Контакт

Соопштенија

СДСМ:МТВ јавно ги погази националните стратешки интереси, одговорност мора да има

Објавено пред

Националниот јавен сервис МТВ, денеска,  на големиот државен празник 2 август – Денот на Републиката, емитуваше програма преку која упатуваше пораки спротивни на националните стратешки интереси на Република Македонија. Со денешната програма од чествувањата на Илинден, МТВ ги оспори и ги доведе во прашање стратешките интереси на Република Македонија, а членството во ЕУ и НАТО го сведе на прашање за полемика и го означи како определба на една политичка структура, наместо како генерациска определба на сите граѓани на Република Македонија, соопшти СДСМ.

dobivaj vesti na viber

Според партијата, МТВ денеска наместо да се издигне на нивото на Денот на Републиката, одлучи да дејствува пропагандно и да ги спори државните интереси.

,,Мора да има одговорност за дешеното неодговорно и антидржавно однесување на јавниот сервис. Програмскиот совет, директорите и уредниците, итно мора да поднесат оставки за ваквото дејствување кое е спротивно на интересите на граѓаните”, се додава во соопштението.

Соопштенија

Бомбастична есен = Бомбастични можности со Минт Кредит

Објавено пред

Време е за нови планови и свежи почетоци – затоа што оваа есен носи бомбастични можности! Есенската сезона во Минт Кредит започнува со неверојатна понуда, -30% попуст на трошоци до 300.000 мкд и инстант одобрување за само 10 минути, твоите идеи и желби стануваат реалност веднаш.

dobivaj vesti na viber

· Без чекање.

· Без компликации.

· Само голема насмевка и мали трошоци. Акцијата важи во периодот од 22.09.2025 до 30.09.2025 за Минт Кредит од 300.000 мкд. Секој клиент кој ќе аплицира во наведениот рок ќе има можност да добие значителна заштеда, а истовремено и финансиска поддршка до 300.000 мкд. За повеќе информации контактирајте не на 15 107 или преку веб-страната Mint Credit.

(ПР)

Прикажи повеќе...

Соопштенија

50 македонски комунални возила на БРАКО на улиците на Ријад

Објавено пред

Над 50 возила за чистење Грин Машинс произведени во фабриката БРАКО од Велес се продадени во главниот град на Саудиска Арабија, Ријад. Со тоа, македонскиот инженерски производ се најде во служба на еден од најголемите урбани проекти на Блискиот Исток.

dobivaj vesti na viber

 

Од производствените хали на БРАКО во Велес, директно на улиците на Ријад – над 50 специјализирани возила GM636 се веќе испорачани и активно се користат за одржување на хигиената во главниот град на Саудиска Арабија.

Се работи за голема и комплексна испорака, во рамки на една од најобемните јавни програми за чистење во тој регион, каде што повеќе изведувачи беа ангажирани за чистење на различни делови од градот. 50 возила од брендот Грин Машинс на БРАКО се вклучени во тој проект. За потребите на проектот во Ријад, тимот на БРАКО дополнително го зајакна моделот, прилагодувајќи го за работа во специфични климатски услови и за ефикасно справување со песочни наноси на улиците и јавните површини.

Испораките за Саудиска Арабија не завршуваат тука – фабриката во Велес очекува нови нарачки за возила за чистење за во други саудиски урбани центри.

БРАКО произведува 8 модели на возила Грин Машинс: на водороден, електричен и класичен погон. Преку свои фирми ќерки во Соединетите американски држави, Обединетото Кралство, Холандија и Германија и преку надворешна продажна мрежа, македонската врвна технологија за урбано чистење ја има на пазарите во над 50 земји.

(ПР)

Прикажи повеќе...

Соопштенија

БРАКО донира ЕКГ во болницата во Велес

Објавено пред

БРАКО донираше апарат за ЕКГ на Интерното одделение во болницата во Велес, на барање на болницата која се обрати до БРАКО за помош за итна неопходна замена на расипано EKГ, како елементарно неопходно за нормално функционирање на болницата и пружање услуги на пациентите.

dobivaj vesti na viber

Велешката фабрика веднаш излезе во пресрет и ја набави потребната апаратура, 12-канално EKГ според спецификацијата доставена од здравствената институција.

При испораката на ЕКГ-то, во име на БРАКО болницата ја посетија Благој Шалев и Ангел Анѓушев, кои заедно со директорот на болницата Александар Бузалков кусо присуствуваа на обуката на персоналот за користење на новата опрема, како и на ставањето во употреба на толку потребниот апарат за пациентите во Велес.

БРАКО редовно го поддржува градот Велес со повеќе донации и спонзорства согласно потребите на граѓаните, како и други институции надвор од Велес. Што се однесува до здравството, БРАКО опреми со медицински мебел од сопствено производство еден кат на Абдоменална хирургија во Клиниката за Хируршки болести Св. Наум Охридски во Скопје, додека на Клиничкиот центар Мајка Тереза во Скопје донираше медицински мебел за Ургентниот центар, а во моментов се изработува медицински мебел за Клиниката за Тораковаскуларна хирургија за донација преку ФЕРОИНВЕСТ.

(ПР)

Прикажи повеќе...

Најново

Свет3 часа

Франција ја призна Палестина

Францускиот претседател Емануел Макрон вечерва на Генералното собрание на ОН потврди дека Франција ја признава Палестина како независна држава. Со...

Македонија5 часа

Сиљановска-Давкова во Њујорк: Време е кормилото на ОН да му го довериме на жена

Во рамки на учеството на 80. Генерално собрание на Обединетите нации во Њујорк, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се обрати на состанок...

Топ5 часа

Скопјанец ја турнал мајка си, ја давел, па кршел саксии по дворот, Обвинителството бара притвор

Скопското Обвинителство поведе постапка против 40-годишен маж од Скопје, осомничен дека извршил телесна повреда врз својата мајка, во инцидент што...

Македонија6 часа

ДИК со податоци: Пет отфрлени листи за градоначалници

Според податоците добиени од Државната изборна комисија, за претстојните локални избори се потврдени вкупно 861 кандидатска листа – 303 за...

Македонија10 часа

Од ноќеска на полноќ поскапува дизелот

Од полноќ, горивата добиваат нови цени, одлучи Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад...

Свет10 часа

Путин: Русија е подготвена воено да возврати на Западот

Рускиот претседател, Владимир Путин, изјави дека Русија е подготвена да одговори на сите закани, додавајќи дека Москва сè уште поддржува...

Македонија11 часа

(Видео) Кузеска: Кој ќе ја преземе одговорноста за расипаниот радар на скопскиот аеродром?

Денес повторно гледаме како партизацијата и неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ директно ги доведуваат граѓаните во опасност. Радар во Контролата на летање...

Топ12 часа

Почина девојче во тетовската болница

Девојче на седумгодишна возраст починало вчера во болницата во Тетово. Од Обвинителството соопштија дека е издадена наредба за обдукција. „Јавен...

Македонија12 часа

Уценетиот Асмир Јахоски ја прекина доставата на нафта за автобусите на ЈСП, велат од Град Скопје

Под силен политички притисок уценетиот Асмир Јахоски од „Пуцко петрол“ се приклучува на обидите за создавање хаос во Скопје. Иако...

Македонија15 часа

ЦУК: Гори на планините Кожуф и Добра Вода, под контрола четири пожари

Денеска, до 07:00 часот, на територијата на Македонија имало вкупно 34 пожари на отворен простор, од кои два се активни,...

Македонија16 часа

Нормализиран сообраќајот на регионалниот пат Велес – Градско

Од 08 часот и 20 минути, утрово, сообраќајот на регионалниот пат Велес-Градско е нормализиран, извести АМСМ. Сообраќајот беше во прекин...

Македонија16 часа

Почувствуван земјотрес во југоисточните делови на Македонија, епицентарот во Грција

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот...

Свет18 часа

Португалија ја призна Палестина

Португалскиот министер за надворешни работи, Пауло Рангел, изјави дека неговата земја ја признала државата Палестина. „Признавањето на државата Палестина е...

Европа18 часа

Русија: Украинците нападнаа одморалиште на Крим, има мртви и ранети

Украински дронови го погодија одморалиштето Форос на Крим, предизвикувајќи штета и жртви, според Сергеј Аксјонов, шефот на нелегалната окупациска влада....

Свет18 часа

(Видео) Заврши комеморацијата за Чарли Кирк; Трамп: Го уби радикализирано, ладнокрвно чудовиште

На Стејт Фарм стадионот во Аризона заврши комеморацијата за убиениот конзервативен активист Чарли Кирк. На комеморацијата пристигнаа и американскиот претседател...

Свет19 часа

(Видео) Вдовицата на Кирк: Му простувам на човекот што го уби

На Стејт Фарм стадионот во Аризона заврши комеморацијата за убиениот конзервативен активист Чарли Кирк. На комеморацијата пристигнаа и американскиот претседател...

Економија1 ден

Ќе има мерки за цените на прехранбените производи

Владата подготвува мерки за високите цени на прехранбените производи во маркетите. Премиерот Мицкоски вели дека екипи на Државниот пазарен инспекторат...

Економија2 дена

(Видео) Андоновска: ВМРО- ДПМНЕ ги враќа достоинството и сигурноста на македонскиот земјоделец

Развојот на земјоделството е стратешки приоритет на Владата предводена од ВМРО- ДПМНЕ. Земјоделците се клучни за руралниот развој и економската...

Економија2 дена

(Видео) Димковски: Алармантно, над 20 милиони килограми грозје стои неоткупено

Бербата на винското грозје е при крај а состојбата со откупот на терен е алараманта, рече денеска на прес-конференција, Трајан...

Македонија2 дена

Дигиталниот Самит на Западен Балкан 2025 повторно во Скопје – 1 и 2 октомври во Музејот на современата уметност

Министерот за дигитална трансформација, на прес конференција, ја најави организацијата на Дигиталниот Самит на Западен Балкан 2025, кој повторно ќе...