Македонија
Единствена Македонија ги осудува лидерските средби на Заев и Мицкоски
Единствена Македонија и македонскиот народ ги осудуваат т.н. лидерски средби на Христијан Мицкоски и Зоран Заев од партијата „Погреб за Македонија”, составена од ДПМНЕ и СДСМ оти служат единствено за замајување на јавноста кога на сите во Македонија им е јасно дека Мицкоски и Заев се контролирани и купени од ист странски центар, соопшти партијата.
Според Единствена Македонија, ,,лагите на странските марионети Заев и Мицкоски повеќе не поминуваат, оти Заев како опозиционер се силеше дека ако стане премиер ќе расчисти со грабежот од 5,5, милијарди евра на власта на ВМРО-ДПМНЕ или како што велеше Заев сликовито: „уништувале, краделе пари, товареле бродови, однеле 5,5, милијарди евра”.
,,Наместо враќање на украденото, марионетата Заев тргна по стапките на претходната власт на ДПМНЕ и прво што направи си зема лиценца за производсттво на дрога, бизнис вреден околу 100 милионин евра. Јавноста се изнагледа обвиненија за уривањето на Космос, набавка на мерцедес, изборни измами и нерегуларности, незаконско следење на комуникаици и уништување на опрема во УБК, бесправно градење, уништување на изборен материјал, мачење и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување и казнување…, меѓутоа, овие обвиненија немаат допирни точки со одземањето на украдените 5,5, милијарди евра.
Народот не гледа никакво фајде доколку и сите обвинети од поранешната власт завршат во затвор, а притоа украдените 5,5, милијарди останат нечепнати, а марионетите Заев и Мицкоски ќе глумат лидерски средби кои биле во корист на граѓаните. За волја на вистината, во случајот на една обвинета новинарка која се товари за даночно затајување сепак ќе дојде до одземање на нелегално стекнатото, бидејќи ќе мора да го врати затаениот данок при купувањето на нејзините гаќи. И толку од украдените 5,5, милијарди евра.На големиот христијански празник Прочка како празник за прочистување и очистување на гревовите, единствена добра работа на вечерашната т.н. лидерска средба меѓу Мицковски и Заев е доколку и простат на Ивона за затаениот данок за гаќите во услови кога 5,5, милијарди евра украдени пари остануваат опростени и заборавени”, се додава во соопштението на Единствена Македонија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Прочка – празник на искреното меѓусебно простување кај православните верници
Денеска православните верници го слават празникот Прочка.
Овој ден е голем празник за христијаните бидејќи ја претставува искрената волја за срдечно простување меѓу луѓето. Со празникот се поврзани и голем број на обичаи и верувања.
Прочка е ден на меѓусебно простување помеѓу верниците, пред почетокот на Велигденскиот пост. Датумот на празникот се менува во зависност од датумот на Велигден и секогаш е точно на 7 недели пред Велигден.
Од верски аспект, Прочка е една од манифестациите на искрената и пожртвуваната љубов кон ближните, која го следи примерот на Исус Христос за безусловно и безгранично проштевање меѓу луѓето.
Според традицијата, прошка бара помладиот од постариот со зборовите „Прости ми“, а постариот одговара „Простено да ти е од мене и од Бога“.
Со Прочка завршуваат зимските и почнуваат пролетните празници.
Македонија
Променливо облачно со засилен северен ветер
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди. Во утринските часови, во повисоките предели на северозападот можно е краткотрајно провејување на слаб снег.
Ќе дува умерен ветер од северен правец, а долж Повардарието повремено ќе биде засилен и ќе достигнува брзина до 60 километри на час. Минималната температура ќе се движи од -4 до 4 степени, додека максималната дневна ќе биде меѓу 5 и 12 степени.
Во Скопје ќе преовладува променлива облачност со кратки сончеви периоди. Северниот ветер на моменти ќе засилува, особено во одредени делови од котлината. Утринската температура ќе се спушти до 2 степени, а дневната ќе достигне до 11 степени.
Во текот на новата седмица се очекува стабилно време. Исклучок ќе биде вторник, кога кон крајот на денот, претежно во североисточните делови од земјата, се можни повремени локални врнежи од дожд. Утрaта ќе бидат постудени, а дневните температури ќе бидат во постепен пораст.
Македонија
Филипче: Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, реагираше на изјавите на премиерот Христијан Мицкоски.
„Наместо да ги спроведе реформите што Европа ги бара две години, Мицкоски нуди само изолација и анти-ЕУ кампања. Преку 70% од граѓаните сакаат ЕУ – а тој зборува за „булинг“ и „прва и втора лига“. Тоа не е булинг, тоа е последица од неисполнување на обврските: правда, слобода на медиуми, борба против корупција. ВМРО секојдневно создава конфликти со соседите а на критиките од Брисел одговара со напади врз ЕУ. Затоа нема напредок, затоа 5 тони дрога излегуваат преку македонската граница неказнето, затоа судството и обвинителството се под контрола, а медиумите се задушени преку моделот на Орбан. Европа ни даде јасна шанса до 2027, заедно со регионот! Црна Гора и Албанија напредуваат. Ние? Само ако престанеме со оваа политика на изолација што намерно ја турка Мицкоски. Мицкоски ВМРО не сакаат ЕУ – сакаат да крадат на тендери без надзор. Тоа не е европска вредност. Тоа е криминална вредност. Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски“ стои во реацијата на претседателот Филипче.

