Контакт

Соопштенија

Глас за Македонија: Илјадници партиски војници на ДУИ ќе бидат вработени само за да го поддржат референдумот

Објавено пред

Со каква економија и со чии пари Заев и Ахмети тргнале масовно да вработуваат непотребни партиски кадри пред најавениот референдум, прашуваат преку соопштение од партијата Глас за Македонија на Солза Грчева, од каде што додаваат дека станува збор за скандал од невидени размери.

dobivaj vesti na viber

Според Глас за Македонија, администрацијата, за која бившата опозиција тврдеше дека е непотребно голема и во функција на изборен инженеринг, сега вртоглаво се зголемува.

„Ахмети не крие дека илјадници партиски војници на ДУИ ќе бидат вработени само за поддршка на референдумот. Тоа е организиран и дрзок поткуп и грабеж на нашите пари. Како што се поткуп и парите што им се делат на нивни медиуми за чиста и вулгарна пропаганда. Ова е сè, само не нормална и функционална држава. Животот дојде само за партиската војска“, стои во партиското соопштение.

Воедно, од Глас за Македонија додаваат дека овој тип на владеење не само што не припаѓа во цивилизираниот свет туку нè влечка надолу кон стандардите на најзаостанатите африкански земји.

„Нивните вредности се вредности на дрски криминалци и манипуланти и ништо повеќе од тоа. Земјата со чие име тргуваат е опустошена по секоја основа. Не постои ниту една независна и професионална институција како сервис на граѓаните“, сметаат од партијата на Грчева.

Соопштенија

(Видео) На Мицкоски не може да му се верува по толку многу манипулации со изјавите, вели Кузеска

Објавено пред

Во изминатите неколку месеци јавноста е сведок на бројни манипулативни изјави на премиерот Христијан Мицкоски.

dobivaj vesti na viber

Почнувајќи од последната изјава, дека странски центри на моќ и хибридни напади стојат зад пожарите во Македонија која сериозно ги загрижи граѓаните и ја потресе безбедноста во земјата.

Наместо докази, издржани информации и активирање на сите безбедносни инструменти демантот стигна токму од неговиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски, истакна на прес-конференција Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

„Во интервју за „360 степени“ Тошковски го демантираше Мицкоски и призна дека нема осомничени за хибридни напади, нема центри на моќ кои стојат зад пожарот во Трубарево или зад било кој друг пожар.

Ова признание е директен удар врз кредибилитетот и точноста на изјавите на Мицкоски.

Сега јавноста знае дека премиерот ја злоупотребил безбедносната состојба и институциите за да ја покрие својата неспособност за справување со пожарите“.

Но ова како што додава таа, не е единствена изјава на Мицкоски која била деманитарана или времето ја потрдило дека е класична манипулација.

„Мицкоски во август минатата година изјави дека има индиции за сценарио за дестабилизација на државата. Никогаш не објави докази и нормално ништо не се случи.

Во октовмри исто така минатата година Мицкоски од собраниската говорница обвини дека го следеле со дронови. Никогаш не се објавија докази и помпезно најавениот случај пропадна.

Пред само две недели Мицкоски изјави дека има информации дека бил следен и прислушуван. И ова се потврди дека нема никаква врска со реалноста и оваа афера на власта пукна како меур од сапуница.

Сите овие изјави на Мицкоски, сите овие примери се покажаа дека се празни зборови со кои се манипулира јавноста, граѓаните“.

Според Кузеска, после толку многу манипулации, толку многу измислици прашањето е дали воопшто граѓаните можат да му веруваат.

„На Христијан Мицкоски не може да му се верува.

Јавно искажаниот збор на еден политичар, особено на претседател на влада, носи тежина и голема одговорност.

Зборовите можат да предизвикаат страв, паника или да влијаат врз стабилноста на државата.

Крајно неодговорно е премиер да си дозволи да изнесува тврдења без факти и без докази, со единствена цел да си ја спасува сопствената политичка кожа.

Оваа влада и овој премиер не се само неспособни, тие се опасност. Опасност за животот и здравјето на граѓаните, опасност за институциите што ги сведуваат на нула и опасност за државата во целина“.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Кој и зошто му го даде на Филипче тендерот за модуларната, праша ВМРО-ДПМНЕ

Објавено пред

Пред да се осмели да зборува за било кое прашање, Венко Филипче е должен јавно да објасни зошто за модуларната болница, наместо Министерството за локална самоуправа кое требало да ја спроведе постапката, токму тој лично го презеде и реализираше тендерот?, преку соопштение до медиумите прашаа  попладнево од партијата ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„Зошто министерот за локална одбил да го потпише договорот и да ја спроведе процедурата што му ја наметнувале тој и Зоран Заев? Зошто тогаш постапката ја презел и ја туркал токму Филипче?

Сè додека не даде јасен и издржан одговор на ова прашање, Филипче нема никаков кредибилитет да зборува за било што. Вакви прашања до него има уште многу – и секое од нив го открива вистинското лице на „неврохирургот“ кој сака да ужива на јахти, а кој со причина е заложник на семејството од Струмица. Толку од нашиот одговор“ стои во соопштението.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

На 8 септември Маврово ќе биде повторно во знакот на Халк вело-грин

Објавено пред

На 8 септември, во Маврово ќе се одржи традиционалната хронометар велосипедска трка Халк Вело Грин, која веќе шеста година по ред ја организира Халкбанк во рамките на својата еко платформа – ХалкЕко.

dobivaj vesti na viber

Со цел непречено и безбедно одвивање на трката, на 8 септември сообраќајот ќе биде затворен на патниот правец од хотелот „Спорт“ до Леуново во двете насоки, во периодот од 09:00 до 16:30 часот.

Почетокот на трката е закажан за 10:00 часот, а стартната и целната позиција ќе биде паркингот пред хотел „Спорт“. Како и секоја година, така и сега, настанот ќе ги обедини љубителите на велосипедизмот, од најмалите учесници, преку рекреативците, до професионалните натпреварувачи.

Средствата од котизациите традиционално се наменуваат за пошумување, а така ќе биде и овојпат. На тој начин, спортскиот настан Халк Вело Грин останува верен на својата еко мисија и претставува пример како спортот и општествената одговорност можат да одат рака под рака.

Халк Вело Грин не е само спортски предизвик, туку и вистински празник на спортот, природата и дружењето. Покрај возбудливите натпревари, во текот на целиот ден учесниците и посетителите ќе можат да уживаат во свежиот воздух, убавините на Националниот парк Маврово и во атмосфера исполнета со позитивна енергија. За сите гости, поддржувачи и пријатели на велосипедистите е подготвена и забавна програма со Викса, ди-џеј Oky Doky, Jojo’s BBQ и маскотата на Халкбанк – Халки, кои што ќе ја направат манифестацијата уште поубава и незаборавна.

Халкбанк ги поканува сите љубители на велосипедизмот, спортот и природата да присуствуваат на овој уникатен настан и да бидат дел од заедничко искуство што инспирира, мотивира и носи позитивни промени.

(ПР)

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија53 минути

ВМРО-ДПМНЕ: Политичка омраза преку фотомонтажи за трагедијата во Кочани – осуда и пад на сите етички граници

ВМРО-ДПМНЕ со најостра осуда реагира на срамниот, злонамерен и монструозен обид за политичка злоупотреба на трагичните настани во Кочани преку...

Македонија2 часа

„Влен“: ДУИ за власт, подготвена да ја продаде Струга на Левица, но на 19 октомври Ќира ќе ја ослободи со гласот на граѓаните

„Најновиот скандал што кружи на терен и во јавноста е жив доказ дека ДУИ изгубила секаков вид политичка ориентација. Темниот...

Европа3 часа

(Видео) Фотографии од Трамп и Епштајн проектирани на замокот Виндзор, извршени се апсења

Четири лица се уапсени откако слики од принцот Ендру, Доналд Трамп и осудениот сексуален престапник Џефри Епштајн беа проектирани на...

Свет4 часа

Катар: Нетанјаху нема да помине неказнето

Катар изјави дека кршењето на меѓународното право од страна на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху „нема да остане неказнето“, објави Анадолија....

Европа4 часа

Медведев: Зоната забранета за летови над Украина би значело војна меѓу НАТО и Русија

Заменик-шефот на рускиот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев, предупреди дека воведувањето зона на забрането летање над Украина и соборувањето на...

Европа4 часа

Лукашенко: Ние и Русите вежбаме лансирање нуклеарно оружје во Белорусија

Русија и Белорусија вежбаат лансирање на руско тактичко нуклеарно оружје како дел од заеднички воени вежби, изјави белорускиот лидер Александар...

Македонија13 часа

(Фото) „Не умираме од несреќи, умираме од корупција“, „Шест месеци без правда за Кочани“: на плоштадот во Скопје одбележани шест месеци од трагедијата во „Пулс“

Вечерва во 20:16 часот, на плоштадот „Македонија“ во Скопје, со ѕвездено небо и молк, како симбол на солидарност и граѓанска...

Европа14 часа

(Видео) Путин во униформа на огромна воена вежба на источната граница на НАТО

Рускиот претседател Владимир Путин се појави во воена униформа на големата воена вежба на руската и белоруската армија, „Запад 2025“,...

Македонија15 часа

ИЈЗ смирува: Нема тешки метали во почвата и водата не е радиоактивна

Институтот за јавно здравје изврши вонредно испитување во засегнатото подрачје, и во неделата беа земени примероци, мостри од страна на...

Топ18 часа

„Ќе бидеш моја или ќе бидеш мртва“ – Росица сведочела за заканата од Илија кој подоцна ја уби

Обвинителството го објави записникот од испитувањето на Росица Коцева (31) од Велес, даден на 9 септември годинава, само неколку дена...

Македонија20 часа

Јас не сум од вчера во политиката, партијата Левица фрли гума за спасување на ДУИ со кандидатите во Струга, Гостивар и во Тетово, вели Мицкоски

Партијата Левица предложи кандидати за градоначалници во Струга, Гостивар и во Тетово само за да ги раслои анти-ДУИ гласовите во...

Македонија20 часа

Обвинителството испитува одговорност за големиот пожар во Трубарево, утре увид на терен

Утре, ќе почне увидот на самото место за причините за големиот пожар во Трубарево. Увидните екипи ќе работат под координација...

Македонија21 час

Подметнување пожар ќе биде тероризам, а фрлање отпад на недозволени места ќе се казнува со затвор над пет години, Мицкоски најави итни законски измени

Премиерот Христијан Мицкоски, денес, при посетата на Јегуновце најави законски измени со кои најстрого ќе се казнува подметнување пожар и...

Македонија21 час

Идентификувани 20 лица осомничени за подметнување пожари во Скопје

Премиерот Христијан Мицкоски денес изјави дека дваесетина лица се идентификувани како осомничени за серијата подметнати пожари во Скопје. Според него,...

Македонија22 часа

Пред убиството Росица го пријавувала Стефановски за насилство и непочитување на забраната за приближување, го запалил и автомобилот на татко ѝ

Против Илија Стефановски, осомничен за убиството на Росица Коцева (31) и на татко ѝ Киро Коцев (68) во Велес, претходно...

Македонија24 часа

Намалена активната транспарентност на Владата и на министерствата, најмалку информации има за финансиите, објави Центарот за граѓански комуникации

Центарот за граѓански комуникации го објави редовното годишно рангирање на институциите според Индексот на активна транспарентност, односно според активното објавување...

Македонија1 ден

Синоќа повторно предизвикан пожар на „Дрисла“

Синоќа, пред 23 часот, повторно беше предизвикан пожар на депонијата „Дрисла“, на сосема друго место, подалеку од местото што беше...

Свет1 ден

Рубио: Трамп е единствениот лидер што може да разговара со Русија, Украина и со Европа

Американскиот претседател Доналд Трамп би можел да се сретне со украинскиот лидер Володимир Зеленски следната недела во Њујорк, објави американскиот...

Македонија1 ден

„Марш за ангелите” во Кочани и мирен протест во Скопје: шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс“

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која животот го загубија 62 млади лица....

Македонија1 ден

Изгаснат тежок пожар пред Пинтија, под контрола се пожарите на „Дрисла“ и во Трубарево, активен пожарот на Кожуф

Рано утрово пред 4 часот избувна тежок пожар во сервис за возила пред Пинтија (над „Стакларата“ на местото наречено Каменик)...