Контакт

Соопштенија

Мицкоски: Власта покажува незаинтересираност за положбата на Ромите

Објавено пред

Ромите во Македонија се нераскинлив дел од македонското мултикултурно општество и затоа мора да се работи Ромите, нивниот јазик и култура сесрдно да бидат поддржувани и афирмирани на институционално ниво во нашата заедничка татковина Република Македонија, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во честитката по повод Меѓународниот ден на ромскиот јазик.

dobivaj vesti na viber

„Можноста да се изучува ромскиот јазик, да се користи на институционално ниво, да се твори и да се говори на ромски јазик треба да биде темелот на заштита на Ромите од асимилација и унапредување на нивните права и нивниот статус во државата“, се наведува во пораката на партискиот претседател.

Во неа се посочува дека, за жал, во последниот период јавноста е сведок на сè поголем број примери на дискриминација и кршење на правата на Ромите, за кои, како што се вели, инстутуциите на државата не преземаат доволно активности да ги санкционираат.

„Токму Ромите се една од најмаргинализираните заедници во државата и ваквиот однос на власта само дополнително ја покажува нејзината незаинтересираност ваквата состојба да се менува. Власта, за жал, како и за останатите граѓани, така и за Ромите, свесно ги злоупотребува економските и социјалните прилики на загрозени категории граѓани, не нудејќи притоа системски решенија кои ќе овозможат социјален и економски напредок, како основен предуслов за личен просперитет на поединците, но и заедниците“, посочува Мицкоски и додава дека власта треба и мора системски да ги решава предизвиците и да го поддржува унапредувањето на севкупниот општетсвен и социјален статус на граѓаните, а особено на Ромите.

Соопштенија

Стил, технологија и слобода во едно, дигитални аксесоари за секојдневно плаќање

Објавено пред

Секојдневниот живот веќе одамна не го мериме во чекори, туку во секунди. Брзото станува норма, а едноставното, неопходност. Луѓето денес бараат слобода, движење без прекини, рутини што не ги забавуваат, туку ги следат. Во таков контекст, сè помалку имаме простор за непотребно. Паричниците и документите сè повеќе се претвораат во дигитални решенија кои живеат во уреди, наместо во џебови.

dobivaj vesti na viber

Секој технолошки напредок што ни ја олеснува секојдневната логистика не е само иновација, туку природен одговор на новиот начин на живеење. А токму ваквите мали промени, најчесто носат најголемо ослободување.

Кога часовникот станува паричник

GarminPay е систем за дигитален паричник што им овозможува на корисниците на Garmin паметните часовници да плаќаат бесконтактно и брзо, директно од својот уред. Преку мобилната апликација Garmin Connect, корисниците ги дигитализираат своите дебитни и кредитни картички од Visa и Mastercard, издадени од Халкбанк АД Скопје, и ги поврзуваат со својот часовник.

Плаќањето се врши на сите ПОС терминали што поддржуваат NFC технологија, со едноставно доближување на часовникот до терминалот, претходно внесувајќи лозинка и избирајќи ја картичката со која ќе се плати. Апликацијата Garmin Connect е достапна за преземање од Google Play и App Store, што овозможува лесна и сигурна активација на дигиталниот паричник.

Откако ќе се дигитализираат картичките, корисниците можат да плаќаат брзо и безгрижно, користејќи го единствено својот Garmin паметен часовник.

Кога стилот има функција

Со FidesmoPay, пак, прстените, алките и привезоците се претвораат во дигитални аксесоари за бесконтактно плаќање. Овој модерен и практичен начин на плаќање ви овозможува слобода да се движите без паричник или телефон, носејќи го со себе само стилскиот аксесоар што ве претставува.

Преку мобилната апликација Fidesmo Pay, вашата Mastercard картичка издадена од Халкбанк лесно се дигитализира и се поврзува со избраниот уред, овозможувајќи ви брзи и безбедни плаќања на сите ПОС терминали што поддржуваат NFC технологија.

Уредите може да ги набавите преку официјалните партнери Tapster и Paycelet, а при купување може да искористите попуст со кодот halkbank10 за Tapster и Halk20 за Paycelet.

На овој начин, технологијата и стилот одат рака под рака, носејќи ја иднината на плаќањето директно кај вас.

Сигурност што не прави компромиси

И Garmin Pay и Fidesmo Pay користат напредна технологија со високо ниво на заштита. Во случај на губење на уредот, со неколку клика во апликацијата може веднаш да се паузира или избрише дигиталната картичка. Корисниците дополнително имаат можност да активираат СМС известувања за секоја трансакција, со што се обезбедува постојана контрола.

Во случај на сомнеж за злоупотреба, картичката може да се блокира преку електронско банкарство, во филијала или преку контакт центарот Help24 на Халкбанк.

Иднината не е тренд, туку веќе реалност

Овие решенија не се само модерни, тие се функционални одговори, на новата реалност. Плаќањето станува лично, флуидно и без прекини. Со Халкбанк, бесконтактното секојдневие е тука , прецизно, сигурно и прилагодено на вашиот животен стил.

Следниот пат кога ќе излезете од дома, запрашајте се дали го носите часовникот или прстенот. Картичката? Веќе не ви е потребна.

(ПР)

Прикажи повеќе...

Соопштенија

АЛКАЛОИД со извоз од 108,4 милиони евра, инвестиции од 10 милиони евра и вкупни консолидирани продажби од 164,2 милиони евра во периодот јануари – јуни 2025

Објавено пред

Приходи од продажби

dobivaj vesti na viber

Според единечниот биланс на успех, во периодот јануари – јуни 2025 година продажбите достигнуваат 6.754.023.385 денари, што е за 1 % повеќе во споредба со истиот период од минатата година. Вкупните консолидирани продажби, пак, достигнуваат 10.113.230.177 денари, што е за 7 % повеќе во споредба со истиот период од минатата година.

Во 2024 година остваривме импресивен раст од 15%, што значително ги надмина нашите првични проекции и претставуваше речиси двојно зголемување во однос на планираното за 2024 година. Ваквиот исклучителен резултат во 2024 година постави висока основа за тековната година, при што моменталниот раст е умерен, но е во согласност со предвидената динамика.

Во споредба со планираните продажби за првата половина од 2025 година реализираните се поголеми за 2 %.

Продажби според региони

Консолидираните продажби остварени на домашниот пазар се зголемени за 19 % во споредба со првите шест месеци од минатата година. Како докажан партнер на јавното здравство, компанијата активно учествува во обезбедувањето на најсовремени ретки и специфични терапии преку застапување на производите на светски реномирани фармацевтски производители, обезбедувајќи значајна поддршка за здравствениот систем во земјава. И

ако профитабилноста на овие програми е ограничена, тие значително го зголемуваат учеството на домашниот пазар во вкупните консолидирани продажби. Од вкупните консолидирани продажби 34 % се остварени на домашниот пазар, додека, пак, 66 % се остварени на странските пазари.

Гледано според региони, во земјите од Југоисточна Европа се остварени 28 %, во земјите од Источна Европа (ЗНД, УКР…) се остварени 19 %, а во земјите од Западна Европа (ЕУ и ЕФТА) се остварени 19 % од вкупните консолидирани продажби.

Најголем пораст кај извозните пазари, во споредба со минатата година, бележат продажбите остварени во Холандија, кои се зголемени 6,6-пати; потоа во Австрија, каде што се зголемени 5,3-пати, во Шведска, каде што се зголемени 4-пати, на Јужна Африка, каде што се зголемени 3-пати, како и во Финска каде што продажбите се зголемени 2,8 пати. Потоа следуваат оние во Ирска (раст од 66%), Грузија (раст од 45%), Ерменија (раст од 23 %), во Грција (раст од 17 %), Босна и Херцеговина (раст од 14 %), Германија (раст од 14 %), во Словенија (раст од 10 %), Србија (раст од 10 %), Хрватска (раст од 9 %) итн. Во периодот што следува очекуваме кумулативните пласмани на странските пазари да ги надминат минатогодишните.

Продажби според групи производи

Гледано според групи производи, во структурата на вкупните консолидирани продажби најголемо учество заземаат производите од сегментот фармација, и тоа 91 %. Од нив поголем удел имаат антибиотиците со 23 %, препаратите ОТЦ со 16 %, невролошките препарати со 13 %, кардиолошките препарати со 12 % од вкупните консолидирани продажби итн. Сегментот хемија, козметика и билкарство учествува со 9 % во вкупните консолидирани продажби, поточно хемија учествува со 2 %, козметика со 6 %, а билкарство учествува со 1 %.

Вкупните продажби бележат пораст кај сегментот фармација, додека во Сегментот хемија, козметика и билкарство бележат намалување во споредба со остварените во истиот период од 2024 година. Сегментот фармација бележи раст од 8 %, хемија раст од 15 %, козметика пад од 7 %, а билкарство намалување од 17 %.

Намалувањето на продажбите во сегментите козметика и билкарство во голема мера се должи на намалените и ограничени цени и маржи на речиси целото портфолио во Македонија и во Црна Гора.

Инвестиции

Вкупните инвестиции во основни средства во периодот јануари – јуни 2025 година изнесуваат 615.183.731 денари.

Резултати од работењето

Единечната добивка пред финансиските трошоци, даноците и пред амортизацијата (ЕБИТДА), која изнесува 1.614.311.178 денари, бележи зголемување од околу 10 %, додека, пак, единечната нето-добивка изнесува 941.846.091 денари и е зголемена за 7 %. Консолидираната добивка пред финансиските трошоци, даноците и пред амортизацијата (ЕБИТДА) достигна 1.699.523.384 денари и бележи раст од 9 %, додека, пак, консолидираната нето-добивка во износ од 855.738.395 денари е зголемена за 4 %.

При извршувањето на оперативните активности АЛКАЛОИД АД Скопје ангажираше повеќе од 1.000 домашни добавувачи.

Вработени

Во периодот јануари – јуни 2025 година во АЛКАЛОИД АД Скопје се реализирани 21 ново вработување во РС Македонија.

Со одлука на Управниот одбор на АЛКАЛОИД АД Скопје, во март 2025 година е одобрен и исплатен регрес во висина од 44.500 денари нето-износ за користење годишен одмор за вработените во компанијата. Групацијата АЛКАЛОИД брои 3.027 вработени, од кои 2.269 се во земјава, а 758 се вработени во капитално поврзаните друштва во странство.

Податоци за акциите

Акциите на АЛКАЛОИД АД Скопје котираат на официјалниот пазар на Македонската берза за хартии од вредност од 2002 година и важат за едни од најтргуваните и најликвидните акции на Берзата.

Цената на акцијата во периодот јануари – јуни 2025 година се движеше од 24.000,00 до 31.099,00 денари или просечно 28.140,53 денари за една акција, што претставува раст од 39 % во споредба со просечната цена на акцијата во истиот период од 2024 година. Движењето на цената на акцијата е во рамките на трендот на просечниот годишен раст и се должи на редовното и транспарентно објавување позитивни резултати од работењето на компанијата, позитивното јавно мислење, на довербата во нашите производи, управувањето со Друштвото и на генералниот тренд на движење на глобалните и на регионалните берзи.

На 30.06.2025 година акциите на АЛКАЛОИД АД Скопје беа во сопственост на 6.270 акционери, физички и правни лица, a пазарната капитализација на компанијата изнесуваше 39,7 милијарди денари. На 1 април 2025 година, на Годишното собрание на акционерите, е одобрена пресметка и исплата на бруто-дивиденда за 2024 година во износ од 901.752 илјади денари. Во согласност со дивидендниот календар, во мај 2025 година започна исплатата на дивидендата во износ од 630 денари бруто, односно 567 денари нето за една акција.

Дивидендата од акција за 2024 година е поголема за 16,67 % во однос на исплатената дивиденда од акција за 2023 година.

Бизнис-план за 2025 година

Бизнис-планот за 2025 година, донесен со одлука на Управниот одбор на АЛКАЛОИД АД Скопје на седницата одржана на 27.12.2024 година, предвидува инвестирање на околу 8 % од консолидираните приходи од продажби во материјални и во нематеријални средства, раст од 8 % на консолидираните продажби во однос на реализираните во 2024 година, како и раст од 7 % на консолидираниот профит пред оданочувањето во однос на 2024 година.

Бизнис-планот за 2025 година е базиран на очекувањата, проекциите и на можностите на тековните и на новите пазари и производи достапни за компанијата во моментот на изготвување на Планот.

Околностите и настаните во 2025 година, а со тоа и остварените резултати може да варираат во однос на прикажаните во Бизнис-планот.

Очекувања за претстојниот период Т

рендот на работење во отежнати економски услови, кои беа актуелни во изминатите неколку години, сосема е извесно дека ќе продолжи и во 2025 година. Доминанти предизвици беа инфлацијата и порастот на каматните стапки, кои, сепак, според сите очекувања, би требало да влезат во зоната на стагнација, а можеби и на благо опаѓање.

Секако, глобалните безбедносни кризи ги отежнуваат економскиот амбиент и предвидливоста, што секогаш може да повлијае и врз цените на енергенсите, да создаде тешкотии во синџирите на испораки, но и да повлијае врз достапноста на одредени материјали. Дополнително, потенцијалниот ризик од глобална трговска војна може да предизвика нови покачувања на цените на суровините и да доведе до зголемени трошоци во работењето.

Внимателно го следиме развојот на настаните и преземаме мерки за ублажување на овие потенцијални ефекти. Очекуваме во 2025 година да продолжиме по патеката на континуираниот раст базиран на можностите од нашите тековни инвестиции во нови производствени капацитети и опрема и од вложувањата во развојно-истражувачки проекти, на тој начин создавајќи конкурентно портфолио и можности за ширење на пазарите. За остварување на овие цели ќе продолжиме и со нови вработувања во земјава, но и на странските пазари, притоа континуирано вложувајќи во подигнувањето и во усовршувањето на нивото на знаења и на вештини на нашите вработени и во градењето таленти.

( ПР)

Прикажи повеќе...

Соопштенија

„Плазма“ и „Роса“ им посакуваат на првачињата успешен почеток на учебната година со подарок пакетчиња

Објавено пред

Министерството за образование и наука и ЗЕЛС потпишаа Меморандум со социјално одговорните компании Бамби и Пивара Скопје, според кој над 21.000 првачиња кои ќе го започнат своето школување на 1 септември, ќе добијат подарок пакетчиња со производи од Плазма и Роса.

dobivaj vesti na viber

На овој начин, ЗЕЛС, Министерството за образование и наука и компаниите со општествена одговорност преку своите брендови им посакуваат успешен почеток на најмладите ученици, одбележувајќи го овој важен момент во нивните животи.

Министерката за образование и наука Весна Јаневска изрази благодарност до општествено одговорните компании за покажаната грижа за првооделенците.

„Почетокот на учебната година е посебен и незаборавен момент за првачињата, за прв пат влегуваат во училиште, се сретнуваат со наставници и нови другарчиња, почнуваат да учат, да откриваат, да соработуваат и да бидат одговорни. Ваквите акции им покажуваат на најмладите дека пошироката заедница ги поддржува и ги охрабрува“, рече министерката Јаневска.

Претседателот на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски рече дека грижата за учениците е една од основните обврски на општините, како основачи на училиштата.

„Градоначалниците обединети во ЗЕЛС, но и сите како родители и граѓани, сакаме првооделенците да имаат добри сеќавања за првиот училишен ден. Заедно со компаниите кои инвестираат во заедницата сакаме првачињата да почнат на училиште со радост, и ова е добра порака дека ни се важни“, нагласи Ѓорѓиевски.

Директорката за бизнис развој во Бамби, Милица Шетка, рече дека се радува што Плазма се врати во Македонија по предизвиците со кои се соочуваше поради пожарот во фабриката во Пожаревац, поради кој беше запрено производството.

„За нас во Бамби, поддршката на најмладите секогаш била приоритет. Особено во важни животни моменти, како што е поаѓањето на училиште. Посебно ни е драго што, по предизвиците со кои се соочивме поради пожарот во нашата фабрика во Пожаревац, повторно сме тука – и тоа со иницијатива која носи радост. Сакаме овие подароци да бидат симбол на охрабрување и поддршка за секое дете кое го започнува своето патување во светот на образованието. Нашата цел е оваа акција да прерасне во традиција и во Македонија, како што веќе е во Србија.“

Брендот Роса, посветен на здравото растење, се приклучи на оваа иницијатива.

„Длабоко веруваме дека секое дете заслужува да ја започне учебната година со насмевка, поддршка и внимание. Како компанија која расте заедно со заедницата, свесни сме колку е важно првачињата да ја почувствуваат поддршката од сите нас. Затоа, преку брендот Роса станавме дел од оваа иницијатива — за да покажеме дека веруваме во идните генерации и дека сме со нив на секој чекор,“ изјави Огњен Лазиќ, генерален директор на Пивара Скопје.

Подарок – пакетчињата кои содржат ранец, распоред на часови, мозгалка, Плазма бисквити и шишенце Роса ќе бидат дистрибуирани до сите основни училишта низ државата за да ги пречекаат првачињата на 1 септември.

(ПР)

Прикажи повеќе...

Најново

Топ37 минути

Тешко злосторство во Кавадарци – го убил својот брат, па го закопал во дворот

Четириесет и тригодишен маж е осомничен дека по расправија го убил својот една година помлад брат, а потоа неколку дена...

Македонија5 часа

Децата на подолго болничко лекување нема да губат настава, на Детската клиника се воведува формално образование

За да нема прекин на воспитно-образовниот процес на учениците што имаат посериозни здравствени предизвици и се на болничко лекување повеќе...

Македонија5 часа

Хелсиншкиот комитет го осудува националистичкото скандирање на фудбалскиот натпревар меѓу „Шкендија“ и „Карабах“

Хелсиншкиот комитет за човекови права изразува сериозна загриженост и го осудува националистичкото и политизирано скандирање за време на фудбалскиот натпревар...

Македонија8 часа

Девет години од катастрофалните поплави во Гази Баба, во кои загинаа 22 лица

Денеска се навршуваат девет години од катастрофалните поплави во Стајковци и околните села и Сингелиќ во кои загинаа 22 лица....

Македонија8 часа

Над 360 лица ќе ја искористат мерката на Владата за пожарникари

Точно 364 лица, од кои 34 во Скопје, ќе ја искористат мерката на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, на која ќе...

Свет8 часа

ОН предупреди на катастрофални последици ако Израел ги прошири своите воени операции во Газа

Висок функционер на Обединетите нации предупреди дека може да има „катастрофални последици“ ако Израел ги прошири своите воени операции во...

Свет9 часа

Хирошима: 80 години од првата атомска бомба во светот, која уби над 100.000 луѓе

Јапонскиот град Хирошима одбележува 80 години од американскиот нуклеарен напад што го уништи градот и одзеде десетици илјади животи. Хирошима...

Свет10 часа

Трамп именува наследник

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, денес посочи дека потпретседателот Џ. Д. Венс би можел да биде неговиот најверојатен...

Регион10 часа

Српскиот министер, кој доживеа мозочен удар во емисија, е свесен, но сè уште во критична состојба

Министерот за јавни инвестиции на Србија, Дарко Глишиќ, се разбуди по операцијата поради мозочен удар и е свесен, но има...

Топ1 ден

Извршил обљуба врз деветгодишно девојче: уапсен скопјанец

Вчера полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Л.О.(32) од скопско село. Полицијата постапила по претходна пријава дека...

Топ1 ден

Семејството го барало неколку дена, во куќа во Кавадарци пронајден починат маж покриен со земја

Полицијата пронајде починат 42-годишен маж во Кавадарци, постојат сомненија за убиство. Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци изврши...

Македонија1 ден

Скопјанец преку веб-страница продавал билети за непостоен концерт

Полицијата поднесе кривична пријава за скопјанец кој преку веб-страница продавал билети за непостоен концерт. Денеска, Секторот за компјутерски криминал поднесе...

Македонија1 ден

Клиниката за детски болести доби нов дигитален мобилен рендген-апарат, донација од Јапонија

На Клиниката за детски болести денеска беше промовиран дигитален мобилен рендген-апарат, обезбеден со поддршка од Амбасадата на Јапонија. „Станува збор за...

Топ1 ден

Разоткриена мрежа на шверцери – купувале цигари на фришоп во Грција и ги пренесувале со цистерна со нафта

Царинска управа преку Секторот за контрола и истраги, откри и спречи криминална шема поврзана со шверц на цигари. Против пет...

Македонија1 ден

Гром го предизвикал пожарот во велешката фабрика, велат од „Мирана“

Удар од гром е причината за пожарот што синоќа избувна во дел од производствениот погон на „Биокосмос“ во Велес, информираат...

Македонија1 ден

(Видео) Еден качен на хауба, друг вози без дозвола – поднесени пријави за скопјаните што дивееја на улиците

Министерството за внатрешни работи поднесе пријави против двајца млади скопјани, откако на социјалните мрежи се појави видео од опасна и...

Македонија1 ден

Полициска интервенција во Струга: Над 500 лица и 120 луксузни возила на собир по полноќ, запленети автомобили

Доцна синоќа, нешто по полноќ, струшката полиција интервенирала на паркинг во градот по пријава за гласна бучава и вознемирување на...

Свет1 ден

Сѐ повеќе луѓе остануваат без работа поради вештачката интелигенција – најголем удар врз младите

„Мајкрософт“ годинава отпушти повеќе од 15.000 луѓе, од кои 9.000 само во јули, што е речиси 7 отсто од вкупната...

Култура1 ден

(Видео) Охридско лето со концерт на Ана Дурловски го прослави 65. роденден

Со концерт на реномираната македонска сопранистка, првенката на Националната опера и балет, Ана Дурловски која настапи со пијано придружба на...

Македонија1 ден

Променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, наместа во форма на невреме

Променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со...