Соопштенија
Левица: Имотот на Камчев да се национализира бидејќи е стекнат преку криминал

Орце Камчев како политичка и бизнис-фигура не може да се ослободи од неговите криминали за време на претходната и актуелната власт, велат во соопштение од Левица од каде додаваат дека Камчев е превртлива политичка фигура која игра со сите партии во име на својот енормен капитал.
„Богатството што го има направено од приватизацијата со помош на татко му, од потта на работниците во многубројните компании што тој ги поседува и од неговите криминални активности, најмалку му припаѓа нему“, велат од оваа политичка партија нагласувајќи дека единствениот разумен потег што е од интерес на народот е конфискација и национализација на сиот имот на Камчев.
Од Левица порачуваат дека 0,1% олигарси како Камчев заедно поседуваат повеќе од 99,9% од народот во Републиката, кои едвај крпат крај со крај.
„Ова општество е политички и економски неинклузивно и ја игнорира волјата на мнозинството, а поинакво не може ни да биде додека индивидуи како Камчев имаат толкава економска моќ, а следствено на тоа, и политичка моќ“, порачуваат од партијата.
Според нив, мора да одговараат сите кои, како што велат, 28 години го крадат и понижуваат народот, без разлика дали доаѓаат од ДПМНЕ или СДСМ. Од Левица сметаат дека прв на таа листа треба да биде најбогатиот Македонец, Орце Камчев.
„Сè што тој поседува мора да се врати кај народот, а Камчев да се затвори заедно со оние кои го рекетираат“, стои во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
(Видео) Градоначалникот тепач од Крива Паланка глуми жртва,а се однесува како шериф во општината, вели Манасиевски

Градоначалникот тепач Сашко Митовски од Крива Паланка, пред јавноста глуми жртва, а во суштина се однесува шерифски во општината, вели Валентин Манасиевски, член на Централниот комитет на ВМРО – ДПМНЕ. Тој денес на прес-конеренција рече дека Митовски ја злоупотребил службената положба.
„Митовски нема извршено надзор и контрола и спротивно на Закон одобрение за градба потпишал како важечко, иако не требало, за СДС тоа е режим, а Митовски жртва во случајот. Митовски не е никаква жртва, туку локален шериф во Крива Паланка, кој ги тепа своите сограѓани заради тоа што има капка повеќе алкохол во него. Но, сепак, еве би ги прашале СДС, дали тепачот градоначалник Митовски е жртва и во друг случај, кога повторно, спротивно на Закон, се изготвило решение за поставување на урбана опрема, поднесена од правно лице-угостителски објект, или во превод кафуле, чиј сопственик и управител е токму неговиот брат, Милан Митовски“, рече Манасиевски.
Ваквоо однесување, според Манасиевски покажува до каде одат градоначалниците од СДС како Митовски, во општините со кои раководат, мислат дека општината им е нивен приватен бизнис, па си прават што сакаат и мислат дека нема да одговараат пред Законот, затоа што досега праксата покажала дека секој оној којшто е близок до СДС или пак член на истата политичка партија, не одговара и нема никакви судски последици за работите кои ги прават спротивно на Законите.
„Исто така, за овој случај, тепачот Митовски има добиено кривична пријава, и покрај него уште три други лица, кои веројатно по негова насока го одобриле барањето од правно лице – угостителски објект, за поставување на урбана опрема, кое е во сопственост да повториме, на неговиот брат Милан Митовски. Ова е уште една потврда дека Сашко Митовски не е никаква жртва, ниту под прогон на некаков си режим, туку само обичен локален шериф, кој својата власт ја користи за свои лични интереси. Митовски знае дека за многу брзо од денес, ќе ги загуби изборите, бидејќи на граѓаните на Крива Паланка им е доста од градоначалник кој ги тепа своите сограѓани“, рече Манасиевски.
Тој е уверен дека на граѓаните на Крива Паланка им е потребна промена, а ВМРО-ДПМНЕ преку свој кандидат ќе ја испорача промената.
Соопштенија
Фудбалот е повеќе од игра – Mozzart го отвори вториот мини пич терен во Велес

Во живописниот Велес, град со душа што пулсира со историја, култура и љубов кон спортот, светна нова надеж: мини пич терен кој не само што ги зближува луѓето, туку ја отвора вратата кон соништата на многу млади фудбалери.
Теренот е донација од компанијата Mozzart, чија мисија е да покаже дека фудбалот не е само трка за топка – туку празник на заедништво, поддршка и човечност.
Акцијата Фудбалот е повеќе од игра започна во Србија, а од оваа година истата се реализира и на македонско тло.
Овој терен го носи името на велешката легенда Панче Ќумбев – симбол на посветеност, храброст и инспирација.
„ За мене ова значи голема чест и почитување,и секако обврска да продолжам со мојот ангажман во фудбалот и воопшто во спортот.Тоа што теренот го носи моето име за мене е голема работа,доказ дека сум оставил белег со својата кариера.Велес и Македонија секогаш давале големи имиња во спортот и мило ми е што Mozzart како општествено одговорна компанија со вложувањето во спортски терени тоа го препознава и поддржува. Вложувањето во спортски терени е вложување во здравјето на младите. Преку спортот можеме да градиме здрава иднина и здрави поколениjа, а основа за тоа се условите и терените. Mozzart очигледно ја знае вистинската формула за тоа и вложува во спортска инфраструктура. Продолжете со оваа благородна мисија и едно големо благодарам за се што правите”, изјави Панче Ќумбев.
На отворањето присуствуваа бројни љубители на фудбалот – родители, деца и млади таленти. Сите обединети во една емоција: благодарност.
Првите кои имаа чест да го тестираат теренот беа младите фудбалери од Велес. Тие одиграа хуманитарен натпревар со цел да помогнат на лицата со церебрална парализа од својот град — гест кој потврдува дека фудбалот има моќ да обединува и инспирира.
„Задоволството е огромно кога гледаме колку значи еден ваков проект за младите. Можеби токму тука ќе се роди новата фудбалска ѕвезда на Македонија. Нашата улога е да поддржиме, а младите да сонуваат, тренираат и го чуваат овој терен како свое светилиште,“ рече Ивана Стефановска Крстевска од Mozzart.
Акцијата „Фудбалот е повеќе од игра“ своето патување низ Македонија го започна од бисерот Охрид, продолжи во Велес, и наскоро ќе го заокружи во Свети Николе. Секој град добива нешто повеќе од терен – добива приказна, заедница и потсетник дека спортот има моќ да менува животи.
(ПР)
Соопштенија
Картичка за премиум-доживување – Lounge-пристап што го трансформира патувањето

Патувањето не мора да започне со гужви, редици и скапо кафе на аеродромите. Замислете да го започнете секој лет со мир, удобност и персонализиран третман – уште пред да се качите во авионот. Со Mastercard World кредитната платежна картичка од Халкбанк, вие не сте само патник, туку вие сте и привилегиран гостин.
Влезете во светот на ексклузивните Lounge Key салони ширум светот
Со Mastercard World кредитната картичка од Халкбанк, патувањето започнува уште во моментот кога влегувате во VIP зоната на аеродромот. Lounge Key е услуга која автоматски доаѓа со оваа картичка и ви овозможува пристап до над 1400 ексклузивни Lounge Key салони ширум светот, без потреба од дополнителна пријава и без непотребни процедури. Во овие салони ќе најдете сè што ви е потребно за мирен старт на патувањето, удобни места за седење, бесплатни освежувања и пијалаци, Wi-Fi, електрични приклучоци, весници, и она најважното, а тоа е мирот.
Споделување премиум привилегии
Корисникот на Mastercard World кредитната картичка покрај личната привилегија за пристап до Lounge Key салонот може да го придружува уште една личност.Без разлика дали патувате со партнер, пријател или колега, уживањето во удобноста на VIP просторијата го споделувате со некој близок.
Mastercard World е повеќе од картичка
Станува збор за платежна картичка која ви овозможува и брзи и безбедни плаќања. Располагате со можност за кредитен лимит до 1.200.000 денари, кој ви е достапен, тогаш кога најмногу ви треба, а месечната минимална отплата е само 10% од искористените средства. Може да купувате до 60 рати без камата кај трговци партнери на банката. Онлајн трансакциите се сигурни и без провизија.Во последната недела од секој месец, имате можност да подигнете готовина од банкоматите на Халкбанк, без провизија. Како дополнителна придобивка, добивате и 10% попуст при купување на полиси за доброволно осигурување од Халк Осигурување.
Како да станете дел од Mastercard World?
Аплицирајте во најблиската филијала или преку онлајн апликацијата на банката.
Со Lounge Key апликацијата го добивате светот на дланка, каде и да сте
Симнете ја бесплатната апликација Lounge Key (iOS и Android) и откријте ги сите VIP зони, условите за пристап и креирајте сопствен профил за уште полесно патување.
Уживајте во секој чекор од патувањето
Секое патување треба да започне со чувство на контрола, мир и удобност. Без разлика дали патувате често или повремено, за работа или задоволство, Lounge Key пристапот ви овозможува да го доживеете вистинското премиум искуство, уште пред да се качите во авионот.
ПР