Соопштенија
ДОМ: Итна жалба за пресудата што Управниот суд ја донесе за рудникот „Иловица“
Зелената партија ДОМ ги повикува Министерството за економија и државниот правобранител во рок од 15 дена по завршувањето на вонредната состојба, да поднесат аргументирана жалба на пресудата на Управниот суд за рудникот „Иловица“.
Според партијата, има повеќе од доволно аргументи за оспорување на пресудата за потоа да се потврди одлуката на Владата за одземање на концесијата.
„Прво, Управниот суд овозможил правно дефокусирање во полза на рударската компанија. Судот пресудил дека второстепената владина комисија направила наводни грешки во постапката кога ја одбила жалбата за одземање на концесијата на компанијата. Судот ѝ дава право на компанијата дека надлежниот орган требало првин да ѝ одговори на старото барање за спојување на двете концесии – ‘Иловица 6’ и ‘Иловица 11’, па дури потоа да решава за дозволата за експлоатација!? Ова барање за спојување е од 29.1.2016 година, а компанијата до денешен ден нема комплетна документација неопходна за добивање дозвола за експлоатација.
Второ, со ова дефокусирање судот избегнува да се наврати на аргументите со кои е одземена концесијата, а кои се совршено логични и конзистентни. Владата ја одзеде концесијата за рудникот „Иловица“ на 16.12.2019 година поради прекршување на договорот за концесија. Имено, ни по 7,5 години (од 16.6.2012 година) од доделувањето на концесијата и по 5, односно 4,5 години (од 23.9.2014 година и од 22.6.2015 година) од потпишувањето на договорот и анексот на договорот, концесионерот немаше обезбедено потребни документи, ниту поднесено барање за издавање дозвола за експлоатација, а рокот изнесува 4 години (како што стои во владината одлука за прекин на договорот).
Трето, останува непознато како можел судот да влезе во формално толкување на жалбата од концесионерот, без суштинска анализа на податоците кои се клучни, а тоа се документите пропишани со закон, кои концесионерот никогаш ги нема комплетирано.
Четврто, посебен проблем се студиите за оценка на влијанието врз животната средина, кои се најважни документи во случај на експлоатација на минерални суровини. Постои т.н. студија за „Иловица 6“, која не е донесена според законот зашто не била воопшто претставена пред јавноста на јавна расправа! Има исто така друга студија, која се однесува за двете концесии споени во едно, иако никогаш не било одобрено спојување. Оваа студија ги идентификува негативните влијанија врз животната средина бидејќи се работи за една од најопасните и најзагадувачки технологии во светот, какви што имаат предизвикано 30-ина еколошки катастрофи во последните децении поради што се забранети во многу држави! Но, и покрај тоа, студијата предлага да се прифати проектот. Сепак, до ден-денешен не е донесено решение за прифаќање на студијата од страна на Министерството за животна средина поради што не може ни да се издаде дозвола за експлоатација.
Петто, целосниот концепт за „Иловица“, преточен во рударски проект, се состои од дел за површинско ископување на рудата и дел за нејзина преработка во огромен базен на отворено со раствор на цијаниди. Но, со измените на Законот за минералните суровини од 9.1.2019 година, забранета е употреба на цијаниди и сулфурна киселина во рудници со површински коп“, се наведува во соопштението на зелената партија Демократска обнова на Македонија, од каде што сметаат дека се беспредметни сите документи што се однесуваат на технолошкиот процес, а како што велат, беспредметно станува и прашањето дали ќе се прави таков рудник спротивно на законот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Соопштенија
Таткото троши – ќерката плаќа: смена на улогите во новата реклама за картичката за деца на Халкбанк
Замислете кога во одреден момент со парите би управувале децата. Тие да можат да одлучат што да се купи, а што не или колку може да се потроши за чоколади и за слатки. Тие да кажат дали овој месец ќе заштедат или ќе го потрошат целиот буџет.

Во ваква улога се најдоа познатиот македонски актер Сашко Коцев и неговата 9-годишна ќерка Јоана, на снимањето на рекламата за првата платежна картичка за деца на Халкбанк. Станува збор за иновативен производ, наменет за деца од 9 до 15 години, кој ним им овозможува да стекнат финансиски навики, додека родителите имаат целосна контрола на тоа каде и колку трошат нивните деца.
Рекламата за картичката Халки се случува во слаткарница. Таткото е возбуден и сака да нарача сè од менито, но за тоа мора да побара дозвола од ќерката. Таа, од друга страна, е смирена и рационална и не дозволува да се претера со нарачките, но и конзумирање на слатко. На крајот, ќерката ја плаќа сметката со својата Халки картичка.
„Целта на кампањата е на забавен начин, со доза хумор, да покажеме дека децата знаат да се однесуваат одговорно кон финансиите доколку им се дозволи и им се покаже како да го прават тоа. Практично, идејата за креирање на првата картичка за деца и тинејџери до 15 години во Македонија е токму тоа – да им помогне да научат како да располагаат со одредена сума пари, да го планираат неделниот или месечниот џепарлак и да стекнат навики за штедење. Секако, со помош и со контрола на родителите“, вели Маја Наумовска Савеска, директор на корпоративни и маркетинг комуникации во Халкбанк.
Mastercard Junior дебитната картичка овозможува низа поволности како повлекување готовина без надоместок од сите банкомати во Македонија и во странство, бесплатен трансфер на средства од сметката на родителот или старателот на сметката на детето. Исто така, родителот има можност за поставување лимити на платежната сметка на детето, блокирање на картичката преку електронско банкарство во случај на губење, СМС инфо без надоместок на мобилниот број на законскиот застапник/старател и можност за дигитализирање на картичката на Google Pay или Apple Pay.
Процедурата за аплицирање за картичката за деца е едноставна и може да се направи во сите филијали на Халкбанк, а сите апликации до крајот на март годинава се ослободени од трошоци за издавање на картичката.
(ПР)
Соопштенија
ЕДС официјален поддржувач на Олимпискиот комитет за спортскиот циклус 2026
Со потпишувањето на спонзорски договор со Олимписки комитет на Северна Македонија, ЕДС официјално станува дел од Олимпиското семејство како Официјален поддржувач за време на клучниот спортски циклус во 2026 година.
ЕДС ќе даде поддршка на Олимпискиот комитет во период што опфаќа неколку од најзначајните меѓународни спортски настани, меѓу кои Зимските олимписки игри Милано–Кортина 2026 и Медитеранските игри во Таранто.
Со оваа соработка, ЕДС ја потврдува својата заложба за поддршка на спортот, младите и вредностите што ги промовира олимпиското движење – фер-плеј, извонредност, посветеност и заедништво.
„Ова партнерство за нас претставува многу повеќе од спонзорство. Тоа е јасна поддршка на вредностите што ги делиме со олимпиското движење – дисциплина, истрајност и стремеж кон извонредност. Горди сме што, преку соработката со Олимпискиот комитет на Северна Македонија, ќе бидеме дел од еден значаен спортски циклус и ќе придонесеме кон промоција на домашниот спорт на меѓународната сцена,“ изјави главниот извршен директор на ЕДС, Александар Сарџовски.
Спонзорството ја зацврстува позицијата на ЕДС како општествено одговорна компанија, која континуирано инвестира во иницијативи со долгорочна вредност за заедницата и придонесува кон позитивен општествен развој.
ПР
Соопштенија
Лото и Џокер на само еден клик од тебе – играј онлајн и пробај ја среќата во зимските денови
Во зимските денови, кога се поминува повеќе време дома, Државна лотарија им овозможува на граѓаните практична можност за забава и добивки. Сите љубители на игрите на среќа може да ја испробаат својата среќа преку едноставната и сигурна платформа за играње лото и џокер онлајн на официјалната веб-страница loto.mk.
Со само еден клик, секој може да го уплати своето лото-ливче брзо и сигурно, без потреба од чекање во редици. Резултатите се проверуваат на едноставен начин, а платформата е достапна секогаш и секаде, овозможувајќи им на корисниците да играат кога сакаат и каде сакаат.
Започнувањето на годината со можност за големи добивки претставува дополнителен поттик граѓаните да си ја испробаат среќата. Играњето лото онлајн не е новитет, туку веќе докажана и практична алатка што им овозможува на играчите лесно и сигурно да бидат дел од возбудата на најпознатата игра на среќа во земјата.
Државна лотарија со оваа дигитална алатка ја потврдува својата посветеност кон создавање едноставни и достапни решенија што ја збогатуваат секојдневната забава на граѓаните. Онлајн уплатата претставува уште еден начин компанијата да биде поблиску до своите играчи, овозможувајќи им удобност, сигурност и можност за големи добивки – токму во моментите кога сакаат да се забавуваат.
Игрите на среќа се наменети само за лица над 18-годишна возраст. Државна лотарија постојано потсетува дека играњето треба да биде одговорно и умерено, со јасна порака дека тие се пред сè форма на забава што може да донесе возбудливи добивки.
Државна лотарија, како општествено одговорна компанија, ја афирмира својата посветеност кон одговорното играње, обезбедувајќи средина што е сигурна и контролирана. Со тоа се гарантира дека игрите на среќа остануваат во рамките на целта за која се создадени – предизвик, забава и возбуда.
ПР

