Контакт

Соопштенија

Мицкоски: Заев бега од јавно соочување затоа што нема оправдување за неговата неспособност и неработење  

Објавено пред

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, оствари средба со членовите и граѓаните на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Македонска Каменица.

dobivaj vesti na viber

Мицкоски на средбата се осврна на повеќе аспекти кои се значајни за граѓаните на Република Македонија. Тој најпрвин истакна дека актуелното раководство на Владата на СДСМ, наместо проекти и реформи што им ги ветувале, на граѓаните им донеле црнила, омраза и гнев.

„Црн е животот на докторите. Им ветуваа на докторите плата од 1.500 евра и нема ништо од тоа. Црн живот и за матичните лекари. Капитацијата што им ја ветуваа им ги изедоа трошоците на Владата за набавка на жардиниери и цвеќиња, па нема зголемен бод. Црн е животот на младите. Ветуваа студентски град, нови објекти, квалитетно образование. Ништо од тоа нема. Нема стопанска комора, нема бизнисмен што се фали. Црно до црно. Повратот на ДДВ доцни, зголемените даноци ќе ги зголеми трошоците за бизнис. Домашното стопанство е во криза. Црни денови се и за пензионерите. Нема покачување на пензиите, напротив, сè некое намалување или кратење ќе се случи“, вели Мицкоски.

Според него, државата доживува колапс и фијаско од Зоран Заев потенцирајќи дека во моментот Република Македонија ја води премиер што не знае ни што зборува, ниту што прави, односно, како што рече тој, Зоран Заев не може самиот себе да се организира, а камоли да ги организира и води институциите.

Тој го спомена, меѓу другото, како што рече, бегањето на Зоран Заев од јавно соочување пред граѓаните на Република Македонија потенцирајќи дека Заев бега затоа што нема оправдување за неговата неспособност и неработење.

„Подготвен сум и за ова да излезам и да дебатирам и затоа го повикав пред некој ден бидејќи како опозиционер се силеше, викаше, се удираше во гради и викаше ајде ред е во една држава во еден плурален демократски амбиент да имаме дебата помеѓу премиерот и претседателот на опозицијата, затоа и пред некој ден го повикав пред платото на Владата на Република Македонија на оној протестен марш, ајде реков, почитуван премиере, да излеземе јас и ти, очи во очи, бирај ти место каде сакаш, бирај новинари, бирај теми на кои сакаш да разговараме“, изјави Мицкоски.

Соопштенија

Фондацијата „Д-р Верица Механџиска“ и компанијата „Зегин“ донираа апарат наменет за лица со нарушување од аутистичниот спектар

Објавено пред

Денес, Фондацијата д-р Верица Механџиска и компанијата Зегин донираа апарат TMS M50 Ultimate, наменет за подобрување на социјалната интеракција и комуникациските вештини, регулирање на сензорната хиперактивност и подобрување на когнитивната флексибилност на лицата со нарушување од аутистичниот спектар. Овој апарат, кој се донира на ЈЗУ Центар за рехабилитација на патологијата на вербалната комуникација претставува огромен исчекор во третманот и намалувањето на симптомите и предизвиците поврзани со аутизмот.

dobivaj vesti na viber

Директорката на Центарот за рехабилитација на патологијата на вербалната комуникација Нермин Теловска истакна дека оваа донација е од огромна важност бидејќи апаратот освен во директната работа со лицата со нарушување од аутистичниот спектар и бенефитите кои ги нуди, има напреден и современ софтвер и одлични функции за собирање и разработување на податоци кои ќе овозможат и истражувања и донесување на одлуки и протоколи базирани на податоци.

Оваа активност е директен резултат на трката со хуманитарен карактер „Зегин Спектратон-Трка на херои во сите бои“ која ја реализира Фондацијата д-р Верица Механџиска заедно со Зегин каде граѓаните преку трчање и спортски активности испраќаат моќна порака за еднаквост, солидарност и емпатија и со своите котизации поддржуваат создавање на инклузивно општество и позитивни промени за заедницата. Трката, која прераснува во традиционален настан, оваа година беше повод граѓаните да трчаат и да донираат за 4 активности, кои освен веќе-споменатиот апарат TMS M50 Ultimate, предвидуваат и опремување на сензорна соба во Здружението Рубико во Кочани, реновирање и доопремување на просториите во одделот за психофизиологија при Клиника за детски болести каде се нуди специјализирана грижа и третмани за децата со нарушување од аутистичниот спектар, како и бесплатна програма за рана проценка за нарушување од аутистичниот спектар која ќе ја спроведе Здружението Сина светулка.

Предвидените активности се доказ дека заедно можеме многу и со вклучување на сите хумани поединци и компании можеме да придонесеме кон создавање на позитивни примери и вредности за заедницата во целост.

(ПР)

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Приклучете се на Халкеко за активно лето со екопридобивки

Објавено пред

Летото е период кога природата нè повикува да се движиме, да излеземе надвор и да го почувствуваме ритамот на животот. А кога тоа движење станува дел од иницијатива со вистинска еколошка вредност, секој чекор добива поголема смисла. Токму таква е мисијата на ХалкЕко, зелената платформа на Халкбанк која обединува луѓе околу заеднички вредности – грижа за природата, лична одговорност и фокус кон позитивна промена.

dobivaj vesti na viber

ХалкЕко не е обична апликација која само брои километри. Таа претставува целосно движење што ги менува навиките. Платформата нè мотивира да пешачиме, да планинариме, да трчаме, да возиме велосипед или едноставно, да ја одбереме поеколошката алтернатива во секој момент. За секоја активност, корисниците добиваат еко-поени кои може да се искористат за конкретни придобивки. Но, уште поважно, секој наш чекор придонесува за засадување нови дрвја и создавање поздраво и почисто опкружување, како дел од иницијативата што ја презема Халкбанк. Така сите заедно стануваме дел од мисијата со јасна цел, намалување на еколошкиот отпечаток и создавање поодржлива и позелена заедница.

Во изминатите пет години, Халкбанк има засадено околу 100.000 дрвја, уредено повеќе јавни простори, организирано спортски и едукативни настани, како и проекти за подигнување на еколошката свест кај младите генерации.

Ова лето е вистински момент да се приклучиме кон оваа промена. Дури и со најминималните активности во нашата најблиска околина, можеме да го намалиме негативниот белег кој го оставаме зад нас, додека истовремено се грижиме за сопственото здравје и благосостојба. ХалкЕко е потсетник дека одржливиот начин на живот не е секогаш сложен како што изгледа – доволни се мали чекори што имаат големо значење.

Токму овој период е од посебна важност бидејќи природата повторно се соочува со сериозни предизвици. Голем број пожари уништија значајни шумски површини низ нашата земја. Затоа, како дел од иницијативата „Еден милион садници за пет години“, Халкбанк во соработка со ЈП Македонски шуми наесен ќе започне со нов бран пошумувања на најпогодените локации. Оваа акција е продолжение на посветеноста на Халкбанк кон општествено одговорно делување и заштита на животната средина.

Приклучете се на ХалкЕко и направете го вашето лето активно, исполнето со движење и корисно за природата. Движете се повеќе, живејте одговорно и оставете зелен отпечаток зад себе. Затоа што иднината што ја посакуваме започнува од нас, од секој изминат километар и секое засадено дрво.

(ПР)

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Mint Credit Giveaway – лето со стил, лето со Mint!

Објавено пред

Летото е време за авантури, нови спомени и уживање без грижи. А што ако ти кажеме дека ова лето може да биде уште повозбудливо? Со Mint Credit не само што добиваш кредит со 0% камата и трошоци, туку и можност да добиеш неверојатни подароци кои ќе ти го разубават секој ден.

dobivaj vesti na viber

Подароците што те чекаат

Во големиот летен GIVEAWAY подготвивме 9 фантастични подароци:
• 3x Дронови – долови ги најубавите летни пејзажи од птичја перспектива.
• 3x Polaroid камери – зачувај ги моментите со фотографии во рака веднаш.
• 3x Проектори – уживај во филмови и серии на големо платно, било каде.

Mint Credit нуди кредити по најповолни услови со брз и едноставен процес на аплицирање. Без долги редици, без непријатни изненадувања – само финансиска слобода и можност да го оствариш она што го посакуваш. Сега е совршено време да ги да ги направиш летните авантури уште попријатни со помош на Mint Credit.

Не чекај – ова лето направи го незаборавно!

Добиј подароци, создавај спомени и уживај во финансиска слобода со Mint Credit. Аплицирај лесно преку Mint App (достапна на Google Play и App Store) и остави Mint Credit да ги оствари твоите желби – летото никогаш не било повозбудливо!

Повеќе информации на 15 107 или на Mint Credit.

(ПР)

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 минута

(Видео) Јанковиќ: ВМРО-ДПМНЕ штити милионски злоупотреби во Еразмус+, зошто в.д. директорката не е разрешена?

Молк во Владата по објавувањето на скандалот со милионските проневери во Еразмус+. Зошто в.д. директорката не е разрешена кога е...

Свет1 час

(Видео) Еден од најголемите протести во Тел Авив досега: „Запрете ја војната“

Десетици илјади демонстранти се собраа во Тел Авив за да побараат крај на војната во Газа и итно ослободување на...

Европа2 часа

(Видео) Девет загинати во руските напади врз Украина ноќеска, меѓу нив и деца

Најмалку девет лица, меѓу кои и три деца, се убиени во последните 24 часа во зголемените руски напади низ Украина,...

Свет3 часа

„Зеленски се соочува со тешка средба со Трамп, мировните услови нема да бидат во корист на Киев“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски се соочува со тешка средба со американскиот лидер Доналд Трамп во Белата куќа. Условите за евентуален...

Македонија3 часа

Се уште гори кај Јасен, под контрола пожарот во Јегуновце

Центарот за управување со кризи извести деак во последното деноноќие, до 07:00 часот утрово низ земјава се регистрирани вкупно 28...

Македонија4 часа

Постапка против осум лица за масовна тепачка во Скопје: фрактура на черепот со крварење на мозокот, скршена долна вилица

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против осум лица заради учество во масовна тепачка на улицата „Славеј...

Свет6 часа

Белата куќа е центар на важна дипломатска активност денеска, објавен распоредот на клучните состаноци

Белата куќа е центар на важна дипломатска активност денес, со распоред што вклучува клучни средби меѓу американскиот претседател Доналд Трамп...

Свет6 часа

Се огласија Русите: На Москва исто така ѝ се потребни веродостојни безбедносни гаранции

Русија се согласува дека секој иден мировен договор за Украина мора да обезбеди безбедносни гаранции за Киев, но на Москва...

Свет6 часа

Трамп: Некои работи не се менуваат, нема враќање на Крим и нема приклучување на Украина кон НАТО

Трамп се огласи на својата платформа Truth Social за да го повика украинскиот претседател да постигне договор за прекин на...

Свет6 часа

Зеленски пристигна во Вашингтон: Сите подеднакво сакаме брзо и сигурно да ја завршиме оваа војна

Средбата меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и украинскиот претседател Зеленски ќе се одржи денес во 13:15 часот по локално време...

Свет16 часа

Зеленски: Украинскиот Устав не допушта тргување со територии

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес во Брисел им упати низа клучни пораки на европските лидери, зборувајќи за трансатлантското единство, мировните...

Македонија18 часа

(Видео) Избегната катастрофа кај Брезница, пожарот се движи кон Козјак

Денес се регистрирани десет пожари на отворен простор, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, предупредувајќи дека...

Свет19 часа

Америка ѝ нуди на Украина заштита слична на НАТО, Путин, наводно, се согласил

Американскиот претставник Стив Виткоф изјави во интервју за „Си-ен-ен“ дека рускиот претседател Владимир Путин за прв пат се согласил да...

Топ19 часа

Две лица тешко повредени во групна тепачка во Скопје, полицијата апсеше од тинејџери до 50-годишни

Вчера на улицата Славеј планина во Скопје дошло до групна тепачка помеѓу неколку лица на возраст од 18 до 56...

Топ1 ден

Млада жена со перница се обиде да ја убие бабата на сопругот – ужас во Ѓорче

Скопското Обвинителство донесе наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишна жена осомничена за обид за убиство. Пред два дена, во...

Свет1 ден

„Ројтерс“ со детали за планот за ставање крај на војната во Украина

Русија би се откажала од помали делови од Украина, а Киев би препуштил поголеми делови од истокот на земјата  –...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ: Фрчкоски добил 200 илјади евра од Еразмус+, наместо младите

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека пари од програмата Еразмус+, наменети за образовни проекти за младите, завршувале кај поединци блиски до СДСМ. Во...

Македонија1 ден

Влен: Османи 20 години гради кариера, без проекти за Чаир

Коалицијата „Влен“ го критикуваше Бујар Османи, наведувајќи дека во изминатите 20 години тој градел лична политичка кариера, но не реализирал...

Македонија1 ден

Повеќето пожари изгаснати, под контрола еден – ‘Јасен’ сè уште гори

До 8 часот утринава регистрирани се вкупно 27 пожари на отворен простор, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Од...

Регион1 ден

Запален штаб, солзавец, шок бомби – масовни протести во Србија

Синоќа имаше смасовни протести во повеќе градови низ Србија, меѓу кои Белград, Ваљево, Милановац, Книќ и Нови Сад. Пред седиштето...