Соопштенија
Жерновски: На 30 септември ќе имаме блиска средба со иднината

Заменик-министерот за надворешни работи, Андреј Жерновски, денес учествува на традиционалниот 13. по ред „Бледски стратешки форум 2018“.
На средбата со министерот за надворешни работи на Малта, Кармело Абела, разговарале за интензивирање на односите помеѓу двете држави на неколку полиња и била добиена поддршка од страна на Малта за успешност на претстојниот рефрендум, како и желба да ја видат Република Македонија како рамноправна членка на ЕУ и 30-та земја членка на НАТО.
„Беше реализиран состанок и со Томас Осовски, специјален претставник на германското Министерство за надворешни работи за изготвување на повеќегодишната финансиска рамка на Европската Унија. Од негова страна беше упатено уверување дека Германија стои цврсто зад напредокот на Република Македонија и дава силен поттик во пресрет на референдумот, поттик за договорот со Грција и Бугарија и гаранции за влез на Македонија во ЕУ и НАТО“, се вели во соопштението на МНР.
На билатералниот состанок со министерот за надворешни работи на Шри Ланка, Васанта Сенајаке, биле отворени прашања за поблиска и поголема трговска соработка и размена меѓу двете земји.
Во продолжение на Форумот во попладневните часови, Жерновски ќе има свое обраќање на панелот „Западен Балкан: Изгубени години или нова надеж?“ Како што велат од МНР, ќе биде истакнато дека Република Македонија е важен дел од Европа, но во исто време треба да се признае дека за да станеме дел од Европската Унија, со сите права и обврски, треба да продолжиме по патот на развојот и посветеноста на демократските вредности.
„На 30 септември ќе имаме блиска средба со иднината, ќе си погледнеме очи в очи со безбедна, сигурна, мирна, пријателска и стабилна европска Македонија“, ќе изјави Жерновски на Форумот. „Генерацискиот предизвик пред нас е патриотски предизвик. Престојниот референдум е историска одлука и ќе го трасира незапирливиот процес на интеграција и просперитет на нашата земја. Отсекогаш знаевме и знаеме каде припаѓаме. Затоа сите мора да направиме сè што е можно, без никакво двоумење и калкулација, за Македонија да продолжи на тој пат. Нашата безбедност и сигурност можеме да ја најдеме само како членка на НАТО и Европската Унија“, ќе истакне Жерновски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
Од канцеларија до кеј – компаниите покажаа спортски дух во Скопје – Croatia Osiguruvanje Business Run 5K

На 12 јуни, со почеток во 18:00 часот, на кејот пред болницата Acibadem Sistina, беше успешно одржано првото издание на Croatia Osiguruvanje Business Run 5K – нов и енергичен тим-билдинг настан во организација на Здружението за спорт и рекреација „Прв до Врв“.
Ова претставува најмасовниот корпоративен спортски настан во Македонија, кој собра повеќе од 45 компании од најразлични индустрии: финансии, ИТ, телекомуникации, фармација, логистика, производство, јавни институции, дипломатски мисии и невладини организации. Трката се одвиваше по патека од 5 километри покрај реката Вардар, каде учесниците уживаа во спортска атмосфера исполнета со тимски дух, забава и позитивна енергија.
Настанот е дел од Adria Corporate Run League, регионална иницијатива што ги поврзува корпоративните заедници од Македонија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Хрватска. Победничкиот тим од Скопје ќе ја претставува Македонија на големото регионално финале.
Во пресрет на стартот, учесниците ги поздрави г-а Катерина Јордановска Манева од Croatia Осигурување, која го истакна значењето на вложувањето во здравјето и добросостојбата на вработените. Загревањето го водеше фитнес инструкторката Ангела Јованоска Конески од Premium Sport Center.
Најбрзите три тима во трката беа:
· Халкбанк со време од 58:40 минути,
· Комерцијална банка со време од 1:00:14,
· Шпаркасе банка со време од 1:06:49.
Во индивидуалната конкуренција, титулата најбрза учесничка ѝ припадна на Снежана Димовска од Комерцијална банка со време од 22:23, додека најбрз учесник беше Мартин Дамески од Халкбанк со 17:22 минути. Целосните резултати од трката се достапни на: www.prvdovrv.mk/business5k.
По трката, сите учесници уживаа во одлична забава на отворено со бендот The Ringtones и DJ Vito, кои приредија енергичен музички настап. Атмосферата беше полна со позитивна енергија, дружење и насмевки, а учесниците се освежија и засладија со вкусен оброк и пијалаци. Вистинска after-run забава која ќе се памети!
Овој настан понуди повеќе од само трка – беше вистинска платформа за вмрежување, тимска мотивација и промоција на здрави животни навики. Со овој настан, компаниите добија уникатна можност да изградат поцврсти тимски релации, надвор од канцеларискиот контекст.
(ПР)
Соопштенија
Халкбанк овозможува кредит целосно онлајн, без шалтер и документација

Зошто сè уште би оделе во банка за кредит – кога целиот процес може да се заврши онлајн, без хартија, без чекање и без дополнителни трошоци? Халкбанк веќе нуди услуга која ви овозможува да подигнете потрошувачки кредит од каде било, во кое било време. Online кредитот е дизајниран за клиентите што сакаат сигурност, едноставност и услуга што се прилагодува на нивниот животен ритам.
Кредит од дома – без шалтер и без документација
За аплицирање за Online кредит, клиентот треба да биде примател на плата или пензија во Халкбанк АД Скопје и да има активна електронска банкарска услуга. Дополнително, потребно е во последните шест месеци редовно да има примања на трансакциска сметка во банката. Апликацијата се поднесува со логирање на електронското или мобилното банкарство и избор на табот „онлајн производи“. Договорот се потпишува електронски, со дигитален токен преку VASCO токен (e-signature) , што овозможува сигурен, заштитен и целосно дигитален процес – без физичко присуство.
Достапност во секое време, од било каде
Аплицирањето за Online кредит е достапно 24 часа, седум дена во неделата. Клиентите можат да пристапат до услугата во кое било време, од кој било уред – без разлика дали се дома, на работа или во странство. Тоа го прави процесот не само брз, туку и крајно практичен.
Фиксна камата, без провизии, јасни услови
Износот на кредитот може да биде до 1.500.000 денари, со рок на отплата до 95 месеци. Каматната стапка е фиксна и изнесува 6,5% за целиот период, а вкупниот годишен трошок за кредитот изнесува 6,70%. Висината на кредитот што може да се одобри зависи од месечните примања на клиентот, при што максималниот износ на месечниот ануитет не смее да надмине 40% од нивната плата или пензија. Халкбанк не наплаќа провизија за апликација, нема трошоци за обработка, ниту надомест за предвремена отплата.
Фокусот е на клиентот
Online кредитот не го менува само начинот на аплицирање, туку и целиот пристап кон банкарските услуги. Наместо да се прилагодувате вие на процедурата, процедурата е прилагодена на вас – едноставно, сигурно и во моментот кога навистина ви треба.
(ПР)
Соопштенија
„Сетек Денови“ – ДО 70 % ПОПУСТИ

Oд 9 јуни, понеделник, започнува најголемата акција на Сетек – сè од техника, најпосетуваните Сетек Денови каде попустите стигнуваат и до 70%!
„Сетек Денови“ е акција каде љубителите на најпознатите брендови, на едно место можат да видат и да одберат се што сакаат и се што им е потребно од техника, по најниски цени.
Во сите салони на Сетек низ Македонија, следува огромен избор на производи од бела техника, фрижидери, телевизори, компјутери,лаптопи, се од ИТ, мобилни, смартфони, голема палетана додатоци, мали апарати, гејминг опрема, опрема за фитнес, мали и големи апарати и многу повеќе.
Акцијата, СЕТЕК ДЕНОВИ, дава можност за многу поволности како на цените, така и на изборот на производите. Салоните во овој период стануваат зборно место за техника, а веб страната www.setec.mk најпосетуваното место за online продажба.
Искористете ја можноста, дојдете во Сетек и купете најмногу техника, со најниски цени.
Компанијата Сетек, како лидер на пазарот, повеќе од 30 години, во континуитет ја развива својата мрежа и стратегија за блискост со купувачите.
Со мрежа од 33 различни локации, модерно опремени салони и премиум продавници, вклучувајќи ја и онлајн продавницата, Сетек е достапен до секој љубител на современата техника.
Покрај актуелната акција, Компанијата, во континуитет нуди и услуги за полесен пристап и поголема можност за корисност на купувачите, како лојална програма, кешбек, премиум достава, можности за кредитирање, рати без камата и многу експертски услуги за правилен избор и долготрајна употреба.
Сепак, обожавателите на техника најмногу ја чекаат акцијата СЕТЕК ДЕНОВИ, кога буквално СÈ СЕ КУПУВА !
(ПР)