Соопштенија
„Подем“ повика на игнорирање на референдумот

Извршниот одбор на „Подем“ на вчерашната седница едногласно ја потврди одлуката од членовите на Централниот одбор, за игнорирање на претстојниот референдум на 30 септември 2018 година.
„Со оглед на штетниот и неуставен договор во Нивици, крајно несериозното и збунувачко референдумско прашање, како и политичката и економска неизвесност, во која актуелната Влада ја води земјата, ги повикуваме граѓаните на Република Македонија на 30 септември да го игнорираат референдумското изјаснување“ соопшти Подем.
„Подем“ уште еднаш истакнува дека местото на Република Македонија и е во Европската Унија и НАТО, но членка со национално достоинство, неуценета и почитувана.
„Референдумот не смее да биде изговор за политичкиот и економскиот неуспех кој и се случува на Република Македонија во секоја сфера на живеење. Единствен договор кој мора да ги обедини сите политички партии е правецот во кој ќе се одвиваат реформите во судството, борбата против корупцијата, подобрувањето на состојбите во образованието и здравството, зголемувањето на животниот стандард на населението“ порачуваат од „Подем“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
Чуварите на мудроста третпат ќе ги отворат срцата и умовите пред младите

Некои од најуспешните и највлијателни луѓе и професионалци од Македонија ќе ги отворат срцата и умовите на третото издание на конференцијата „Чувари на мудроста“, организирана од Халкбанк, која ќе се одржи на 28 мај на Економскиот факултет во Скопје.
Оваа конференција прерасна во вистински мост помеѓу генерациите – таа нуди уникатна можност да се учи од мудроста на докажани бизнис лидери, уметници, професори, автори и визионери кои оставиле длабока трага со своето делување во земјата и светот.
На конференцијата говорниците ќе ги пренесат своите животни и професионални совети на младите, ќе зборуваат за почетоците, предизвиците и клучните моменти што ги обликувале како личности.
Дали постои рецепт за успех? Што ги мотивирало да не се откажат? Низ искрени и отворени разговори, „Чуварите на мудроста“ ќе ги споделат своите животни приказни, драгоцени искуства и искрени совети – не само со студентите, туку и со сите што сакаат да растат, учат и да се инспирираат.
Како и на претходните две изданија, конференцијата ќе биде во формат на форум што ги обединува сите кои веруваат во моќта на знаењето и животното искуство. Со отворени разговори, прашања и дискусии, сите присутни ќе можат да се вклучат и да споделат свое размислување или прашање.
Во текот на наредните неколку дена ќе бидат најавени говорниците на конференцијата, како и темите на панелите. Конференцијата „Чувари на мудроста“ е бесплатна и отворена за сите заинтересирани. Но, заради ограничениот капацитет, истите треба да го пријават своето присуство со пополнување онлајн формуларот за регистрација.
Дојдете и бидете дел од настанот којшто не само што инспирира, туку и обединува. Мудроста нема возраст – таа се создава и негува кога младоста и зрелоста ќе си подадат рака.
Соопштенија
Самит на Македонија 2025 – Просперитет, технологија, иновации

На 12-ти и 13-ти мај, во хотелот „Мериот“ во Скопје, ќе се одржи 14-то издание на Самитот на Македонија2025. На настанот се очекува да присуствуваат над 550 гости, домашни и меѓународни лидери, претставници на домашни компании и компании од регионот и дијаспората, претставници на академската заедница, невладини организации, како и млади лидери.
Официјалното отворање на Самитот е закажано за 12-ти мај со воведни обраќања на претседателот на Одборот на директори на Македонија2025, Виктор Мизо и извршната директорка, проф. д-р Никица М. Блажевски.
Главните теми на Самитот ќе бидат обработени во 14 панел сесии на кои ќе учествуваат 36 врвни говорници од Македонија и светот. Фокусот ќе биде ставен на потребата од забрзан економски раст и моделите како тој да се оствари, како и на дигиталната трансформација, иновациите, привлекувањето странски инвестиции и борбата против корупцијата. На панелите и преку интервјуа со глобални и домашни лидери, ќе се дискутираат конкретни решенија и добри меѓународни практики за конкурентна, одржлива и поврзана Македонија.
Во рамки на Самитот, ќе се организираат и пет лидерски средби, два настани за вмрежување и осум засебни обуки и работилници за компании, млади таленти и владини институции. На овие настани ќе присуствуваат говорниците од Самитот и членовите на Одборот на директори на Македонија2025. Активностите поврзани со Самитот ќе завршат на 15-ти мај.
Самитот на Македонија2025 е регионален настан со најдолга традиција чија цел е размена на искуства и нови трендови, вмрежување на компаниите од регионот и дијаспората, како и инспирирање на промени во Југоисточна Европа.
Повеќе информации за Самитот се достапни на веб-страница на Македонија2025: https://macedonia2025.com/summit-2025/.
ПР
Соопштенија
Кога другите прашуваат „Зошто?“ ти сврти на Smooth и кажи „Зошто не?“

Во свет што сè побрзо се движи, Скопско Smooth нè потсетува дека понекогаш е доволно само едно мало „вртење“ за да направиме пауза и вистински да уживаме – на свој начин, без притисоци.
Aвтентичноста носи свежа перспектива, а да се биде свој е секогаш освежувачки. Тоа е оној момент кога на прашањето „Зошто?“, ти решаваш да кажеш „Зошто не?“. Afterwork во градина? Роденден на планина? Џакузи на тераса? Зошто не?
Smooth ги слави сите оние моменти кога сфаќаме дека не мора да се вклопиме во нечија рамка, да ги следиме сите норми или трендови. Кога сме свои, без извинувања, светот ни се отвора со нови уживања и свежи моменти. Во таа автентичност ја наоѓаме храброста да живееме отпуштено и да уживаме во малите нешта во животот.
Новиот ТВ-спот „Сврти на Smooth“, кој преку свежа, инспиративна и визуелно привлечна приказна нè повикува да се поврземе со себе и да уживаме вистински – на состанок со мајка ни, џакузи во двор, или во маало со другарите и Smooth в рака.
Како и досега, Скопско Smooth продолжува да ја поддржува македонската музика, овој пат преку соработка со младата група КЕМ, чијашто песна „Трипати“ е музичка подлога на спотот. Со својата игривост и фанки енергија, песната е совршен партнер за сите моменти кога вртиме на Smooth.
А кога ќе свртиш на Smooth и ќе си дозволиш момент на вистинска свежина – животот станува поедноставен. И поубав.
ПР