Соопштенија
Од бесконтактно плаќање до Lounge Key, Mastercard World Contactless на Халкбанк носи нови искуства

Сѐ поголем број граѓани се одлучуваат за користење на кредитните картички поради големиот број на предности и бенефиции кои тие ги нудат покрај основната бенефиција – практично и безбедно решение за плаќање. Во таа насока, Mastercard World Contactless кредитната картичка на Халкбанк се издвојува како премиум производ наменет за корисници кои бараат да добијат нешто повеќе од класично плаќање.
Оваа картичка овозможува брзи и сигурни трансакции благодарение на бесконтактната технологија, при што за износи до 2.000 денари не е потребно внесување ПИН. Покрај оваа предност, корисниците добиваат пристап до низа дополнителни бенефиции.
Како дел од понудата, Халкбанк АД Скопје им овозможува на корисниците на Mastercard World картичката членство во Lounge Key програмата. Преку оваа програма, сопственикот на картичката, заедно со уште една личност по негов избор, може да ужива во погодности и привилегии при патувања, на бројни аеродроми ширум светот. За полесен преглед на достапните локации, корисниците можат да ја преземат мобилната апликација достапна за iOS и Android уреди.
Картичката е поврзана со револвинг кредитен лимит до 1.200.000 денари, достапен 24/7, со минимална месечна отплата од 10% од искористениот кредит. Дополнително, последните седум дена од секој месец, корисниците имаат можност да повлекуваат готовина без провизија од банкоматите на Халкбанк.
Mastercard World Contactless овозможува и интернет плаќања без провизија – и на домашни, и на странски веб-страници – со целосна сигурност, благодарение на највисоките безбедносни стандарди: 3D Secure – Verified by Visa и Mastercard SecureCode.
Меѓу дополнителните поволности, картичката нуди 10% пониски цени при купување полиси за доброволно осигурување од Халк Осигурување. Исто така, корисниците можат да купуваат на рати без камата кај трговци со кои Халкбанк има воспоставено соработка – до 60 рати.
Аплицирањето за Mastercard World Contactless е едноставно и достапно – во најблиската филијала на Халкбанк или онлајн преку веб страната на банката.
Во време кога удобноста, флексибилноста и сигурноста се очекувани стандарди, Mastercard World претставува модерен начин за управување со финансии, без компромис во квалитетот на услугата.
ПР
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
Николовски: Изградба на рекреативен градски парк и реконструкција на улици во Кратово

Кандидатот за градоначалник на општина Кратово, од Коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Тодорче Николовски, на денешниот митинг во рамките на изборната кампања под слоганот Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!, истакна дека ќе продолжи развојот на општината и ги наведе капиталните проекти кои ќе се реализираат во иднина, како инвестиции во образованието, инфраструктурата, детската заштита, културата, спортот и подобрување на животот во селските и руралните средини како и посветување внимание на економијата и туризмот.
„Реконструкција на стара училишна зграда (Стаклара). Изградба на канализационен колектор и уредување на дел од Манцева и Кратовска Река во вкупна должина од 520 метри. Изградба на рекреативен градски парк во „Карши Бавча“. Решавање на проблемот со чиста вода за пиење во селските средини .Изработка на техничка документација, конзервација и ревитализација на Горни Амам. Реконструкција на најголемиот дел на улици во „Царина маала“, чија реализација е започната и се одвива извесен период“, вели Николовски.
Николовски наведе дека ќе се реконструираат бројни улици и локални патишта, но и дека ќе се изврши реконструкција на детската градинка и асфалтирање на локални патишта.
„Реконструкција на речиси сите улици во „Зорле маала“, за кое нешто е избран изведувач и потпишан Договор за реализација. Спроведени постапки со избрани понудувачи постојат и за следниве значајни проекти: Реконструкција на локален пат од село Близанци кон Мушково во должина од 2.6 километри, изградба на улица Кочо Рацин, реконструкција на улицата Никола Тесла, реконструкција на детската градинка Царка Андреевска, асфалтирање на локален пат во село Вакув, асфалтирање на локален пат во с. Сакулица“, рече Николовски.
Соопштенија
Герасимовски: Масовно да излеземе во недела и да гласаме за Центар што го сакаме

„Во изминатите четири години направивме многу за Центар, за животот на сите генерации. Имаме уште многу работа, програма и план, стручни луѓе и знаење, желба и енергија. Заедно победуваме. Со нас, твојот глас вреди и значи најмногу. Ве повикувам масовно да излеземе и да гласаме за Центар што го сакаме“, вели кандидатот за градоначалник на Општина Центар од редовите од СДСМ Горан Герасимовски.
Герасимовски, потенцира дека новата програма за работа за втор мандат е јасна, прецизна, остварлива и која Центар ќе го направи вистинско и посакувано место, најдобро за сите.
„Мојата визија опфаќа силен фокус на образованието, културата, спортот и социјалната заштита, како и континуирана грижа за младите, семејствата, пензионерите и лицата во социјален ризик. Солидарноста, еднаквоста и инклузивноста се темелот врз кој Центар функционира како вистински сервис на граѓаните и создава услови за достоинствен и сигурен живот. Продолжуваме да работиме во оваа насока за уште позелен, похуман и поразвиен Центар“, порачува Герасимовски.
Соопштенија
Марковски: Магацините на „Славија“ може да прераснат во простории за културната сцена, а не во бетонски чудовишта

Магацините на „Славија“ во општина Кисела Вода можат да прераснат во уреден јавен и мултифункционален простор за алтернативната културна сцена, креативна индустрија и други функции наменети за младите и сите граѓани истакна Горан Марковски, независен кандидат за градоначалник на Скопје поддржан од граѓанската платформа „Независни заедно“.
„Да ги сочуваме и искористиме овие простори, како градителско наследство кое може да добие поинаква функција, а не да прераснат во колосални станбени објекти кои дополнително го загушуваат овој град“, истакна Марковски.
Тој кажа дека факт е дека на Скопје му недостасуваат простори за социјализација и дружба на младите, како и места за организирање на различни настани.
На денешната прес конференција се обрати и Јана Белчева Андреевска, носителка на листата за советници во град Скопје на „Независни заедно“:
„Наместо само да се руши и одново да се гради, добро е да ги следиме и принципите на циркуларната економија и примерите на европските метрополи, да реставриваме објекти од ваков тип, да им дадеме живот и да добијат нова вредност во новото време кое го живееме“, истакна Белчева Андреевска.