Контакт

Соопштенија

Димковски на маалска средба во Табановце: Аграрните реформи го вратија достоинството на земјоделецот

Објавено пред

Министерот за земјоделство, Трајан Димковски, во својство на член на СДСМ, со претседателот на СДСМ Куманово, Мартин Костовски, учествуваше на маалска средба со жителите на Табановце.

dobivaj vesti na viber

Димковски на маалската средба ги презентира спроведените аграрни реформи од страна на Владата.

„За 2 години успеавме да го рехaбилитираме земјоделството. Со мерката зелена нафта 3 милиони евра ќе се вратат кај 55 илјади земјоделци. Исто така, забележително е зголемена искористеноста на ИПАРД-програмата, која дополнително овозомжува унапредување и покункрентни земјоделски производи“, истакна Димковски.

Toj ги презентира и придобивките од донесените измени на Законот за земјоделското земјиште.

„Со измените на законот се исправа неправдата при распределбата на државното земјоделско земјиште бидејќи денес распределбата се врши јавно, транспарентно и неселективно. Исто така, измените предвидуваат младите земјоделци до 40 години во првите 3 години да бидат ослободени од плаќање закуп за земјиштето. Во насока на мотивирање на младите земјоделци, со мерката млад земјоделец обезбедуваме и неповратни грантови во висина од 10 илјади евра“, посочи членот на СДСМ.

Димковски заклучи дека со членството во НАТО и почнувањето преговори со ЕУ, ќе се отворат шанси за нови фондови и уште поголема поддршка за земјоделците.

 

Соопштенија

CUPRA Formentor и Audi A5 се победници – Доделени наградите „Златно Тркало 2025“

Објавено пред

На вчерашното доделување на престижното признание „Златно Тркало 2025“, два модели од брендовите на Порше Македонија се закитија со награди, потврдувајќи ја нивната супериорност во дизајнот, технологијата и перформансите.

dobivaj vesti na viber

Новиот CUPRA Formentor ја доби главната награда – „Златно Тркало“ за Најпосакуван Автомобил во Македонија.

CUPRA Formentor е првиот целосно самостоен модел на CUPRA, кој совршено ги комбинира спортскиот дух, врвната динамика и препознатливиот дизајн. Овој кросовер-купе ги поместува границите со својата уникатност и напредна технологија.

Иако CUPRA е нов бренд на пазарот, Formentor беше номиниран во категоријата за главната награда – Најпосакуван Автомобил – и по еден месец онлајн гласање освои дури 39% од гласовите.

На гала-вечер организирана од специјализираните автомобилски новинари од редакциите на Avto Plus, CarClub, Cars by Vik и RPM, главната награда „Златно Тркало“ ја прими Генералниот директор на Порше Македонија – Златко Муцунски, во придружба на Бренд Менаџерот на SEAT & CUPRA, Дејан Враниќ.

Златко Муцунски во своето обраќање истакна:

„CUPRA Formentor е симбол на смел дизајн, спортски дух и технолошка софистицираност. Таа претставува автентичен израз на нашата визија за нова ера во автомобилизмот – ера во која страста, иновацијата и уникатниот карактер се во центарот на секое возачко искуство. Оваа година Порше Македонија слави 20 години постоење, а оваа награда е уште едно признание и поттик да продолжиме со нашата мисија: да ја предизвикуваме нормата и да нудиме автомобили што оставаат впечаток.“

Новиот Audi A5 доби наградата за Најпосакуван Премиум Автомобил во Македонија.

Audi A5 победи во категоријата со 35% од гласовите.

Со прецизен, динамичен дизајн, целосно нов ентериер и напредна MHEV технологија за ефикасно и делумно електрично возење, новиот Audi A5 плени на прв поглед. Благодарение на новата архитектура, A5 нуди уште поголема поврзаност, интуитивна интеракција и врвно Audi искуство. Тој го дефинира идниот стандард во премиум сегментот.

„Новиот A5 е симбол на Audi – софистициран, моќен и технолошки напреден. Благодарна сум што публиката ги препозна вредностите на нашите модели. Оваа награда е признание за посветеноста и страста на целиот тим.“ – изјави Весна Бошнаковска, Бренд Менаџер за Audi, при примањето на наградата.

„Златно Тркало“ претставува уникатен показател за вкусот и интересот на публиката.

Воспоставена од жирито на водечките онлајн медиуми во земјата, оваа награда нуди автентичен увид во најпосакуваните возила на македонскиот пазар.

ПР

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Mozzart најпосакуван работодавец за 2024 година – уште едно големо признание

Објавено пред

Наградата за најпосакуван работодавач во категоријата игри на среќа за 2024 година е уште едно значајно признание што го зацврстува лидерството на компанијата Mozzart.

dobivaj vesti na viber

Добрите услови за работа, тимската атмосфера, можностите за професионално унапредување, разните обуки, бонусите и наградите, како и постојаната поддршка за секој вработен се причините што ги мотивираат тимовите на Mozzart да го дадат најдоброто од себе.

Овие вредности не само што придонесуваат за подигнување на компанијата на највисокото ниво, туку и го зголемуваат интересот кај луѓето да станат дел од Mozzart.

„За да се биде најдобар, неопходен е неуморен труд и посветеност, а токму тоа претставува основата на успехот на Mozzart, кој секоја година бележи раст и напредок. Ова големо признание е доказ за посветеноста и упорноста на вработените во Mozzart, кои со својата работа, професионалност и тимска енергија ги реализираат амбициозните цели и ја претставуваат компанијата во најдобро светло, изјави Марина Рајчановска, Директор на сектор за човечки ресурси.

Сето тоа е потврдено со оваа престижна награда за најпосакуван работодавач за 2024 година. Компанијата, како водечки лидер во приредување игри на среќа, останува неприкосновена на врвот, препознатлива по своите успеси и посветеност, секогаш стремејќи се кон врвните резултати и цврсто држејќи ја својата позиција која ја гради со години.

ПР

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Купувај со мера, штеди со план – твој водич за паметно празнично трошење

Објавено пред

Празничните денови што следат носат промена во ритамот на секојдневието – повеќе слободно време, дружења и активности надвор од вообичаените навики. Со тоа доаѓа и потребата за подобра организација, не само на времето, туку и на личните финансии. Во вакви периоди, одлуките што ги носиме за тоа како, кога и каде трошиме добиваат уште поголемо значење. Прашањето не е дали ќе потрошиме, туку дали ќе го направиме тоа паметно. Современите дигитални алатки на Халкбанк им овозможуваат на корисниците токму тоа – контрола, прегледност и вредност при секоја трансакција, без разлика дали станува збор за штедење, награди или сигурно онлајн купување.

dobivaj vesti na viber

Микроштедење што се случува додека купуваш Најдобриот начин да започнеш со штедење е токму преку секојдневните трансакции. Со е-Касичката на Халкбанк, секоe купување со платежна картичка автоматски придонесува кон твојата лична заштеда. Системот заокружува износи при плаќање, а разликата се префрла на посебна сметка. Овој едноставен, но ефикасен механизам овозможува штедење без да го почувствуваш товарот на традиционалните методи. Особено во празничен период, кога купувањата се почести, ваквиот начин на автоматизирано штедење може да направи вистинска разлика во твојата финансиска состојба.

Празнично пазарење со Бонус поени

Секоја трансакција со картичките на Халкбанк не е само купување – тоа е и можност за награда. Преку програмата за лојалност на Бонус Поени, со секоја трансакција направена со кредитните картички, клиентите собираат поени кои можат да ги искористат за делумно или целосно плаќање во мрежата на партнери на банката. Овие поени можат да бидат одличен ресурс за купување велигденски подароци или покривање на неочекувани трошоци поврзани со празничните прослави. На тој начин, дел од празничниот буџет останува недопрен, додека клиентите сепак можат да подаруваат и израдуваат.

Онлајн купување – безбедно, практично и под контрола

Во време кога многу луѓе ја избегнуваат гужвата и сакаат да заштедат време, онлајн купувањето станува сè попривлечно. Халкбанк преку својата платформа за E-commerce овозможува сигурно плаќање, заштита преку 3D Secure технологија и комплетна прегледност на трансакциите преку мобилно или интернет банкарство. Со ова, празничното шопинг искуство станува не само удобно, туку и целосно под твоја контрола – од потврда на трансакции до следење на трошоци во реално време.

Празнична радост со долгорочна финансиска грижа

Халкбанк не нуди само алатки за тековна удобност, туку и за долгорочна финансиска стабилност. Комбинирањето на микроштедење, паметно користење на поени и безбедно онлајн купување е пример за одржливи финансиски навики што може да се применуваат не само за празници, туку и во секојдневниот живот. Финансиската едукација е клучна – затоа Халкбанк ги охрабрува своите клиенти да ги користат овие алатки како начин за создавање здрав однос кон парите, каде што штедењето и трошењето не се спротивставени, туку комплементарни процеси.

Паметното празнично купување не значи откажување од задоволства – туку нивно планирање и уживање без грижа на совест. Со е-Касичка, Бонус поени и E-commerce, празниците можат да бидат исто толку убави, а сепак финансиски паметни.

ПР

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија16 минути

Кривична пријава против поранешен градоначалник на Лозово: ја злоупотребил позицијата

СВР Штип поднесе кривична пријава против А.В. (48) од Лозово, Т.Г. (51) од Скопје и Л.Л. (68) од Скопје поради...

Свет1 час

Рубио: САД повеќе нема да посредуваат во преговорите со Русија и Украина доколку наскоро нема договор

Соединетите Американски Држави ќе престанат да посредуваат во мировните преговори меѓу Русија и Украина во наредните денови доколку нема јасни...

Економија1 час

Владата озаконува паушални фактури за струја, граѓаните не смеат да бидат жртви, апелираат Инженери на Македонија

Инженери на Република Македонија (ИРМ), денеска упати апел до пратениците и Министерството за енергетика за да ги отстранат како што...

Македонија2 часа

Маркетите од денеска со нова обврска: ќе треба јавно да ги објават цените на производите

Трговците се должни од денеска да ги објавуваат продажните цени на производите на нивните официјални веб страници. Министерството за економија...

Свет2 часа

Трамп ѝ се закани на Кина со царини до 245 проценти; Кина: Бесмислена игра со броеви, одиме до крај

Кина ги отфрли најновите најави за зголемување на американските царини, нарекувајќи ги заканите на администрацијата на Доналд Трамп „бесмислена игра...

Свет2 часа

Иран: „Целиот наш воен потенцијал е подготвен“

Техеран е подготвен да се одбрани од какво било мешање и закани, а целиот воен потенцијал е подготвен да ја...

Свет2 часа

Америка: Имаме нов план за мир, им го презентиравме на Русија, Украина и Европа

Соединетите Американски Држави им презентираа на Украина, Русија и Европа „рамка за траен и одржлив мир“, изјави портпаролката на американскиот...

Македонија15 часа

Села му одговори на Таравари: Без доверба и чест нема ниту куќа, ниту врата

Едниот од лидерите на поделената Алијанса за Албанците, Зијадин Села, преку социјалните мрежи му одговори на неговиот поранешен сопартиец, Арбен...

Македонија17 часа

Папазов од притвор оди во куќен притвор – за седуммина осомничени за пожарот во Кочани мерката е заменета

Поранешниот градоначлник на Кочани, Љупчо Папазов, кој си поднесе оставка од функцијата по трагедијата во дискотеката „Пулс“, оди во куќен...

Регион18 часа

Револт во Германија поради новите правила за работниците од Западен Балкан, меѓу кои и македонските

Идната Демохристијанско-социјалдемократската влада планира да инвестира 500 милијарди евра во наредните години во реконструкција на дотраената инфраструктура: железници, патишта и...

Македонија21 час

Почина уште еден повреден во пожарот во Кочани, кој се лекуваше во Белград

Министерството за здравство информира дека во согласност со информациите од Воено медицинската академија во Белград, денеска претпладне, за жал, на...

Македонија21 час

Осомничениот полицаец за пожарот во Кочани по кој се трагаше сам се пријавил во Обвинителството

Полицаецот по кој се трагаше утрово сам се пријавил во Обвинителството. Тој е меѓу 10-те полициски службеници, кои од завчера...

Македонија21 час

ЗНАМ: Некој што соработува со ДУИ не треба да биде дел од Владата

За Движењето ЗНАМ за наша Македонија е неприфатлива соработка со нереформираната ДУИ и со лица од СДСМ кои учествувале или...

Македонија23 часа

(Видео) Кузеска 30 дена по трагедијата во Кочани: Зошто се штитат актуелните полициски функционери, министре Тошковски, нели имате малку совест?

„Поминаа триесет дена од трагедијата во Кочани, во која го загубија животот 61 лице, а уште 200 беа тешко повредени....

Регион23 часа

Јотова: Постои обид од колегите од РСМ нормалните барања на Бугарија да ги претстават како каприц

Потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова, и еврокомесарката за проширување, Марта Кос, ќе разговараат за проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан....

Македонија24 часа

Обвинителството бара построга казна за возачот кој ја усмрти Теодора: вложена жалба на пресудата

Основното јавно обвинителство Тетово изјави жалба на пресудата на Основниот суд во Тетово од 7.4.2025 година, со која обвинетиот М....

Македонија1 ден

Да се извинат Филипче и СДС што го лажеa народот дека Бугари во Уставот се единствениот услов за напредок на државата, вели ВМРО-ДПМНЕ

Бугарскиот министер за надворешни работи, Георг Георгиев изјави „уставните измени не се единствениот услов, тогаш допрва почнува процесот”. Оваа негова...

Македонија1 ден

„Таравари не може да бега од одговорност за затворената Кардиохирургија, која е стратешки интерес на државата“, велат од партијата Левица

„Министерот Таравари продолжува да ја крие сопствената одговорност позади некаква стручна комисија, која треба да утврди дали имало пропусти од...

Македонија1 ден

Кои се критериумите според кои едни се пуштени, а други остануваат во притвор, без доволно докази, прашуваат од ДУИ по трагедијата во Кочани

Демократската Унија за Интеграција со сериозна загриженост ги следи случувањата поврзани со трагичниот настан во Кочани и начинот на кој...

Свет1 ден

Мелони денеска кај Трамп: Ова е можеби единствената шанса на ЕУ

Во текот на денешниот состанок во Вашингтон, италијанската премиерка Џорџа Мелони ќе се обиде да го спречи американскиот претседател Доналд...