Соопштенија
Николоски: Најавувам голем инвестициски циклус, каде покрај средства од општините и Владата, обезбедени се и финансии од Светска банка

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски најави голем инвестициски циклус, каде, како што рече, покрај средства од општините и Владата, обезбедени се и финансии од Светска банка.
„Најавувам еден голем инвестициски циклус, којшто покрај средствата од општината и оние редовни средства коишто владата ги префрла, а до сега инвестираме некаде околу 500 милиони евра во сите општини заедно, ќе има и дополнителни средства коишто министерството за транспорт во соработка со Светска банка ги има обезбедено и ќе почнеме да ги реализираме во годините 2026, 2027, 2028 и 2029“, потенцираше Николоски.
Тој денеска беше на увид на градежни активности во Општина Гази Баба заедно со градоначалникот и кандидат за уште еден мандат, Бобан Стефковски.
Николоски посочи дека проектот за реконструкција на главната улица „Палмиро Тољати“, која е од поважните сообраќајници во општина Гази Баба, е начинот на кој целосно се решаваат проблемите во општините и во населбите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
(Видео) Д-р Трајановски: Општина Аеродром конечно ќе добие нова општинска зграда

„Општина Аеродром е единствената општина во Македонија која нема сопствена зграда. Општинската администрација 20 години функционира во супстандардни услови, во објект за кој плаќа 120.000 евра годишно. Само во последните 4 години Општина Аеродром има потрошено половина милион евра по основ на кирии“, вели д-р Александар Трајановски, кандидат за градоначалник на општина Аеродром од СДСМ.
„Трагедијата да биде уште поголема Тимчо Муцунски пред 4 години ја избриша маркицата каде што СДСМ планираше модерен објект за општинска зграда со готов проект за изведба. На таа локација пред 2 години требаше да биде подигнат паркот „Радост“.
По 4 години реалноста е поразителна. Ни парк, ни општинска зграда немаме на таа локација.
По изборите ја започнуваме постапката за изградба на современ, функционален и енергетски ефикасен објект за општинската администрација, во кој граѓаните ќе ги добиваат сите услуги на едно место.
Новата зграда ќе биде репрезентативен симбол на општината, со мултимедијален центар за млади, повеќенаменски сали и современа сала за венчавки, простор кој ќе им служи на сите жители на Аеродром.
Време е конечно Општина Аеродром да добие сопствен дом, достапен и отворен за сите“, соопшти д-р Александар Трајановски, кандидат за градоначалник на општина Аеродром.
Соопштенија
Саракинов: Ја нема ниту катната гаража кај ГОБ 8ми Септември која ја вети кандидатот на СДС, Филипче и Заев – Стевчо Јакимовски, има само дупки и ѓубре

„Стевчо Јакимовски, кандидатот на СДС, Заев и Филипче излажа за сите катни гаражи кои ги вети во 2021 година. Ниту една катна гаража која ја вети, не ја направи. Стоиме овде пред ГОБ 8 Септември, место каде Стевчо Јакимовски, кандидатот на СДС, Филипче и Заев тврдеше дека ќе направи катна гаража“, рече Христо Саракинов, носител на советничка листа на ВМРО-ДПМНЕ за општина Карпош.
„Овде нема катна гаража, има само ѓубре и дупки. Кога ја читаме програмата на Стевчо Јакимовски од 2021 година сфаќаме дека се било една огромна лага. Ниту една катна гаража која ја ветил, не ја направил.
Стевчо Јакимовски само ги изманипулира граѓаните на Карпош.
Последните 4 години со Стевчо во Карпош се хаос за карпошани, хаос со паркингот, ѓубре насекаде, бетонизација, наместо зеленило и хумана урбанизација.
Стевчо Јакимовски лаже и сега како што лажеше во 2021 година. Ништо што вети во 2021 година, не реализира. Ниту една катна гаража не направи. Истите лаги ги кажува и сега, разликата е што овој пат нема да му успеат. Стевчо Јакимовски е прочитана книга. Карпошани ќе го казнат и ќе го испратат во политичка пензија со Филипче и Заев, неговите ментори за бизнис зделки“, изјави Христо Саракинов.
Соопштенија
Јовановски: Ќе изградиме нова спортска сала во ОУ „Кузман Јосифовски-Питу“ во Кичево

„Ќе изградиме спортска сала во основното училиште „Кузман Јосифовски-Питу“, каде конечно нашите дечиња ќе можат да одржуваат една нормална и редовна настава по физичко образование како што доликува“, најави Александар Јовановски, кандидат за градоначалник на општина Кичево од ВМРО-ДПМНЕ.
„Ќе го подобриме превозот на учениците од сите приградски наслеби и од градските населби, за да можат безбедно да стигнат до училишните клупи“, додаде Александар Јовановски, кандидат за градоначалник на општина Кичево од ВМРО-ДПМНЕ.