Соопштенија
Мицкоски: Денешниот празник нека биде сведок и пример дека со искрена волја, чисто срце и верба можни се големи работи
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, упати честитка со поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, Архиепископ Охридски и Македонски Г.Г. Стефан по повод празникот Успение на Пресвета Богородица.
„Денешниот празник е сведоштво за мајчинската љубов, верата во Христа, и пожртвуваноста која е исполнета со добри дела и хуманост кон човештвото. Правејќи добри дела, создаваме и оставаме зад себе трајни вредности и секој еден на тој начин придонесува со свој личен пример за развојот на нашата земја и создавање на подобра иднина. Верувањето во Христа, пожртвуваноста на мајката Богородица не учи дека добрите дела кон ближните, кон знајните и незнајните нема да останат незабележани, и тие се траен влог во изградбата на една личност.
Нашиот народ децении и векови наназад покажал искрена верба во Христа, споделување на заедничките христијански вредности, кои се општи, универзални и човечки.
Нека денешниот ден биде сведок и пример дека со искрена волја, чисто срце и верба можни се големи работи. Нам ни треба земја каде напредокот и среќата на нејзините граѓани ќе бидат во самите приоритети, земја каде ќе се работи на намалување на растечката сиромаштија, ќе се помага на гладните, а болните ќе ја добијат од системот на државата потребната грижа и услуга.
Денес нашата држава се соочува со бројни предизвици, а иселувањето на младите е еден од нив. Нивното раселување значи изгубена и уништена иднина, затворени куќи, напуштени родни огништа. Треба сите заедно да придонесеме да создадеме подобра иднина, подобри услови за живот и само така ќе бидеме од полза на нашата земја и општество. На нашата земја и е потребна и сплотеност и обединетост, за да се постигне ова, треба да се стави крај на политичката одмазда и политички прогонуваните случаи. Македонија мора да започне да оди напред и да ги користи сите свои потенцијали, затоа што само така Македонија ќе победи“ ,пишува во честитката.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Соопштенија
Герасимовски: Даваме субвенции за нови фасади за зградите и ги обновуваме
Кандидатот за градоначалник на Општина Центар, Горан Герасимовски, денеска најави дека во вториот мандат се обновуваат фасадите и се зголемува енергетската ефикасност на зградите.
„Станарите добиваат субвенции за нови енергетски ефикасни фасади, што ги намалува трошоците за греење и ладење, а истовремено добиваат современ и уреден изглед на своите згради. Со обновувањето на фасадите, Центар добива нов, модерен, но и автентичен лик. Ја чуваме старата архитектура и ја уредуваме градската средина“, рече Герасимовски.
Тој потенцираше, дека паралелно се поставуваат и фотоволтаици на училиштата и општинските објекти преку претпријатието „Енергија Центар“.
„На тој начин, штедиме енергија и ги намалуваме трошоците за електрична енергија и до 50%. Работиме одговорно, современо и одржливо. За Центар што го сакаме!“, изјави Герасимовски.
Соопштенија
Манасиевски: Од историска победа нè делат само неколку дена
На 2 ноември сите заедно да го заокружиме бројот 9, за финалната победа на ВМРО-ДПМНЕ во Аеродром, Карпош, Шуто Оризари и Градот Скопје, повика Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Од оваа историска победа не делат само неколку денови. Со 33 освоени општини во првиот круг, водство во 21 од 27 општини во вториот круг и доминација во советничките листи, ВМРО-ДПМНЕ и граѓаните заедно ќе ја потврдат промената што ја започнавме. Имено, во Аеродром победивме со околу 9.500 гласови разлика. Во Карпош водиме со околу 1.500 гласови. Во Скопје убедливо сме пред второпласираниот со над 60.000 гласови. Во Шуто Оризари обединети, одиме кон пресврт и конечно враќање на довербата во локалната самоуправа. Советите се клучни за реализација на нашите проекти и визии. Имаме убедливо мнозинство од 15 советници во Аеродром, 11 во Карпош, 18 во Град Скопје и 4 во Шуто Оризари. За оваа победничка слика да биде целосна, потребна е вашата поддршка. Поддршка за проекти, за визии, за граѓаните“, рече тој.
Соопштенија
Јовановски: Нови садници во Кичево за почист воздух
Кандидатот за градоначалник на општина Кичево од ВМРО-ДПМНЕ, Aлександар Јовановски, во предизборната програма предвидува нови садници во општината за почист воздух.
„Почитувани, нашиот град Кичево беше познат по богата шума, по огромен шумски појас, по боровите, по чистиот воздух, по убавата животна средина. За жал, еден дел од тој шумски појас се уништи со несовесно користење и дел со изградбата на големиот проект за автопатот кој ќе не поврзува со Охрид. Кога ќе дојдам на позиција градоначалник, веднаш ќе преминам кон проект за пошумување и враќање на старата шума со што ќе допринесеме за почист воздух, почиста животна средина и поубав живот за сите нас во Кичево“, вели тој.

