Соопштенија
Мицкоски – Галовеј: Евроатланската интеграција на Македонија е единствен пат кон обезбедување на стабилност во регионот
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски оствари прва работна средба со амбасадорка на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Рејчел Галовеј.
На средбата претседателот Мицкоски и посака добредојде и посочи дека ВМРО-ДПМНЕ е политичка партија за која клучни приоритети на надворешно политички план се членството во НАТО и ЕУ, и развој на односите со Обединетото Кралство.
Претседателот Мицкоски образложи дека Република Македонија и нејзините граѓани се соочуваат со неодговорна и непринципиелна политика од страна на власта. Тој истакна дека и државата и граѓаните се заложници на коруптивното владеење и неспособноста на власта да ги спроведе реформите неопходни за исполнување на европските стандарди.
Мицкоски искажа незадоволство од формулирањето на референдумското прашање за кое власта одби консензус со опозицијата. Самоволието кое што парламентарното мнозинство го демонстрираше за вака важно прашање од страна на Мицкоски беше посочено како неодговорен и антидемократски чин.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека е клучно за Република Македонија да се фокусира на реформските процеси насочени кон создавање на посилна економија, правна држава, а се со цел зголемување на благосостојбата на граѓаните во Македонија.
Соговорниците се согласија дека процесот на Евроатланска интеграција на Македонија е единствен пат кон обезбедување на стабилност во регионот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Соопштенија
Герасимовски: Даваме субвенции за нови фасади за зградите и ги обновуваме
Кандидатот за градоначалник на Општина Центар, Горан Герасимовски, денеска најави дека во вториот мандат се обновуваат фасадите и се зголемува енергетската ефикасност на зградите.
„Станарите добиваат субвенции за нови енергетски ефикасни фасади, што ги намалува трошоците за греење и ладење, а истовремено добиваат современ и уреден изглед на своите згради. Со обновувањето на фасадите, Центар добива нов, модерен, но и автентичен лик. Ја чуваме старата архитектура и ја уредуваме градската средина“, рече Герасимовски.
Тој потенцираше, дека паралелно се поставуваат и фотоволтаици на училиштата и општинските објекти преку претпријатието „Енергија Центар“.
„На тој начин, штедиме енергија и ги намалуваме трошоците за електрична енергија и до 50%. Работиме одговорно, современо и одржливо. За Центар што го сакаме!“, изјави Герасимовски.
Соопштенија
Манасиевски: Од историска победа нè делат само неколку дена
На 2 ноември сите заедно да го заокружиме бројот 9, за финалната победа на ВМРО-ДПМНЕ во Аеродром, Карпош, Шуто Оризари и Градот Скопје, повика Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Од оваа историска победа не делат само неколку денови. Со 33 освоени општини во првиот круг, водство во 21 од 27 општини во вториот круг и доминација во советничките листи, ВМРО-ДПМНЕ и граѓаните заедно ќе ја потврдат промената што ја започнавме. Имено, во Аеродром победивме со околу 9.500 гласови разлика. Во Карпош водиме со околу 1.500 гласови. Во Скопје убедливо сме пред второпласираниот со над 60.000 гласови. Во Шуто Оризари обединети, одиме кон пресврт и конечно враќање на довербата во локалната самоуправа. Советите се клучни за реализација на нашите проекти и визии. Имаме убедливо мнозинство од 15 советници во Аеродром, 11 во Карпош, 18 во Град Скопје и 4 во Шуто Оризари. За оваа победничка слика да биде целосна, потребна е вашата поддршка. Поддршка за проекти, за визии, за граѓаните“, рече тој.
Соопштенија
Јовановски: Нови садници во Кичево за почист воздух
Кандидатот за градоначалник на општина Кичево од ВМРО-ДПМНЕ, Aлександар Јовановски, во предизборната програма предвидува нови садници во општината за почист воздух.
„Почитувани, нашиот град Кичево беше познат по богата шума, по огромен шумски појас, по боровите, по чистиот воздух, по убавата животна средина. За жал, еден дел од тој шумски појас се уништи со несовесно користење и дел со изградбата на големиот проект за автопатот кој ќе не поврзува со Охрид. Кога ќе дојдам на позиција градоначалник, веднаш ќе преминам кон проект за пошумување и враќање на старата шума со што ќе допринесеме за почист воздух, почиста животна средина и поубав живот за сите нас во Кичево“, вели тој.

