 19 октомври да гласаме „За Центар што го сакаме“, единствениот и победнички концепт за развој на Центар

Објавено пред

Кандидатот за градоначалник на Општина Центар од редовите на СДСМ Горан Герасимовски, вчера на терен „од врата до врата“ со центарци дискутираше за проектите што треба да се реализираат во новиот мандат.

dobivaj vesti na viber

Тој, најави бројни капитални проекти како изградба на градинка со капацитет од 100 деца, изградба на дом за стари лица кадешто е предвидено вработување на 25 негователи, изградба на нов административно-граѓански објект, како и два затворени базени.

„Во новиот мандат работиме за сите граѓани поеднакво, реализираме проекти за децата, за младите, за возрасните, но и за пензионерите. Воведуваме бесплатен оброк за ученици во целодневна настава, а на учениците од петто до деветто одделение им следува бесплатна екскурзија низ Македонија. За 50% ги зголемуваме стипендиите за талентирани ученици, за 50% ги зголемуваме и субвенциите за новороденче. Вложуваме и во подобар квалитет на живот на пензионерите. Од 2.500 на 5.000 денари ја зголемуваме еднократната парична помош на пензионерите со пониска пензија“, вели Герасимовски.

Герасимовски, истакна дека на 19 октомври победува концептот „За Центар што го сакаме“ затоа што развојот на Центар мора да продолжи.

„Поддршката од граѓаните е голема, во изминатите четири години направиме многу за нашата општина. Реализиравме над 90% од програмата. Денеска, Центар е нова и успешна приказна која мора да продолжи да се развива по победата на локалните избори. Ги повикувам сите центарци да го направат вистинскиот избор за Центар, за поубава и подобра општина“, потенцира Герасимовски.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

(Видео) Паунов: Нови тротоарски површини во центарот на општина Карбинци за поголема безбедност но и модерен урбан лик

Објавено пред

„Се движиме по новите тротоарски површини коишто ги градиме во овој момент. Ова е проект којшто е пример како треба да изгледа едно урбано, уредено населено место“, вели Виктор Паунов, кандидат за градоначалник на општина Карбинци од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„Ние продолжуваме заеднички, за подобри услови за сите граѓани, за општина Карбинци“, изјави Виктор Паунов, кандидат за градоначалник на општина Карбинци од ВМРО-ДПМНЕ.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Сретен Стојковски од Коалицијата за зелена иднина: Потенцијалот на Куманово нема да се распарчува со импровизации

Објавено пред

Од

Носителот на листата на советници на Коалицијата за зелена иднина во општина Куманово, Сретен Стојковски, во видео-обраќање зборува за нови стандарди во локалното управување, како што се фер правила, транспарентност и зелени политики што служат на граѓаните.

dobivaj vesti na viber

„Во Куманово знаеме дека чистата општина почнува со чиста совест — со правила што важат за сите и со почит кон секој човек,“ истакнува Стојковски, додавајќи дека општината мора да се води од јавниот интерес, а не од привилегии.

„Општината не е каса за привилегии, напротив, треба да ја изградиме во заеднички зелен дом“, вели Стојковски.

Стојковски упатува и една од клучните пораки на коалицијата: „Нашата порака е јасна: Заедно до зелено и чесно Куманово.“

Тој нагласува дека како член на истиот состав на Советот ќе се спротивстави на партиски контролираните локални практики.

„Не прифаќаме општина зад паравани и партиски списоци. Бараме јавно управување, трага на секоја општинска одлука и отчет што се гледа за секој потрошен општински денар“, порачува Стојковски.

На крајот од обраќањето Стојковски испраќа порака за достоинствено секојдневие и одржлив развој на општина Куманово.

„Куманово има потенцијал што не смее повеќе да се распарчува со импровизации. Наместо цинизам, нудиме достоинство во секојдневието на кумановци и кумановки — почиста животна средина, култура на одговорност и инклузија како норма, а не како исклучок. Коалицијата за зелена иднина стои покрај вас. Нашата амбиција и цел е Куманово да го направиме место за живеење, а не за преживување“, порачува Сретен Стојковски, носител на листа за советници на Коалицијата за зелена иднина во општина Куманово.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

„Влен“: Вресоците на Ахмети, Таравари и Села се последните извици на една коалиција во распад

„Селотејп коалицијата, составена од ситни лични интереси, по локалните избори го завршува своето политичко поглавје, засекогаш. Вресоците на Ахмети, Таравари...

Македонија2 часа

Царински инспектори пронајдоа дрога во стан на студентка, државјанка на Турција

Психотропна дрога метилендиоксиметамфетамин, мефедрон и марихуана е пронајдена при претрес на дом во Гостивар во кој престојувала студентка, државјанка на...

Европа2 часа

(Видео) Големо невреме во Шпанија: црвен аларм, поплавите носат сè пред себе

Големи поплави предизвикани од обилни дождови го погодија североисточниот шпански регион Каталонија, заробувајќи десетици луѓе во нивните возила, соопштија локалните...

Свет3 часа

Хамас ги ослободи првите заложници

Првите седум заложници се предадени на Црвениот крст во Појасот Газа. Меѓу ослободените се Гали Берман, Зив Берман, Матан Ангрест,...

Свет4 часа

(Видео) Хамас ги објави имињата на заложниците што треба да бидат ослободени

По прекинот на огнот во Газа, се очекува Хамас денес да ги ослободи израелските заложници што ги држи повеќе од...

Свет4 часа

(Видео) Трамп на летот за Израел: Војната е завршена

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа прогласи дека конфликтот во Појасот Газа е „завршен“ додека леташе за Израел и Египет за...

Европа4 часа

(Видео) Украинците нападнаа големо складиште за нафта во Крим, се шират снимки

Украински напад со беспилотни летала предизвика пожар во голем складишен објект за нафта на Крим, украинскиот полуостров што Русија нелегално...

Свет4 часа

Јужна Кореја: Русија веројатно ѝ помогнала на Северна Кореја да развие подморници

Северна Кореја веројатно добила техничка помош од Русија за развој на своите подморници, изјави денес пред парламентот јужнокорејскиот министер за...

Македонија4 часа

Мицкоски: Венко дури ни неговите пратеници од СДС не го поддржуваат и го оставаат сам да потоне

На вчерашниот народен митинг во Штип во рамките на изборната кампања за локалните избори со слоган „Вистинскиот избор! Tвојот човек!...

Соопштенија4 часа

(Видео) Филипче од Струмица: Македонија не може да ја води Мицкоски, човек без компас и без човечност!

„Година и пол премиерот Мицкоски ја води владата и државата без компас и без човечност, Македонија не може да ја...

Топ17 часа

Во тешка сообраќајка попладнево загина маж, а тешко повредено е 18-годишно момче

Во директен судир на две патнички возила попладнево околу 14 часот на експресниот пат Штип – Велес загинал  маж, а...

Свет18 часа

Зеленски бара акција откако Москва изврши над 4.000 напади за една недела врз Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ја повика меѓународната заедница да преземе акција, по една недела во која биле извршени повеќе...

Свет19 часа

Папата Лав дели дека договорот за примирје во Газа даде искра на надеж во Светата земја

Папата Лав Четиринаесетти изјави дека договорот за примирје во Појасот Газа „даде искра на надеж во Светата земја“. Тој ова...

Македонија23 часа

Фатени шверцери на луксузни автомобили, ОЈО Скопје бара притвор

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против три лица за кривични дела – Криумчарење и Фалсификување исправи. Како што се...

Свет1 ден

Над 500.000 лица се вратиле во градот Газа откако стапи во сила прекинот на огнот

Агенцијата за цивилна заштита на Газа, која е под контрола на Хамас, соопшти дека повеќе од 500.000 лица се вратиле...

Македонија2 дена

Од утре секој ден по 15 часот ќе има блокади за загинатите во дискотеката „Пулс“

Од утре, ќе има мирни јавни собири и блокади на кружниот тек кај двојниот мостот на улицата „Стево Теодосиевски“ во...

Топ2 дена

18 килограми злато украле разбојниците снимени додека ја ограбуваат златарницата во Гостивар

Министерството за внатрешни работи денеска информираше дека од златарницата во Гостивар се украдени околу 18 килограми злато во вредност од...

Свет2 дена

Крипто пазарот доживеа историски пад, 1,4 милиони инвеститори во паника

Крипто пазарот доживеа историски пад во петокот, откако американскиот претседател Доналд Трамп најави дека ќе воведе 100-процентни царини на кинескиот...

Македонија2 дена

Сиљановска Давкова по повод 11 Октомври: Да ја сочуваме визијата и храброста на оние што тргнаа во востанички марш

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска Давкова, упати честитка до граѓаните по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, нагласувајќи...

Македонија2 дена

Од утре гужви на границите со новиот систем за влези и излез, ги објавуваме сите детали за што сè треба да се подготват патниците

По неколку одлагања, од утре на премините на надворешни граници на Шенген зоната започнува постепената примена на новиот европски дигитален...