Соопштенија
Жерновски: Избор меѓу слобода и режим
„Новата поддршка за СДСМ, како опција да формира Влада и да ја води државата, се роди како глас и порив против заканата пред која беше исправена иднината на нашата земја – заканата од затворено општество. Како демократска сила, одлучно се спротиставивме на ретроградните структури, на оние кои сакаа и успеаја да го затворат и заробат македонското општеството. За среќа, ги спречивме… пред да биде предоцна“, изјави заменикот министер за надворешни работи, Андреј Жерновски.
Според него, во изминати три години ги реафирмиравме принципите на граѓанските демократските стандарди, на еманципираната политичка култура, човековите права и слободи, за сите без исклучок, како и неопходноста од транспарентност и отчетност на институциите во државата.
„Внесовме нова енергија, дотогаш невидена во регионот. Сплотивме луѓе и народи, сплотивме држави. Регионот, од бунар на конфликти, низ покажаното чесно и храбро лидерство, го претворивме во извор на стабилност, безбедност и перспективи. Балканот, конечно, стана дел од Европа, не само географски. Покажаме посветеност кон вредностите, подадовме рака за соработка преку политиките на инклузивност во државата, преку политиките на мостови кон соседите и преку политиките на отвореност кон нашите стратешки партнери – ЕУ и НАТО.
Станавме 30-та земја членка на НАТО, нешто што беше наша стратешка определба од самиот почеток на независноста на државата. Денеска, нашите граѓани се безбедни, бидејќи сме дел и имаме заштита од најсилниот, најмоќниот воен сојуз на светот. Никогаш повеќе нема да нè делат. Од друга страна, ги почнуваме преговорите за членство во ЕУ. Добивме верификација за успехот на нашите напори. За истрајноста, капацитетите и политичката волја на нашите институции, кои успешно ги спроведоа реформите што ги поставивме како наша цел уште во 2017 година“, додаде тој.
Според Жерновски, стигнавме до точка од која враќање назад нема, од која јасно, и од високиот Кораб, и од Пелагонија, јасно се гледа нашата европска перспектива.
Конечно, по повеќедецениската голгота, ја потврдивме нашата лична карта во ОН и го потврдивме македонскиот идентитет.
„Направивме реформи за коишто беше потребна силна политичка волја, енергија, ентузијазам, надеж, верба и храброст за да профункционира правната држава, за да обезбедиме независни институции, објективни медиуми и професионална полиција. Ја вративме одземената слобода на говорот. Секогаш му ја кажувавме вистината на македонскиот граѓанин, преку објективно и целосно информирање, бидејќи знаевме дека објективното и слободно известување е од клучно значење во градењето на демократијата, за воспоставување на добро владеење и за соодветна комуникација за реформите што се преземаат. Ова се нашите победи. Само на овој начин можевме и успеавме да ги сопреме регресивните сили и пропагаторите на евроскептицизам, национализам и секакви останати форми на политички, верски и идеолошки радикализам.
Премногу ни е битна иднината на нашата земја и на нашите деца за да го препуштиме просторот на затворената, мрачна алтернативa. Мораме силно и заедно да се спротивставиме на поделбите, на популизмот, на изолацијата, на менталитетот „сите ни се непријатели”. Затоа, на 15 јули изборот не е меѓу левата или десната политичка опција, туку меѓу отворено или затворено општество. Меѓу слобода и режим“, порача Жерновски на почетокот на изборната кампања на СДСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Соопштенија
Таткото троши – ќерката плаќа: смена на улогите во новата реклама за картичката за деца на Халкбанк
Замислете кога во одреден момент со парите би управувале децата. Тие да можат да одлучат што да се купи, а што не или колку може да се потроши за чоколади и за слатки. Тие да кажат дали овој месец ќе заштедат или ќе го потрошат целиот буџет.

Во ваква улога се најдоа познатиот македонски актер Сашко Коцев и неговата 9-годишна ќерка Јоана, на снимањето на рекламата за првата платежна картичка за деца на Халкбанк. Станува збор за иновативен производ, наменет за деца од 9 до 15 години, кој ним им овозможува да стекнат финансиски навики, додека родителите имаат целосна контрола на тоа каде и колку трошат нивните деца.
Рекламата за картичката Халки се случува во слаткарница. Таткото е возбуден и сака да нарача сè од менито, но за тоа мора да побара дозвола од ќерката. Таа, од друга страна, е смирена и рационална и не дозволува да се претера со нарачките, но и конзумирање на слатко. На крајот, ќерката ја плаќа сметката со својата Халки картичка.
„Целта на кампањата е на забавен начин, со доза хумор, да покажеме дека децата знаат да се однесуваат одговорно кон финансиите доколку им се дозволи и им се покаже како да го прават тоа. Практично, идејата за креирање на првата картичка за деца и тинејџери до 15 години во Македонија е токму тоа – да им помогне да научат како да располагаат со одредена сума пари, да го планираат неделниот или месечниот џепарлак и да стекнат навики за штедење. Секако, со помош и со контрола на родителите“, вели Маја Наумовска Савеска, директор на корпоративни и маркетинг комуникации во Халкбанк.
Mastercard Junior дебитната картичка овозможува низа поволности како повлекување готовина без надоместок од сите банкомати во Македонија и во странство, бесплатен трансфер на средства од сметката на родителот или старателот на сметката на детето. Исто така, родителот има можност за поставување лимити на платежната сметка на детето, блокирање на картичката преку електронско банкарство во случај на губење, СМС инфо без надоместок на мобилниот број на законскиот застапник/старател и можност за дигитализирање на картичката на Google Pay или Apple Pay.
Процедурата за аплицирање за картичката за деца е едноставна и може да се направи во сите филијали на Халкбанк, а сите апликации до крајот на март годинава се ослободени од трошоци за издавање на картичката.
(ПР)
Соопштенија
ЕДС официјален поддржувач на Олимпискиот комитет за спортскиот циклус 2026
Со потпишувањето на спонзорски договор со Олимписки комитет на Северна Македонија, ЕДС официјално станува дел од Олимпиското семејство како Официјален поддржувач за време на клучниот спортски циклус во 2026 година.
ЕДС ќе даде поддршка на Олимпискиот комитет во период што опфаќа неколку од најзначајните меѓународни спортски настани, меѓу кои Зимските олимписки игри Милано–Кортина 2026 и Медитеранските игри во Таранто.
Со оваа соработка, ЕДС ја потврдува својата заложба за поддршка на спортот, младите и вредностите што ги промовира олимпиското движење – фер-плеј, извонредност, посветеност и заедништво.
„Ова партнерство за нас претставува многу повеќе од спонзорство. Тоа е јасна поддршка на вредностите што ги делиме со олимпиското движење – дисциплина, истрајност и стремеж кон извонредност. Горди сме што, преку соработката со Олимпискиот комитет на Северна Македонија, ќе бидеме дел од еден значаен спортски циклус и ќе придонесеме кон промоција на домашниот спорт на меѓународната сцена,“ изјави главниот извршен директор на ЕДС, Александар Сарџовски.
Спонзорството ја зацврстува позицијата на ЕДС како општествено одговорна компанија, која континуирано инвестира во иницијативи со долгорочна вредност за заедницата и придонесува кон позитивен општествен развој.
ПР
Соопштенија
Лото и Џокер на само еден клик од тебе – играј онлајн и пробај ја среќата во зимските денови
Во зимските денови, кога се поминува повеќе време дома, Државна лотарија им овозможува на граѓаните практична можност за забава и добивки. Сите љубители на игрите на среќа може да ја испробаат својата среќа преку едноставната и сигурна платформа за играње лото и џокер онлајн на официјалната веб-страница loto.mk.
Со само еден клик, секој може да го уплати своето лото-ливче брзо и сигурно, без потреба од чекање во редици. Резултатите се проверуваат на едноставен начин, а платформата е достапна секогаш и секаде, овозможувајќи им на корисниците да играат кога сакаат и каде сакаат.
Започнувањето на годината со можност за големи добивки претставува дополнителен поттик граѓаните да си ја испробаат среќата. Играњето лото онлајн не е новитет, туку веќе докажана и практична алатка што им овозможува на играчите лесно и сигурно да бидат дел од возбудата на најпознатата игра на среќа во земјата.
Државна лотарија со оваа дигитална алатка ја потврдува својата посветеност кон создавање едноставни и достапни решенија што ја збогатуваат секојдневната забава на граѓаните. Онлајн уплатата претставува уште еден начин компанијата да биде поблиску до своите играчи, овозможувајќи им удобност, сигурност и можност за големи добивки – токму во моментите кога сакаат да се забавуваат.
Игрите на среќа се наменети само за лица над 18-годишна возраст. Државна лотарија постојано потсетува дека играњето треба да биде одговорно и умерено, со јасна порака дека тие се пред сè форма на забава што може да донесе возбудливи добивки.
Државна лотарија, како општествено одговорна компанија, ја афирмира својата посветеност кон одговорното играње, обезбедувајќи средина што е сигурна и контролирана. Со тоа се гарантира дека игрите на среќа остануваат во рамките на целта за која се создадени – предизвик, забава и возбуда.
ПР

