Соопштенија
ОМД: Кому му смета македонската дијаспора во светот?
Македонските граѓани во светот бурно реагираа на случувањата поврзани со организирањето избори за време на пандемијата на Ковид-19. Неодамна Обединетата македонска дијаспора (ОМД) исто така реагира за низата пропусти направени од Државната изборна комисија (ДИК) во врска со оневозможувањето регистрација во Избирачкиот список на голем број македонски граѓани со живеалиште надвор од Македонија. Иако ОМД формално се обрати до ДИК, до ден-денес нема добиено никаков одговор на прашањата за начинот на спроведување на изборите во дијаспората. Дали некој ќе сноси одговорност за гувеењето на институциите?, прашува ОМД.
Според нив, зачудувачки е фактот што во интензивните преговори за изборен датум никој не ја споменува дијаспората.
„Се прашуваме дали и кому му сметаат Обединетата македонска дијаспора и македонските граѓани распрснати низ светот? Дали и зошто некој се противи да се регистрираат гласачите во Избирачкиот список и да си го остварат своето уставно загарантирано право на глас? Иако Македонија се декларира како демократска држава, македонските граѓани во светот се чудат како може едно човеково право да им се скратува. Дали е на повидок ново политичко уредување и дали нашата земја сака да биде позната како земја што не ги почитува основните човекови права загарантирани на национално, европско и на светско ниво?
ОМД упатува апел до властите во Македонија, до најголемата опозициска партија, како и до другите политички партии и субјекти во државата дека македонските граѓани надвор од Македонија по никоја цена не смеат да бидат исклучени од овој избирачки циклус. Дијаспората е еден од двигателите на македонската економија, најдобар промотор на Македонија во светот и заслужува да биде дел од избирачкиот процес.
Исто така, зачудувачки е фактот што во услови на пандемија и светска здравствена криза властите во Македонија настојуват да ги спроведат изборите на штета на здравјето на македонските граѓани. Кому му се брза да се спроведат избори? Кој сака да најде изговор дека гласањето во дијаспората не може да се спроведе поради Ковид-19? Ги прашуваме лидерите на политичките партии и претседателот Пендаровски како во услови на развиена технологија и модерен принцип на функционирање на светот македонските власти не може да обезбедат гласање по електронски пат и/или пошта? Дали е ова уште еден начин да им се скрати избирачкото право на македонските граѓани, а со тоа да им се одземе можноста слободно да се изјаснат за тоа кој ќе ја води земјата?“, се вели во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Соопштенија
„Реплек“ во јубилејната 2025 година со раст на профитабилноста и стратегија за експанзија на извозот
Со раст на профитабилноста, силни позиции на пазарите и континуиран раст на продажните резултати, „Реплек АД Скопје“ ја заврши 2025 година. Компанијата оствари видливо унапредување на профитабилноста генерирајќи профит од 5 милиони евра, односно раст за 39% во однос на 2024 година. Нето профитната маргина се зголеми од 11,5% на 15%, што ја потврдува способноста на компанијата да генерира одржлива вредност и повисока ефикасност во работењето, дури и во услови на интензивни инвестициски активности.
Остварените позитивни резултати во 2025 година се должат на стратешкиот пристап на компанијата, ефективноста во управувањето со трошоците, и променетиот пристап за освојување на нови пазари и зајакнување на портфолиото. Како извозно ориентирана компанија „Реплек АД Скопје“, 75% од своите приходи ги остварува од странски пазари, додека останатите 25% се остваруваат на домашниот пазар. Компанијата е присутна на 25 пазари во светот, а според бизнис планот во следниот период, фармацевтското портфолио на компанијата ќе биде присутно на 40 пазари, односно 15 нови пазари. Тоа значително ќе ги зајакне позициите на компанијата, но и растот на приходите и профитабилноста.
„Деловните резултати што ги остваривме во 2025 година се јасна потврда дека ‚Реплек’ е позиционирана како силна и стабилна фармацевтска компанија, со јасна визија за долгорочен раст и развој. Успешно завршената година е резултат на доследно спроведената стратегија на континуирани инвестиции во иновации, модернизација на производствените капацитети и храброто освојување на нови пазари, како и на продлабочувањето на партнерствата на постојните. Особено нѐ охрабрува фактот што успеавме да го зголемиме и одржуваме извозот, што е најсилен доказ дека нашите производи ги исполнуваат највисоките меѓународни стандарди и се високо конкуренти, што се должи на посветеноста и професионалноста на целиот тим на ‚Реплек’. Токму во освојувањето на нови пазари, на што посветено работиме, го гледаме најголемиот потенцијал за раст. Остануваме силно посветени на нови инвестиции во технологии, луѓе и знаење и продолжуваме да бидеме компанија што создава долгорочни вредности за заедницата и за националната економија“, изјави Душан Пецовски, генерален директор на „Реплек“.
Вкупните приходите од продажбите на „Реплек“ во периодот од 1 јануари заклучно со 31 декември 2025 година изнесуваат 34 милиони евра, што претставува раст од 8% во споредбата со 2024 година, и е доказ за континуираната динамика на раст и стабилното пазарно присуство на компанијата. Од продажбата на домашниот пазар „Реплек“ реализираше приходи од 8,6 милиони евра, задржувајќи силна позиција и континуирано присуство во клучните сегменти. Преку извозните активности, пак, компанијата оствари приходи од 25,4 милиони евра, потврдувајќи ги своите позиции на странските пазари.
Минатата година, „Реплек“ успешно го имплементираше новиот ERP систем со премин на SAP S/4HANA, со што беше унапредена ефикасноста и контролата на деловните процеси. Компанијата реализираше значајна инвестиција во нов современ производствен блок по највисоки фармацевтски стандарди, со што се модернизира и автоматизира производствениот процес и се зголеми капацитетот за примарно и секундарно пакување на цврсти фармацевтски форми за 25%. Инвестицијата вклучи најсовремена технолошка линија со напредни системи и вештачка интелигенција за контрола на квалитетот во реално време. Дополнително, успешно беа лансирани девет нови производи на пазарот, со што се збогати понудата за потрошувачите и се зајакна иновативноста и флексибилноста на компанијата.
Bottom of FormФокусот ќе остане на натамошно зајакнување на пазарното присуство, одржлив раст на продажбите, како и континуирано унапредување на профитабилноста, со цел создавање долгорочна вредност за акционерите. Компанијата останува посветена на принципот на висока транспарентност во работењето, кој особено се зајакнува по нејзиното вклучување во МБИ10 индексот на Македонската берза. Потврда за тоа беше и наградата што ја добри „Реплек“ за најтранспарентна компанија од Македонската берза во избор на новинарите, што уште повеќе ја потврдува посветеноста на компанијата кон високите стандарди на отчетност кон јавноста и инвеститорската заедница.
(ПР)
Соопштенија
Предности и поволности на новата Халки картичка за деца
Сите деца на возраст од 9 до 15 години сега може да имаат своја банкарска картичка која ќе им помогне да научат одговорно да располагаат со парите и да штедат, но и да им се најде во ситуации кога итно им требаат пари, а родителите не се дома. Првата картичка за деца во земјава, која ја воведе Халкбанк пред неколку недели, е корисно и практично решение и за најмалдите и за нивните родители.
Дебитната картичка Халки може да се добие преку брза и едноставна процедура во која било филијала на Халкбанк во Македонија со присуство на двајцата родители/старатели. Таа овозможува низа предности и поволности за брзи, едноставни и безбедни трансакции преку интернет и во малопродажба. Особено е важно што, за разлика од користењето готовина, родителите имаат целосна контрола колку средства троши нивното дете и за која намена.
Во продолжение наведуваме дел од главните карактеристики на Mastercard Junior картичката на Халкбанк наменета за деца на возраст од 9 до 15 години.
- Нула денари трошоци за отворање, водење и одржување сметка
- Бесплатни СМС известувања за родителот/старателот за секоја трансакција
- Можност за одредување лимит на дневна сума на платежната картичка
- Повлекување готовина без надоместок од сите банкомати во земјата и странство
- Бесплатен трансфер на средства од сметката на родителот на сметката на детето
- Можност за дигитализирање на картичката на Apple Pay/Google Pay/Fidesmo Pay
- Без надоместок за издавање на платежната картичка до 31.03.2026 година
Еден од најголемите бенефити од користењето сопствена картичка е поттикнувањето финансиска писменост на децата. На овој начин тие може да научат како да располагаат со месечен буџет, да штедат, да плаќаат безбедно на интернет и генерално како одговорно да ги трошат финансиските средства.
Исто така, поседувањето картичка овозможува префрлање пари од сметката на родителот на сметката на детето за само неколку минути. Ова е особено корисно кога родителот е на работа или на патување, а на детето итно му требаат пари за некоја намена или кога едноставно заборавило да понесе готовина со себе.
Во време на дигитализација и брз начин на живот, Халки картичката за деца е иновативно и корисно решение креирано за специфичните потреби и на децата и на родителите. Халкбанк постојано работи и инвестира во зголемување на финансиската писменост на децата, а оваа активност е дел токму од тие напори на банката.
(ПР)
Соопштенија
„Sport Life“ ги израдува со новогодишни пакетчиња децата од ранливите категории и лицата со посебни потреби
Радост и празнично расположение кај децата од ранливите категории и лицата со посебни потреби, при посетата на претставниците на „Sport Life“ обложувалници.

Тие им подарија новогодишни пакетчиња на 70 деца во групните домови за деца без родители од ЈУ Детски дом „11 Октомври“ – Скопје, исто така и на верните пријатели од Здружението регионален центар за лица со интелектуална попреченост – „ПОРАКА НАША“ Куманово, а оваа година 32 пакетчиња беа доделени и на Здружението за рехабилитација и инклузија на лицата со даунов синдром – Дневен центар „ДОЗА СРЕЌА“ во Скопје.
„Ова е петта година по ред, во која во пресрет на Новогодишните празници, сакаме да ја подигнеме свесноста за децата од ранливите категории и лицата со посебни потребни, т.е. оние кои секојпат треба да бидат во нашите мисли и дел од општествената одговорност на компаниите.

Се надеваме дека оваа наша посета и донација, ќе им донесе многу насмевки и среќа и ќе им ги разубави Новогодишните празници. Оваа благородна традиција е дел од нашата визија за похумано и инклузивно општество и истата ќе продолжи и во иднина“ – изјави Петар Поцков, маркетинг директор на „Sport Life“.
Воедно, „Sport Life“ обложувалниците им посакуваат среќни Новогодишни и Божикни празници, на сите граѓани, со желби за здравје, мир и благосостојба.
(ПР)

