Соопштенија
Мицкоски со предлог: Во Карбинци е добро да има населба за млади брачни парови со парцели од по едно евро квадрат, така младите полесно ќе формираат заедница и ќе имаат повеќе деца

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот митинг во Карбинци кој е во рамки на кампањата за локалните избори која се води под слоганот „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“ се осврна на сработеното од градоначалникот Виктор Паунов, а се осврна и што се може да се направи таму.
„Честитки за сработеното до сега и да продолжи и понатаму со интензивна работа. Сметам дека треба да се размисли да се посвети внимание на демографијата, бидејќи џабе ни се улиците, училиштата, доколку младите не се мажат не се женат и не се формираат многудетни семејства“, рече Мицкоски.
Во оваа насока Мицкоски и со конкретен предлог:
„Да се определи населба за млади брачни парови со парцели од по едно евро квадрат и да бидат ослободени од комуналии. И на тој начин кога ќе формираат заедница, ќе имаат куќа, полесно е да се имаат повеќе деца и мислам дека ова треба да биде приоритет. Ние како Влада ќе помогнеме се што можеме согласно ингеренциите“, вели Мицкоски.
Иако рече тој, ова се локални избори, тоа не значи дека има само локални прашања.
„Овие избори имаат малку поголемо значење и испраќаме пораки и за државни теми бидејќи така допираме и до противникот. За прв пат наместо со промоција со црна кампања со ниски страсти, измислици, дефокус од реалноста. Мојот одговор е ако не го прават тоа, тогаш што ќе прават. Граѓаните видоа што направија за седум години, не само што ништо не направија, туку многу процеси и уназадија, а и ја ограбија државата, народот“, посочи Мицкоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
Костадинов: Субвенции за младите и целосна модернизација по европски стандарди на двете основни училишта во Чешиново Облешево

Кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ, Јорданчо Костадинов на денешниот митинг во Чешиново Облешево кој е во рамки на кампањата за локалните избори која се води под слоганот „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, ја претстави програмата и истакна дека истата произлегува од вистинските потреби на граѓаните и нуди конкретни решенија.
Костадинов истакна дека во програмата се предвидени мерки за поддршка на младите и семејствата, поддршка за пензионерите, најави целосна модернизација на двете основни училишта во општина Чешиново-Облешево како и решавање на проблемот со водата за пиење.
„Уште во првата година од мојот мандат, грижата за нашите најмили – децата ја ставаме на прво место, субвенција за секое новородено дете и субвенција за секое новозапишано прваче. Но, субвенција и за секое талентирано дете и секој студент од нашата општина. Двете Основни Училишта од нашата општина целосно ќе се модернизираат по европски стандарди. Ќе понудиме решение и ќе побараме поддршка од Владата за решавање на проблемот со вода за пиење. До крајот на мојот мандат овој проблем едноставно мора да биде минато, немаме веќе време за импровизации и одложување“, кажа Костадинов.
Тој заклучи дека токму затоа е време за вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!
Соопштенија
(Видео) Петра Лукароска: Прилеп го допре дното, власта во заминување зад себе остава јавни претпријатија пред банкрот

„На крајот на 4-годишното владеење на ДПМНЕ, нашиот град, Прилеп, го допре дното. Покрај целосно нефункционалната Општина, власта во заминување зад себе остава и јавни претпријатија пред банкрот, чиј вкупен долг надмина 2 милиони евра. За прв пат во своето постење, во категоријата загубари се вброи „Водовод и канализација“, претпријатие кое неспособниот раководен кадар на ДПМНЕ го доведе на работ на амбисот со долг од близу еден милион евра“, кажа Петра Лукароска, кандидатка на СДСМ и Коалицијата за градоначалник на општина Прилеп.
„И покрај тоа, наместо ветеното намалување на цената на водата, прилепчани плаќаат повисоки сметки за нешто кое, и според бојата и според миризбата, личи на се’ само не на вода.
Своите услуги за дури 67 отсто ги зголеми и „Комуналец“. Ама ни тоа не придонесе за подобрување на хигиената во Прилеп: улиците се валкани, градот се гуши во смет, контејнерите преполни со ѓубре, депонијата во Алинци гори секој втор месец, вработените во царинскиот Терминал 7 месеци се без плата.
Загубар е и јавното претпријатие „Пазари“. Покривот на градскиот пазар се распаѓа, пазарџиите работат во нехумани услови иако за тезгите плаќаат високи закупнини. И Јавното претпријатие за просторни и урбанистички планови е во финансиска “дупка“. Иако за 50 отсто поскапеа градскиот превоз и цената за паркинг, платите во претпријатието не се исплаќаат во законски предвидениот рок. Тоа е причината поради која вработените во јавниот градски превоз во неколку наврати стапија во штрајк, а најавени се и нови прекини на градскиот превоз.
Почитувани, се’ што во Прилеп во изминатите 4 години можеше да поскапи – поскапи. Се’ што можеше да тргни на полошо, тргна. Зад сето ова, зад целата оваа катастрофа стои „потписот“ на Дејан Проданоски.
Како претседател на Совет во период од 3 години, Проданоски ги потпиша сите Одлуки за поскапување на цените на услугите на јавните претпријатија, а како 5-годишен актуелен претседател на Општинскиот комитет на ДПМНЕ, го одобри изборот на сите нивни директори.
На претстојните избори прилепчани нема да дозволат понатамошно тонење на градот. Агонијата мора да запре!“, изјави Петра Лукароска, кандидатка на СДСМ и Коалицијата за градоначалник на општина Прилеп.
Соопштенија
Мицкоски: СДСМ е сведена под сопствениот лимит на гласови од околу 120 илјади поради три причини безидејност, предавствата и поради тоа што стана приватизирана партија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот митинг во Чешиново Облешево кој е во рамки на кампањата за локалните избори која се води под слоганот „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“ се осврна на состојбата во опозицијата. Мицкоски укажа дека во СДСМ се истите луѓе кои беа поразени на последните избори, кои загубија дебело поради криминал и тендери и националните предавства.
„Сега тие се нудат на политичката сцена, но и тие знаат дека вака нереформирани и целосно безидејни немаат никакви шанси. Затоа што СДСМ е непроменет, и поради тоа што одлуките во таа партија не се носат во седиштето во Скопје, туку на друго место. И најлошото е што Филипче навистина не се ни труди да покаже дека не е слуга на неговиот гуру, Таквата понизност придонесува некогаш големата партија да се сведе на филијала на бизнис-интересите на неколку фамилии. Тоа го гледа обичниот народ, но го гледаат и членовите на СДСМ. Затоа оваа партија сега е под сопствениот биолошки лимит околу 120 – 130 илјади гласови, а забрзано од нејзините структури си заминуваат членови и ги враќаат членските книшки“, кажа Мицкоски.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ објасни поради кои причини СДСМ е во таква состојба.
„Тоа е поради три едноставни причини. Во СДСМ нема иднина – целосната безидејност се шири како зараза. Тоа е прва причина. Втората причина е што СДСМ нема компромис кој не го направи на штета на државните интереси. Последното кое го даваат е еден документ кои тие го нарекуваат резолуција или „црвени линии“. Третата причина е што партијата е затворена за нови луѓе, а пашалакот на бизнис-кланови внатре ја претвора во фирма во стечај, а не во партија жедна да направи добро за Македонија. Значи: безидејност, предавства и приватизирана партија се трите причини поради кои народот не гледа никаква алтернатива во оваа партија“, заклучи Мицкоски.