Соопштенија
Независните пратеници го повикаа Мицкоски на јавно соочување
Независната пратеничка група од ВМРО-ДПМНЕ го повикаа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на јавно соочување. Тие испратија писмо до Мицкоски во кое се осврнуваат на повеќе работи и го критикуваат лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
„Ова писмо до Вас ќе го почнеме со потсетување на статутот на нашата партија која членството во НАТО и ЕУ го имаше како своја насока од која ти скршна. Христијан, ти пред целата меѓународна заедница имаш став дека договорот со Грција е реалност, имаш ‘цврст’ став пред јавноста дека ќе пробаш да направиш промени, имаш ‘цврст’ став пред членството дека нема државата да ја викаш под уставното име Република Северна Македонија додека во ЕНП широкоградо го прифаќаш, а сите три ‘ставови’ заедно покажуваат дезориентираност карактеристична на човек кој бега од одговорност. Но, овие факти се веќе јасни“, се вели во писмото.
Пратениците го прашуваат Мицкоски дали излажал дека не знае за парадата на 80 возила од полицијата и дали со лажењето сака да каже дека е човек кој не чита вести?
„Веста беше негативна топ-вест цел ден. Знаеш ли колку е смешно да се зборува за отсјај кога ги гледаме ракавиците на твоите од народот платени телохранители? Знаеш дека не постои вежбалница која е празна во 10:30 ниту лани, ниту во октомври, најмалку сега. Како се злоупотребени, некои луѓе ќе станат свесни наскоро. Тој ден кога ќе си одиш од позицијата за која немаш храброст да ја извршуваш. Ниту претседател на партија, ниту премиер не е функција само за добро и лесно. Во твоето тажно интервју повторно зборуваш за платени пратеници, зборуваш за законот за ЈО од кој бегаше без реално учество. Тој процес беше транспарентен, со јавна расправа, со долги разговори и внимание од меѓународната заедница. Истиот беше посебно поздравен и во извештајот за напредокот на нашата татковина, што резултираше со конечно зелено светло за отпочнување преговори. Во теоријата за преговори има еден термин bad faith, тоа е кога некој глуми дека преговара а нема намера за компромис“, пишува во писмото.
Тие го повикуваат Мицкоски да изнесе докази за тоа што го зборува.
„Знаеш зашто не си изнел? Бидејќи такви НЕ постојат. Јасно ни е дека тебе и на уште неколкумина тоа ви е непознат концепт. Ние не ја напаѓаме партијата, и не може еден човек да се поистоветува со партијата. Христијан, дали ти знаеш дека оние кои сега ти се на врвот на листите се тие кои барале ‘голема заштита и надомест’? Тие ќе беа први да имаше плаќање. Многу е тешко Христијан да знаеш дека си на продажба. На таквите им е тешко да сфатат преземање одговорност. Затоа и се најгласни, а толку тажни. Доколку се толку храбри, нека дојдат да се соочиме пред целата јавност. Бидејќи тастатурата трпи сè. Но, не потценувајте ја јавноста. Почитувајте ја и дајте ѝ ја вистината. Не можеш ниту на нас, ниту на други кои мислат различно од тебе да им го одземеш влогот во и припадноста кон ВМРО ДПМНЕ
Повелете, изберете медиум да се соочиме со фактите. Ти избери кој сакаш да дојде, на кој сакаш медиум, во кое сакаш време. Ние со материјални докази и нашата искреност, вие… вие нема да дојдете. Така?“, пишува во писмото.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Соопштенија
Како преку паметен избор на снабдувач со струја да заштедите и до 40 отсто на сметките?
Во услови на либерализиран пазар на електрична енергија, компаниите имаат можност самостојно да изберат снабдувач и директно да влијаат врз своите трошоци за струја. Разликата не е симболична – во одредени случаи, заштедата може да достигне и до 40%.
Но, за да се разбере вистинската разлика, потребно е да се разгледа структурата на самата сметка.

Секоја сметка за електрична енергија ги содржи следните ставки: надоместок за потрошена електрична енергија, надоместок за дистрибуција на енергијата („мрежарина“), фиксен надомест за пристап до мрежата, ДДВ, комунална такса за јавно осветлување.
Важно е да се нагласи дека сите надоместоци поврзани со мрежата и останатите давачки се регулирани од страна на Регулаторната комисија за енергетика и се еднакви, без разлика кој е снабдувачот.

Разликата се создава кај главната ставка – трошокот за потрошената електрична енергија.
Од каде доаѓа разликата? Предноста на ЕДС, која е членка на PPC Group, најголемата енергетска компанија во Југоисточна Европа, во однос на другите снабдувачи лежи во големината, оптимизацијата и регионалната инфраструктура. ЕДС секојдневно купува значителни количини електрична енергија, што овозможува оптимален енергетски дијаграм на балансната група и пониски трошоци за балансирање. Благодарение на големото портфолио и ефикасното управување, трошоците за отстапување се сведени на минимум. Компаниите добиваат гарантирана цена, што овозможува финансиска стабилност и подобро планирање.
Во современото деловно окружување, струјата повеќе не е само оперативен трошок – таа е стратешка категорија.
Паметниот избор на снабдувач значи контрола врз трошоците, предвидливост и директна финансиска заштеда што може да се пренасочи кон инвестиции и развој. А, бројките покажуваат дека разликата не е мала – таа е мерлива и значајна.
ПР
Соопштенија
БРАКО донираше 330 топли оброци за лица во социјален ризик
Компанијата БРАКО реализираше хуманитарна донација од 330 топли оброци од работничката менза на фабриката, наменети за лица во социјален ризик во Велес и околината.
Оброците беа подготвени од велешкиот ресторан „Боем“, кој ја обезбедува исхраната за вработените во БРАКО.
Во рамки на заедничката акција, храната се преземаше преку Народната кујна на „Боем“, а за лицата кои живеат во подалечни места или немаат пристап до информации и социјални мрежи, активисти ја доставуваа директно до нивните домови.
Со оваа донација, БРАКО уште еднаш ја потврдува својата посветеност на општествената одговорност и поддршката на локалната заедница, со посебен фокус на солидарноста и грижата за најранливите категории граѓани.
Компанијата и во иднина ќе продолжи да поддржува иницијативи кои имаат реално и директно влијание врз подобрување на квалитетот на живот во заедницата.
(ПР текст)
Соопштенија
Таткото троши – ќерката плаќа: смена на улогите во новата реклама за картичката за деца на Халкбанк
Замислете кога во одреден момент со парите би управувале децата. Тие да можат да одлучат што да се купи, а што не или колку може да се потроши за чоколади и за слатки. Тие да кажат дали овој месец ќе заштедат или ќе го потрошат целиот буџет.

Во ваква улога се најдоа познатиот македонски актер Сашко Коцев и неговата 9-годишна ќерка Јоана, на снимањето на рекламата за првата платежна картичка за деца на Халкбанк. Станува збор за иновативен производ, наменет за деца од 9 до 15 години, кој ним им овозможува да стекнат финансиски навики, додека родителите имаат целосна контрола на тоа каде и колку трошат нивните деца.
Рекламата за картичката Халки се случува во слаткарница. Таткото е возбуден и сака да нарача сè од менито, но за тоа мора да побара дозвола од ќерката. Таа, од друга страна, е смирена и рационална и не дозволува да се претера со нарачките, но и конзумирање на слатко. На крајот, ќерката ја плаќа сметката со својата Халки картичка.
„Целта на кампањата е на забавен начин, со доза хумор, да покажеме дека децата знаат да се однесуваат одговорно кон финансиите доколку им се дозволи и им се покаже како да го прават тоа. Практично, идејата за креирање на првата картичка за деца и тинејџери до 15 години во Македонија е токму тоа – да им помогне да научат како да располагаат со одредена сума пари, да го планираат неделниот или месечниот џепарлак и да стекнат навики за штедење. Секако, со помош и со контрола на родителите“, вели Маја Наумовска Савеска, директор на корпоративни и маркетинг комуникации во Халкбанк.
Mastercard Junior дебитната картичка овозможува низа поволности како повлекување готовина без надоместок од сите банкомати во Македонија и во странство, бесплатен трансфер на средства од сметката на родителот или старателот на сметката на детето. Исто така, родителот има можност за поставување лимити на платежната сметка на детето, блокирање на картичката преку електронско банкарство во случај на губење, СМС инфо без надоместок на мобилниот број на законскиот застапник/старател и можност за дигитализирање на картичката на Google Pay или Apple Pay.
Процедурата за аплицирање за картичката за деца е едноставна и може да се направи во сите филијали на Халкбанк, а сите апликации до крајот на март годинава се ослободени од трошоци за издавање на картичката.
(ПР)

