Соопштенија
„Не отворам врата“: Секој член на владата да потпише изјава за одговорност доколку било кој биде заразен од попишувачите
Националниот блок „Не отворам врата“ бара сите министри и премиерот да потпишат изјава за одговорност со која се обврзуваат под морална, материјална и кривична одговорност дека ангажираните околу 30.000 попишувачи и инструктори нема никого да заразат при нивното влегување во домовите на населението, а во спротивно ќе сносат полна одговорност.
„Ова е текстот на изјавата:’Долупотпишаните членови на Владата, под морална, материјална и кривична одговорност изјавуваме дека 32.000 теренски попишувачи и инструктори кои ќе вршат попишување во 80 општини во државата групирани во 50 пописни реони, за време на пописот нема да заразат никого со коронавирусот при нивното влегување во домовите таму каде што ќе бидат пуштени да влезат и да вршат попишување на населението, становите и домаќинствата’ – завршен цитат“, изјави претседателот на Единствена Македонија Јанко Бачев како дел од Националниот блок „Не отворам врата“.
Тој кажа дека ова е уште чекор во насока власта да се вразуми и да го одложи, како што вели, животозагрозувачкиот попис во април.
„Ние, националните и патриотските сили во државата, нема да прифатиме попис со кој се загрозува здравјето на народот, тоа не ви го прифаќа и македонскиот народ. За секој обид за загрозување на здравјето, одговорност мора да има. Потребен е попис со нула ризик за здравјето на народот“, рече Бачев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Соопштенија
Манасиевски: Од историска победа нè делат само неколку дена
На 2 ноември сите заедно да го заокружиме бројот 9, за финалната победа на ВМРО-ДПМНЕ во Аеродром, Карпош, Шуто Оризари и Градот Скопје, повика Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Од оваа историска победа не делат само неколку денови. Со 33 освоени општини во првиот круг, водство во 21 од 27 општини во вториот круг и доминација во советничките листи, ВМРО-ДПМНЕ и граѓаните заедно ќе ја потврдат промената што ја започнавме. Имено, во Аеродром победивме со околу 9.500 гласови разлика. Во Карпош водиме со околу 1.500 гласови. Во Скопје убедливо сме пред второпласираниот со над 60.000 гласови. Во Шуто Оризари обединети, одиме кон пресврт и конечно враќање на довербата во локалната самоуправа. Советите се клучни за реализација на нашите проекти и визии. Имаме убедливо мнозинство од 15 советници во Аеродром, 11 во Карпош, 18 во Град Скопје и 4 во Шуто Оризари. За оваа победничка слика да биде целосна, потребна е вашата поддршка. Поддршка за проекти, за визии, за граѓаните“, рече тој.
Соопштенија
Јовановски: Нови садници во Кичево за почист воздух
Кандидатот за градоначалник на општина Кичево од ВМРО-ДПМНЕ, Aлександар Јовановски, во предизборната програма предвидува нови садници во општината за почист воздух.
„Почитувани, нашиот град Кичево беше познат по богата шума, по огромен шумски појас, по боровите, по чистиот воздух, по убавата животна средина. За жал, еден дел од тој шумски појас се уништи со несовесно користење и дел со изградбата на големиот проект за автопатот кој ќе не поврзува со Охрид. Кога ќе дојдам на позиција градоначалник, веднаш ќе преминам кон проект за пошумување и враќање на старата шума со што ќе допринесеме за почист воздух, почиста животна средина и поубав живот за сите нас во Кичево“, вели тој.
Соопштенија
Трајанов: Гласај за сигурна победа и убедлив резултат
Во вториот изборен круг гласот е и за достоинствена, силна, обединета и европска Македонија, вели Павле Трајанов, претседател на Демократски сојуз.
Тој ги повикува членовите и симпатизерите на ДС, како и сите граѓани без разлика на нивната партиска, етничка или верска припадност, масовно да излезат и да гласаат за кандидатите за градоначалници на Коалицијата „Твоја Македонија“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, заокружувајќи го бројот 9.
„Во Скопје со масовно гласање за Орце Ѓорѓиевски (9), ќе ги победиме деструктивните, непринципиелни и подземни коалиции, кои смислено го парализираа градот Скопје. Во вториот изборен круг гласот е и за достоинствена, силна, обединета и европска Македонија“, вели Трајанов.

