Соопштенија
(Видео) Костадинов: Целиот демократски свет подава рака и искрено посакува Македонија да стане дел од ЕУ и НАТО

Како дел од караванот на коалицијата „Заедно за европска Македонија“ денеска прес-конференција одржа Костадин Костадинов, пратеник на СДСМ. Костадинов во својата изјава потенцираше дека Македонија добива силна, директна и отворена поддршка од двата најголеми и најзначајни светски сојузи, и Европската Унија и НАТО.
„Целиот демократски свет ја препозна промената, ги признава и вреднува успесите постигнати на домашен и меѓународен план. Земјите на двата најголеми сојузи сакаат да ја видат Македонија како полноправна членка на ЕУ и НАТО. Со поканата за влез во НАТО и датумот за преговори со ЕУ, стануваме дел од глобалните сојузи кои ја гарантираат нашата стабилна иднина и со тоа ги остваруваме стратешките интереси поставени уште на денот на нашата независност“, изјави Костадинов.
Пратеникот на СДСМ додаде дека поддршката е директна, отворена, недвосмислена и доаѓа лично од светските лидери и во таа насока, додава Костадинов, се и посетите на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, канцеларот на Австрија, Сабастијан Курц, и канцеларката на Германија, Ангела Меркел, кои ќе се случат за само неколку дена.
Целиот демократски свет подава рака и искрено посакува Македонија да стане дел од ЕУ и НАТО, изјави Костадинов на прес-коференцијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
Прилепска Пиварница добитник на платинеста награда за извонредност во квалитет и безбедност на храна од PepsiCo за 2024 година

Со гордост објавуваме дека Прилепска Пиварница е добитник на највисокото признание од PepsiCo – BEVERAGES Caleb Bradham Quality & Food Safety Excellence Award for 2024, платинеста награда за извонредност во категоријата „Пијалаци“. Ова престижно признание ја потврдува нашата посветеност кон врвниот квалитет, безбедноста на храната и на пијалаците, како и постојаното подобрување на производствените процеси.
Прилепска Пиварница е едната од само две фабрики во Европа што ја добиваат платинестата награда, од вкупно 28 наградени производители на храна и пијалаци низ светот. Наградите се доделуваат во четири категории: платинеста, златна, сребрена и бронзена, и ги препознаваат најдобрите производствени капацитети на PepsiCo за извонредни резултати во областа на квалитетот и безбедноста.
Платинестата награда им се доделува на најдобрите од најдобрите, одбрани меѓу златните добитници според строги критериуми, какви што се: AIB International оцена над 925, перформанси на квалитетот и безбедноста на храната и на пијалаците над 98%, без повлекувања или поплаки од потрошувачи.
Дополнително, Прилепска Пиварница се истакна со континуирано подобрување на процесите, најдобри перформанси во контролата на параметрите од 3C (capability, control, consumer) платформата и перформансот според AIB, намалување дефекти поврзани со изгледот на пакувањата, како и со спроведување иницијативи за одржливост, заштита на животната средина и социјална одговорност.
„Оваа награда е уште една потврда за посветеноста и стручноста на нашиот тим. Горди сме што ја носиме платинестата награда во Македонија и ќе продолжиме да бидеме препознатлив пример за извонредност и на европско и на глобално ниво“ – изјави Панде Самарџиоска, заменик-генерален директор.
ПР
Соопштенија
Чуварите на мудроста третпат ќе ги отворат срцата и умовите пред младите

Некои од најуспешните и највлијателни луѓе и професионалци од Македонија ќе ги отворат срцата и умовите на третото издание на конференцијата „Чувари на мудроста“, организирана од Халкбанк, која ќе се одржи на 28 мај на Економскиот факултет во Скопје.
Оваа конференција прерасна во вистински мост помеѓу генерациите – таа нуди уникатна можност да се учи од мудроста на докажани бизнис лидери, уметници, професори, автори и визионери кои оставиле длабока трага со своето делување во земјата и светот.
На конференцијата говорниците ќе ги пренесат своите животни и професионални совети на младите, ќе зборуваат за почетоците, предизвиците и клучните моменти што ги обликувале како личности.
Дали постои рецепт за успех? Што ги мотивирало да не се откажат? Низ искрени и отворени разговори, „Чуварите на мудроста“ ќе ги споделат своите животни приказни, драгоцени искуства и искрени совети – не само со студентите, туку и со сите што сакаат да растат, учат и да се инспирираат.
Како и на претходните две изданија, конференцијата ќе биде во формат на форум што ги обединува сите кои веруваат во моќта на знаењето и животното искуство. Со отворени разговори, прашања и дискусии, сите присутни ќе можат да се вклучат и да споделат свое размислување или прашање.
Во текот на наредните неколку дена ќе бидат најавени говорниците на конференцијата, како и темите на панелите. Конференцијата „Чувари на мудроста“ е бесплатна и отворена за сите заинтересирани. Но, заради ограничениот капацитет, истите треба да го пријават своето присуство со пополнување онлајн формуларот за регистрација.
Дојдете и бидете дел од настанот којшто не само што инспирира, туку и обединува. Мудроста нема возраст – таа се создава и негува кога младоста и зрелоста ќе си подадат рака.
Соопштенија
Самит на Македонија 2025 – Просперитет, технологија, иновации

На 12-ти и 13-ти мај, во хотелот „Мериот“ во Скопје, ќе се одржи 14-то издание на Самитот на Македонија2025. На настанот се очекува да присуствуваат над 550 гости, домашни и меѓународни лидери, претставници на домашни компании и компании од регионот и дијаспората, претставници на академската заедница, невладини организации, како и млади лидери.
Официјалното отворање на Самитот е закажано за 12-ти мај со воведни обраќања на претседателот на Одборот на директори на Македонија2025, Виктор Мизо и извршната директорка, проф. д-р Никица М. Блажевски.
Главните теми на Самитот ќе бидат обработени во 14 панел сесии на кои ќе учествуваат 36 врвни говорници од Македонија и светот. Фокусот ќе биде ставен на потребата од забрзан економски раст и моделите како тој да се оствари, како и на дигиталната трансформација, иновациите, привлекувањето странски инвестиции и борбата против корупцијата. На панелите и преку интервјуа со глобални и домашни лидери, ќе се дискутираат конкретни решенија и добри меѓународни практики за конкурентна, одржлива и поврзана Македонија.
Во рамки на Самитот, ќе се организираат и пет лидерски средби, два настани за вмрежување и осум засебни обуки и работилници за компании, млади таленти и владини институции. На овие настани ќе присуствуваат говорниците од Самитот и членовите на Одборот на директори на Македонија2025. Активностите поврзани со Самитот ќе завршат на 15-ти мај.
Самитот на Македонија2025 е регионален настан со најдолга традиција чија цел е размена на искуства и нови трендови, вмрежување на компаниите од регионот и дијаспората, како и инспирирање на промени во Југоисточна Европа.
Повеќе информации за Самитот се достапни на веб-страница на Македонија2025: https://macedonia2025.com/summit-2025/.
ПР