Соопштенија
„Мириса на дома“ – кампања која го слави македонското гастрономско наследство, традицијата и уметноста

Македонската традиција е многу повеќе од наследство – тоа е срцето на нашата култура, вредности кои се пренесуваат од колено на колено.
Со кампањата „Мириса на дома”, Халкбанк ги поттикнува сите да ги почувствуваат вредностите што стојат зад традиционалните рецепти и приказните на кои тие се темелат.
Овој проект ја слави македонската култура и ги истакнува силните врски меѓу уметноста и храната. Кампањата е интегрирана преку видео материјалите под наслов #МирисаНаДома, кои ја доловуваат топлината на домашната трпеза и ги пренесуваат емоциите што ги носи секој оброк како симбол на љубов, споделување и традиција.
Во рамки на кампањата, Халкбанк ја промовира и книгата „Патување низ гастрономското наследство“ која е вистинско уметничко и културно остварување. Ова е книга што го претставува македонското гастрономско наследство како едно големо уметничко дело, кое зборува за нашата историја, традиција и култура. Книгата содржи повеќе од педесет рецепти од сите региони на Македонија, рецепти кои со векови се пренесуваат од генерација на генерација. За секој рецепт се направени оригинални илустрации создадени од пет реномирани македонски уметници, кои беа вклучени во овој проект, создавајќи уникатна визуелна приказна за секое јадење.
Кампањата е заокружена и со настан организиран од страна на банката, во традиционален амбиент, создавајќи неверојатна синергија помеѓу звукот на традицијата доловен преку музичката изведба на Дуке Бојаџиев и пријателите, вкусот и визуелните уметности, пренесувајќи многу емоции и неверојатно доживување на присутните.
„Оваа година, преку македонската традиционална храна, се враќаме назад во времето, каде што секој оброк носи приказни за нашата историја и култура. Со кампањата „Мириса на дома“, продолжуваме да ја славиме македонската традиција, поттикнувајќи ги сите да ги почувствуваат вредностите што стојат зад секој рецепт, кој е наследство пренесувано низ генерации. “ изјави Маја Наумовска Савеска, директор на корпоративни и маркетинг комуникации во Халкбанк АД Скопје.
„Мириса на дома“ е дел од кампањата „Трајни културни вредности“ која трета година по ред ги слави богатствата на македонската култура и традиција, иницијатива на Халкбанк АД Скопје. Оваа кампања продолжува да ја истакнува уникатноста на нашето наследство преку уметност, храна и музика.
(ПР)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
Среќата ја избра Битола – нов автомобил FORD KUGA од инстант-лозот „Титаниум“ на Државната лотарија!

Во семејството на добитници од инстант лотаријата на Државна лотарија се приклучи нова среќна добитничка — К.Т. од Битола, која со еден изгребан лоз го освои својот нов автомобил FORD KUGA од инстант лозот „Титаниум“.
„Редовно играм, но првпат добивам. Овој пат среќата дојде и кај мене“, ни сподели К.Т. со насмевка. Нејзината добивка не е само автомобил — таа е симбол на верба, упорност и радост.
Сè започнало како обичен ден — еднодневна екскурзија до Штип, со пријателка. Прво посетиле манастир во околината, потоа уживале во традиционална штипска пастрмајлија, а кратката прошетка низ градот ги донела до продажното место „Студио 25 Продукција – 5“ во срцето на Штип. Токму таму, К.Т. купила неколку инстант лозови, меѓу кои и добитниот „Титаниум“.
„Случајно застанавме пред продажното место на Државна лотарија и решив да си купам инстант лозови, бидејќи игрите на среќа се дел од моето секојдневие, како и во моето семејство. Кога го изгребав лозот и станав свесна за добивката — нов автомобил — почувствував, радост и возбуда што тешко можам да ги опишам,“ раскажува К.Т.
Оваа добивка не е прва во нејзиното семејство. Пред извесно време, нејзиниот син освоил парична добивка од 10.000 денари, исто така, од инстант лоз. Семејството редовно ги уплатува своите среќни броеви на ЛОТО 7 преку loto.mk, а секое коло носи нова возбуда и надеж.
„Играм со години, од љубов кон играта. Тоа е ритуал, момент на возбуда, надеж и забава. А сега, кога среќата навистина ми се насмевна, чувството е неверојатно“, додава таа.
К.Т. е доказ дека среќата не прашува каде си — таа доаѓа кога најмалку очекуваш. Од Битола до Штип, од прошетка до добивка, нејзината приказна е инспирација за сите што веруваат во среќата.
Нејзината порака до сите играчи на игри на среќа: „Среќата е насекаде околу нас, треба само да ја пронајдеме“.
Државна лотарија продолжува да ги радува своите играчи со добивки што носат насмевки, возбуда и нови почетоци. Инстант лозот „Титаниум“ е само еден од многуте начини преку кои среќата може да ви затропа на врата.
(ПР)
Соопштенија
Бомбастична есен = Бомбастични можности со Минт Кредит

Време е за нови планови и свежи почетоци – затоа што оваа есен носи бомбастични можности! Есенската сезона во Минт Кредит започнува со неверојатна понуда, -30% попуст на трошоци до 300.000 мкд и инстант одобрување за само 10 минути, твоите идеи и желби стануваат реалност веднаш.
· Без чекање.
· Без компликации.
· Само голема насмевка и мали трошоци. Акцијата важи во периодот од 22.09.2025 до 30.09.2025 за Минт Кредит од 300.000 мкд. Секој клиент кој ќе аплицира во наведениот рок ќе има можност да добие значителна заштеда, а истовремено и финансиска поддршка до 300.000 мкд. За повеќе информации контактирајте не на 15 107 или преку веб-страната Mint Credit.
(ПР)
Соопштенија
50 македонски комунални возила на БРАКО на улиците на Ријад

Над 50 возила за чистење Грин Машинс произведени во фабриката БРАКО од Велес се продадени во главниот град на Саудиска Арабија, Ријад. Со тоа, македонскиот инженерски производ се најде во служба на еден од најголемите урбани проекти на Блискиот Исток.
Од производствените хали на БРАКО во Велес, директно на улиците на Ријад – над 50 специјализирани возила GM636 се веќе испорачани и активно се користат за одржување на хигиената во главниот град на Саудиска Арабија.
Се работи за голема и комплексна испорака, во рамки на една од најобемните јавни програми за чистење во тој регион, каде што повеќе изведувачи беа ангажирани за чистење на различни делови од градот. 50 возила од брендот Грин Машинс на БРАКО се вклучени во тој проект. За потребите на проектот во Ријад, тимот на БРАКО дополнително го зајакна моделот, прилагодувајќи го за работа во специфични климатски услови и за ефикасно справување со песочни наноси на улиците и јавните површини.
Испораките за Саудиска Арабија не завршуваат тука – фабриката во Велес очекува нови нарачки за возила за чистење за во други саудиски урбани центри.
БРАКО произведува 8 модели на возила Грин Машинс: на водороден, електричен и класичен погон. Преку свои фирми ќерки во Соединетите американски држави, Обединетото Кралство, Холандија и Германија и преку надворешна продажна мрежа, македонската врвна технологија за урбано чистење ја има на пазарите во над 50 земји.
(ПР)