Соопштенија
Единствена Македонија: Заев најбезобразно лаже како на Табановце да чекаат милијарди евра од ЕУ

Карванот на Кризниот штаб против референдумот во рамките на кампањата „Македонија бојкотира“ одржа митинзи во Драчево, Кисела Вода и во Аеродром.
Од партијата Единствена Македонија, која е дел од кампањата, оценија дека општиот впечаток од средбите е дека Македонија мора да се одбрани од, како што велат, пучистичката власт во Скопје купена и контролирана од странски центар и констатираат дека граѓаните масовно ќе бојкотираат и нема да излезат на референдумот.
„Скапо платената кампања на марионетската влада во милиони евра народни пари од буџетот само служи за потсмев. Заев најбезобразно лаже дека небаре на Табановце чекаат милијарди евра од ЕУ и само се чека да го смениме името и големи пари ќе нагрнат во Македонија и сите ќе биде среќни и богати. Една голема лага. Ние водиме голема битка која не е лесна, но немаме друг пат. Не им било лесно и на нашите предци. Можел и Татарчев да не прифати да биде на чело на ВМРО, можел и Питу Гули да не оди на Мечкин Камен, Кузман не морал да ги инспирира партизаните со ВМРО и илинденците, Делчев и Груев можеле да бидат само учители, а не идеолози и револуционери. Ама така ќе ја немаше Македонија. Не може човек да одлучи само кога ќе се роди. Сè друго е одлука. А нашата одлука е да се бориме“, истакнаа од Единствена Македонија посочувајќи дека ова не е битка на индивидуалци и лидери, туку е битка за Македонија и за опстанок на цел народ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
Мисајловски: На Чучер Сандево му треба човек кој ве знае и кој ги знае вашите проблеми

Владо Мисајловски, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, имаше свое обраќање од вчерашниот митинг кој се одржа во општина Чучер-Сандево, во рамки на изборната кампања чиј слоган е „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, за претстојните локалните избори.
„Чучер Сандево заслужува многу повеќе, заслужува многу подобро, заслужува чесна и домаќинска работа. Потребно е Чучер Сандево да има градоначалник кој ќе ги слуша и разбира граѓаните, кој ќе работи искрено и посветено без прани ветувања“, рече Мисајловски.
Според него, време е за промени во општината и време е да ја води човек кој со себе ја носи посветеноста и одговорноста која недостига во последните години.
„Време е за промени во Чучер Сандево. Време е општината да ја води човек кој знае како изгледа секојдневниот живот токму тука. Човек што апсолутно секој ден е на терен, меѓу сите вас, меѓу народот. Тој секогаш се враќа кај секој еден граѓанин. Зоран е вистинскиот избор, тој ја носи посветеноста и одговорноста која недостига во последните години“, кажа Мисајловски и додаде:
„Со искуство и решителност, тој е подготвен да ја врати довербата и да се избори за многу проекти, за подобра иднина на Чучер Сандево. Не ветува невозможни работи, туку конкретна работа и присуство таму каде што е најпотребно. Со Зоран Бајовски, на чело на Чучер Сандево ќе се врати редот и одговорноста, ќе се слуша секој глас тука, Ќе се почитува секој човек, ќе се работи домаќински за да има нови проекти, нови инвестиции нови улици, нови паркови И училишта, но и надеж за сите граѓани на Чучер Сандево“.
Мисајловски повика на масовна излезеност на 19 октомври, со цел да се направи вистинскиот избор, односно човек кој што знае што значи да се работи за народот.
„Затоа повикувам, на 19 октомври излезете масовно да покажеме дека Чучер Сандево знае да избере чесност наместо интерес, да избереме работа наместо зборови, да направиме вистински избор, да избереме луѓе кои знаат што значи да се работи само за народот“, заклучи Мисајловски.
Соопштенија
(Видео) Филипче од Гази Баба: Мицкоски сака негово судство, СДСМ нема да дозволи нови тефтерчиња од Белата палата

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, вечерва од Гази Баба каде се одржа граѓанска трибина „Се бориме за нашиот дом“ го обвини Христијан Мицкоски дека не сака реформи во правосудството туку го сака скроено по свој терк како во времето на Груевски и порача дека СДСМ нема да дозволи нови тефтеричња од белата палата.
„Тоа е нивната намера, да закочат сè за да го вратат судството како во времето на Груевски. Не знае ВМРО-ДПМНЕ да владее ако има независни институции. Па кој ќе ја покрива нивната неспособност? Кој ќе нарачува пресуди кога ќе бидат во густо? Тоа е проблемот, на Мицкоски му треба судството под контрола за да може да сее страв, да се заканува, да уценува, исто како што беше во времето на неговиот ментор Груевски. Затоа избега од подадената рака на СДСМ за реформи. Му реков, ајде да ги донесеме реформите тоа го бараат граѓаните. Бараат независно судство, европски реформирано судство. Ајде да ја вратиме довербата во институциите. Јас не се плашам од независно судство, ама изгледа се плаши тој. Пола влада со кривични пријави, пола партија со матни бизниси. Затоа не сака“, порача Филипче.
Филипче во Гази Баба исто така рече дека наместо правда и реформи, наместо судска фела и експерти, граѓаните добија само неправди по што испрати порака дека СДСМ нема да молчи ниту ќе дозволи партизација во судството.
„Сега јасно му порачувам да престане да се заканува што ќе правел по изборите. Да не мисли дека ќе му молчиме ако решил да го партизира судството. Тоа нема да се дозволи. Или ќе има темелни реформи па нека одговараат сите што грешеле или нови судии од тефтерчињата од Белата палата нема да дозволиме“, потенцираше претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче од Гази Баба.
Соопштенија
Мицкоски: СДС ќе доживеат дебакл на локалните избори, наместо програма и проекти нудат демагогија, навреди и црна кампања

Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, имаше свое обраќање на денешниот народен митинг одржан во Гевгелија, во рамки на изборната кампања 2025 година, за претстојните локални избори, чиј слоган е „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! Твојата иднина!“.
Мицкоски кажа дека овие локални избори за противниците значат спас за нивните политички кариери и спас на нивните бизниси, но сепак ќе доживеат огромен дебакл.
„Јасно е дека ова не се само локални избори, туку од вашиот глас зависи и тоа како ќе се развива државата и во кој правец ќе се движи. За нашите противници ова се избори каде тие сакаат да си ги спасат политичките кариери, но зад тоа стои намерата на човекот кој си ја приватизираше партијата и си управува час од Дубаи, час од Струмица, да си ги штити бизнисите и слободата. А за да се случи тоа, си најми изведувач, и клучот за ова нивно сценарио се состои во контролираното судство и обвинителство, чии резултати ги видовме вчера. За сомнеж за криминал од 100 милиони во РЕК, за Марковски одлучуваат куќен притвор. И затоа СДСМ и ДУИ не гласа за смена на Љупчо Коцевски, затоа што тоа е последниот бастион на длабоката држава со која ќе расчистиме после овие избори“, нагласи Мицкоски.
Мицкоски истакна дека противниците се нервозни бидејќи повторно ќе доживеат дебакл на локалните избори, бидејќи немаат програма и проекти, а единствено што нудат се демагогија и навреди.
„Токму за ова судство и обвинителство Филипче вчера кажа дека е професионално, иако досега видовме сè, само не професионализам. И знаат дека ова е последниот нивен крик и затоа се нервозни. На овие избори одат со гола демагогија и грст навреди и квалификации, наместо со програма и со проекти. И кажуваат дека се борат за нивниот дом, а нивниот дом не се вашите домови, туку се борат за заштита и спас на нивните украдени пари. И за да го направат тоа, знајте дека нема црвена линија која нема да ја распродадат и нема отстапка која нема да ја направат само за да стигнат до фотелја. Кога Филипче говори за црвени линии, тој говори за нов поклон и топка нафрлена кон Бугарија и ново газење на нашите македонски црвени линии. Тие добро знаат дека најголемата пречка за нивното лудило и отстапки сум јас, и оваа Влада во којашто се моите колеги, и затоа се фрустрирани и нервозни и затоа нивните апологети, како баби пред чешма, повикуваат на моја ликвидација, а тие од штабот на СДСМ не најдоа ни сила да се оградат од таквите нивни повици, што јасно ги покажува нивните мотиви. Но, од друга страна, барем народот гледа дека повиците за убиство, поклоните кон Бугарија и тезата дека судството со 2 проценти доверба се професионалци е понудата на оваа партија на овие избори е катаклизмична и затоа уверен сум дека на 19 октомври ги чека уште еден нов историски нов дебакл“, кажа Мицкоски.
Мицкоски ги повика граѓаните на 19 октомври да гласаат за број 9 за подобра иднина.
„Нашата борба не е само за една општина, не е само за еден град. Нашата борба е за секое семејство, за секое дете што сака подобро училиште, за секој млад човек што сака работа и останува тука, дома, во Македонија. Нашата борба е за достоинството на секој еден граѓанин. И затоа, оваа вечер ви велам изборот е наш, и тој избор ќе ја одреди иднината. Не се плашете од предизвиците, не се двоумете пред лагите, затоа што нашата сила е во тоа што сме исправени, чесни и што знаеме за што се бориме. Ајде заедно да ја напишеме новата приказна на нашата татковина! Ајде да изградиме иднина за која ќе бидеме горди! Ајде да покажеме дека кога сме обединети, никој не може да нè запре“, истакна Мицкоски.