Соопштенија
Мицкоски на средба со европратеници во Скопје

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, во канцеларијата на претставништвото на Европската Унија имаше работен ручек со европаратениците Едуард Кукан, Кнут Фленкенштајн и средба со европратениците Кристијан Дан Преда, Илхан Коучук и евроамбасадорот Самоил Жбогар.
На средбата, како што соопштија од ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски ја потенцирал лошата политичка и економска состојба и доцнењето со исполнување на обврските од евроагендата.
„Мицкоски истакна дека власта наметнува недемократски амбиент и поделеност на општеството служејќи се со притисоци и прогон врз опозицијата и неистомислениците и во такви услови создадени од власта ВМРО-ДПМНЕ одлучи да го замрзне своето учество во процесот ‘Жан Моне’ ценејќи ја неговата функција, но неоправдувајќи ги методите со кои се служи власта. Мицкоски посочи дека корупцијата и криминалот остануваат еден од главните проблеми во државата, како и недостигот на правна држава и владеење на правото. Власта создава систем во кој имаме зависно судство, политизирано обвинителство, кои се ставаат во функција на политичките цели на актуелната партија на власт. Сето ова придонесува до голем застој во реформите поврзани со европската агенда, која не е приоритет за актуелната влада“, рекол Мицкоски.
Од страна на ВМРО-ДПМНЕ било истакнато дека треба да се овозможи јавен обвинител на предлог од опозицијата, кој ќе се справи со сомнежите за криминал и да овозможи борба против корупцијата и дека власта треба да го прифати ова барање доколку навистина суштински се залага за правна држава и владеење на правото.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
Ден на автомобилска извонредност: „Порше центар Скопје“ домаќин на 911-заедницата

Изминатиот викенд „Порше центар Скопје“ гордо беше домаќин на извонреден настан за заедницата на сопственици на иконскиот „911“ собирајќи импресивна колекција од 42 модела во многу варијанти и разни генерации, како ултраексклузивните 911 GT3 RS, 911 GT3 и Turbo S помеѓу другите. Ова собирање ги прослави богатото наследство и трајната страст за иконската серија на „911“.
Настанот привлече многу ентузијасти на Porsche, вклучувајќи ценети клиенти, пријатели на брендот и почитуваните членови на „Порше клуб Македонија“. Присутните имаа единствена можност да бидат сведоци на еволуцијата на „911“, од класичните модели со воздушно ладење до најновите иновации, сите прикажани во живописна изложба на автомобилска извонредност.
ж
„’911′ е повеќе од само автомобил; тоа е симбол на инженерска моќ и безвременски дизајн“, изјави г. Златко Муцунски, генерален менаџер на П’орше Македонија’ во ‘Порше центар Скопје’. Успешната организација на овој настан ни овозможи да го почитуваме наследството на ‘911’ и да се поврземе со страсната заедница што го опкружува“.
„Порше куб Македонија“ одигра клучна улога во успехот на настанот, одразувајќи ја посветеноста на клубот за поттикнување силна заедница на љубители на „порше“. Нивното учество го нагласи длабоко вкоренетиот ентузијазам за брендот во регионот.
Овој настан не само што го прослави богатото минато на 911, туку ја истакна и посветеноста на „Порше центар Скопје“ за ангажирање и поддршка на локалната заедница на Porsche. Преку вакви иницијативи, центарот продолжува да ја зајакнува врската помеѓу брендот и неговите ентузијасти.
(ПР)
Компании
Самир Мане беше единствениот претставник од регионот на „FII PRIORITY Europe Summit“

Албанската престолнина беше домаќин на еден од најпрестижните меѓународни форуми во светот — „FII PRIORITY Europe Summit“, кој за првпат се одржа во Тирана на 16–17 мај 2025 година.
Овој самит ги обединува светските лидери од владите, бизнис-секторот, науката, технологијата и филантропијата, со цел да се дискутираат глобалните приоритети што ја обликуваат иднината во клучен момент за човештвото. Главната тема на ова европско издание на „FII PRIORITY“ беше: „Приоритизирање за поодржлива, поправедна и попросперитетна иднина“.
Самир Мане, претседателот на „BALFIN Group“, беше единствениот официјален претставник од Албанија поканет да учествува на дискусионите панели заедно со некои од највлијателните личности од светот. Тој учествуваше на главниот панел со наслов „Board of Changemakers“: Може ли капиталот да го поврзе расцепканиот свет?, каде што ја делеше сцената со меѓународни лидери од политиката и финансиите.
За време на самитот, г. Мане одржа средби и размени мислења со високи личности како Матео Ренци, поранешен премиер на Италија, Бернард Менсах, претседател на „Bank of America International“, Анри Пупар-Лафарж, извршен директор на Alstom, меѓу другите.
еговото учество на самитот како глас на регионалниот бизнис го истакнува и неговото лично лидерство, и сè поголемата улога на Западен Балкан во обликувањето на идниот развој на Европа и пошироко.
„FII PRIORITY Europe Summit“ е дел од серија глобални форуми кои промовираат меѓусекторски дијалог и поттикнуваат конкретна акција за справување со најгорливите предизвици на денешницата, вклучително и климатските промени, одржливиот развој и технолошката трансформација.
Комерцијален текст
Соопштенија
Нова РЕсет-работилница на „Реплек“: практични совети за добросостојба од д-р Митов

Во организација на Реплек се одржа уште една РЕсет работилница на која практични совети за општа добросостојба сподели познатиот д-р Александар Митов. Работилницата беше посветена на справувањето со предизвиците на модерното време, динамичното секојдневие кое е неопходно да се балансира со грижата за менталното и физичкото здравје. Работилницата е дел од РЕсет платформата за добросостојба на Реплек која промовира ведар дух, здраво тело и ментална сила.
Во сесијата, д-р Митов се фокусираше на предизвиците што ги носи модерниот начин на живот – брзото темпо, недостатокот на време, неквалитетната исхрана, физичката неактивност и стресот. Со едноставен, но аргументиран пристап, тој зборуваше за тоа како да се направат мали, одржливи промени во секојдневието без нагли диети или нереални цели. Работилницата понуди практични совети и конкретни насоки за тоа каде најчесто „попуштаме“, како да ги препознаеме замките на секојдневието и што можеме да преземеме за да создадеме сопствен „РЕсет“ – чекор по чекор, прилагодено на реалниот живот.
Платформата РЕсет креира простор за секој граѓанин кој сака да внесе позитивни промени во својот живот и да го унапреди сопственото здравје и добросостојба. Преку низа отворени активности, Реплек поттикнува нови навики и однесувања што придонесуваат за личен и колективен напредок.
Досега, како дел од РЕсет платформата, се реализираа онлајн работилници со алпинистиката и уметница Илина Арсова и Борче Стаменов од иницијативата „Донирај компјутер“, како и три настани за физичка активност со Елена Бубало. Овие активности продолжуваат и понатаму.
Во годината кога Реплек го одбележува својот 80-годишен јубилеј, платформата РЕсет претставува уште еден доказ за долгорочната заложба на компанијата да придонесува за добросостојбата на поединецот и заедницата, во согласност со нејзините вредности и мисија.
ПР