Контакт

Соопштенија

Костадинов: Се гордееме штo 9 мај, симбол на борбата за слобода, го живееме во слободна и демократска држава

Објавено пред

Нека е честит 9 Мај, Денот на подебата над фашизмот и Денот на Европа. Благодарни сме им на сите што се вградија во слободата и се гордееме што денешниот ден, симбол на борбата за слобода и правда, го живееме во слободна и демократска држава, рече Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник.

dobivaj vesti na viber

„Сонот е остварен, аманетот на борците од НОБ, на револуционерите, на сите оние што се жртвуваа себе си за слобода, за сигурна иднина и почитувана држава на сите граѓани. Од заробена, изолирана и поделена држава, денес нашата татковина е рамноправен дел од развиениот демократски свет, едно општество за сите. Слободна Република Северна Македонија го живее остварувањето на врвните национални и држвни интереси поставени уште од првиот ден на независноста. Добивме свое место во најсилниот безбедносен сојуз – НАТО, обезбедена е сигурна и стабилна иднина на државата и сите нејзини граѓани“, рече Костадинов.

Пред нас, додаде тој, е одговорноста да обезбедиме полноправно членство во Европската Унија.

„Да си подадеме рака, човек со човек, да се обидиниме за напредокот и членството во ЕУ. Сите општествени и политички фактори да дадат максимален придонес, целата институционална и политичка енергија да ја насочиме за позитивна препорака и позитивна одлука. Да направиме сè што зависи од нас од Советот на ЕУ во јуни да добиеме одлука за датум за почеток на преговорите. Заедно да го заокружиме процесот на интеграција во ЕУ и НАТО, онаму каде што вредносно и цивилизациски припаѓаме. ЕУ и НАТО значат мир, сигурност, безбедност, но и силна економија, повеќе пари, повисоки плати, подобар живот за сите“, рече Костадинов.

Соопштенија

ОКТА активности за превенција од пожари: едукативна кампања и донација на дрон за рано откривање на пожари на ЈП Национални шуми

Објавено пред

Во пресрет на летната сезона, кога ризикот од пожари значително се зголемува, компанијата ОКТА започнува активна соработка со Јавното претпријатие Национални шуми за превенција од пожари на отворено. Во рамки на оваа соработка, ОКТА донира дрон со специјализирана технологија за рана детекција на пожари, кој ќе им биде ставен на располагање на теренските екипи на ЈП Национални шуми. Дронот ќе ја зголеми ефикасноста во мониторирањето на шумите и ќе овозможи брза реакција на надлежните институции во критичните региони. Оваа донација претставува реален придонес за поголема ефикасност во заштитата на шумските ресурси и безбедноста на теренските екипи.

dobivaj vesti na viber

Паралелно, ОКТА, во партнерство со ЈП Национални шуми, иницира превентивни едукативни активности под слоганот „Пази што правиш! За пожар малку треба!“, кои имаат за цел да ја подигнат јавната свест кај граѓаните за опасностите од невнимателно однесување – одложување отпад на отворено, палење огнови, палење стрништа и непочитување на прописите за безбедно однесување во природа.

„ОКТА е компанија која својата општествена одговорност ја практикува преку реални и одржливи активности. Со оваа донација и со кампањата, заедно со ЈП Национални шуми, вложуваме во заштитата и безбедноста на природните ресурси во земјата. Цврсто сме уверени дека преку стратешки партнерства со институциите и активно вклучување во едукацијата за превенција, можеме да постигнеме значајни резултати и да ги намалиме катастрофалните последици по природата и заедницата. Сакаме заедно да испратиме јасна порака дека: Заштитата на шумите е заедничка одговорност, а превенцијата – најмоќното средство против катастрофи“, изјави главниот извршен директор на ОКТА Димитриос Пасхос.

ЈП Национални шуми, заедно со локалните противпожарни единици, Републичкиот центар за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување, се во првата линија за справување со пожарите на отворено во државата.

„Соработката со ОКТА претставува важен чекор напред во нашите напори за заштита на шумите и природата од пожари. Новата опрема, особено дронот со напредна технологија, значително ќе ни помогне во раното откривање на пожари и ќе ја зголеми ефикасноста на нашите теренски тимови. Превенцијата е од суштинско значење – затоа, паралелно со технолошкото унапредување, активно се вклучуваме и во едукативната кампања за подигнување на јавната свест. Шумите се заедничко национално богатство и нивната заштита бара заедничка акција и одговорност од сите“, потенцира проф. д-р Здравко Трајанов, в.д. директор на ЈП Национални шуми.

Минатата година ОКТА обезбеди специјализирана опрема за гаснење на пожари на непристапни терени, која ѝ беше донирана на територијалната противпожарна единица од Свети Николе, чија околина минатото лето ја зафатија големи пожари. Истата година ОКТА го отвори и првиот тренинг-центар за противпожарна заштита од нафтени деривати во земјата, наменет за обука и изведување на вежби за гасење пожари во безбедни и строго контролирани услови.

ПР

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Клиниката „Жан Митрев“ го промовира здравиот начин на живеење преку шутбал – Walking Football

Објавено пред

Клиника Жан Митрев ја презема водечката улога во унапредување на здравите навики во Македонија, преку промоција на спорт што станува се попопуларен во светот – Walking Football, кај нас познат како Шутбал.

dobivaj vesti na viber


Под покровителство на Фудбалската федерација на Хрватска, екипата на Клиниката зеде активно учество на меѓународен турнир на островот Вис, каде што ја претставуваше Македонија со спортски дух и огромна посветеност. Натпреварувајќи се со тимови од Хрватска, Австрија и Унгарија, нашиот тим остави силен впечаток со својата енергија, фер-плеј и професионалност, што резултираше со нови покани за учество на меѓународни турнири.

Шутбалот е повеќе од игра – тој е нова можност за луѓето од сите возрасти да останат физички активни, да се дружат и да се грижат за своето здравје. Се базира на правилата на традиционалниот фудбал, но со клучна разлика: нема трчање, се игра со одење, а акцентот е ставен на рекреација, тимска игра и социјализација. Ова го прави идеален спорт за повозрасни лица, пациенти во рехабилитација, хронично болни, дијабетичари, хендикепирани, постари над 80 години старост,мешани тимови мажи и жени, како и секој кој сака да води активен и здрав животен стил.

Клиника Жан Митрев е основоположник на Walking Football во Македонија и веќе ја најавува својата заложба за организирање домашни и меѓународни турнири. Целта е да се направи спортот достапен за пошироката јавност и да се поттикне изградбата на заедница која го негува здравиот начин на живот. Спортот бележи експанзија на светско ниво и е препознаен од страна на FIFA и UEFA како здравствено-корисна, инклузивна и безбедна алтернатива на традиционалниот спорт.

Клиниката ја презема одговорноста да ја води иницијативата за официјално втемелување на овој спорт во нашата земја, со јасна визија – да се создаде движење што ќе го негува спортот, здравјето и активниот животен стил, без разлика на возраста.

ПР

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Ден на автомобилска извонредност: „Порше центар Скопје“ домаќин на 911-заедницата

Објавено пред

Од

Изминатиот викенд „Порше центар Скопје“ гордо беше домаќин на извонреден настан за заедницата на сопственици на иконскиот „911“ собирајќи импресивна колекција од 42 модела во многу варијанти и разни генерации, како ултраексклузивните 911 GT3 RS, 911 GT3 и Turbo S помеѓу другите. Ова собирање ги прослави богатото наследство и трајната страст за иконската серија на „911“.

dobivaj vesti na viber

Настанот привлече многу ентузијасти на Porsche, вклучувајќи ценети клиенти, пријатели на брендот и почитуваните членови на „Порше клуб Македонија“. Присутните имаа единствена можност да бидат сведоци на еволуцијата на „911“, од класичните модели со воздушно ладење до најновите иновации, сите прикажани во живописна изложба на автомобилска извонредност.

ж

„’911′ е повеќе од само автомобил; тоа е симбол на инженерска моќ и безвременски дизајн“, изјави г. Златко Муцунски, генерален менаџер на П’орше Македонија’ во ‘Порше центар Скопје’. Успешната организација на овој настан ни овозможи да го почитуваме наследството на ‘911’ и да се поврземе со страсната заедница што го опкружува“.

„Порше куб Македонија“ одигра клучна улога во успехот на настанот, одразувајќи ја посветеноста на клубот за поттикнување силна заедница на љубители на „порше“. Нивното учество го нагласи длабоко вкоренетиот ентузијазам за брендот во регионот.

Овој настан не само што го прослави богатото минато на 911, туку ја истакна и посветеноста на „Порше центар Скопје“ за ангажирање и поддршка на локалната заедница на Porsche. Преку вакви иницијативи, центарот продолжува да ја зајакнува врската помеѓу брендот и неговите ентузијасти.

(ПР)

Прикажи повеќе...

Најново

Топ2 часа

Уапсени четири лица во Скопје, ликвидирале луѓе по нарачка

Врз основа на обезбедени докази во текот на истражната постапка што се спроведува против членовите на криминалната група „Беланоца-Барон“ во...

Македонија3 часа

Нов министер за здравство ќе има следната недела, таа позиција останува во „Вреди“, вели Мицкоски

Владините коалиционери се договориле до крајот на оваа недела да се дефинираат кадровските решенија по излегувањето на Арбен Таравари од...

Македонија4 часа

(Видео) Данела Арсовска во живо се вклучи од објект во Чаир: „Дивоградба на државно земјиште“

Градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска, се вклучи во живо од инспекција на нелегален објект во општина Чаир.   Таа...

Македонија4 часа

Ристоска: Поради мојата кандидатура за судија во ЕСЧП, цел сум на клевети и напади

Во изминатиот период, поради мојата апликација за кандидат за судија во Европскиот суд за човекови права, цел сум на неосновани...

Свет4 часа

Брисел предлага нова такса од две евра за пакет за купувања од платформи како „Тему“

Европската комисија размислува за воведување такса од 2 евра за пакет за пратки надвор од ЕУ купени преку онлајн-платформи, како...

Македонија5 часа

Со новиот закон ќе може да се вработуваат студенти, пензионери, корисници на социјална помош…

Со новиот закон за привремено и сезонско ангажирање лица, кој вчера беше изгласан во Собранието, работодавците ќе може да ги...

Македонија6 часа

Царината заплени тутунски производи, автоделови, ветеринарни лекови, девизи, облека

Во текот на минатата недела, царинските службеници открија повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани цигари,...

Македонија6 часа

Муцунски: Усвоени измените на Законот за надворешните работи – суштински чекор за професионализација на дипломатијата и подобрување на условите за македонските дипломати во странство

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, преку социјалните мрежи информираше дека вчера Собранието, на предлог на Министерството...

Македонија7 часа

Голема полициска акција во Скопје, се вршат претреси на пет локации

Под раководство на предметниот обвинител што постапува во предметот под кодно име „Бункер“, единиците на МВР од рано утринава вршат...

Свет8 часа

(Видео) Драматични сцени од Австралија: хеликоптери и чамци ги евакуираа жителите заробени на покривите

Австралиската телевизија „Еј-би-си“ објави „поплави од невидени размери“, опишувајќи драматични сцени додека хеликоптери и чамци ги евакуираа жителите заробени на...

Свет9 часа

(Видео) Рубио: Граѓанска војна од епски размери може да почне во Сирија за неколку недели

Американскиот државен секретар Марко Рубио повика на поддршка за преодните власти во Сирија и предупреди дека земјата може да биде...

Свет9 часа

Си-ен-ен: Израел подготвува голем напад врз иранските нуклеарни постројки

Соединетите Американски Држави добија нови разузнавачки информации кои сугерираат дека Израел се подготвува за напад врз нуклеарните постројки на Иран,...

Европа10 часа

Мелони: Папата ми рече дека е подготвен да биде домаќин на мировни преговори за Украина

Италијанската премиерка Џорџa Мелони изјави дека папата Лав во телефонски разговор со неа ја потврдил својата подготвеност да биде домаќин...

Свет10 часа

(Видео) Трамп: Го избрав дизајнот за ракетниот штит „Златна купола“

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека го избрал дизајнот за ракетниот одбранбен штит „Златна купола“ вреден 175 милијарди долари и...

Македонија11 часа

Нормализиран сообраќајот на експресниот пат Градско – Прилеп

Сообраќајот на експресниот пат Градско – Прилеп од ноќеска, во 01:20 часот е нормализиран, извести АМСМ. Претходно од АМСМ информираа...

Економија1 ден

Николоски: Договорот ќе го потпишеме во четврток во Лондон, 22 мај ќе биде датум кој долго ќе се споменува

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на денешната прес-конференција објави дека Владата го усвоила Договорот за стратешко партнерство со...

Економија1 ден

Мицкоски: Оптимист сум дека растот на БДП ќе биде помеѓу 3,5 и 4 проценти

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, во одговор на новинарско прашање поврзано со проекциите на Европската комисија и за економскиот раст...

Македонија1 ден

Николовски се пофали дека Царината за пет месеци сработила колку за три години, но спореди со периодот од 2020 до 2022 година

Директорот на Царинската управа, Бобан Николовски, се пофали дека со засилени контроли за неполни пет месеци сработиле колку што претходно...

Македонија1 ден

„Влен“ ја претстави пратеничката група од девет пратеници, ќе им се приклучи и десетти

Коалицијата „Влен“ ја претстави пратеничката група, која брои девет пратеници, по оставката на пратеникот Салим Сулејмани, кој викендов се повлече...

Македонија1 ден

Опожарени три возила во Битола, едното на политичар од СДСМ

Три возила во Битола синоќа биле опожарени, а едното е на бизнисменот и поранешен кандидат за градоначалник од СДСМ, Христо...