Соопштенија
Паунов: Патната инфраструктура ќе биде во фокусот на општина Карбинци, ќе обезбедиме и 150 нови плацеви за домување
Кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за општина Карбинци, Виктор Паунов, на денешниот митинг во рамките на изборната кампања под слоганот „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“. Паунов се осврна на досега сработеното во изминатите четири години, потенцирајќи дека и покрај 3-годишните опструкции од страна на централната власт, посветеното работење резултираше со реализација на многубројни проекти во патната инфраструктура, расчистени диви депонии како и изградба на нови училишта и детски забавни паркови.
„Реализирани се бројни проекти во делот на патната инфраструктура: вкупно 46 улици во целата општина добија асфалт. Реконструирани и модернизирани се 5 мултифункционални игралишта. Изградивме 2 нови училишта во Таринци и Радање, пет нови детски забавни паркови ги красат нашите населени мести кои пружат можност за рекреација, забава на најмалите, расчистени се сите 6 диви депонии во 6 населени места кои беа опасност по животната средина, подземните води, а и воздухот во Карбинци, тоа беа депонии кои беа стари ѓубришта со децении!“, вели Паунов.
Паунов истакна дека следниот четиригодишен мандат ќе се темели врз неколку основи т.е. столба како обезбедување на нови плацеви за домување, нова спортска сала, велосипедска патека, а воедно посочи дека патната инфраструктура ќе биде повторно во фокусот и следните четири години.
„Следниот четиригодишен мандат ќе го темелиме врз неколку основи или врз неколку столба, обезбедување на 150 нови плацеви за домување, една нова населба помеѓу населените места Карбинци и Таринци, која ќе го добие името „Вршник“, според историската населба во атарот на село Таринци. Нова спортска сала со којашто ќе обезбедиме можност за спортување, услови за спортските клубови кои ги формиравме во општина Карбинци, а тоа се индивидуалните спортски клубови, боречките клубови „Киро Ристов“ и БК Карбинци и карате клубот којшто исто така функционира на територија на општина Карбинци, ќе обезбедиме можност за спортување и натпреварување. И оваа спортска сала ќе има карактер на натпреварувачка сала којашто ќе понуди и програма за различни видови на спортови. И ќе споменам уште 2 покрупни проекти, велосипедска патека долж регионалниот пат од село Таринци до Карбинци во должина од 1.8 км. Патека која е важна и за безбедноста, но и за рекреативците во овој дел од општината. Со тенденција да ја продолжиме од Карбинци во една втора фаза до локалитетот „Баргала“ со должина од дополнителни 4.8 км. Во делот на патната инфраструктура, којашто исто така ќе биде во фокусот и во следните четири години. Клучниот патен правец од село Карбинци до селото Радање целосно ќе го реконструираме во должина од 4.5 км“, појасни Паунов.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Соопштенија
БРАКО донираше 330 топли оброци за лица во социјален ризик
Компанијата БРАКО реализираше хуманитарна донација од 330 топли оброци од работничката менза на фабриката, наменети за лица во социјален ризик во Велес и околината.
Оброците беа подготвени од велешкиот ресторан „Боем“, кој ја обезбедува исхраната за вработените во БРАКО.
Во рамки на заедничката акција, храната се преземаше преку Народната кујна на „Боем“, а за лицата кои живеат во подалечни места или немаат пристап до информации и социјални мрежи, активисти ја доставуваа директно до нивните домови.
Со оваа донација, БРАКО уште еднаш ја потврдува својата посветеност на општествената одговорност и поддршката на локалната заедница, со посебен фокус на солидарноста и грижата за најранливите категории граѓани.
Компанијата и во иднина ќе продолжи да поддржува иницијативи кои имаат реално и директно влијание врз подобрување на квалитетот на живот во заедницата.
(ПР текст)
Соопштенија
Таткото троши – ќерката плаќа: смена на улогите во новата реклама за картичката за деца на Халкбанк
Замислете кога во одреден момент со парите би управувале децата. Тие да можат да одлучат што да се купи, а што не или колку може да се потроши за чоколади и за слатки. Тие да кажат дали овој месец ќе заштедат или ќе го потрошат целиот буџет.

Во ваква улога се најдоа познатиот македонски актер Сашко Коцев и неговата 9-годишна ќерка Јоана, на снимањето на рекламата за првата платежна картичка за деца на Халкбанк. Станува збор за иновативен производ, наменет за деца од 9 до 15 години, кој ним им овозможува да стекнат финансиски навики, додека родителите имаат целосна контрола на тоа каде и колку трошат нивните деца.
Рекламата за картичката Халки се случува во слаткарница. Таткото е возбуден и сака да нарача сè од менито, но за тоа мора да побара дозвола од ќерката. Таа, од друга страна, е смирена и рационална и не дозволува да се претера со нарачките, но и конзумирање на слатко. На крајот, ќерката ја плаќа сметката со својата Халки картичка.
„Целта на кампањата е на забавен начин, со доза хумор, да покажеме дека децата знаат да се однесуваат одговорно кон финансиите доколку им се дозволи и им се покаже како да го прават тоа. Практично, идејата за креирање на првата картичка за деца и тинејџери до 15 години во Македонија е токму тоа – да им помогне да научат како да располагаат со одредена сума пари, да го планираат неделниот или месечниот џепарлак и да стекнат навики за штедење. Секако, со помош и со контрола на родителите“, вели Маја Наумовска Савеска, директор на корпоративни и маркетинг комуникации во Халкбанк.
Mastercard Junior дебитната картичка овозможува низа поволности како повлекување готовина без надоместок од сите банкомати во Македонија и во странство, бесплатен трансфер на средства од сметката на родителот или старателот на сметката на детето. Исто така, родителот има можност за поставување лимити на платежната сметка на детето, блокирање на картичката преку електронско банкарство во случај на губење, СМС инфо без надоместок на мобилниот број на законскиот застапник/старател и можност за дигитализирање на картичката на Google Pay или Apple Pay.
Процедурата за аплицирање за картичката за деца е едноставна и може да се направи во сите филијали на Халкбанк, а сите апликации до крајот на март годинава се ослободени од трошоци за издавање на картичката.
(ПР)
Соопштенија
ЕДС официјален поддржувач на Олимпискиот комитет за спортскиот циклус 2026
Со потпишувањето на спонзорски договор со Олимписки комитет на Северна Македонија, ЕДС официјално станува дел од Олимпиското семејство како Официјален поддржувач за време на клучниот спортски циклус во 2026 година.
ЕДС ќе даде поддршка на Олимпискиот комитет во период што опфаќа неколку од најзначајните меѓународни спортски настани, меѓу кои Зимските олимписки игри Милано–Кортина 2026 и Медитеранските игри во Таранто.
Со оваа соработка, ЕДС ја потврдува својата заложба за поддршка на спортот, младите и вредностите што ги промовира олимпиското движење – фер-плеј, извонредност, посветеност и заедништво.
„Ова партнерство за нас претставува многу повеќе од спонзорство. Тоа е јасна поддршка на вредностите што ги делиме со олимпиското движење – дисциплина, истрајност и стремеж кон извонредност. Горди сме што, преку соработката со Олимпискиот комитет на Северна Македонија, ќе бидеме дел од еден значаен спортски циклус и ќе придонесеме кон промоција на домашниот спорт на меѓународната сцена,“ изјави главниот извршен директор на ЕДС, Александар Сарџовски.
Спонзорството ја зацврстува позицијата на ЕДС како општествено одговорна компанија, која континуирано инвестира во иницијативи со долгорочна вредност за заедницата и придонесува кон позитивен општествен развој.
ПР

