Соопштенија
Герасимовски најави нова градинка, двосменско работење на градинките, бесплатни оброци за ученици и два нови покриени базени
Кандидатот за градоначалник на Општина Центар Горан Герасимовски, синоќа беше на терен „од врата до врата“ во Буњаковец, кадешто на центарци им го презентираше отчетот за сработеното во изминатите четири години, но и новата програма за работа која е направена на база на неговите темелни средби со сите граѓани, во секое маало, со секоја целна група – пензионери, млади, родители.
Герасимовски, рече дека од клучните проекти најважен е новиот дом за стари лица, кој ќе биде со практично минимална партиципација за сместување.
„Во Центар живеат многу пензионери и ова е на нивно барање. Сите знаеме колку е тешко и скапо сместувањето по приватните домови. Ќе ја зголемиме и финансиската поддршка од 2.500 на 5.000 денари за пензионерите во социјален ризик, но и низа проекти за социјализација, бесплатни екскурзии и нови содржини“, порачува Герасимовски.
Тој, истакнува дека за родителите се предвидени низа олеснувања.
„Најважното е што оброкот за сите ученици во целодневна настава ќе биде бесплатен, што значи заштеда до 2.500 денари месечно по ученик за секое семејство. Ќе продолжиме интензивно со реконструкција на училиштата и градинките за идеални услови за нашите најмили. Планираме изградба на нова градинка во близина на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. Оваа градинка ќе биде изградена според највисоки стандарди за безбедност и квалитет, по примерот на новата градинка „Пролет“ за која сите велат дека е најубавата градинка во државата. Ова многу ме радува затоа што успеавме да ја изградиме во еден мандат, со општински буџет. Со изградбата на новата градинка нова шанса за работа ќе добијат околу 25 воспитувачи, негуватели, стручни соработници и помошен персонал“, вели Герасимовски.
Герасимовски потенцира дека сака младите да стекнат здрави спортски навики уште од рана возраст и поради тоа, почнува со реалзиација на проект за изградба и реконструкција на два нови покриени базени, кои се лоцирани во ООУ „Димитар Миладинов“ и во ООУ „11 Октомври“.
„Како новина, би ја издвоил Центарската картичка што ќе им овозможи пристап до бројни попусти и поволности на жителите и на бизнис-заедницата од Центар. Тие ќе можат да ја користат во маркети и бутици, угостителски објекти, кина и театри, теретани и други спортски објекти, но и за медицински и козметички услуги. Со ова, ќе им овозможиме на центарци подобри услови и поволности во секојдневието“, додава Герасимовски.
Тој, најави и зголемување на надоместокот за новороденче за 50% и стипендии за талентираните ученици за 50%.
„Продолжуваме со реконструкција и на улиците, со цел поголема безбедност во сообраќајот за пешаците и возачите. Ова се само еден дел од проектите кои ќе почнеме да ги реализираме во новиот мандат. Нашата програма за работа ја пишувавме заедно со граѓаните. Слушавме, разговаравме, консултиравме експерти и ја подготвивме со конкретен план, за сите граѓани, за сите маала и населби. Верувам дека повторно граѓаните, сите ние ќе го направиме вистинскиот избор за Центар што го сакаме“, вели Герасимовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Соопштенија
„Sport Life“ ги израдува со новогодишни пакетчиња децата од ранливите категории и лицата со посебни потреби
Радост и празнично расположение кај децата од ранливите категории и лицата со посебни потреби, при посетата на претставниците на „Sport Life“ обложувалници.

Тие им подарија новогодишни пакетчиња на 70 деца во групните домови за деца без родители од ЈУ Детски дом „11 Октомври“ – Скопје, исто така и на верните пријатели од Здружението регионален центар за лица со интелектуална попреченост – „ПОРАКА НАША“ Куманово, а оваа година 32 пакетчиња беа доделени и на Здружението за рехабилитација и инклузија на лицата со даунов синдром – Дневен центар „ДОЗА СРЕЌА“ во Скопје.
„Ова е петта година по ред, во која во пресрет на Новогодишните празници, сакаме да ја подигнеме свесноста за децата од ранливите категории и лицата со посебни потребни, т.е. оние кои секојпат треба да бидат во нашите мисли и дел од општествената одговорност на компаниите.

Се надеваме дека оваа наша посета и донација, ќе им донесе многу насмевки и среќа и ќе им ги разубави Новогодишните празници. Оваа благородна традиција е дел од нашата визија за похумано и инклузивно општество и истата ќе продолжи и во иднина“ – изјави Петар Поцков, маркетинг директор на „Sport Life“.
Воедно, „Sport Life“ обложувалниците им посакуваат среќни Новогодишни и Божикни празници, на сите граѓани, со желби за здравје, мир и благосостојба.
(ПР)
Соопштенија
(Видео) Мукаетов: „Алкалоид“ го продолжи трендот на континуиран годишен раст и реализираше значаен дел од својата ESG-стратегија
Во „Алкалоид“ посветеноста, економичноста и ефикасноста ги кренавме на највисоко можно ниво, настојувајќи максимално да ги оптимизираме процесите во компанијата потпирајќи се на нашиот највреден ресурс – луѓето, вели Живко Мукаетов, Генерален директор и претседател на УО на „Алкалоид“ АД Скопје.
Тој вели дека компанијата и оваа година го продолжи трендот на континуиран годишен раст и реализираше значаен дел од својата ESG-стратегија.
„Го добивме бронзениот медал од EcoVadis (глобално призната платформа за оцена на одржливоста), со што се позициониравме меѓу водечките субјекти во регионот во поглед на транспарентноста и примената на одржливи практики“, вели меѓу другото Мукаетов.
Целото обраќање е објавено во видеото:
(ПР)
Соопштенија
Фотоволтаични централи и за четири куќи од СОС Детско село – до 2027 година ОКТА ќе обезбеди производство и складирање на енергија од обновливи извори за целиот комплекс
Четири куќи во СОС Детско село во Скопје отсега ќе користат соларна енергија. Компанијата ОКТА донираше соларни панели за оваа организација со вкупна инсталирана моќност од 24 KWp, со годишно производство од 32,4 MWh. Покрај соларните панели, дополнително се инсталирани и четири батериски системи за складирање на енергија со капацитет од 20 KWh.
Ова е само прва фаза од проектот кој што компанијата ќе го реализира во следните 3 години. Согласно планот, до 2027 година сите куќи во кои живеат згрижувачките семејства ќе имаат инсталирано соларни централи и батериски системи за складирање на енергија. Со реализацијата на овој проект, СОС Детско село значително ќе ги намали трошоците за електрична енергија, а истовремено ќе ја зајакне својата одржливост и дополнително ќе го унапреди квалитетот во домувањето.

„Одржливоста е заедничка обврска на сите нас. Во нашата деловна култура основа на делување и реализација на сите активности е поттикнување на одржливост и поддршка за сите чинители во заедницата. Реализацијата на овој проект за нас е вистинска чест, бидејќи со овие активности ќе дадеме конкретен придонес во унапредувањето на квалитетот на живот на децата поддржани од СОС Детско село. Тоа за нас е вистинска мотивација и во иднина да ја продолжиме соработката со оваа организација која е од големо значење за заедницата“, изјави Димитриос Пасхос, извршен директор на ОКТА.
Реализираната донација на соларни панели за четири куќи во СОС Детско село, ќе придонесе за намалување на јагленородниот отпечаток за 26 тони на годишно ниво. ОКТА и досега ја поддржуваше работата на СОС Детско село со различен тип на донации.

„Во сржта на нашата работа е детето и обезбедувањето стабилна, сигурна и грижлива семејна средина. За остварување на оваа мисија, поддршката од приватниот сектор е од исклучително значење. Ваквите проекти имаат конкретен и долгорочен ефект – ја зголемуваат нашата енергетска ефикасност и ни овозможуваат дел од средствата да ги пренасочиме кон директна поддршка на децата и згрижувачките семејства. Дополнително, еколошкиот аспект е особено важен, бидејќи со користење обновливи извори на енергија создаваме поздрава и поодржлива средина за раст и развој на децата“, истакна Јулијана Накова Гапо, национална директорка на СОС Детско село.
ОКТА ќе ја заокружи 2025 година со успешно реализирани вкупно шест донации на фотоволтаични централи наменети за едукативни и образовни институции. Овие значајни иницијативи за општеството но и за компанијата која што уште еднаш ја потврди својата цврста решителност и општествено одговорна мисија, се доказ дека одговорно домување, работа и живеење, треба да бидат врвен приоритет на сите општествени чинители. И следната година, компанијата планира продолжување и проширување на активностите на овој план со вклучување на значајни институции на локално и национално ниво.
(ПР)

