Соопштенија
(Видео) Затуроска: Вработувања во СЈО се вршеле според роднински врски
Покрај огромните финансиски средства што си ги делеле вработените во СЈО помеѓу себе како додатоци, дневници, награди, фрапантни се податоците што дури сега излегуваат во јавноста, а се поврзани со личниот и партиски непотизам на СДСМ внатре во СЈО, рече денеска пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Лилјана Затуроска, на прес-конференција.
Како што рече таа, СЈО била институција во која вработувањата се вршеле по три основи: ако сте роднина или близок на некој од обвинителите, ако сте роднина на функционер на СДСМ или добиете партиска препорака и ако сте дете на судија или обвинител кој треба да добие награда за послушност кон СДСМ и СЈО.
„Во изминатите години СЈО вршеше класично партизирање на своите редови со вработување членови на СДСМ, како и внуци, братучеди и други блиски и далечни роднини на самите обвинители, кои беа дел од тимот на Катица Јанева“, изјави пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ.
Во продолжение таа наведе повеќе примери за кои посочи дека се класични показатели за партизација и непотизам во редовите на СЈО.
„Ефимија и Љупчо Чучурски, први братучеди на обвинителот Гаврил Бубевски.
– Андријана Ристоска, прва братучетка на обвинителката Ленче Ристоска.
– Обвинителката од СЈО, Лиле Стефанова, си го вработила своето кумашинче, кое случајно е и син на Игор Милев, близок соработник на Зоран Заев и член на ДИК по предлог од СДСМ од Радовиш.
– Елена Јосифовска, чија мајка Елизабета Јосифовска беше обвинител во СЈО.
– Владимир Миладиновски, внук на истата обвинителката Елизабета Јосифовска.
– Петре Бошков, вработен во СЈО, зет за прва братучетка на министерката Рената Дескоска.
– Ѓорге Делиџаков од Гевгелија, внук од сестра на Катица Јанева, вработен како економски приправник.
– Вработена во СЈО е и девојката на Лазар Јанев, син на Катица Јанева.
– Вработен беше и синот на врховната судијка Лидија Неделкова, Давид Неделков.
– Берниса Рахиќ, ќерка на директорот на затворот ‘Скопје, Есад Рахиќ.
– Ќерката на поранешниот директор на МЕПСО, Сашо Василевски, Марија Василевска.
– Синот на обвинителката Мира Ангелеска од Кичево, Стојан Ангелески.
– Ќерката на членот на Советот на јавните обвинители Коле Штериов, Теа Штериова.
– Близок роднина на Ахмед Рушити, судија во Апелација од Гостивар, Вулнет Рушити.
– На платниот список на СЈО е и Катерина Рамбабова, ќерка на кандидат за пратеник на СДСМ и ќерка на поранешен претседател на судот во Штип, Миланчо Рамбабов.
– Синот на судијата Лазар Ризов од Неготино.
– Во низата семејни вработувања е ќерката на Борис Тунџев, директор на Катастарот, Катерина Тунџева.
– Миле Трајковски, советник од редовите на СДСМ во Советот на Општина Крива Паланка.
– Катица Јанева призна исто така дека го вработила членот на СДСМ, Борче (Боки) Трајковски, лице осудено за измама, кое издржало една година затвор.
– Ѓорѓи Камчев, кој активно учествувал во протестите во организација на шарената револуција.
– Пане Нацев од Неготино, кој учествуваше во насилното демолирање и нагрдување државни и културни објекти, е дел од вработениите во СЈО.
– Ангажманот на Мирослав Грчев кој од СЈО е ангажиран да изготви вештачење за случајот Космос.
– Катица Јанева во СЈО си го вработила и шоферот од Основниот cyд во Гевгелија како личен шофер, а неговото име е Вили Јанев, случајно или не.
– Душко Димитреиески како возач во СЈО, сопруг на обвинителката Душица Димитриевска од ОЈО Гостивар, чиј зет за ќерка е Трајче Нешкоски, поранешен генерален секретар на СДММ“.
Со ова Затуроска ја заврши листата и порача дека токму од вакви причини Собранието е должно на македонската јавност да ѝ го обелодени досегашното функционирање на СЈО, кое требало да биде пример за институција имуна на партизација, непотизам и беззаконие.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Соопштенија
Таткото троши – ќерката плаќа: смена на улогите во новата реклама за картичката за деца на Халкбанк
Замислете кога во одреден момент со парите би управувале децата. Тие да можат да одлучат што да се купи, а што не или колку може да се потроши за чоколади и за слатки. Тие да кажат дали овој месец ќе заштедат или ќе го потрошат целиот буџет.

Во ваква улога се најдоа познатиот македонски актер Сашко Коцев и неговата 9-годишна ќерка Јоана, на снимањето на рекламата за првата платежна картичка за деца на Халкбанк. Станува збор за иновативен производ, наменет за деца од 9 до 15 години, кој ним им овозможува да стекнат финансиски навики, додека родителите имаат целосна контрола на тоа каде и колку трошат нивните деца.
Рекламата за картичката Халки се случува во слаткарница. Таткото е возбуден и сака да нарача сè од менито, но за тоа мора да побара дозвола од ќерката. Таа, од друга страна, е смирена и рационална и не дозволува да се претера со нарачките, но и конзумирање на слатко. На крајот, ќерката ја плаќа сметката со својата Халки картичка.
„Целта на кампањата е на забавен начин, со доза хумор, да покажеме дека децата знаат да се однесуваат одговорно кон финансиите доколку им се дозволи и им се покаже како да го прават тоа. Практично, идејата за креирање на првата картичка за деца и тинејџери до 15 години во Македонија е токму тоа – да им помогне да научат како да располагаат со одредена сума пари, да го планираат неделниот или месечниот џепарлак и да стекнат навики за штедење. Секако, со помош и со контрола на родителите“, вели Маја Наумовска Савеска, директор на корпоративни и маркетинг комуникации во Халкбанк.
Mastercard Junior дебитната картичка овозможува низа поволности како повлекување готовина без надоместок од сите банкомати во Македонија и во странство, бесплатен трансфер на средства од сметката на родителот или старателот на сметката на детето. Исто така, родителот има можност за поставување лимити на платежната сметка на детето, блокирање на картичката преку електронско банкарство во случај на губење, СМС инфо без надоместок на мобилниот број на законскиот застапник/старател и можност за дигитализирање на картичката на Google Pay или Apple Pay.
Процедурата за аплицирање за картичката за деца е едноставна и може да се направи во сите филијали на Халкбанк, а сите апликации до крајот на март годинава се ослободени од трошоци за издавање на картичката.
(ПР)
Соопштенија
ЕДС официјален поддржувач на Олимпискиот комитет за спортскиот циклус 2026
Со потпишувањето на спонзорски договор со Олимписки комитет на Северна Македонија, ЕДС официјално станува дел од Олимпиското семејство како Официјален поддржувач за време на клучниот спортски циклус во 2026 година.
ЕДС ќе даде поддршка на Олимпискиот комитет во период што опфаќа неколку од најзначајните меѓународни спортски настани, меѓу кои Зимските олимписки игри Милано–Кортина 2026 и Медитеранските игри во Таранто.
Со оваа соработка, ЕДС ја потврдува својата заложба за поддршка на спортот, младите и вредностите што ги промовира олимпиското движење – фер-плеј, извонредност, посветеност и заедништво.
„Ова партнерство за нас претставува многу повеќе од спонзорство. Тоа е јасна поддршка на вредностите што ги делиме со олимпиското движење – дисциплина, истрајност и стремеж кон извонредност. Горди сме што, преку соработката со Олимпискиот комитет на Северна Македонија, ќе бидеме дел од еден значаен спортски циклус и ќе придонесеме кон промоција на домашниот спорт на меѓународната сцена,“ изјави главниот извршен директор на ЕДС, Александар Сарџовски.
Спонзорството ја зацврстува позицијата на ЕДС како општествено одговорна компанија, која континуирано инвестира во иницијативи со долгорочна вредност за заедницата и придонесува кон позитивен општествен развој.
ПР
Соопштенија
Лото и Џокер на само еден клик од тебе – играј онлајн и пробај ја среќата во зимските денови
Во зимските денови, кога се поминува повеќе време дома, Државна лотарија им овозможува на граѓаните практична можност за забава и добивки. Сите љубители на игрите на среќа може да ја испробаат својата среќа преку едноставната и сигурна платформа за играње лото и џокер онлајн на официјалната веб-страница loto.mk.
Со само еден клик, секој може да го уплати своето лото-ливче брзо и сигурно, без потреба од чекање во редици. Резултатите се проверуваат на едноставен начин, а платформата е достапна секогаш и секаде, овозможувајќи им на корисниците да играат кога сакаат и каде сакаат.
Започнувањето на годината со можност за големи добивки претставува дополнителен поттик граѓаните да си ја испробаат среќата. Играњето лото онлајн не е новитет, туку веќе докажана и практична алатка што им овозможува на играчите лесно и сигурно да бидат дел од возбудата на најпознатата игра на среќа во земјата.
Државна лотарија со оваа дигитална алатка ја потврдува својата посветеност кон создавање едноставни и достапни решенија што ја збогатуваат секојдневната забава на граѓаните. Онлајн уплатата претставува уште еден начин компанијата да биде поблиску до своите играчи, овозможувајќи им удобност, сигурност и можност за големи добивки – токму во моментите кога сакаат да се забавуваат.
Игрите на среќа се наменети само за лица над 18-годишна возраст. Државна лотарија постојано потсетува дека играњето треба да биде одговорно и умерено, со јасна порака дека тие се пред сè форма на забава што може да донесе возбудливи добивки.
Државна лотарија, како општествено одговорна компанија, ја афирмира својата посветеност кон одговорното играње, обезбедувајќи средина што е сигурна и контролирана. Со тоа се гарантира дека игрите на среќа остануваат во рамките на целта за која се создадени – предизвик, забава и возбуда.
ПР

