Соопштенија
НСДП очекува поддршка од ВМРО-ДПМНЕ за уставните промени
Во услови на неажуриран Избирачки список, без реализиран попис на населението и со стар закон за референдум, кој не кореспондира со современите тенденции за непосредна демократија, резултатите од референдумското изјаснување се исклучително добри и покажаа политичка зрелост на поголемиот број граѓани на Република Македонија. Единствено тие што излегоа на референдумот, независно од тоа дали гласаа позитивно или негативно, покажаа дека го сфатија историскиот момент за решавање на долгогодишниот спор со Грција и отворањето на вратите на НАТО и ЕУ, што како стремеж ги обединува сите прогресивни граѓани, независно од етничката, верската или политичката припадност, соопшти НСДП.
Според партијата, уште пред референдумот, кога политичките партии се позиционираа со своите ставови и кога се формираше коалицијата „За европска Македонија“, единствено ВМРО-ДПМНЕ застана спротивно на определбата на најголемиот број граѓани и политички партии, прифаќајќи ги ставовите и интересите на една маргинална политичка структура која заговараше бојкот и блокада на евро-атланските процеси, перфидно затскривајќи се зад огромната бројка на евидентирани, а реално непостоечки гласачи во Избирачкиот список.
,,Негативните демографски трендови на масовно иселување, во кои никој нема увид, ниту, пак, ги евидентира, на опозициската партија ѝ дадоа можност еден дополнителн корпус на граѓани да ги етикетира како ‘бојкотирачи’. Доколку ВМРО-ДПМНЕ беше убедена во својата, како што велат, масовна поддршка кај граѓаните, тие јасно и гласно ќе излезеа на референдумот и ќе одговореа со ‘против’, верификувајќи ја својата поддршка. Свесни дека ќе бидат политички делигитимирани при рефрендум кој формално-правно ќе го задоволеше цензусот, тие избраа преку активен бојкот да се кријат во сивата зона на евидентирани, а не активни гласачи. Овие 500-600 илјади граѓани, кои не излегуваат на ниту едни избори, ги искористија како параван за своја политичка немоќ, притоа не водејќи сметка за напорите на прогресивните граѓани за побрзо надминување на спорот со името и побрзо влегување во НАТО и ЕУ”, е ставот на партијата.
Во новонастаната политичка ситуација по рефрендумот, НСДП очекува дека сите пратеници на ВМРО-ДПМНЕ ќе го сфатат историскиот момент и ќе ја искористат својата уставна позиција како слободоумни претставници на граѓаните и со својот глас ќе ги заштитат интересите на граѓаните.
,,Сакаме да ги потсетиме и дека независно од тоа што во Собранието се влезени преку партиски листи, Уставот им го гарантира правото да гласаат по сопствено уверување. Има моменти во историјата на една држава кои налагаат да се напуштат теснопартиските и лични интереси и да се препознаат националните и државни интереси. Во поновата историја на Македонија, од осамостојувањето до денес, позначаен историски момент не постоел”, велат од партијата.
НСДП очекува ВМРО-ДПМНЕ да ја прифати идејата околу која се обединија голем број политички партии од коалцијата „За европска Македонија“ и да ги поддржи уставните промени, како неопходен чин за интеграција на државата во НАТО и ЕУ. Во овие моменти, националните иперативи наложуваат да се подигне степенот на кохерентност помеѓу сите политички партии, поделеноста по етнички, верски или партиски припадности да се надмине, само на тој начин како нација ќе покажеме дека сме созреани сами да одлучуваме за својата иднина и нема да подлегнеме на разузнавачките мешетарења од надвор.
Доколку ВМРО-ДПМНЕ продолжи да го игнорира стремежот на граѓаните и не ги прифаќа пораките на меѓународната заедница, тогаш брзите предвремени парламентарни избори се наметнуваат како императив, без никакво заобиколување на Уставот, притоа овозможувајќи ѝ на опозициската партија реално да ја согледа штетноста на своите политики во овој историски момент, додаваат од партијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Соопштенија
Таткото троши – ќерката плаќа: смена на улогите во новата реклама за картичката за деца на Халкбанк
Замислете кога во одреден момент со парите би управувале децата. Тие да можат да одлучат што да се купи, а што не или колку може да се потроши за чоколади и за слатки. Тие да кажат дали овој месец ќе заштедат или ќе го потрошат целиот буџет.

Во ваква улога се најдоа познатиот македонски актер Сашко Коцев и неговата 9-годишна ќерка Јоана, на снимањето на рекламата за првата платежна картичка за деца на Халкбанк. Станува збор за иновативен производ, наменет за деца од 9 до 15 години, кој ним им овозможува да стекнат финансиски навики, додека родителите имаат целосна контрола на тоа каде и колку трошат нивните деца.
Рекламата за картичката Халки се случува во слаткарница. Таткото е возбуден и сака да нарача сè од менито, но за тоа мора да побара дозвола од ќерката. Таа, од друга страна, е смирена и рационална и не дозволува да се претера со нарачките, но и конзумирање на слатко. На крајот, ќерката ја плаќа сметката со својата Халки картичка.
„Целта на кампањата е на забавен начин, со доза хумор, да покажеме дека децата знаат да се однесуваат одговорно кон финансиите доколку им се дозволи и им се покаже како да го прават тоа. Практично, идејата за креирање на првата картичка за деца и тинејџери до 15 години во Македонија е токму тоа – да им помогне да научат како да располагаат со одредена сума пари, да го планираат неделниот или месечниот џепарлак и да стекнат навики за штедење. Секако, со помош и со контрола на родителите“, вели Маја Наумовска Савеска, директор на корпоративни и маркетинг комуникации во Халкбанк.
Mastercard Junior дебитната картичка овозможува низа поволности како повлекување готовина без надоместок од сите банкомати во Македонија и во странство, бесплатен трансфер на средства од сметката на родителот или старателот на сметката на детето. Исто така, родителот има можност за поставување лимити на платежната сметка на детето, блокирање на картичката преку електронско банкарство во случај на губење, СМС инфо без надоместок на мобилниот број на законскиот застапник/старател и можност за дигитализирање на картичката на Google Pay или Apple Pay.
Процедурата за аплицирање за картичката за деца е едноставна и може да се направи во сите филијали на Халкбанк, а сите апликации до крајот на март годинава се ослободени од трошоци за издавање на картичката.
(ПР)
Соопштенија
ЕДС официјален поддржувач на Олимпискиот комитет за спортскиот циклус 2026
Со потпишувањето на спонзорски договор со Олимписки комитет на Северна Македонија, ЕДС официјално станува дел од Олимпиското семејство како Официјален поддржувач за време на клучниот спортски циклус во 2026 година.
ЕДС ќе даде поддршка на Олимпискиот комитет во период што опфаќа неколку од најзначајните меѓународни спортски настани, меѓу кои Зимските олимписки игри Милано–Кортина 2026 и Медитеранските игри во Таранто.
Со оваа соработка, ЕДС ја потврдува својата заложба за поддршка на спортот, младите и вредностите што ги промовира олимпиското движење – фер-плеј, извонредност, посветеност и заедништво.
„Ова партнерство за нас претставува многу повеќе од спонзорство. Тоа е јасна поддршка на вредностите што ги делиме со олимпиското движење – дисциплина, истрајност и стремеж кон извонредност. Горди сме што, преку соработката со Олимпискиот комитет на Северна Македонија, ќе бидеме дел од еден значаен спортски циклус и ќе придонесеме кон промоција на домашниот спорт на меѓународната сцена,“ изјави главниот извршен директор на ЕДС, Александар Сарџовски.
Спонзорството ја зацврстува позицијата на ЕДС како општествено одговорна компанија, која континуирано инвестира во иницијативи со долгорочна вредност за заедницата и придонесува кон позитивен општествен развој.
ПР
Соопштенија
Лото и Џокер на само еден клик од тебе – играј онлајн и пробај ја среќата во зимските денови
Во зимските денови, кога се поминува повеќе време дома, Државна лотарија им овозможува на граѓаните практична можност за забава и добивки. Сите љубители на игрите на среќа може да ја испробаат својата среќа преку едноставната и сигурна платформа за играње лото и џокер онлајн на официјалната веб-страница loto.mk.
Со само еден клик, секој може да го уплати своето лото-ливче брзо и сигурно, без потреба од чекање во редици. Резултатите се проверуваат на едноставен начин, а платформата е достапна секогаш и секаде, овозможувајќи им на корисниците да играат кога сакаат и каде сакаат.
Започнувањето на годината со можност за големи добивки претставува дополнителен поттик граѓаните да си ја испробаат среќата. Играњето лото онлајн не е новитет, туку веќе докажана и практична алатка што им овозможува на играчите лесно и сигурно да бидат дел од возбудата на најпознатата игра на среќа во земјата.
Државна лотарија со оваа дигитална алатка ја потврдува својата посветеност кон создавање едноставни и достапни решенија што ја збогатуваат секојдневната забава на граѓаните. Онлајн уплатата претставува уште еден начин компанијата да биде поблиску до своите играчи, овозможувајќи им удобност, сигурност и можност за големи добивки – токму во моментите кога сакаат да се забавуваат.
Игрите на среќа се наменети само за лица над 18-годишна возраст. Државна лотарија постојано потсетува дека играњето треба да биде одговорно и умерено, со јасна порака дека тие се пред сè форма на забава што може да донесе возбудливи добивки.
Државна лотарија, како општествено одговорна компанија, ја афирмира својата посветеност кон одговорното играње, обезбедувајќи средина што е сигурна и контролирана. Со тоа се гарантира дека игрите на среќа остануваат во рамките на целта за која се создадени – предизвик, забава и возбуда.
ПР

