Соопштенија
ОМД: Кибер-напад на македонските избори наложува истражување од страна на НАТО
Обединетата македонска дијаспора (ОМД) изрази голема загриженост во врска со кибер-нападот, кој веќе трае повеќе од четири дена, на веб-страницата на македонската државна изборна комисија (ДИК) на 15 јули.
„Македонија е 30-та и најновата членка на НАТО. Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, изјави дека нападот врз една членка е напад врз сите. Според тоа, овој кибер-инцидент треба да предизвика акција на член 5 за поддршка на Македонија, под покровителство на ‘заложбата за колективна одбрана на НАТО’“
Управувањата со кибер-базирано мешање на националните избори е сè поголема загриженост дури и во најнапредните демократии во светот. Истрагата на НАТО за инцидентот во Македонија може да послужи како модел за другите западни земји кои би можеле да доживеат нарушување на гласањето засновано на компјутерски мрежи во иднина“, се вели во соопштението.
ОМД категорично ги отфрла барањата на албанските малцински политички партии дека следниот премиер мора да биде од македонско-албанско потекло.
„По сите избори, албанските малцински политички партии наметнуваат де факто уцена на секоја влада, барајќи сè поголема политичка моќ и ‘права’. Ова е перверзно, кога во реалноста Македонија обезбедува најмногу човекови права од која било земја во Европската Унија. Наместо наметнување на барања во обид на зацврстување на ‘тиранската платформа’, чија крајна цел е федерализација на Македонија, албанското малцинство треба да започне да демонстрира најосновна почит кон својата татковина, нејзиното знаме, нејзината химна и даночните закони. Ставот на ОМД беше дека Македонија не треба да одржува избори во период кога случаите со Ковид-19 секојдневно се зголемуваат. Минатава сабота имаше 241 позитивни случаи, означувајќи највисок број случаи и на смртни случаи на милиони население во регионот, до сега“, се додава во соопштението.
ОМД ги споделува чувствата на ОБСЕ-ОДИХР за демократски институции и специјална мисија за проценка на изборите и повторува дека „правната стабилност е поткопана со значителни ревизии на Изборниот законик и последователните ад хок регулативи донесени за време на вонредната состојба“. Според ОБСЕ-ОДИХР, препораките на ОДИХР останаа „нерешени, вклучително и оние што се однесуваат на универзалноста и еднаквоста на гласовите во изборната област во странство, ревизија на границите на изборните единици од независно тело, правата на лицата со инвалидитет и ефикасна кампања финансиска ревизија“.
„Во 2011 година, македонските граѓани во странство добија право на глас во македонските амбасади и конзулати, меѓутоа за првпат од донесувањето на законот, тоа право го одзеде Државната изборна комисија. Нејзината очигледна партиска природа беше испрашуван од страна на Специјалната мисија за проценка на изборите на ОДИХР. ОМД веќе долго време се залага за критички подобрувања засистемот на гласање во странство, вклучително електронско гласање, поштенски ливчиња и отворање на повеќе гласачки места каде што живеат поголеми македонски заедници.
Пред следните избори, земјата треба да го смени својот систем на шест изборни единици во една изборна единица, за да им даде можност на повеќе граѓани да се вклучат во демократскиот процес, споредено со сегашните парламентарци кои ги ставаат први своите партиски интереси, на место на интересите на нивните избирачи. Хегемонијата на сегашниот двопартиски, и етничкиот коалиционен партнерски систем, ја намалува демократијата, владеењето на правото и владините институции во Македонија. Покрај тоа, додека Државната изборна комисија потврди над 1,8 милиони регистрирани гласачи, Македонија нема спроведано попис од 2002 година, сериозно поставувајќи го прашањето дали гласачките ливчиња можат да бидат изманипулирани од Комисијата, владата, политичките партии и/или локалните власти. Различни извори, како што е Светската банка, тврдат дека дури 650.000 македонски граѓани се иселиле надвор од земјата во изминатите 20 години. Успешниот попис мора да биде приоритет за следната влада. Конечно, ОМД ги повикува сите партии, особено двете најголеми македонски партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да работат заедно за доброто на македонските национални интереси“, се додава во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Соопштенија
Како преку паметен избор на снабдувач со струја да заштедите и до 40 отсто на сметките?
Во услови на либерализиран пазар на електрична енергија, компаниите имаат можност самостојно да изберат снабдувач и директно да влијаат врз своите трошоци за струја. Разликата не е симболична – во одредени случаи, заштедата може да достигне и до 40%.
Но, за да се разбере вистинската разлика, потребно е да се разгледа структурата на самата сметка.

Секоја сметка за електрична енергија ги содржи следните ставки: надоместок за потрошена електрична енергија, надоместок за дистрибуција на енергијата („мрежарина“), фиксен надомест за пристап до мрежата, ДДВ, комунална такса за јавно осветлување.
Важно е да се нагласи дека сите надоместоци поврзани со мрежата и останатите давачки се регулирани од страна на Регулаторната комисија за енергетика и се еднакви, без разлика кој е снабдувачот.

Разликата се создава кај главната ставка – трошокот за потрошената електрична енергија.
Од каде доаѓа разликата? Предноста на ЕДС, која е членка на PPC Group, најголемата енергетска компанија во Југоисточна Европа, во однос на другите снабдувачи лежи во големината, оптимизацијата и регионалната инфраструктура. ЕДС секојдневно купува значителни количини електрична енергија, што овозможува оптимален енергетски дијаграм на балансната група и пониски трошоци за балансирање. Благодарение на големото портфолио и ефикасното управување, трошоците за отстапување се сведени на минимум. Компаниите добиваат гарантирана цена, што овозможува финансиска стабилност и подобро планирање.
Во современото деловно окружување, струјата повеќе не е само оперативен трошок – таа е стратешка категорија.
Паметниот избор на снабдувач значи контрола врз трошоците, предвидливост и директна финансиска заштеда што може да се пренасочи кон инвестиции и развој. А, бројките покажуваат дека разликата не е мала – таа е мерлива и значајна.
ПР
Соопштенија
БРАКО донираше 330 топли оброци за лица во социјален ризик
Компанијата БРАКО реализираше хуманитарна донација од 330 топли оброци од работничката менза на фабриката, наменети за лица во социјален ризик во Велес и околината.
Оброците беа подготвени од велешкиот ресторан „Боем“, кој ја обезбедува исхраната за вработените во БРАКО.
Во рамки на заедничката акција, храната се преземаше преку Народната кујна на „Боем“, а за лицата кои живеат во подалечни места или немаат пристап до информации и социјални мрежи, активисти ја доставуваа директно до нивните домови.
Со оваа донација, БРАКО уште еднаш ја потврдува својата посветеност на општествената одговорност и поддршката на локалната заедница, со посебен фокус на солидарноста и грижата за најранливите категории граѓани.
Компанијата и во иднина ќе продолжи да поддржува иницијативи кои имаат реално и директно влијание врз подобрување на квалитетот на живот во заедницата.
(ПР текст)
Соопштенија
Таткото троши – ќерката плаќа: смена на улогите во новата реклама за картичката за деца на Халкбанк
Замислете кога во одреден момент со парите би управувале децата. Тие да можат да одлучат што да се купи, а што не или колку може да се потроши за чоколади и за слатки. Тие да кажат дали овој месец ќе заштедат или ќе го потрошат целиот буџет.

Во ваква улога се најдоа познатиот македонски актер Сашко Коцев и неговата 9-годишна ќерка Јоана, на снимањето на рекламата за првата платежна картичка за деца на Халкбанк. Станува збор за иновативен производ, наменет за деца од 9 до 15 години, кој ним им овозможува да стекнат финансиски навики, додека родителите имаат целосна контрола на тоа каде и колку трошат нивните деца.
Рекламата за картичката Халки се случува во слаткарница. Таткото е возбуден и сака да нарача сè од менито, но за тоа мора да побара дозвола од ќерката. Таа, од друга страна, е смирена и рационална и не дозволува да се претера со нарачките, но и конзумирање на слатко. На крајот, ќерката ја плаќа сметката со својата Халки картичка.
„Целта на кампањата е на забавен начин, со доза хумор, да покажеме дека децата знаат да се однесуваат одговорно кон финансиите доколку им се дозволи и им се покаже како да го прават тоа. Практично, идејата за креирање на првата картичка за деца и тинејџери до 15 години во Македонија е токму тоа – да им помогне да научат како да располагаат со одредена сума пари, да го планираат неделниот или месечниот џепарлак и да стекнат навики за штедење. Секако, со помош и со контрола на родителите“, вели Маја Наумовска Савеска, директор на корпоративни и маркетинг комуникации во Халкбанк.
Mastercard Junior дебитната картичка овозможува низа поволности како повлекување готовина без надоместок од сите банкомати во Македонија и во странство, бесплатен трансфер на средства од сметката на родителот или старателот на сметката на детето. Исто така, родителот има можност за поставување лимити на платежната сметка на детето, блокирање на картичката преку електронско банкарство во случај на губење, СМС инфо без надоместок на мобилниот број на законскиот застапник/старател и можност за дигитализирање на картичката на Google Pay или Apple Pay.
Процедурата за аплицирање за картичката за деца е едноставна и може да се направи во сите филијали на Халкбанк, а сите апликации до крајот на март годинава се ослободени од трошоци за издавање на картичката.
(ПР)

