Соопштенија
ДС: Балканот треба да отвори војна против криминалот

Демократскиот сојуз оценува дека балканските држави треба меѓусебно да соработуваат, се со цел да се овозможи брз проток на стоки, капитал и идеи, како битни предуслови за економски развој.
Но, велат од партијата, мора во преден план да договорат заедничка борба против организираниот криминал и корупцијата.
„Криминалот го загрозува демократскиот, економскиот развој и евроинтеграциските процеси. Карактеристика на сите балкански држави, а посебно на Македонија, Албанија и Србија е високата криминализација, посебно институционалниот криминал, каде по правило во тешките облици на криминал е вклучена и власта. Изненадува фактот, што на овој Балкански самит никој не ја иницира потребата од ефикасна борба против криминалот“, велат од ДС.
Инаку, додават од таму, ДС е за соработка помеѓу државите од Балканот, но без формирање на сојузи како можни алтернативи за полноправно членство во Европската унија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
Лабудовиќ: Училиштата и градинките ќе имаат 24/7 физичко обезбедување, безбедни пешачки патеки, јасна сигнализација и заштитни огради

Нема поголема инвестиција од онаа во децата. Тие се нашата иднина, нашата сила и најголемата причина да градиме подобар Центар, порача кандидатот за градоначалник на Општина Центар од Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Мирослав Лабудовиќ.
Лабудовиќ истакна дека неговата мисија е јасна – секоја училница, секој двор и секој агол во Центар да биде безбеден, топол и инспиративен простор за секое дете.
„Безбедноста на децата е нешто што не смее да се доведува во прашање. Затоа, училиштата и градинките ќе имаат 24/7 физичко обезбедување, безбедни пешачки патеки, јасна сигнализација и заштитни огради – за секое дете да пристигнува и да си заминува без страв и безгрижно,“ истакна Лабудовиќ.
Во неговиот план е предвидена темелна реконструкција на сите училишта и градинки – со нови фасади, енергетски ефикасни системи, топли училници и современи простори што ќе поттикнуваат љубов кон знаењето и развој на креативноста.
Таму каде што досега немало услови за спорт и игра, Лабудовиќ рече дека ќе се изградат нови спортски сали и детски игралишта, затоа што, како што рече Лабудовиќ, „здравото дете е среќно дете, а среќното дете е најубавата слика на еден град.“
Посебен дел од неговата програма е посветен на талентираните ученици – преку фонд за стипендии, натпревари и менторски програми, за секој талент да има можност да блесне и да расте овде, дома.
Во програмата е предвидено и дека Општината ќе обезбеди и инклузивно образование, со адаптирани училници и специјализирани програми за децата со посебни потреби, како и континуирана поддршка за нивните семејства.
„Центар мора да стане општина што го негува знаењето, ја штити детската радост и ја гради иднината со љубов и визија. Секое дете заслужува место каде што ќе учи со срце – и ќе расте со верба во себе,“ порача Лабудовиќ.
Соопштенија
Јовановски: Реконструкција на постојниот и изградба на нов затворен базен во Кичево

Реконструкција на постоечкиот и изградба на нов затворен базен во Кичево, вети во својата изборна програма Александар Јовановски, кандидат за градоначалник на општина Кичево од ВМРО-ДПМНЕ.
„Веднаш по стапувањето на функцијата ќе пристапиме кон реконструкција на отворениот градски базен кој се наоѓа во склоп на Домот на АРМ. Исто така имаме изготвено проект за изработка на базен од затворен тип кој ќе функционира преку целата година. Потоа ќе пристапиме кон одбележување на велосипедска патека од Другово до населбата Пашино. Имаме изготвено проекти за изградба на повеќенаменски игралишта во сите населби кадешто се итно потребни. Исто така предлагам да се изградат детски катчиња во секоја населба кадешто дечињата ќе можат да се релаксираат“, рече тој.
Соопштенија
Герасимовски со Ксенија Николова: Центар ја има најдобрата културна сцена во Скопје

Градоначалникот и кандидат за нов мандат во Општина Центар, Горан Герасимовски, со писателката Ксенија Николова разговараа искрено и отворено за состојбите во културата, поддршката за младите талентирани автори и уметници и културниот идентитет на Општина Центар.
Се согласија дека на младите луѓе им е потребен вистински простор и соодветни услови за да ги изразат и развиваат нивните креативни идеи. Герасимовски потенцираше дека Општина Центар, како ретко која друга општина, инвестира во квалитетна културна програма и младиот креативен уметнички капацитет.
„Приоритет ни се нашите уметници и творци и затоа имаме најдобра урбана културна сцена во Скопје. Пример за тоа се муралите во Дебар Маало кои се дело на нашите стрит артисти. Концертот „Нешто што ќе остане“ ја промовира македонската музика и изведувачи. Секој настан е резултат на соработка со нашите граѓани, културни работници и здруженија и ја раскажува приказната на Општина Центар,“ истакна Герасимовски.
Пример за поддршка на младите автори е и самата Ксенија Николова, чиј роман „Зад маските“ и збирката „Секој цвет има свое име“ излегоа од печат токму со поддршка на Општина Центар.
Герасимовски најави дека во наредниот мандат двојно се зголемува буџетот за култура од 13 на 26 милиони денари, со цел да го задржи приматот во културната понуда во главниот град.