Соопштенија
ДОМ: Граѓаните на североисточниот регион да ја поддржат изградбата на центар за современ третман на отпадот

ДОМ апелира до сите граѓани на североисточниот регион да покажат висока еколошка свест и одговорност и да ја поддржат изградбата на центар за современ третман на отпадот, лоциран во општина Свети Николе, во месноста Мечкуевци.
„Не дозволувајте политиката повторно да упропасти добар еколошки проект. Уште од 2002 година преку различни проекти и донатори се обидуваме да изградиме барем една регионална санитарна депонија, но постојано во финалната фаза овие проекти се исполитизирани, финансиските средства не се потрошени, а ѓубриштата и натаму ја загадуваат животната средина. Да престанеме да се надмудруваме, туку да почнеме да работиме“ апелираше Ана Петровска, државен секретар во Министерството за животна средина и просторно планирање, на крајот на јавната расправа.
ДОМ дава поддршка на Министерството за животна средина и просторно планирање и градоначалниците во Источниот и Североисточниот плански регион во нивните напори низ транспарентна постапка да ги информираат граѓаните за придобивките од изградбата на регионалната санитана депонија близу Свети Николе. Иствремено, ДОМ апелира да се исполнат сите предуслови што ги поставува Европската Унија за конечно да може да се искорист грантот во износ од 35 милиони евра.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
„Алкалоид“ и Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип потпишаа меморандум за соработка

Меморандумот се однесува на реализацијата на заеднички проекти за стручноапликативни и научноистражувачки работи, а во фокусот ќе биде имплементацијата на одржливи фармацевтски пакувања, која ќе се спроведува во неколку фази до 2030 година.
Ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД) од Штип, Проф. д-р Дејан Мираковски; Деканката на Факултетот за медицински науки при Универзитетот, Проф. д-р Милка Здравковскa, и Генералниот директор/Претседател на УО на „Алкалоид“ АД Скопје, Живко Мукаетов потпишаа Меморандум за соработка, чија цел е реализирање заеднички проекти за унапредување и продлабочување на меѓусебната соработка и експертиза.
Покрај студиските програми, тековните програми за практикантство, како и соработката на специјалистички трудови и докторски дисертации, Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип и „Алкалоид“ ќе започнат проект за имплементација на одржливи пакувања за фармацевтските производи на компанијата, кој ќе се одвива во период од 5 години и ќе се спроведува во три фази.
Имено, станува збор за исполнување на сообразноста со новата регулатива на Европската Унија за одржливи пакувања [Packaging and Packaging Waste Regulation (EU) 2025/40 (PPWR)], која стапи во сила на 11 февруари годинава, а со која фармацевтските индустрии се обврзани до 2030 година за своите производи да имаат пакувања кои ќе бидат подготвени за рециклирање, а производите кои нема да имаат таква опција ќе бидат забранети за пласман на пазарите во ЕУ и пошироко. До 2035 година 55% од сите амбалажи во фармацевтската индустрија ќе треба да бидат рециклирачки, а до 2038 година пазарите на Унијата ќе дозволат пласирање само фармацевтски производи чии амбалажи имаат оценки за рециклирање А и Б.
Со оглед на фактот дека фармацевтската индустрија е една од најстрого регулираните индустрии во светот, вклучувањето на академската заедница е еден од неопходните предуслови за поефикасно и целесообразно имплементирање на овој обемен и комплексен проект. Носители на проектите опфатени со Меморандумот за соработка од страна на „Алкалоид“ се Одделот за глобален развој и Одделот за контрола на квалитет, а од страна на Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, покрај Ректорот и Деканката на Факултетот за медицински науки, вклучени се и Доцент д-р Ивана Митревска и Асистент Дино Карпичаров како надлежни за целокупната имплементација на активностите. Целта на проектот за одржливи пакувања на фармацевтските производи ќе биде да се минимизира негативното влијание врз животната средина и да се овозможи максимално искористување на ресурсите, што претставува една од главните цели на кружната економија и еден од клучните принципи на политиката за еколошко, општествено и корпоративно управување (ESG), втемелена во корпоративната пракса на „Алкалоид“
ПР
Соопштенија
ОКТА доделува стипендии за постдипломски студии на УКИМ и во странство

ОКТА АД – Скопје, и оваа година продолжува со поддршка на талентираните студенти преку доделување стипендии за постдипломски студии за академската 2025/2026 година.
Во рамките на заедничката платформа на Групацијата HELLENiQ ENERGY, на која што компанијата и припаѓа, ќе бидат доделени две стипендии за редовни постдипломски студии со максимално времетраење од две години. Меѓународната стипендија нуди можност за аплицирање на универзитети во една од следните земји: Грција, Германија, Италија, Белгија, Швајцарија, Норвешка, Холандија, Данска и Англија. Втората стипендија, која се однесува на студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, опфаќа повеќе насоки на Градежниот, Машинскиот, Факултетот за електротехника и информатички технологии или на Технолошко-металуршкиот факултет.
Право на аплицирање имаат дипломирани студенти или студенти во последна година на прв циклус студии, на возраст до 30 години (или до 32 со релевантно професионално искуство), со просек 8/10 и со упис или писмо за прифаќање на постдипломска програма од Универзитетите од странство.
„Нашата заложба за поддршка на образованието и поттикнување на следната генерација лидери е суштината на нашите вредности. Со оваа програма за стипендирање, имаме за цел да придонесеме во развојот на талентирани поединци кои можат да поттикнат иновации и извонредност во нивните области. Веруваме дека инвестирањето во образованието е долгорочна инвестиција во иднината на нашата индустрија и општеството во целина“, изјави Димитри Пасхос, Главен извршен директор на ОКТА АД – Скопје.
За условите на конкурсот и за начинот на аплицирање заинтересираните можат да добијат повеќе информации на ЛИНКОТ . Крајниот рок за пријавување е 18 мај 2025 година.
Стипендиите се доделуваат во рамки на долгорочната заложба на ОКТА за поддршка на образованието, што пак е еден од главните столбови на стратегијата на компанијата за општествена одговорност. Како дел од оваа иницијатива, и во соработка со УКИМ, ОКТА досега има доделено 42 стипендии за втор циклус на студии, а повеќе од 100 студенти имале можност за практична работа во компанијата.
ПР
Соопштенија
Моќта на зелената терапија – македонските планини може да бидат лек за стресот

Во срцето на Балканот, Македонија се појавува како скриен драгоцен камен, богат со природни убавини кои не само што пленат со својата убавина, туку и нудат вистинска терапија за современиот човек. Се додека модерниот живот ја окупира нашата секојдневна реалност со неговата брзина и притисоци, вистинскиот лек за душата може да се најде во тивката, но моќна сила на природата.
Македонските планини, со своите чисти зелени простори, нудат прибежиште за луѓето кои бараат смиреност, баланс и здрава дистанца од стресот на урбаниот живот.
Зелената терапија, која вклучува шетања во природа, планинарење или дури и медитација во шумите, се покажа како моќно средство за подобрување на менталното здравје и физичката кондиција. Во Македонија, можностите за ова се бројни.
Од незаборавните врвови на Шар Планина до спокојните шуми на Јакупица, природата овде не само што им нуди на посетителите убава панорама, туку им дава и простор за духовно обновување.
Зелената терапија има глобално признание и се применува низ светот. Во Јапонија, практиката на „шумска бања“, веќе со децении претставува културна и терапевтска активност. Шетањето низ шумите на Јапонија се смета за терапевтски процес кој го намалува стресот, ја намалува концентрацијата на хормонот на стрес, кортизол, и ја подобрува општата благосостојба. Подобрувањето на менталното здравје преку природата е исто така почеста пракса во Велика Британија, каде NHS активно го препорачува користењето на паркови и шумски патеки за поддршка на луѓе кои страдаат од депресија и анксиозност. Ваквите програми за зелена терапија се исто така присутни во САД, Шведска, Германија и Канада, каде што лекари препорачуваат шетање и активности на отворено за подобрување на психичката и физичката благосостојба.
Нашите планини, кои се потценуваат како терапевтска дестинација, всушност имаат капацитет да бидат сигурно место за сите кои сакаат да се ослободат од стресот и да се вратат кон природната рамнотежа.
Заради сето ова, од исклучителна важност е да ги зачуваме овие прекрасни природни резерви. СКОПСКО, најпознатото македонско пиво, нe потсетува дека природата не е само нешто што го уживаме, туку и нешто што треба да го чуваме. Кампањата со слоганот „Наша гордост, но и наша одговорност“ апелира до сите нас да се погрижиме за македонските планини. Со секое купено СКОПСКО или СКОПСКО смут во стаклена амбалажа, се издвојува по еден денар за заштита на нашето природно наследство. Како што велат од СКОПСКО: „Секој денар вложен во оваа иницијатива е чекор поблиску до долгорочната заштита на нашето природно богатство.“
ПР