Соопштенија
Ден на автомобилска извонредност: „Порше центар Скопје“ домаќин на 911-заедницата
Изминатиот викенд „Порше центар Скопје“ гордо беше домаќин на извонреден настан за заедницата на сопственици на иконскиот „911“ собирајќи импресивна колекција од 42 модела во многу варијанти и разни генерации, како ултраексклузивните 911 GT3 RS, 911 GT3 и Turbo S помеѓу другите. Ова собирање ги прослави богатото наследство и трајната страст за иконската серија на „911“.

Настанот привлече многу ентузијасти на Porsche, вклучувајќи ценети клиенти, пријатели на брендот и почитуваните членови на „Порше клуб Македонија“. Присутните имаа единствена можност да бидат сведоци на еволуцијата на „911“, од класичните модели со воздушно ладење до најновите иновации, сите прикажани во живописна изложба на автомобилска извонредност.
ж 
„’911′ е повеќе од само автомобил; тоа е симбол на инженерска моќ и безвременски дизајн“, изјави г. Златко Муцунски, генерален менаџер на П’орше Македонија’ во ‘Порше центар Скопје’. Успешната организација на овој настан ни овозможи да го почитуваме наследството на ‘911’ и да се поврземе со страсната заедница што го опкружува“.
„Порше куб Македонија“ одигра клучна улога во успехот на настанот, одразувајќи ја посветеноста на клубот за поттикнување силна заедница на љубители на „порше“. Нивното учество го нагласи длабоко вкоренетиот ентузијазам за брендот во регионот.



Овој настан не само што го прослави богатото минато на 911, туку ја истакна и посветеноста на „Порше центар Скопје“ за ангажирање и поддршка на локалната заедница на Porsche. Преку вакви иницијативи, центарот продолжува да ја зајакнува врската помеѓу брендот и неговите ентузијасти.
(ПР)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Соопштенија
Претседателката на ЛДП, Моника Зајкова, со поддршка на Горан Герасимовски за втор градоначалнички мандат
Претседателката на ЛДП Моника Зајкова, денеска даде поддршка за втор градоначалнички мандат на Горан Герасимовски, којшто воедно е и актуелен градоначалник на Општина Центар.
Таа, потенцира дека сега е моментот да се изберат резултати, одговорност и отчетност, а не празни ветувања, токму затоа ја дава поддршката на Горан Герасимовски, кој, според Зајкова, ја препознава граѓанската визија, има искуство и е подготвен да работи посветено за доброто на заедницата.
„Одејќи накај Собрание (бидејќи работиме на новиот Предлог- закон за комунална полиција), наидов на предизборните активности на кандидатот за градоначалник на општината во која живеам. Водејќи се од визијата дека на граѓаните им се потребни искусни луѓе кои испорачуваат резултати, а не изговори, упатувам особен повик до сите граѓани кои во првиот круг гласаа за кандидати кои не влегоа во вториот круг: Поддржете кандидат кој ги разбира вашите потреби, кој со своето искуство и посветеност ќе испорача повеќе резултати и веднаш ќе започне со работа – со завршување на започнатите проекти и реализација на нови решенија во интерес на сите нас. Затоа давам поддршка за луѓе како Горан – кои ја препознаваат граѓанската визија, имаат искуство и се подготвени да работат посветено за доброто на заедницата. Сега е моментот да избереме резултати, одговорност и отчетност, а не празни ветувања“, напиша Зајкова, на својата објава на Фејсбук.
Соопштенија
На 160 локации во Центар нема место за пешаци оти „луѓето може и по коловоз“ и „инспекција и онака нема“, вели Белчева-Андреевска
Со фотографии од 12 градилишта од актуелните 160 на територијата на општина Центар, досегашната советничка во Советот на оваа Општината, Јана Белчева-Андреевска, покажа дека за пешаците нема место онаму каде што се гради.
Во објава на социјалните мрежи таа праша чии интереси се штитат и дали се жртвува достоинството на центарци.
„Ова се тротоарите на некои од 160-те активни градилишта во Центар по кои се движат луѓето, особено децата. Важат принципите: ‘важно се гради’, ‘луѓето може и по коловоз’, ‘никој ништо не ни може’, ‘инспекција и онака нема’, ‘надзор?!, што е тоа’“…
Кој е одговорот на прашањата: Чии интереси се штитат вака?
Дали достоинството на луѓето и заштитата на децата, наместо приоритет, вака свесно се жртвуваат ?“, стои во објавата на Белчева-Андреевска на социјалните мрежи.
Претходно, Белчева-Андреевска објави мапа од сите локации на кои се гради во Центар во изборниот период.
Соопштенија
„Влен“: Тетово не е пазар за Левицата и ДУИ/НАИ!
„Јавноста е шокирана, но само Бајрам Реџепи не се засрами ниту се покае. Откако беше фатен на дело на состаноци со претставници на Левица, партија позната по своите анти-НАТО, антизападни и антиалбански ставови, кандидатот на ДУИ/НАИ се обиде да го негира скандалот со смешни изговори. Но, фотографиите зборуваат сами за себе, Бајрам Реџепи седеше со оние кои навредуваат сè што е албанско, само за да обезбеди неколку гласови за политички спас“, велат од „Влен“.
„Наместо да се извини за овој јавен срам, Бајрам Реџепи дури и ги навреди жителите на Тетово, обвинувајќи ги дека ги „продале“ своите гласови. Во меѓувреме, портпаролот на ДУИ, Арбер Адеми, се појавува на телевизија и ги нарекува Тетово, Чаир и Дебар “маали“.
Ова е вистинското лице на „патриотот“ на ДУИ, кој посегнува по Левица за парче власт. Ова е највалканата зделка што Тетово ја видело досега. „Патриот“ кој бара помош од Левица за да собори Албанец“, соопштуваат од „Влен“.
„Дали ова е „националната стратегија“ на ДУИ/НАИ да бараат спас од партијата што ги навредува Албанците и Косово?
Со каков морал се појавува Бајрам Реџепи пред тетовчани, откако се ракува со антиалбанците на Апасиев?
Каква зделка направи во замена за гласовите на Левица во Тетово“, прашуваат од „Влен“.

