Соопштенија
Мицкоски вели дека 60 илјади граѓани останале без работа, СДСМ тврди дека тоа е лага
СДСМ тврди дека е лага изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, кој преку објава на социјалните мрежи напиша дека над 60.000 граѓани ги загубиле своите работни места, а половина милион живеат со 2 евра на ден.
„Над 60 илјади граѓани ги загубија своите работни места; половина милион граѓани живеат со 2 евра на ден; 3.364 наши сограѓани ги загубија животите поради коронавирусот; имаме жестока здравствена криза и полициски час. Секој ден е нова борба за животот. Што направија луѓето од власта? Заминаа на одмор во Мексико и Дубаи. Трошат по еден стан за еден одмор. Од таквата одлепеност од реалноста на човека му доаѓа мачнина и гадење. Дезертери и криминалци ја водат земјата“, пишува Мицкоски.
Социјалдемократите реагираат дека Мицкоски првин велел дека 140.000 граѓани останале без работа, а денеска зборува за 60.000 луѓе.
„Официјалните податоци на Државниот завод за статистика покажуваат дека не само што нема 60.000 нови лица без работа туку и дека бројот на вработени во последниот квартал од 2020 година е зголемен во однос на третиот квартал од истата година. Стапката на невработеност, пак, во последниот квартал од 2020 година изнесува 16,1 отсто и е помала во споредба со последниот квартал од 2019 година кога изнесувала 16,5 отсто. Мицкоски не може да престане да лаже и не може да престане со обидите да му наштети на здравствениот систем. Граѓаните тоа го препознаваат и затоа шестпати го казнуваат на избори и затоа тој и неговата ВМРО-ДПМНЕ уште долго ќе бидат опозиција“, наведе СДСМ во реакцијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Соопштенија
Герасимовски: Даваме субвенции за нови фасади за зградите и ги обновуваме
Кандидатот за градоначалник на Општина Центар, Горан Герасимовски, денеска најави дека во вториот мандат се обновуваат фасадите и се зголемува енергетската ефикасност на зградите.
„Станарите добиваат субвенции за нови енергетски ефикасни фасади, што ги намалува трошоците за греење и ладење, а истовремено добиваат современ и уреден изглед на своите згради. Со обновувањето на фасадите, Центар добива нов, модерен, но и автентичен лик. Ја чуваме старата архитектура и ја уредуваме градската средина“, рече Герасимовски.
Тој потенцираше, дека паралелно се поставуваат и фотоволтаици на училиштата и општинските објекти преку претпријатието „Енергија Центар“.
„На тој начин, штедиме енергија и ги намалуваме трошоците за електрична енергија и до 50%. Работиме одговорно, современо и одржливо. За Центар што го сакаме!“, изјави Герасимовски.
Соопштенија
Манасиевски: Од историска победа нè делат само неколку дена
На 2 ноември сите заедно да го заокружиме бројот 9, за финалната победа на ВМРО-ДПМНЕ во Аеродром, Карпош, Шуто Оризари и Градот Скопје, повика Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Од оваа историска победа не делат само неколку денови. Со 33 освоени општини во првиот круг, водство во 21 од 27 општини во вториот круг и доминација во советничките листи, ВМРО-ДПМНЕ и граѓаните заедно ќе ја потврдат промената што ја започнавме. Имено, во Аеродром победивме со околу 9.500 гласови разлика. Во Карпош водиме со околу 1.500 гласови. Во Скопје убедливо сме пред второпласираниот со над 60.000 гласови. Во Шуто Оризари обединети, одиме кон пресврт и конечно враќање на довербата во локалната самоуправа. Советите се клучни за реализација на нашите проекти и визии. Имаме убедливо мнозинство од 15 советници во Аеродром, 11 во Карпош, 18 во Град Скопје и 4 во Шуто Оризари. За оваа победничка слика да биде целосна, потребна е вашата поддршка. Поддршка за проекти, за визии, за граѓаните“, рече тој.
Соопштенија
Јовановски: Нови садници во Кичево за почист воздух
Кандидатот за градоначалник на општина Кичево од ВМРО-ДПМНЕ, Aлександар Јовановски, во предизборната програма предвидува нови садници во општината за почист воздух.
„Почитувани, нашиот град Кичево беше познат по богата шума, по огромен шумски појас, по боровите, по чистиот воздух, по убавата животна средина. За жал, еден дел од тој шумски појас се уништи со несовесно користење и дел со изградбата на големиот проект за автопатот кој ќе не поврзува со Охрид. Кога ќе дојдам на позиција градоначалник, веднаш ќе преминам кон проект за пошумување и враќање на старата шума со што ќе допринесеме за почист воздух, почиста животна средина и поубав живот за сите нас во Кичево“, вели тој.

