Контакт

Соопштенија

Димитриевиќ: ВМРО-ДПМНЕ води ниска, валкана и неморална кампања

Објавено пред

Заглавени во сопствената безидејност Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ преку Унијата на млади сили спроведуваат ниска и неморална кампања. Злоупотребуват приватност, ги вмешуваат децата и семејствата на политичари, изјави на денешната прес-конференција Александар Димитриевиќ од СДММ.

dobivaj vesti na viber

„Објавеното видео на социјалните мрежи од страна на Јован Јаулески, претседател на УМС, на кое приватни фотографии на деца на политичари се ставени во друг контекст, не е само упад во приватноста туку директно посегнување по семејствата. Таквиот однос и злоупотребата на семејствата, на приватноста, не треба никогаш да биде дел од партиската или политичка дискусија. СДСМ најостро го осудува овој срамен и неморален потег на УМС, на Јаулески и на Христијан Мицкоски. Осудуваме секаков обид децата и членовите од потесното семејство да се злоупотребуваат во дневнополитички цели, во измислени контексти кои немаат врска со реалноста“, рече Димитриевиќ.

Во оваа насока СДММ го осуди и нападот кон синот на Гордана Силјановска и обидите за негова дискредитација или злоупотреба во други цели.

„Оваа мизерна кампања на УМС и Мицкоски треба да престане. Тоа што немаат идеја, немаат програма ниту став за важните прашања не е изговор. Ваквата ниска и неморална пракса, која многу потсетува на манирите на режимските кампањи на Никола Груевски, не носи добро никому, ниту буди поттик или позитивни промени за младите. Напротив, таквото неморално дејствување на УМС е со цел да создава раздор, конфликт, омраза и ја вмешува политиката таму каде што не ѝ е местото“, додаде Димитриевиќ.

Соопштенија

Каде завршија 1,4 милиони евра за чистење на градот да одгворат Османи и ДУИ, побара Влен

Објавено пред

Портпаролот на Локалниот штаб на ВЛЕН во Чаир, Сабри Азири, на денешната прес конференција го обвини кандидатот на ДУИ за градоначалник на
општина Чаир, Бујар Османи, за директна одговорност на неговата партија за мизерната состојба со хигиената во Скопје, особено во Чаир.

dobivaj vesti na viber

Според него, наместо да се грижат за општината, кадрите на ДУИ со години го саботирале функционирањето на ЈП “Комунална Хигиена“ и ја претвориле
во извор на злоупотреби со милионски тендери. “Кандидатот за градоначалник на Чаир, Бујар Османи, изминативе денови излегува пред јавноста претставувајќи се како загрижен родител и како лекар револтиран од нечистотијата во општината. Тој еднаш го нарече Чаир
„Кандахар“, а потоа изјави дека ова е највалканата општина во Скопје.
Но, граѓаните на Чаир треба да ја знаат вистината: за состојбата со нечистотијата е одговорна токму партијата на Османи и нивните кадри.
Наместо да се грижат за Чаир, тие со години го саботираа неговото функционирање и дозволија сериозни злоупотреби во јавното претпријатие
задолжено за чистотата на градот – ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје. Само од јануари оваа година се склучени договори во вредност од над 1,4
милиони евра и тоа: 422 илјади евра за сервисирање на возила, 276 илјади евра за гуми, 253 илјади евра за контејнери за отпад и друга опрема, 192
илјади евра за четки и други делови. Значи, потрошени се цели 1,4 милиони евра од парите на граѓаните. А сепак, реалноста е сосема
поинаква – Скопје, а особено Чаир, се дави во ѓубре.“, изјави Азири.

Тој нагласи дека тендерите се користат за збогатување на партиски семејства и за клиентелистички договори, посочувајќи го и договорот од
12 илјади евра за “интелектуални услуги“ со компанијата „Хели Консалт“, во сопственост на синот на Блерим Беџети.

“Ова се „резултатите“ од милионските тендери: камиони и возила во катастрофална состојба, кои не можат да ја извршат ни најосновната
функција – чистење на градот. Додека граѓаните живеат во нечистотија, тендерите на „Комунална хигиена“ се користат за збогатување на партиски
семејства и за клиентелистички договори. Да потсетиме – постои и договор од 12 илјади евра за „интелектуални услуги“ со фирмата Heli Consult, во
сопственост на синот на Блерим Беџети.“, додаде портпаролот на ВЛЕН.

Азири ја заврши изјавата со порака до Бујар Османи дека тој и неговите сопартијци треба да им дадат објаснување на жителите на Чаир за ова и
дека на 19 октомври граѓаните на Скопје и Чаир ќе имаат можност “да го исчистат не само ѓубрето, туку и оние кои со години ја користеа
општината за тендери и политички профити“.

“Затоа денес јавно му порачуваме на Бујар Османи: Вие им должите на жителите на Чаир објаснување! Како е можно да се потрошат 1,4 милиони
евра за сервисирање на возниот парк, а возилата да бидат во ваква скандалозна состојба? И како имате храброст, без срам, да излегувате со
футуристички ветувања и празни зборови? Почитувани граѓани, не е доволно да се игра улогата на загрижен лекар кога си дел од самиот проблем. На
19 октомври, граѓаните на Скопје и Чаир имаат можност да го исчистат градот – не само од ѓубрето, туку и од оние кои со години го користат за
тендери и политички профити.“, потенцираше Азири.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Трајановски: Контрола врз загадувачите и редовно чистење на дивите депонии

Објавено пред

Од

Контрола врз загадувачите и редовно чистење на дивите депонии ветува Александар Трајановски, кандидат за градоначалник на општина Аеродром од ДСМ.

dobivaj vesti na viber

„Аерозагадувањето е сериозен проблем за здравјето на граѓаните, не само во Општина Аеродром, туку и на ниво на целото Скопје. Во зимскиот период, алармот за загаден воздух е многу висок. Нашите деца, повозрасните, хронично болните, сите ние ја чувствуваме оваа закана врз здравјето и квалитетот на живот. Како општина, мораме да преземеме одговорност. Затоа, планираме контрола на загадувачите и редовно чистење на дивите депонии. Ќе воспоставиме континуиран мониторинг на сите регистрирани и потенцијални извори на загадување, со транспарентни податоци достапни за граѓаните. Паралелно, ќе понудиме субвенции за граѓаните кои ќе преминат на еколошки системи за затоплување, со што директно ќе се намали емисијата на штетни честички. Општината ќе вложи и во едукација: подигање на еколошката свест преку кампањи, работилници и училишни програми. Борбата против загадувањето е заедничка задача“, вели тој.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Реконструкција на училишта, нови сали и современи ИТ кабинети во програмата на ЗНАМ

Објавено пред

Од

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија денес одржа прес-конференција посветена на образованието во Куманово, нагласувајќи дека тоа е најголемата инвестиција во иднината на градот и неговите жители.

dobivaj vesti na viber

„Квалитетното образование мора да биде право, а не привилегија. Нашата цел е секој ученик и студент да има современи услови за учење и развој, а општината ќе продолжи да вложува во подобрување на наставниот процес, спортските капацитети и инклузивноста,“ беше истакнато на прес-конференцијата.

Во програмата за следниот период се предвидуваат реконструкција и доопремување на централните и подрачните училишта, со акцент на енергетска ефикасност и пристапност за лицата со попреченост, нови и реконструирани училишни спортски сали, современи ИТ кабинети и технолошки зони, уредени училишни дворови со осветлување и нова урбана опрема, целосна реконструкција на повеќе основни училишта и спортски сали низ Куманово и околните населби и промоција на инклузивна средина во сите училишта.

„Нашата визија е преку образованието да создадеме генерации подготвени за предизвиците на новото време, но истовремено свесни за своите корени, култура и вредности. Секој млад ум е искра надеж за подобро утре, а токму образованието е силата што ќе го движи Куманово напред,“ порачаа од Движењето ЗНАМ.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ37 минути

Два случаи на семејно насилство во Скопје: Едниот напаѓач ја давел сопругата до бессознание, другиот ја тепал со боксови

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против две лица за семејно насилство. Едниот случај е во Ѓорче Петров, каде осомничениот...

Македонија2 часа

Чекањето автобуси што не доаѓаат во Бутел Шукова ќе го решава со БРТ: Овој систем ќе ја намали социјалната и економска отсеченост на бутелчани  

 „Бутел не е далеку од центарот, но е далеку од основните услови за достоен градски живот“, порача денес кандидатката за...

Македонија2 часа

Цветан Димов има по 100.000 возила дневно и итно ќе го направи со шест ленти, Ѓорѓиевски ги повика чаирчани масовно да гласаат

Проширување на улицата Цветан Димов во Чаир ќе биде еден од првите проекти на Орце Ѓорѓиевски, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за...

Топ2 часа

Наставник физички нападна ученик во основно училиште во Кисела Вода

Наставник физички нападнал ученик во основно училиште во Кисела Вода. Според информациите на МВР, вчера во 13:10 часот во СВР Скопје,...

Македонија3 часа

До 15 октомври сите дефекти на мрежата за централно греење ќе бидат остранети, објави Владата

По серија на ладни и топли проби на топлификацискиот систем настанаа нови пукнатини на два секундарни водови, по што одредени...

Македонија4 часа

Обвинителниот акт за пожарот во Кочани – одобрен во целост

Советот за оцена на обвинителен акт при Основниот кривичен суд Скопје во целост го одобри обвинението поврзано со пожарот во...

Македонија5 часа

Судскиот совет го разреши судијата Енвер Беџети, кој е на црната листа на САД

Судскиот совет го разреши судијата од Апелацискиот суд Скопје, Енвер Беџети, од функцијата. Инаку, тој во декември минатата година, заедно...

Македонија5 часа

Вработени во Општина Гази Баба организирале создавање и палење депонии, објави Арсовска

Општината Гази Баба и нејзиното јавно претпријатие се затекнати во незаконски активности кои директно ја загрозуваат животната средина и здравјето...

Свет9 часа

(Во живо) Последниот брод сè уште плови кон Газа, Израел објави забрана за влез

Последниот брод во меѓународната флотила за помош за Газа го продолжи своето патување рано утрово, според организаторите, откако околу 40...

Свет9 часа

Трамп: Ако продолжи блокадата на владата, ќе има отпуштања

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека федералните работници би можеле да бидат отпуштени, а проектите би можеле да бидат...

Европа10 часа

Прекинат воздушниот сообраќај на аеродромот во Минхен, забележани се дронови

Воздушниот сообраќај беше прекинат преку ноќ на аеродромот во Минхен поради прелет на дрон, чие потекло се истражува, изјави портпарол...

Европа17 часа

(Видео) Орбан: Посилни сме од Русија; Туск: Ми се допаѓа кога ги користи моите аргументи

Унгарскиот премиер Виктор Орбан повтори дека Европската Унија не треба да се плаши од Русија бидејќи е посилна од неа...

Топ18 часа

(Видео) Пронајдени и санкционирани лицата што дивееја со возило по „Партизанска“

Во врска со објавената снимка на социјалните мрежи на 30.09.2025 година на булеварот „Партизански Одреди“ во Скопје на која гледа...

Соопштенија18 часа

(Видео) Филипче од Аеродром: Владата на ВМРО-ДПМНЕ ја води државата во економски колапс

Со катастрофални економски политики, Владата на ВМРО-ДПМНЕ ја води државата во целосен економски колапс, истакна Претседателот на СДСМ, д-р Венко...

Соопштенија18 часа

Мицкоски: Димче и Левица обработуваат за новиот стопан Али, затоа имаат кандидати во Струга и Тетово, а не и во Велес и Штип

На денешниот народен митинг во Виница претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски посочи дека на отворена сцена се гледа една непринципиелна...

Европа19 часа

(Видео) Путин: Невозможно е да се користат ракети Томахавк без директно учество на американската војска, а тоа би ги ескалирало односите меѓу Русија и САД

Путин коментираше за можноста САД да испорачаат крстосувачки ракети со долг дострел „Томахавк“ на Украина. „Ова оружје нема да ја...

Македонија22 часа

Камион излета од магистралниот пат Деве Баир – Крива Паланка, сообраќајот во прекин

Од 17:10 часот магистралниот пат Деве Баир – Крива Паланка кај место викано Самоков е во прекин за сите возила...

Македонија1 ден

Извештајот, по сомневањата за непотребни операции на срце, ќе биде јавно достапен, но откога и нашите и странските експерти ќе го завршат

Странските експерти сѐ уште не се вклучени во анализата дали во 13 пријавени случаи имало непотребно направени операции на срце по...

Македонија1 ден

Членка на Судскиот совет користела патни трошоци иако немала право: МВР поднесе кривична пријава

На 15.09.2025 Единицата за корупција при Секторот за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал и...

Македонија1 ден

Лекари од кај нас ќе одат на краток престој за обуки и во Италија и во Австрија, за Словенија веќе се дефинира соработката  

Лекари од кај нас ќе одат на обуки и во Италија и во Австрија покрај Словенија за каде што веќе...