Контакт

Соопштенија

Заев-Рикер: Партнерството на РСМ и САД во НАТО е од огромно значење за просперитетот на земјата

Објавено пред

Премиерот Зоран Заев денеска се сретна со идниот помошник-државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања, Филип Рикер.

dobivaj vesti na viber

„Претседателот на Владата на РСМ, Заев, на средбата ја изрази благодарноста на Владата на Северна Македонија и народот, за континуираната поддршка што нашата земја ја добива од Америка во сите години и која беше од особено значење во изминатите две години кога земјата го реши тридеценискиот спор со Грција со договорот од Преспа, кој овозможи чист пат за членство на Северна Македонија во НАТО и сосема јасни перспективи за отворање на поглавјата за преговори со Европската Унија. Во таа насока, информира премиерот Заев, Владата на РСМ сега е фокусирана на реформите во правосудството, во борбата против корупцијата, како и во рефрмите на безбедносните служби и јавната администрација за да се остварат обврските дома и да ги почувствуваат придобивките од реформите и граѓаните на земјата“, соопштија од Владата.

Рикер, од своја страна, покажал интерес за спроведувањето на договорот од Преспа во земјата, како и за ратификацијата на протоколот за пристапување на нашата земја во парламентите во земјите членки на алијансата, и истакнал дека му е особено драго што во идниот период ќе може да учествува понепосредно во споделувањето на принципите на северноатлантската алијанса со Република Северна Македонија како полноправна членка на НАТО и рамноправен партнер на САД и на другите земји членки на алијансата.

Соопштенија

Трајановски: Градот мора конечно да добие стабилен и функционален систем на јавен превоз

Објавено пред

Кандидатот за градоначалник Александар Трајановски денеска пред Јавното сообраќајно претпријатие го претстави предлогот од својата програма за решавање на еден од најголемите и најболни проблеми на Скопје – јавниот транспорт.

dobivaj vesti na viber

„Градот мора конечно да добие стабилен и функционален систем на јавен превоз. Во нашата програма предвидуваме комбиниран пристап и имплементација на два паралелни процеси – одблокирање на проектот за Bus Rapid Transit (БРТ) како и набавка на нови, еколошки автобуси,“ истакна Трајановски.

Тој потенцираше дека сегашната состојба во ЈСП е алармантна, бидејќи дури и во случај веднаш да се обезбедат 200 електрични автобуси, тие не би можеле да се пуштат во употреба. „Депоата не се подготвени, нема полначи со капацитет од најмалку 110 киловати, што е неопходно за нивно полнење. Затоа, на краток рок, најефикасно и најекономично решение се автобусите на метан, кои се докажано најеколошка и најисплатлива алтернатива,“ појасни тој.

Трајановски ја поздрави и најавата на Владата за набавка на нови автобуси, но нагласи дека ваквиот процес мора да биде континуиран, а не еднократен. „Ова е процес што требаше да се одвива постојано, но поради политички блокади и меѓупартиски калкулации, граѓаните беа оставени без пристоен јавен транспорт. Време е да се стави крај на тоа,“ рече тој.

Тој додаде дека Јавното сообраќајно претпријатие е од стратешко значење за државата и треба да има постојана поддршка од Владата, како што било и во минатото, кога редовно се доделувале субвенции во висина до 15 милиони евра годишно.

Во следната фаза, програмата на Трајановски предвидува и детализирање на јавниот превоз за специфични групи граѓани, меѓу кои и средношколците. „Планираме воведување на мрежа од мини-буси и комбиња кои ќе можат да оперираат низ тесните улички и урбани зони, за безбедно и директно превезување на учениците од нивните домови до училиштата. Она што го гледаме во европските градови може и мора да стане реалност и во Скопје,“ нагласи Трајановски.

„Јавниот транспорт не смее да биде хроничен проблем на Скопје. Тој мора да стане пример за организираност, економичност и грижа за граѓаните,“ заклучи Трајановски.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Герасимовски: Исчистена депонијата под Кале, не дозволуваме центарци да се гушат во смет

Објавено пред

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, заедно со ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ – ПОЦ и вредните хигиеничари денеска спроведоа акција за чистење на депонијата кај полигонот на Кале.

dobivaj vesti na viber

Во изјава за медиумите, Герасимовски потенцираше дека изминатите четири години го сработуваат и она што Град Скопје не го работи.

„Денеска се чисти просторот под Кале, добро познатиот полигон, каде што се сочуваме со огромна депонија. Нема да дозволиме центарци да се гушат во смет. Заедно со нашите тимови на луѓе, заедно со хигиеничарите, заедно со сите вработени сме постојано на терен, дури и во ноќните часови. Изнајмивме дополнителна механизација за цело ѓубре што се прелева на улиците и на одредени депонии биде отстрането од наша страна“, вели Герасимовски.

Тој, истакна дека по завршувањето на чистењето на депонијата во населбата Крњево, викендов хигиеничарите продолжиле со чистење и целосно отстранување на опожарените бараки во кои беше сместен поранешниот Суд за прекршоци, кај салата „Партизан“ во Градскиот парк.

„Нашите служби, заедно со мене, заедно со директорот на ПОЦ Душко Коцевски ќе бидеме постојано на терен за да ја подигнеме хигиената на што повисоко ниво“, потенцираше Герасимовски.

Во чистењето на депонијата кај Кале, вклучена беше целата механизација со хигиеничарите, според соопштеното.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ЗНАМ: Вложуваме во повеќе паркови и зеленило, инвестираме во здрава иднина на граѓаните

Објавено пред

Движењето ЗНАМ – за наша Македонија, денеска ги претстави приоритетите од изборната програма за идниот мандат во Куманово посветени на подобрувањето на животната средина со повеќе паркови и зеленило.

dobivaj vesti na viber

„Зелените површини и парковите се белите дробови на градот. Тие обезбедуваат чист воздух, создаваат простор за одмор, дружење и рекреација, а истовремено ја зголемуваат убавината и квалитетот на урбаното живеење. Вложувањето во паркови и зелени површини значи инвестиција во здравјето на граѓаните, подобра животна средина и одржлива иднина за сите“ изјави кандидатот за советник од редовите на Движењето ЗНАМ Душан Крстиќ.

Тој нагласи дека Општина Куманово целосно ги реконструираше двата најголеми паркови – Соколанскиот Градскиот парк, исклучително важни локации што го разубавуваат градот и се одлично место за рекреација на граѓаните. А, за идниот период најавуваат уште позасилено темпо на работа и повеќе десетици проекти. Меѓу кои:

· Изработка на стратегија за урбано зеленило и делување според акцискиот план.

· Урбан сквер со зелена површина или мини парк во секоја локална заедница.

· Воспоставување катастар на зеленило.

· Заштита на сите неизградени, а планирани зелени површини во опфат на Генералниот урбанистички план и нивна реализација како уредено зеленило во паркови со урбана опрема.

Пет нови паркови:

· Изградба на нов парк на влез во с. Проевце;

· Изградба на урбан сквер „Гоце Делчев“ со парк, фонтана и урбана опрема на влез во населба Гоце Делчев;

· Нов парк на место на времените објекти на локалитет Табакана.

· Парк со урбан сквер и шеталиште до Спортската сала, спроти Градскиот кеј по должина на бул. „Октомвриска револуција“.

· Парк на улица „Карадачки одреди“ во населба Тоде Мендол.

· Збогатување на содржините на Спомен костурница со ново игралиште, нова урбана опрема, простор за пикник и рекреација.

· Изградба на урбани зелени скверови на локација Ловец, до поранешен хотел „Кристал“, на ул. „Гоце Делчев“, на завршеток на ул. „Илинденска“ со ул. „Доне Божинов“, на место на времени објекти помеѓу ул. „Трст“ и ул. „Доне Божинов“.

· Нови дрвореди на ул. „Ленинова“, ул. „Браќа Рибар“ (Нагорички сокак), бул. „Октомвриска револуција“, бул. „Трета МУБ“ и на други локации каде има услови.

· Уредување на сите водни текови согласно Студија за водни текови на територија на Општина Куманово.

· Уредување на просторот околу речните корита со зелени површини, трим патеки, урбана опрема и простор за рекреација.

· Промоција на позитивни примери на општествено одговорни граѓани, обезбедување грантови и кампањи за поттикнување на еко активизам.

· Пешачка патека во шумскиот предел на локација Студена вода со летниковци за одмор до с. Биљановце – погодна за развој на детско извидништво.

· Уредување на просторот меѓу ул. „Вараждинска“ и бул. „Октомвриска револуција“ со урбана опрема и зеленило.

· Уредување на државно неизградено земјиште меѓу блок згради на бул. „Октомвриска револуција“, како и во населба Гоце Делчев и Зелен Рид.

· Поставување на систем за наводнување „капка по капка“ на зелени површини долж бул. „Трета МУБ“, бул. „Октомвриска револуција“ и на други зелени површини.

· Поставување фонтани за пиење вода на повеќе локации.

· Поставување јавни тоалети во сите градски паркови и во центарот на градот.

„Куманово денес ја покажува својата посветеност кон поубава и поздрава животна средина. Секое засадено дрво е дел од нашата грижа за иднината, секој уреден парк е симбол на општината што мисли на своите граѓани.

Зелено Куманово не е само проект – тоа е наш заеднички дух, начин да покажеме дека се грижиме за градот и идните генерации. Со повеќе паркови, повеќе дрвја и чист воздух, Куманово станува град по мерка на човекот – модерен зелен дом за сите нас“.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет33 минути

(Видео) Трамп по враќањето од Израел: „Ова беше историски ден за светот“

На летот за Вашингтон од Израел и Египет, американскиот претседател Доналд Трамп разговараше со новинарите во авионот „Ер Форс Уан“....

Свет46 минути

Мелони: Италија е еден чекор поблиску до признавање на Палестина

Италија сега е поблиску до признавање на државата Палестина по постигнувањето договор за прекин на огнот во Газа меѓу Израел...

Свет49 минути

Кина одговори на мерките на САД: специјални пристанишни такси за американските бродови

Кина официјално почна да наплаќа посебни пристанишни такси за бродови во сопственост, управувани, изградени или кои го пловат американското знаме,...

Свет52 минути

(Видео) Се урна рудник во Венецуела, најмалку 14 мртви

Најмалку 14 лица загинаа откако рудник за злато се урна во општината Ел Калао во јужна Венецуела по обилните дождови...

Свет1 час

(Видео) „Спејс Икс“ на Маск ја лансираше единаесеттата ракета „Старшип“

„Спејс Икс“ на Илон Маск вчера ја лансираше својата единаесетта ракета „Старшип“ од „Старбејс“ во Тексас. Starship's eleventh flight test...

Европа1 час

(Видео) Жесток руски напад врз Харков, погодена болница: 30.000 луѓе останаа без струја

Руските сили го нападнаа Харков со наведувани бомби, прекинувајќи го снабдувањето со електрична енергија на 30.000 корисници во три области,...

Свет11 часа

Трамп го потпиша мировниот договор за Газа: „Поминаа 3.000 години за да се стигне до ова“

Американскиот претседател Доналд Трамп го потпиша првиот мировен план за Газа, изјавувајќи при потпишувањето: „Поминаа 3.000 години за да се...

Македонија13 часа

ЕУ отвора центри за вештачка интелигенција во Македонија и Србија

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска најави дека Европската унија ќе отвори две „ВИ фабрики“ (центри за...

Топ13 часа

Поранешен дечко со оружје дошол пред домот на девојка во Гевгелија, полицијата го спречила

Полицијата во Гевгелија денеска спречи обид за убиство на девојка од нејзиниот поранешен партнер. Според информациите на Министерството за внатрешни...

Македонија16 часа

Алиу лично е за токсиколошка проверка да биде законска за сите лекари, но не знае дали правно може да се дефинира

Министерот за здравство Азир Алиу лично смета дека треба да се додаде законска обврска за токсиколошки анализи на сите лекари...

Македонија17 часа

Јован Божиновски назначен за нов директор на Клиникaта за неврологија, соопшти Алиу

Министерот за здравство Азир Алиу, на денешната прес-конференција информираше дека за нов в.д. директор на Клиниката за неврологија е назначен...

Македонија18 часа

Ѓорѓиевски дискотеките ќе ги извади на периферијата, младите брачни двојки ќе бидат 100 % ослободени од комуналии ако градат куќа

Иднината на Скопје, кандидатот за градоначалник од ВМРО – ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски ја гледа како град кој функционира паметно, брзо...

Македонија19 часа

Новата грејна сезона официјално почнува на 15 октомври: испораката на топлинска енергија ќе зависи од атмосферските услови

Од 15 октомври, официјално почнува грејната сезона 2025/2026 година за сите потрошувачи приклучени на системот за централно греење во градот...

Македонија19 часа

Инспектор од Тетово уништувал докази во постапка против неговиот син кој бил уапсен за трговија со дрога

Полицијата поднесе кривична пријава против двајца инспектори од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Тетово за...

Македонија21 час

Граѓаните да се пријавуваат на vakcinacija.mk за вакцинирање против сезонскиот грип

Во тек е дистрибуција на вакцините против сезонски грип низ јавните здравствени установи, граѓаните може да се пријавуваат на апликацијата...

Македонија21 час

На полноќ завршува објавувањето резултати од анкетите за локалните избори

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги потсетува радиодифузерите дека согласно Изборниот законик, резултатите од испитувањата на јавното мислење...

Свет21 час

(Видео) Израелските заложници контактираа со своите семејства преку видеоврска пред да бидат ослободени

Некои заложници што ги држеше Хамас можеа да разговараат со своите семејства преку видео повик кратко пред нивното ослободување, објавија...

Свет22 часа

(Видео) Ослободени сите живи заложници од Газа

Тринаесет преостанати живи заложници што ги држеше Хамас во Појасот Газа се ослободени и предадени на Црвениот крст, објавија израелските...

Македонија23 часа

„Влен“: Вресоците на Ахмети, Таравари и на Села се последните извици на една коалиција во распад

„Селотејп коалицијата, составена од ситни лични интереси, по локалните избори го завршува своето политичко поглавје, засекогаш. Вресоците на Ахмети, Таравари...

Македонија24 часа

Царински инспектори пронајдоа дрога во стан на студентка, државјанка на Турција

Психотропна дрога метилендиоксиметамфетамин, мефедрон и марихуана е пронајдена при претрес на дом во Гостивар во кој престојувала студентка, државјанка на...